кино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 06:14:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кино – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Филмот „Лена и Владимир“ на Игор Алексов во киното „Мис Стон“ во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmot-lena-i-vladimir-na-igor-aleksov-vo-kinoto-mis-ston-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmot-lena-i-vladimir-na-igor-aleksov-vo-kinoto-mis-ston-vo-prilep/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:14:27 +0000 https://kurir.mk/?p=892773

Најновиот македонски филм „Лена и Владимир“ на режисерот Игор Алексов вечер првпат ќе биде прикажан во киното „Мис Стон“ во Прилеп, со почеток во 19.30 часот. Филмот е работен по сценарио на Александар Русјаков. Својата премиера ја имаше на затворањето на фестивалот „Браќа Манаки“, а на 19 октомври се прикажа пред скопската публика во „Синеплекс“. Улогите во „Лена и Владимир“ ги толкуваат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски и други. Во филмот судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmot-lena-i-vladimir-na-igor-aleksov-vo-kinoto-mis-ston-vo-prilep/feed/ 0
Тепачка во кино сала во Карпош- еве ја причината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tepachka-vo-kino-sala-vo-karposh-eve-ja-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tepachka-vo-kino-sala-vo-karposh-eve-ja-prichinata/#respond Tue, 06 Jun 2023 15:17:15 +0000 https://kurir.mk/?p=842815

На 05.06.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кино сала во трговски центар на подрачје на Карпош, А.Ш.(45) физички нападнал малолетничка од Скопје откако, според пријавеното, таа претходно удирала со нозете по седиштето на кое тој седел. Се работи на расчистување на случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tepachka-vo-kino-sala-vo-karposh-eve-ja-prichinata/feed/ 0
Во кината лани биле прикажани 939 филмови, а ги гледале 274 279 луѓе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-kinata-lani-bile-prikazhani-939-filmovi-a-gi-gledale-274-279-luge/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-kinata-lani-bile-prikazhani-939-filmovi-a-gi-gledale-274-279-luge/#respond Fri, 12 May 2023 11:59:31 +0000 https://kurir.mk/?p=833470

Во кината низ земјава минатата година биле прикажани 939 филмови, имало 11 326 кинопретстави на кои присуствувале 274 289 посетители, соопшти Државниот завод за статистика. Во 2022 година, во споредба со 2021 година, бројот на прикажаните филмски кинопретстави е зголемен за 5.4 %. Со податоците се опфатени 13 кина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-kinata-lani-bile-prikazhani-939-filmovi-a-gi-gledale-274-279-luge/feed/ 0
Европската недела на мобилност со еко филмови посветени на велосипедот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskata-nedela-na-mobilnost-so-eko-filmovi-posveteni-na-velosipedot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskata-nedela-na-mobilnost-so-eko-filmovi-posveteni-na-velosipedot/#respond Wed, 21 Sep 2022 13:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=735782

Во рамки на Европската недела на мобилност, вчера, во Синеплекс се одржа проекција на екофилмови посветени на велосипедот. Во организација на Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот „Младинско кино на ЕУ: Зелен Договор“, кофинансиран од Европската Унија, овој настан го посетија 200 ученици од средните и основните училишта од Скопје, каде имаа можност, преку филмови и дискусија, да зборуваат за важноста за користење алтернативен транспорт кој не загадува, за Европскиот зелен договор и за важноста на филмот во едукација на младите. На дискусијата присуствуваа амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир кој изјави дека екомобилноста е важна во борбата со климатските промени. Возењето велосипед ги намалува гужвата во сообраќајот и загадувањето, а истовремено промовира здрави навики. Понатаму, активистот Дарко Арсовски Петровски, од иницијативата НаТочак, зборуваше за можноста да се поврзат градовите во нашата земја со безбедни велосипедски патеки, да се овозможи систем за изнајмување велосипеди во градовите за подобрување на туризмот и на мобилноста до училишта, работа, рекреација, како и за можноста за комбинирање на транспортот – јавен превоз со велосипедски, железнички и слично. Саша Станишиќ од Унијата на македонски креативни индустрии зборуваше за тоа како аудиовизуелната индустрија во сите нејзини сегменти (снимање/продукција, дистрибуција и киноприкажување) влијае врз загадувањето на животната средина, какви стратегии и зелени политики развива Европската Унија во насока на надминување на овој проблем и што нашата аудиовизуелна индустрија и држава прави за тоа. Според Мила Јовановска од Гоу Грин „едукацијата на младите за климатските промени и заштитата на животната средина е многу важна, бидејќи тие се идните генерации кои ќе ја наследат Планетата Земја. Кога човек е запознаен со нешто што подобро го разбира и може само да го унапреди, така и со младите - сакаме тие да ја унапредат животната средина и да ги ублажат последиците од климатските промени преку нивните секојдневни активности, но и понатаму како професионалци во разни области. Гоу Грин Скопје веќе 12 години работи токму на едукација кај младите и многу ни е драго што, преку  овој проект, имаме можност тоа да го правиме и преку филмови, промовирајќи ја и уметничката култура“. Европската недела на мобилност се одбележува за да се промовира одржливата урбана мобилност, се поттикнуваат промени во навиките во насока на активна мобилност, користење јавен транспорт како и други алтернативи. Оваа година темата е „Подобри врски“ и се одбележува од 16-22 септември.

ЗА ПРОЕКТОТ EU YOUTH CINEMA: GREEN DEAL

Започнувајќи во Европската година на младите 2022 година и со времетраење од 24 месеци, „Младинско кино на ЕУ: Зелен Договор“, кофинансиран од Европската Унија, нуди континуирана програма со силен мултикултурен пристап и јасен фокус на информирање и едукација за Зелената агенда. Проектот посветува внимание на еколошките предизвиции ја промовира свеста за поодржлив начин на живот. Селекцијата на зелени филмови се состои од 25 европски филмови кои ќе бидат претставени во кината Cineplexx во 20 европски градови во Австрија, Хрватска, Северна Македонија, Романија и Словенија како и на платформа за стриминг www.euyc.green/mk. Едукативната програма е надополнета со работилници, предавања, дискусии и дидактички материјали и е достапна со регистрација на https://www.youth-cinema.eu/mk. Партнер за имплементацијата на активностите во С. Македонија е Здружението Гоу Грин Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskata-nedela-na-mobilnost-so-eko-filmovi-posveteni-na-velosipedot/feed/ 0
Во кино „Манаки“ три филмови од студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-kino-manaki-tri-filmovi-od-studentskata-programa-na-iffk-brakja-manaki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-kino-manaki-tri-filmovi-od-studentskata-programa-na-iffk-brakja-manaki/#respond Tue, 23 Aug 2022 07:55:37 +0000 https://kurir.mk/?p=722469

Студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“ предизвикува посебен интерес на фестивалот, годинава е збогатена и со филмови работени на повеќе европски универзитети. Селекторот Ѓорги Пулевски избра филмови од Академијата од Љубљана, Универзитетот „Хасан Приштина“ од Косово, Универзитетот во Солун, Академијата од Загреб, чешката академија за филм, Унивезритетот за телевизија и филм во Минхен, потоа Лондон филм скул, академии од Мадрид, Виена, од Украина, Полска и Турција, како и од Државниот Универзитет во Тетово и ФДУ Скопје. Денес на програмата се шпанските филмови „Измачување“ во кој кинематографери се Марта Батилоси и Паула Беса, и филмот „Пролетни ветрови“ во кој кинематографери се Камила Монтој и Паула Романиљос Алиа. Во рамки на студентската програма ќе се емитува и студентскиот филм „Натриум“, претставник на филмската школа од Полска, а во кој кинематографер е Андрзеј Козма Перински. Капацитетот и можностите на кино „Манаки“ и денес ќе бидат максимално искористени, а според програмата во ова кино ќе биде емитуван играниот филм „Григрис“, како и документарниот хрватски филм „Фабриките на работниците“. ИФФК „Браќа Манаки“ со посебна програма се реализира и на другите утврдени локации, односно голема и мала сала на НУ Центар за култура и Офицерски дом.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-kino-manaki-tri-filmovi-od-studentskata-programa-na-iffk-brakja-manaki/feed/ 0
Kино под отворено небо во Ранковце и Кратово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kino-pod-otvoreno-nebo-vo-rankovce-i-kratovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kino-pod-otvoreno-nebo-vo-rankovce-i-kratovo/#respond Tue, 09 Aug 2022 18:25:32 +0000 https://kurir.mk/?p=716230

Европската куќа Крива Паланка вечерва на плоштадот во Општина Ранковце организира кино под отворено небо, дел од летната културна програма што им ја нуди на младите од Североисточниот регион. Проекциите се реализираат во рамки на неделата на младите. – По кино-проекциите реализирани на крајот на минатиот месец на градскиот плоштад во Крива Паланка кога беа претставени едни од најдобрите европски филмови: “И тогаш танцувавме” на Леван Акин од Грузија и “Нека биде светлина” од Марко Шкоп, Чешка и Словачка продукција, продолжуваме со проекциите и одличната атмосфера за младите од соседните општини. Вечерва организираме кино под отворено небо во Ранковце, каде ќе се прикажува филмот “Олег” од Јурис Курситис, а во сабота во Кратово на програмата е “Нејзина работа” на Никос Лавот од Грција, информира Димитар Петровски од Европска куќа Крива Паланка. Кино под отворено небо во Кратово ќе се реализира на 13 август, сабота, со почеток во 20 часот, на платото пред Домот на култура ,,Лазар Софијанов”. Во текот на овој месец планирано е да се одржат кино-проекции и во Куманово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kino-pod-otvoreno-nebo-vo-rankovce-i-kratovo/feed/ 0
Знаете ли зошто седиштата во кината се црвени, има добра причина за тоа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/znaete-li-zoshto-sedishtata-vo-kinata-se-crveni-ima-dobra-prichina-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/znaete-li-zoshto-sedishtata-vo-kinata-se-crveni-ima-dobra-prichina-za-toa/#respond Fri, 18 Feb 2022 09:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=633048

Веројатно сте забележале дека во кино салите седиштата се во црвена боја. Но, дали знаете зошто е тоа така? Црвените седишта во кината се пјавиле поради популарноста на италијанската опера во минатото. Црвената и златната се традиционални бои кои се користени за уредување на италијанските татри. Со текот на времето биле прифатени и од други земји, а кога се појавиле кината таа пракса се задржала. Постои и практична страна: црвената е вистинската боја која станува невидлива кога има недостаток на светло. Црвената е бојата која човековото око прво ја „губи“ кога ќе настане темница. Поради тоа седиштата во кината се црвени, за подобро уживање на филмот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/znaete-li-zoshto-sedishtata-vo-kinata-se-crveni-ima-dobra-prichina-za-toa/feed/ 0
Турција и Србија меѓу земјите со најевтини карти за кино во светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turcija-i-srbija-megju-zemjite-so-najevtini-karti-za-kino-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turcija-i-srbija-megju-zemjite-so-najevtini-karti-za-kino-vo-svetot/#respond Wed, 12 Jan 2022 08:18:17 +0000 https://kurir.mk/?p=618271

Турција, Малезија, Казахстан и Србија се земјите со најевтини карти за кино во светот, покажуваат последните податоци на британскиот финансиски портал money.co.uk. Во Турција е потребно да се издвојат 2,06 евра за кинобилет, во Малезија – 3,13, во Казахстан – 3,23, а во Србија тоа чини 3,40 евра. Белорусија, Русија, Аргентина, Панама, Унгарија и Костарика, исто така се на топ-листата од 10 земји со најевтини билети. Од друга страна, Швајцарија е на другиот крај со најскапи билети за кино – 18,23 евра, потоа Данска – 14,79, Саудиска Арабија – 14,14, Јапонија – 14,07 и Финска со 14 евра за билет. Порталот, инаку, го рангираше Лондон меѓу трите најдобри градови во светот за љубителите на филмот, со оценка 9,75 од 10, бидејќи има најмногу кина, а „премиерите на најголемите наслови често се одржуваат на плоштадот Лестер“. Во текстот на уредникот Џејмс Ендрјус, се забележува дека и третопласираниот Лос Анџелес (оценка 9,49) е секако еден од највлијателните градови каде што се снимаат филмови, но второпласираниот Њујорк (9,55) е домаќин на најголемиот број филмски фестивали – повеќе од 1.000, вклучувајќи ги и Трибека, Фестивалот за документарци и Азиско-американскиот меѓународен филмски фестивал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/turcija-i-srbija-megju-zemjite-so-najevtini-karti-za-kino-vo-svetot/feed/ 0
Вработен во кино открива што се’ можат да видат во мракот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vraboten-vo-kino-otkriva-shto-se-mozat-da-vidat-vo-mrakot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vraboten-vo-kino-otkriva-shto-se-mozat-da-vidat-vo-mrakot/#respond Tue, 16 Nov 2021 11:15:50 +0000 https://kurir.mk/?p=596072

Посетителите на кино салите останале шокирани кога еден од вработените открил дека тие можат да видат се’ што се случува во мракот. Вработена во едно кино на ТикТок открила тајна која ја знаат само нејзините колеги. Имено девојката покажала снимки од камерите во киното, на кои може да се забележи дека ништо не поминува незабележано, пренесува Метро. Во коментари објаснила и дека вработените во компанијата во која таа работи имаат „очила за ноќно гледање“, па можат да видат се што се случува. Нејзиното видео предизвика внимание кај љубителите на филмот, а многумина признале дека не биле свесни дека вработените можат се’ да видат, како на пример носење храна од надвор. -Значи знаете дека го вадам цел фрижидер од торба, бил еден од коментарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vraboten-vo-kino-otkriva-shto-se-mozat-da-vidat-vo-mrakot/feed/ 0
Се отвораат кината и театрите, ќе работат според посебен протокол https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-otvoraat-kinata-i-teatrite-kje-rabotat-spored-poseben-protokol/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-otvoraat-kinata-i-teatrite-kje-rabotat-spored-poseben-protokol/#respond Tue, 22 Sep 2020 18:32:19 +0000 https://kurir.mk/?p=406965

На денешната седница Владата донесе одлука во согласност со која театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани. „На предлог на Комисијата за заразни болести денеска Владата ги усвои и Протоколот за работа на природните лекувалишта за услови на здравствена криза, како и Протоколот за работа на едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици во услови на појава на болеста“, соопштија од владината прес-служба. Со оваа одлука се опфатени и другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-otvoraat-kinata-i-teatrite-kje-rabotat-spored-poseben-protokol/feed/ 0