кинолог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Nov 2018 13:51:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кинолог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кирков: Имаме трајно решение за справување со кучињата скитници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kirkov-imame-trajno-reshenie-za-spravuvanje-so-kuchinjata-skitnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kirkov-imame-trajno-reshenie-za-spravuvanje-so-kuchinjata-skitnici/#respond Sat, 17 Nov 2018 13:51:40 +0000 https://kurir.mk/?p=128943

Ние не сакаме да бидеме сведоци на еутаназија на кучињата, меѓутоа бидејќи има и побезболни начини да се реши овој проблем, ви ја предлагам нашата програма, за која сме сигурни дека вистински и правилно ќе го реши овој проблем, изјави за Курир кинологот Стефан Кирков. -Еутаназија или убиство на кучиња е кривично дело и се лежи во затвор. Кучињата не се виновни што се наоѓаат на улица. Дека тие се на улица е сепак и од човечкиот фактор, поради оној нехуман третман од сопствениците на милениците, рече Кирков. Кирков истакна дека со програмата која ја нудат проблемот со бездомните кучиња ќе се реши засекогаш. Итно отварање на професионални стационари во секоја општина во Република Македонија, хуман и професионален третман при задомувањето на секое куче, извршување на нивна кастрација, чипирање и соодветен ветеринарен третман до крајот на животниот век на кучето, се само дел од проектите од програмата која ја престави кинологот Стефан Кирков. Кирков рече дека во Македонија конечно треба како и во повеќето држави во светот во склоп на Министерството за внатрешни работи да се формира „Полиција за животни“, популарна како „ animal police “. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kirkov-imame-trajno-reshenie-za-spravuvanje-so-kuchinjata-skitnici/feed/ 0