кинотека на македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Jul 2021 15:16:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кинотека на македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Емил Костовски (Албанец) стана филмолог во Кинотека на Македонија (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/emil-kostovski-albanec-stana-filmolog-vo-kinoteka-na-makedonija-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/emil-kostovski-albanec-stana-filmolog-vo-kinoteka-na-makedonija-foto/#respond Wed, 21 Jul 2021 15:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=539833

Од сите пријавени кандидати за позицијата „филмолог-филмски архив“ на огласите што во три македонски дневни весници ги објавила Националната установа Кинотека на Македонија, избран е филмологот Емил Костовски. Во решението потпишано од директорот Владимир Ангелов, филмологот Емил Костовски е Албанец и е вработен на неопределено работно време, пренесе ПлусИнфо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/emil-kostovski-albanec-stana-filmolog-vo-kinoteka-na-makedonija-foto/feed/ 0
Кинотеката продолжува со прикажувањето филмови под отворено небо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kinotekata-prodolzuva-so-prikazuvanjeto-filmovi-pod-otvoreno-nebo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kinotekata-prodolzuva-so-prikazuvanjeto-filmovi-pod-otvoreno-nebo/#respond Fri, 24 Jul 2020 11:04:24 +0000 https://kurir.mk/?p=380814

Кинотеката соопшти дека продолжува со прикажувањето филмови во летното кино под отворено небо. По исклучителниот циклус филмови со Чарли Чаплин, крајот на јули и добар дел од август се резервирани за мошне интересни и интригантни наслови, посочија од Кинотеката. Во рамки на програмата ќе бидат прикажани: на 30 јули британскиот филм „Убиството на светиот елен“ во режија на Јоргос Лантимос, на 31 јули филмот „Студена војна“ на режисерот Павел Павликовски, на 1, 8 и 17 август јужнокорејскиот филм „Паразит“ во режија на Бонг Џун Хо, на 5 август македонскиот филм „Мирно лето“ во режија на Димитрие Османли, на 6 август швајцарскиот филм „Каде припаѓаме“ во режија на Жаклин Цинд, на 7 август швајцарскиот филм „Хронофобија“ во режија на Франческо Рици, на 10 август италијанскиот филм „Тие“ во режија на Паоло Сорентино, на 11 август документарниот филм „Битлси: Осум дена во неделата“ во режија на Рон Хауард, на 12 август документарниот филм „Павароти“ во режија на Рон Хауард. На 13 август ќе биде прикажан филмот „Климакс“ во режија на Гаспар Ное, на 14 август филмот „Златната ракавица“ во режија на Фатих Акин, на 15 август филмот „Офицер и шпион“ во режија на Роман Полански, и на 18 август филмот „Скитникот од плажата“ во режија на Хармони Корин. Почетокот на прикажувањето на филмовите е во 21 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kinotekata-prodolzuva-so-prikazuvanjeto-filmovi-pod-otvoreno-nebo/feed/ 0
Европски филмови во дворот на Кинотека во четири вечери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/evropski-filmovi-vo-dvorot-na-kinoteka-vo-chetiri-vecheri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/evropski-filmovi-vo-dvorot-na-kinoteka-vo-chetiri-vecheri/#respond Fri, 10 Jul 2020 05:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=372988

Четири современи европски филмови ќе прикаже Кинотеката на отворено од денеска до 13 јули. Четиридневната летна кинопрограма ќе се емитува во дворот на Кинотеката. Ќе почне вечер од 21 часот со проекција на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска, кој  ја доби престижната награда „Лукс“ (LUX Prize) за најдобар европски филм за 2019 година. Утревечер (11 јули) ќе биде прикажана комедијата „Гостин“ – копродукција на Италија, Швајцарија и Франција, на 12 јули – австриската драма „Земјата под моите нозе“, а на 13 јули – швајцарско-италијанската романса „Сонот на Катрина“. Почетокот на проекциите е во 21 часот, а цената на влезниците е 100 денари. Целата програма со повеќе информации за филмовите е објавена на официјалната фејсбук-страница на настанот. Општина Карпош, која е меѓу коорганизаторите на летната кинопрограма, ги информира жителите од зградите околу Кинотеката дека ќе биде изгаснато уличното осветлување на дел од улицата „Никола Русински“ за време на кинопроекциите. Посетителите ќе треба да се придржуваат до препораките за заштита од КОВИД19:  носење заштитна маска, физичко растојание за време на проекцијата, задолжителна дезинфикација на рацете при влез во дворот и објектот на Кинотеката. Забрането е внесување пијалаци. – Првиот викенд ќе го одбележи „Европскиот филмски предизвик“ (European Film Challenge) – иновативна дигитална платформа која ја промовира европската кинематографија. Секој од посетителите на овој настан може да биде дел од предизвикот со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/ каде на својот профил може да ги забележи гледаните филмови, но и да сподели моменти (фотографија, видео) на социјалните мрежи користејќи го хаштагот #EuropeanFilmChallenge, соопшти Општина Карпош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/evropski-filmovi-vo-dvorot-na-kinoteka-vo-chetiri-vecheri/feed/ 0
Македонски филмови со Неда Арнериќ во петок и сабота во Кинотека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonski-filmovi-so-neda-arnerikj-vo-petok-i-sabota-vo-kinoteka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonski-filmovi-so-neda-arnerikj-vo-petok-i-sabota-vo-kinoteka/#respond Wed, 12 Feb 2020 08:55:56 +0000 https://kurir.mk/?p=302732

Во сеќавање на Неда Арнериќ која почина неодамна (1953-2020), Кинотеката на 14 и 15 февруари ќе прикаже четири македонски играни филма со белградската актерка која беше и меѓу најпознатите во поранешната југословенска кинематографија. На 14 февруари ќе бидат прикажани два филма во режија на Бранко Ивановски Гапо – од 18 часот „Време без војна“, снимен во 1969, и од 20 часот – „Истрел“ од 1972 година. В сабота од 18 часот Кинотеката ќе го прикаже филмот „Татко (Колнати сме, Ирина)“ режиран од Коле Ангеловски во 1973 година. Во 20 часот на 15 февруари  ќе биде прикажан „Исправи се, Делфина“ на Александар Ѓурчинов снимен во 1977, за кој Арнериќ доби Сребрена арена за главна женска улога на фестивалот во Пула. -Неда Арнериќ првпат се појавува на филм во 1966 година, со неполни 14 години, и заедно со Славко Штимац беа првите вистински деца-ѕвезди на југословенската кинематографија. Остави траен белег и во македонскиот филм, посебно во 70-те години од минатиот век, соопшти Кинотеката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonski-filmovi-so-neda-arnerikj-vo-petok-i-sabota-vo-kinoteka/feed/ 0
Хрватски филмови за деца во Кинотека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/hrvatski-filmovi-za-deca-vo-kinoteka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/hrvatski-filmovi-za-deca-vo-kinoteka/#respond Wed, 09 Jan 2019 06:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=149893

Филмови за деца од хрватската кинематографија ќе прикажува Кинотеката на Македонија во рамки на програмата „Кино утро“ која ја организира секоја година за време на зимскиот распуст. Ќе почне вечер од 19 часот со филмот „Брканица по моторот“ во режија на Бранко Мајер од 1959 година, кој ќе биде репризиран утре напладне. Снимен е според хумористичната приказна за деца „Брканица на мотор“ на хрватскиот книжевник Славко Колар, кој сценаристички ја адаптирал за филм. Од 20 часот вечер и во истиот термин утревечер е филмот „Пико“ на Среќко Вејганд, исто така снимен во 1959-та. В петок напладне ќе биде прикажан „Син галеб“ на Бранко Бауер од 1953 година, а од 19 часот задутревечер на програмата е авантуристичкиот филм „Дружината на Перо Џумката“ во режија на Владимир Тадеј, снимен во 1970 година според истоимениот популарен роман за деца на писателот Мато Ловрак. „Дружината на Перо Џумката“ ќе биде прикажан и в сабота напладне, а вечерта од 19 часот и в понеделник од 12 часот на програмата е филмот „Волк самотник“ на режисерот Обрад Глушчевиќ од 1972 година. „Волк самотник“ е дебитантски филм на тогаш детето-натуршчик Славко Штимац, кој подоцна стана актерска легенда на југословенска кинематографија. На 15 јануари (вторник) напладне ќе биде прикажан „Капетан Микула Мали“, исто така на режисерот Глушчевиќ, снимен во 1974 година, а на 16 јануари од 12 часот е научнофантастичната драма „Тајната на стариот таван“ на режисерот Владимир Тадеј од 1984-та, со кој ќе заврши филмската програма во Кинотека. Оттаму наведуваат дека со организирањето на филмското производство по Втората светска војна, детскиот филм во хрватската кинематографија станал легитимен жанр кој се одликува со континуиран број наслови и понекогаш со исклучително квалитетни филмски дела. -Од наслови како „Синиот галеб“ (1953) и „Милиони на островот“ (1955) на Бранко Бауер, сè до серија филмови за литературниот јунак Коко „Коко и духовите“ (2011) и „Љубов или смрт“ (2014) на Даниел Кушан, како и „Таинственото момче“ (2013) на Дражен Жарковиќ, хрватските детски филмови се присутни во хрватската кинематографија многу често како екранизација на веќе постоечки книжевни успеси. Но самата застапеност не би била доволна доколку тие не припаѓале на самиот врв на уметнички успешните филмови, за денес да бидат класици на хрватскиот филм и како такви да не биле прифатени од младата публика и критиката, соопшти Кинотеката. Покрај проекциите, ќе биде отворена и изложба „Детски поглед“ со избор од 21 плакат за 24 долгометражни и краткометражни филмови создадени во периодот од 1953 до 2006 година кои, како што посочува Кинотека,  со своите визуелни решенија не само што успешно го промовирале филмот за кои се направени, туку зборуваат и за стилот на времето во кое се создадени.  На едно место меѓу многумина непознати автори, може да се најдат и дела на мајстори на стрипот, како Фердинанд Бис, Андрија Мауровиќ, Мирко Илиќ и Радован Домагој Девилиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/hrvatski-filmovi-za-deca-vo-kinoteka/feed/ 0
Недела на современ дански филм во Кинотека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nedela-na-sovremen-danski-film-vo-kinoteka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nedela-na-sovremen-danski-film-vo-kinoteka/#respond Tue, 06 Nov 2018 08:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=123984

Со проекција на  „Часот на рисот“  снимен во 2013 година, вечер од 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе почне Неделата на современ дански филм. Филмот е по сценарио и режија на Сорен Краг-Јакобсен, еден од најреномираните дански режисери и соосновач на проектот „Dogme 95“ што ја прослави данската кинематографија и нејзините автори во светот на крајот на минатиот век. „Dogme 95“ како веристички филмски правец, во кој спаѓаат и познатите автори Ларс фон Трир и Томас Винтернберг, се залагаше за филмови снимени на традиционален начин, без специјални ефекти и висока технологија. Краг-Јакобсен е ученик на прашката школа, а  меѓународен успех стекна со филмот „Мифуне“ од 1999 година. Тој е и популарен музичар. Од утре и во наредните денови до 11 ноември на програмата се уште  пет филма, сите снимени во 2015 година: „Долга кратка приказна“ во режија на Меј ел-Туки; документарецот „Природно растројство“ на режисерот Кристијан Сондерби Јепсен; „Посвета на љубовта“ на Михаел Ноер; „Розита“ во режија на Фредерике Аспек и „Ќерката на вештерката“ на  Кенет Каинз.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nedela-na-sovremen-danski-film-vo-kinoteka/feed/ 0
Доделување на признанието „Златен објектив“ во Кинотека на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dodeluvanje-na-priznanieto-zlaten-objektiv-vo-kinoteka-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dodeluvanje-na-priznanieto-zlaten-objektiv-vo-kinoteka-na-makedonija/#respond Thu, 03 May 2018 06:07:03 +0000 https://kurir.mk/?p=48981

На филмскиот работник Панта Мижимаков денеска во Кинотеката на Македонија ќе му биде доделено признанието за исклучителен придонес во македонската кинематографија „Златен објектив“. Кинотеката на Македонија го доделува ова признание на поединци кои со своето професионално делување придонеле македонската кинематографија да се создаде, развива, промовира и популаризира. Досегашни добитници на оваа награда беа режисерите Бранко Гапо и Кирил Ценевски, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ, директорите на фотографија Драган Салковски и Љубе Петковски, доајените Благоја Дрнков, Трајче Попов, Коста Крпач, Илинденка Петрушева. По свеченото доделување на „Златниот објектив“, ќе се одржи и проекција на краткиот документарен филм „Ликвидатор“ во режија на Трајче Попов. По завршувањето на проекцијата ќе следи разговор со Панта Мижамаков на кој ќе бидат присутни истакнатите филмски работници Илинденка Петрушева, Русомир Богдановски и Столе Попов. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/dodeluvanje-na-priznanieto-zlaten-objektiv-vo-kinoteka-na-makedonija/feed/ 0