кинези – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Jul 2021 16:24:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кинези – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на МОК по грешка Јапонците ги нарече Кинези https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelot-na-mok-po-greshka-japoncite-gi-nareche-kinezi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelot-na-mok-po-greshka-japoncite-gi-nareche-kinezi/#respond Tue, 13 Jul 2021 16:24:41 +0000 https://kurir.mk/?p=536279

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах денеска предизвика реакции во јапонската јавност, откако домаќините на претстојните Олимписки игри во Токио по грешка ги нарече Кинези. Бах минатата недела допатува во Токио, а денеска имаше состанок во седиштето на Организацискиот комитет на Игрите што од 23 јули до 8 август ќе се одржат во јапонската престолнина. – Успеавте Токио да го направите најподготвен град за Олимписките игри. Ова е уште позначајно ако се имаат предвид тешките околности со кои сите мораме да се соочиме. Нашата заедничка цел се безбедни Игри за сите, за спортистите, за делегациите и што е најважно за кинескиот народ – јапонскиот народ, изјави Бах, брзо исправајќи ја својата грешка. Обраќањето на Бах се преведуваше од англиски на јапонски јазик, но неговата грешка не беше преведена. Сепак, јапонските медиуми брзо информираа за грешката во обраќањето на првиот човек на МОК, а реакции се појавија и на социјалните мрежи. Бах обраќањето го заврши со јапонската фраза „Гамбари масхоу ( што во превод значи „Да вложиме сè од себе“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelot-na-mok-po-greshka-japoncite-gi-nareche-kinezi/feed/ 0
Кинезите градат нов Титаник: Тој ќе се разликува од неговиот претходник само по една работа (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kinezite-gradat-nov-titanik-toj-kje-se-razlikuva-od-negoviot-prethodnik-samo-po-edna-rabota-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kinezite-gradat-nov-titanik-toj-kje-se-razlikuva-od-negoviot-prethodnik-samo-po-edna-rabota-foto/#respond Tue, 18 May 2021 11:13:26 +0000 https://kurir.mk/?p=511855

За оние кои секогаш се прашувале како би било да се биде патник на „Титаник“, тематскиот парк во Кина ќе го понуди најблиското искуство што може да го добиете. Масивна копија на потонатиот океански брод сега се гради во округот Даинг во провинцијата Сечуан. Бродот наречен „Неиздржлив Титаник“ е верен на оригиналот - долг е 269,06 метри и широк 28,19 метри. Централниот дел на тематскиот парк наречен Романдис ќе ги има истите објекти како и неговиот имењак, вклучувајќи сали за банкети, театри, опсерватории и базен. Гостите ќе можат да плаќаат за ноќевање на брод што трајно ќе биде закотвен во реката Киџијанг, на околу 130 километри од главниот град на провинцијата Ченгду - неколку стотици милји од морето. Датумот на отворање сè уште не е познат. Си-Ен-Ен првпат извести за проектот во 2016 година, кога градежните работници штотуку започнаа со изградбата на бродот. Потребни се 23.000 тони челик за да се направи копија на „Титаник“, а бродот, според претходните проценки, ќе чини 153,5 милиони долари. Кинескиот брод не е единствената предложена реплика на оригиналниот „Титаник“. Пред три години, австралиската компанија „Blue Star Line“ објави почеток на работата на „Титаник 2“. Овој брод беше најавен како идентична копија на првиот „Титаник“, а требаше да има 835 кабини за сместување на 2.435 патници. Првото патување требаше да се случи во 2022 година, но веб-страницата на компанијата не е ажурирана од 2018 година. Статусот на градба на овој брод е непознат. Оригиналниот „Титаник“ исплови на своето прво патување од Саутемптон во Англија до Њујорк на 10 април 1912 година. Во тоа време, тоа беше најголемиот патнички брод. Тој потона за помалку од 3 часа, откако удри во санта мраз, на 14 април околу полноќ. Според извештајот на американскиот Сенат, од 2.223 патници и членови на екипажот, на Титаник животот го загубиле 1.517 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kinezite-gradat-nov-titanik-toj-kje-se-razlikuva-od-negoviot-prethodnik-samo-po-edna-rabota-foto/feed/ 0
Сијарто: Русите и Кинезите нема да им дадат на своите граѓани штетни вакцини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-rusite-i-kinezite-nema-da-im-dadat-na-svoite-gragjani-shtetni-vakcini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-rusite-i-kinezite-nema-da-im-dadat-na-svoite-gragjani-shtetni-vakcini/#respond Tue, 12 Jan 2021 07:08:53 +0000 https://kurir.mk/?p=454060

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, е сигурен дека Русија и Кина нема да им дадат на своите граѓани штетни вакцини против коронавирусот. -Кога бевме мали, никој не размислуваше дали вакцините доаѓаат од истокот, а денеска сето ова е поврзано со заштитата на унгарското население од разни болести. Дали некој сериозен ќе помисли дека Русите и Кинезите намерно ќе им даваат штетни вакцини на своите граѓани, јавно се запраша Сијарто, пренесен од Тасс. Тој додаде дека е подготвен да ја прими вакцината кога ќе дојде редот на цивилите и истакна дека унгарските експерти забележале високо ниво на руски технолошки стандарди и професионални вештини. -Многу е сигурно дека ќе можеме да сметаме на руски вакцини во голем обем, ако тие можат да произведат толку многу, заклучи унгарскиот министер за надворешни работи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sijarto-rusite-i-kinezite-nema-da-im-dadat-na-svoite-gragjani-shtetni-vakcini/feed/ 0
Кинезите успешно го спуштија модулот „Чанг-5“ со примероци од тлото на Месечината https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kinezite-uspeshno-go-spushtija-modulot-chang-5-so-primeroci-od-tloto-na-mesechinata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kinezite-uspeshno-go-spushtija-modulot-chang-5-so-primeroci-od-tloto-na-mesechinata/#respond Wed, 16 Dec 2020 21:30:21 +0000 https://kurir.mk/?p=444333

Кинескиот модул „Чанг-5“, што замина на Месечината за да собере примероци од тлото, денеска слета во северниот дел на кинеската провинција Внатрешна Монголија, јави агенцијата Ксинхуа. Агенцијата додава дека ова е првата мисија со враќање од Месечината од далечната 1970 година. Модулот денеска, во раните утрински часови по локално време, слета во Сизиванг или Дорбод, во Внатрешна Монголија. Кинезите на 24 ноември го лансираа „Чaнг 5“ и на почетокот на декември модулот го спуштија на Месечината. Успехот на Кинезите го покажува фактот дека Кина е само третата земја во светот што зема примероци од лунарното тло, по САД и Советскиот сојуз, кои први успешно ја завршија мисијата од ваков тип пред 44 години, пренесуваат британските медиуми. Планот беше модулот да се донесе два килограма примероци од почвата од Месечината, иако се уште не се знае колку материјал е донесен. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kinezite-uspeshno-go-spushtija-modulot-chang-5-so-primeroci-od-tloto-na-mesechinata/feed/ 0
Околу 108 милиони Кинези повторно во изолација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-108-milioni-kinezi-povtorno-vo-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-108-milioni-kinezi-povtorno-vo-izolacija/#respond Tue, 19 May 2020 10:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=347761

Околу 108 милиони луѓе во регион во североисточна Кина повторно се во изолација, откако таму повторно се појави коронавирусот, со кој досега се заразени 34 лица. Кусо време откако низ земјата почна да се враќа нормалниот живот, градовите во провинцијата Џинан го прекинаа железничкиот и автобускиот превоз и затворија училиштата, ставајќи десетици илјади луѓе во карантин. Според Блумберг, повторното воведување строги мерки вознемирило многу жители, кои сметале дека, што се однесува до епидемијата на коронавирусот во нивната земја, најлошото веќе поминало. Иако растот на бројот на заразени не е толку брз како што беше минатиот декември во Вухан, брзата и силна реакција на властите во Џинан го отсликува стравот на Кина од можните последици од нов бран зараза, која веќе предизвика огромна социјална и економска штета во земјата, пишува агенцијата. За да се спречи ширењето на вирусот, надлежните во градот Шулан најавија усвојување на досега најстроги мерки – ќе бидат затворени станбени блокови со потврдени или потенцијални случаи, а на еден член на секое домаќинство ќе му биде дозволено да ја напуштат куќата два часа секој втор ден, информира Блумберг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-108-milioni-kinezi-povtorno-vo-izolacija/feed/ 0
Еспер: Кинезите не мамеа, ниту сега не им вервам https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-kinezite-ne-mamea-nitu-sega-ne-im-vervam/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-kinezite-ne-mamea-nitu-sega-ne-im-vervam/#respond Thu, 16 Apr 2020 13:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=333198

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека кинеските лидери мамеле и не биле транспрентни за епидемијата со новиот коронавирус , како и дека сега не се искрени. Тој потенцира дека му е тешко да верува во информациите што доаѓаат од Комунистичката партија на Кина. – Тие не мамеја, не беа транспарентни од првиот ден откако се појави вирусот. Така што не верувам дека сега ни ја кажуваат вистината, посочи Еспер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/esper-kinezite-ne-mamea-nitu-sega-ne-im-vervam/feed/ 0
Иран им забрани на Кинезите влез во земјата поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-im-zabrani-na-kinezite-vlez-vo-zemjata-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-im-zabrani-na-kinezite-vlez-vo-zemjata-poradi-koronavirusot/#respond Thu, 27 Feb 2020 15:26:14 +0000 https://kurir.mk/?p=309610

Иран го забрани влезот во земјата за кинеските државјани во екот на ширењето на новиот коронавирус во Исламската Република, каде до сега умреа 26 лица, соопшти денеска иранската агенција Ирна. Американските медиуми наведуваат дека поради епидемијата на коронавирусот се откажани сите утрешни молитви во Техеран. Во Иран, земја која го бележи најголемиот број смртни случаи од последиците на новиот коронавирус надвор од Кина, регистрираше 245 заразени лица, пренесоа британските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-im-zabrani-na-kinezite-vlez-vo-zemjata-poradi-koronavirusot/feed/ 0
ВИДЕО: Кинезите ги дезинфицираат градовите поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kinezite-gi-dezinficiraat-gradovite-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kinezite-gi-dezinficiraat-gradovite-poradi-koronavirusot/#respond Tue, 11 Feb 2020 18:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=302573

Кинеските градови почнаа на нов начин да се борат со ширењето на коронавирусот, односно со дезинфицирање на градовите. Државната новинска агенција Синхуа постави видео снимка на својот Твитер налог, на која се гледа како десетици камиони во колона во градот Лоуџанг распрснуваат дезинфекциски спреј и на тој начин помагаат во спречување на ширењето на коронавирусот. Бројот на починати од новиот вирус во Кина се зголеми на 1.016 лица, соопшти кинеската здравствена комисија. Во земјата вчера од коронавирусот починаа 108 луѓе, што е најсмртоносниот ден досега. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kinezite-gi-dezinficiraat-gradovite-poradi-koronavirusot/feed/ 0
Кинеската амбасада: Не е потврдено државјанството на починатите 39 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskata-ambasada-ne-e-potvrdeno-drzavjanstvoto-na-pochinatite-39-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskata-ambasada-ne-e-potvrdeno-drzavjanstvoto-na-pochinatite-39-lica/#respond Fri, 25 Oct 2019 07:16:40 +0000 https://kurir.mk/?p=255872

Кинеската амбасада во Лондон соопшти дека британската полиција се уште не може да потврди дали 39-те лица кои беа мртви пронајдени во камион, биле кинески државјани. Медиумите претходно јавија дека британската полиција соопшти, а Пекинг потврдил дека починатите 31 маж и осум жени биле државјани на Кина. -Британската полиција рече дека го проверува идентитетот на починатите и не е во можност сега со сигурност да каже дека лицата се кинески државјани, наведува амбасадата на Кина во Лондон. Во меѓувреме, Глобал Тајмс оценува дека не е можно да се каже колкава е одговорноста за трагедијата, но напоменува дека „толку сериозна хуманитарна катастрофа се случила пред очите на Британците и Европејците“, пренесува Ројтерс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kineskata-ambasada-ne-e-potvrdeno-drzavjanstvoto-na-pochinatite-39-lica/feed/ 0
Вучиќ: Кога велат немојте со Русите, Кинезите, ние велиме – сакаме, тоа е наш интерес https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-koga-velat-nemojte-so-rusite-kinezite-nie-velime-sakame-toa-e-nash-interes/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-koga-velat-nemojte-so-rusite-kinezite-nie-velime-sakame-toa-e-nash-interes/#respond Sat, 12 Oct 2019 12:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=250849

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека секогаш ќе се бори за мир, затоа што војната никому не му е потребна, но дека тој никогаш нема да дозволи некој да ја понижи Србија со какво било решение за Косово. -Моја работа е да го издржам целиот притисок околу Косово, Република Српска (БиХ) и други важни прашања, но што и да слушате и гледате на ТВ, како некој ни носи понижувачко решение или ни нуди решенија што ги негираат српските интереси, знајте дека кариера не ми е важна и дека секогаш ќе настојувам да го одржувам мирот, кажа Вучиќ во Блаце, во рамките на неговата кампања „Иднината на Србија“. Вучиќ им се заблагодари на граѓаните за нивната поддршка за да може Србија сама да одлучува за своите политички потези и интереси. -Кога ќе ни кажат – немојте со Русите, ние велиме сакаме, затоа што е наш интерес да имаме добри односи. Кога ни кажуваат – немојте со Кинезите, ние ќе го направиме тоа, бидејќи наш интерес е да имаме добри односи со Кинезите, наш интерес е да го сториме тоа, да ја прошириме нашата мрежа на пријатели, но никому нема да му дозволиме да ја понижува Србија и да го понижува нашиот народ , рече Вучиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchikj-koga-velat-nemojte-so-rusite-kinezite-nie-velime-sakame-toa-e-nash-interes/feed/ 0