Кинотека – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 09:27:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кинотека – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Недела на јапонски филм во Скопје и Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nedela-na-japonski-film-vo-skopje-i-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nedela-na-japonski-film-vo-skopje-i-bitola/#respond Thu, 26 Oct 2023 09:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=893296

Во Кинотека на Македонија во Скопје од 3 до 8 ноември оваа година ќе се одржи 16. издание на Недела на јапонски филм. Годишната програма ќе обработува теми од секојдневните предизвици со кои се соочуваат претставници од различни демографски групи во јапонското општество. Битола ќе биде домаќин на Неделата на јапонскиот филм на 9 и 10 ноември, а сите проекции ќе бидат бесплатни. Директорот на Кинотека на Македонија, Владимир Ангелов на денешната прес-конференција рече дека првиот филм со кој ќе се отвори Неделата на јапонски филм е „Барам љубов“ на режисерот Косаи Секине. Проекција на овој филм ќе се одржи и во Битола на 9 ноември. „Барам љубов“, како што рече Ангелов, ја обработува темата на еден општествен проблем наречен Хикикомори - екстремен облик на социјална фобија од која страдаат милиони млади Јапонци. -Кај нас но и во целиот свет нема млади луѓе кои не се среќаваат со потешкотии во врска со работата, кариерата, љубовта, а многу често и депресија, анксиозност и слични психички проблеми. Старите луѓе насекаде во светот имаат проблеми со болести и се борат со заборавањето и им треба потпора од семејството. Ова се темите кои ги обработуваат првите два филма од годинешната програма, додаде Ангелов. „Долгото збогување“ на Рјота Накано е вториот филм што ќе се прикаже во Кинотека, а во Битола ќе има проекција на 10 ноември. -Приказната на овој филм се врти околу пензиониран професор кој што боледува од Алцхајмерова болест и неговото семејство треба да ја прифати таа информација и да се соочи со промените што ги очеуваат, во Јапонија каде што стареењето на населението е проблем веќе подолго време, додаде директорот на Кинотека. Во понеделник, на 6 ноември ќе се одржи проекција на филмот „Осаменото Уме дрво“ на Котаро Ваџима. Овој филм се занимава со болната тема на сите родители - со аутистични деца, односно како тие да ги интегрираат своите деца во општеството и што да направат за да ги заштитат од немилосрдната средина. На 7 ноември, во вторник, ќе се прикаже филмот „Филмските лажговци од Асахи-За“ на Јуки Танада. -Јуки Танада е една од најпродуктивните и најуспешни режисерки во Јапонија. Референтен е филмот и од гледна точка на Кинотеката. Овој филм зборува како едно од најстарите art house кина во Јапонија се бори за опстанок во напливот на комерцијални филмови, рече Ангелов. Последниот ден во Кинотеката на 8 ноември ќе се прикаже филмот „Макуко“ на Кеико Цуцурока. -Овој филм е еден необичен спој на приказна на растење, менување на телото, на перцепција на светот, но овој пат со еден научно фантастичен пресврт. Од она што го знам за филмовите, кои не сум ги гледал и мене ќе ми биде првпат да ги гледам за време на фестивалот, овој филм ми е фаворит. Има одлични критики и топло го препорачувам. Креативноста изразена во овој филм дава друга димензија на она што секој возрасен го искусил и ни помага да се сетиме каква метаморфоза претставува човековото созревање, додаде Ангелов. Според Ангелов, овој фестивал ни помага да ги забележиме заедничките човекови драми, што се искусуваат во секоја култура и ја доближуваат Јапонија до обичниот граѓанин на нашата држава. Амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја потсети дека следната година се слави 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Јапонија и Северна Македонија и најави дека ќе се организираат многу културни настани. -Покрај дистрибуцијата на јапонски филмови, Јапонската фондација работи и на спроведување на сеопфратни меѓународни програми за културна размена низ целиот свет. Ги повикуваме сите кои се заинтересирани за јапонската култура и сакаат да бидат дел од заедничкото прославување, да ја земат во предвид можноста за аплицирање на отворениот конкурс за финансиска поддршка преку Јапонската фондација, рече амбасадорот Казуја. Недела на јапонски филм е поддржана од Јапонската Фондација, Кинотеката, Центарот за култура во Битола и Јапонска Амбасада. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/nedela-na-japonski-film-vo-skopje-i-bitola/feed/ 0
Бесплатни проекции на „Медена земја“ и „Исцелител“ во Кинотека по повод Денот на независноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/besplatni-proektsii-na-medena-zemja-i-istselitel-vo-kinoteka-po-povod-denot-na-nezavisnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/besplatni-proektsii-na-medena-zemja-i-istselitel-vo-kinoteka-po-povod-denot-na-nezavisnosta/#respond Mon, 04 Sep 2023 10:50:33 +0000 https://kurir.mk/?p=874341

Филмовите „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески ќе имаат бесплатни проекции во Кинотеката, по повод Денот на независноста - 8 септември. Од Кинотеката најавија дека на историски ден значаен за нашата држава, ќе ги проектираат двата филма кои ја одбележаа рецентната македонска кино продукција. -Двете остварувања ги поврзуваат неколку нишки. Меѓу нив се и самите наслови. Медот впрочем, е еден вид исцелителна храна. Но тоа настрана. Најважните поврзници меѓу двата филма се: прифатеноста од публиката, речиси универзално позитивниот прием кај критиката, потврдено со многубројни награди, соопштија од Кинотека. Документарецот „Медена земја“ на фестивалот „Санденс“ под покровителство на прославениот актер и режисер Роберт Редфорд, доби три награди. -И филмот „Исцелител“ има подолга генеза на создавање. Авторот речиси една деценија осмислувал дали филмот да биде црна комедија, драма, социјална приказна. На крајот исцелител е сево ова, прецизно изрежирана кино творба, со впечатлива актерска игра, и суптилна музичка предлошка. На фестивалските проекции во различни краеви на светот, публиката со аплаузи, а критиката со пофалби го прифаќаше ова филмско остварување, се вели во соопштението на Кинотеката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/besplatni-proektsii-na-medena-zemja-i-istselitel-vo-kinoteka-po-povod-denot-na-nezavisnosta/feed/ 0
Кинотека ќе биде домаќин на американскиот режисер и сценарист Дејвид Рајкер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kinoteka-ke-bide-domakin-na-amerikanskiot-rezhiser-i-stsenarist-dejvid-rajker/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kinoteka-ke-bide-domakin-na-amerikanskiot-rezhiser-i-stsenarist-dejvid-rajker/#respond Fri, 12 May 2023 16:19:07 +0000 https://kurir.mk/?p=833573

Кинотека на Македонија ќе биде домаќин на Дејвид Рајкер, американски сценарист и филмски режисер, со три наслови. Тој настапува на независната филмска сцена со својот специфичен неореалистички авторски стил во играниот жанр „Девојката“ и „Градот“, кои во Кинотеката ќе бидат прикажани на 13 и 14 мај. Како што соопшти Кинотеката, Рајкер е сценарист и на атрактивниот документарец „Валкани војни“, што го следи истражувачкиот репортер Џереми Скехил, автор на меѓународниот бестселер „Блеквотер, во срцето на тајните војни на Америка од Авганистан до Јемен, Сомалија и пошироко“. Делумно политички трилер, а делумно детективска приказна, документарецот прави напнато патување низ една од најважните и неистражени приказни на нашето време, освојувајќи номинација за „Оскар“ и десетина награди на светските филмски фестивали. Публиката ќе може да го види овој филм на 12 мај. Рајкер ќе присуствува на проекциите на своите филмови во Кинотеката и гледачите ќе имаат можност да разговараат со него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kinoteka-ke-bide-domakin-na-amerikanskiot-rezhiser-i-stsenarist-dejvid-rajker/feed/ 0
Ретроспектива на делата на Милош Форман во Кинотека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektiva-na-delata-na-milosh-forman-vo-kinoteka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektiva-na-delata-na-milosh-forman-vo-kinoteka/#respond Wed, 05 Apr 2023 05:46:35 +0000 https://kurir.mk/?p=820339

Со проекција на играниот филм „Коса“ од денеска во Кинотека во Скопје ќе започне да се емитуваат дела на режисерот Милош Форман. Режисерот е добитник на два „Оскари“ и педесеттина други престижни награди на филмските фестивали ширум светот и со творештво има обединето два филмски „света“ – источноевропскиот со појдовна точка во родната Чехословачка и Холивуд, со придружниот европски шмек. Тој е роден во 1932 година во гратчето Часлав, како Јан Томас Форман. Во Втората светска војна останал без родителите Ана и Рудолф, кои биле убиени во нацистичките концентрациони логори Аушвиц и Бухенвалд, поради нивното еврејско потекло. Во средината на 50-те години, Милош Форман студира сценарио на прочуената филмска школа ФАМУ, каде што дипломира во 1957, а потоа си го пробива патот во чешката кинематографија – работејќи на разни позиции. Форман со своите рани дела е протагонист на чешкиот „нов бран“, со филмови во кои тој мајсторски го спојува документарното и играното, создавајќи еден посебен сензибилитет. Овој месец, Кинотеката ќе прикаже значаен дел од неговата филмографија, и тој избор ги опфаќа неговите луцидни пионерски чекори со среднометражниот филм КОНКУРС (Konkurs / Audition, 1964), потоа долгометражните играни филмови ЦРН ПЕТАР (Černý Petr / Black Peter, 1964), ВЉУБЕНАТА РУСОКОСА (Lásky jedné plavovlásky / A Blonde in Love, 1965) и најнакрај – ГОРИ, МОЈА ГОСПОЃИЦЕ (Horí, má panenko / The Firemen's Ball, 1967), неговиот последен чехословачки наслов пред заминувањето во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektiva-na-delata-na-milosh-forman-vo-kinoteka/feed/ 0
Проекција на филмот за Густав Малер во Кинотека https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proektsija-na-filmot-za-gustav-maler-vo-kinoteka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proektsija-na-filmot-za-gustav-maler-vo-kinoteka/#respond Mon, 03 Apr 2023 06:34:32 +0000 https://kurir.mk/?p=819305

Кинотеката во соработка со Филхармонија, утревечер со почеток од 20 часот ќе го прикаже биографскиот филм за славниот композитор Густав Малер, на сценаристот и режисер Кен Расел. Проекцијата на филмот за Густав Малер ќе го антиципира концертот на 13 април кога оркестарот на Македонската филхармонија ќе ја изведе маестралната Симфонија број 5 која претставува совршена апотеоза на животот, љубовта и смртта. „Малер“ е филм од 1974 година, во режија на Кен Расел, а главните улоги ги толкуваат Роберт Пауел, Џорџина Хејл и Ли Монтаг. Раскажана во низа ретроспективни сцени додека композиторот и неговата сопруга Алма разговараат за нивниот неуспешен брак за време на патување со воз, сторијата низ флешбек секвенци го прикажува турбулентното детство на Малер, обременето со самоубиството на неговиот брат, искуството со антисемитизмот, неговото конвертитство од јудаизам во католицизам, брачните проблеми, смртта на неговата млада ќерка. Расел ја истражува музиката на Малер и низ неговите односи со Козима фон Билов, ќерката на композиторот Франц Лист и вдовицата на Рихард Вагнер. Во улогата на композиторот Густав Малер настапува актерот Роберт Пауел познат по неговата иконична креација на Исус Христос во „Исус од Назарет“ на Франко Зефирели, како и од мјузиклот „Томи“ на Расел, реализиран во 1975 година. „Малер“ е дел од творештвото на Расел, посветено на екранизациите на биографиите на славните класични композитори и уметници како Петар Илич Чајковски, Франц Лист, холивудската икона Рудолф Валентино (во интерпретација на славниот балетан Рудолф Нуреев)…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/proektsija-na-filmot-za-gustav-maler-vo-kinoteka/feed/ 0
„Мими“ на Даријан Пејовски со три проекции во Кинотеката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mimi-na-darijan-pejovski-so-tri-proektsii-vo-kinotekata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mimi-na-darijan-pejovski-so-tri-proektsii-vo-kinotekata/#respond Wed, 18 Jan 2023 06:39:29 +0000 https://kurir.mk/?p=788732

Вториот игран филм на Даријан Пејовски, „Мими“ ќе биде прикажан во три проекции во јануарската програма на Кинотеката, вечер, на 20 и 21 јануари со почеток во 20 часот. „Мими“ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Таа работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите. Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува. Овој втор игран филм на режисерот Пејовски, својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажан на филмските фестивали во Пула и Херцег Нови. Во псохолошката драма улогите ги толкуваат актерите Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски и Владимир Петровиќ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/mimi-na-darijan-pejovski-so-tri-proektsii-vo-kinotekata/feed/ 0
Македонски и француски филмови во Кинотека за крајот на јануари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonski-i-frantsuski-filmovi-vo-kinoteka-za-krajot-na-januari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonski-i-frantsuski-filmovi-vo-kinoteka-za-krajot-na-januari/#respond Tue, 10 Jan 2023 09:08:05 +0000 https://kurir.mk/?p=785413

Кинотечната програма за крајот на јануари за филмофилите нуди два македонски играни филма од најновата продукција, како и еден српски наслов со малцинско македонско продукциско учество. Исто така, во редовна соработка со Францускиот институт од Скопје, во јануари ќе биде прикажан филмот „Презир“ на Жан-Лук Годар, еден од највлијателните светски кинематографери, кој неодамна „замина“ на Елисејските полиња. Станува збор за дебитантскиот игран долгометражен филм „Снежана на крајот умира“ по сценарио и во режија на Кристијан Ристески, со Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев во главните улоги. Филмот на Ристески имаше светска премиера на „Слемденс“ во САД, еден од највлијателните фестивали на независниот филм, а со неговата македонска премиера се затвори минатогодишното, 43-то издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Петтиот игран наслов на Теона Стругар Митевска, „Најсреќниот човек на светот“, чиј косценарист е Елма Татарагиќ, имаше светска премиера во натпреварувачката селекција на програмата „Хоризонти“ на венециското Биенале, а потоа учествуваше на десеттина фестивали ширум светот. Новиот филм на Митевска, со Јелена Кордиќ Курет, Аднан ОмеровиќЛабина Митевска, Ксенија Маринковиќ во главните улоги, беше и македонски кандидат за наградата „Оскар“ во категоријата најдобар странски филм. „Од рајот“ (Nebesa) е новиот наслов на сценаристот и режисер Срѓан Драгојевиќ. Во неговата сторија составена од три приказни за трите божји чуда играат Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ и Бојан Навојец. Филмот премиерно беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал во Локарно, по што учествуваше на фестивалите во Котбус, СинИст, Балкан Панорама, Острава Камера Око, Валенсија... „Од  рајот“ беше дел од официјалната програма 43. ИФФК „Браќа Манаки“ – 2022 во Битола. Директор на фотографијата е Душан Јоксимовиќ, редовен соработник на Срѓан Драгојевиќ. Филмот „Презир“ на француската филмска икона Жан-Лук Годар е снимен 1963 година. Сценариото е на Алберто Моравија и Годар, а главните улоги ги толкуваат Брижит Бардо, Џек Паланс и Мишел Пиколи. Филмовите се на програмата на Кинотека од 23 до 31 јануари. Билетите чинат 100 денари.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonski-i-frantsuski-filmovi-vo-kinoteka-za-krajot-na-januari/feed/ 0
Кинотеката во декември нуди богата понуда на европски класици и домашни филмски остварувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kinotekata-vo-dekemvri-nudi-bogata-ponuda-na-evropski-klasici-i-domashni-filmski-ostvaruvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kinotekata-vo-dekemvri-nudi-bogata-ponuda-na-evropski-klasici-i-domashni-filmski-ostvaruvanja/#respond Tue, 29 Nov 2022 07:58:05 +0000 https://kurir.mk/?p=767990

Декември е последниот месец во годината, месецот пред новогодишните и божиќните празници, месец кога се трошат најмногу пари за убави нешта, се прават ретроспективи на сите активности и случувања од целата година. Овој декември Кинотеката ќе понуди програма која, посочуваат, со сигурност ќе ве натера да излете од дома и да ја посетите нашата кино сала, бидејќи постпандемично, сите сакаме да го смениме секојдневниот домашен амбиент. На самиот почеток на овој месец Кинотеката, во партнество со киномрежата во која членува – Еуропа синемас (Europa Cinemas), се придружува кон иницијативата на Eвропската филмска академија наречена (EFA) „Месец на европски филм“ која започна пред три недели. Во тие рамки, сѐ до 10 декември, и локални киносали и големи киномрежи ќе прикажуваат специјални програми, настани и ретроспективи со кои ја промовираат богатата европска кинематогафија. -Ние се приклучуваме кон оваа иницијатива со циклусот филмови на познатиот чешки режисер (а и актер, и автор, и професор..) Јиржи Менцл, кој со својот сензибилитет на филмско раскажување нема да ве остави рамнодушни. Менцл гостуваше во Кинотеката во 2009 година и во Скопје, и на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, а на македонскат публика, онаа со изгледана поголема километража на филмски летни – добро ѝ е познат. Неговите класици СТРОГО КОНТРОЛИРАНИ ВОЗОВИ, СТРИЖЕНО-КОСЕНО, ЛАСТОВИЧКИ НА ЖИЦА, СНЕЖEН ФЕСТИВАЛ, СЕЛО МОЕ МАЛО, КРАЈОТ НА СТАРИТЕ ВРЕМИЊА, ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ СО КАМЕРА, САМОТИЈА ВО ШУМАТА и НЕПРЕДВИДЛИВО ЛЕТО, како и филмот-омнибус БИСЕРИ НА ДНОТО составен од кратки филмови на највлијателните чешки режисери во средината на 60-ите години на минатиот век (Вера Читилова, Јаромил Јиреш, Јиржи Менцел, Евалд Шорм и Јан Немец) ќе бидат на програмата од првата третина од месецот. По Менцл „европската“ програма, продолжува со циклусот на Полјакот Анджеј Вајда, а ќе следи документарниот ЖУРНАЛ ЗА ЖЕЛИМИР ЖИЛНИК на Јанко Баљак, со кој се заокружува овој декемвриски фокус на култни режисерки имиња. Во редовната соработка со Францускиот институт од Скопје, во декември ќе биде прикажан филмот ПРЕЗИР на Жан-Лук Годар кој неодамна „замина“ на Елисејските полиња, а од современата француска кинематографија, ќе се опуштиме со комедијата „Роден лажго“. И овој месец на Програмата ќе бидат понудени повеќе домашни наслови, а покрај играните филмови во кинотечната програма ќе бидат застапени и краткометражните филмови кои вообичаено се запоставувани како форма во комерцијалните кинопрограми. -Така, од таа краткометражна „категорија“, на почетокот на месецот ја имаме премиерата на ТАЛЕ И КОРОНА на Томислав Алексов, а подоцна ги прикажуваме и ШЕЌЕРНИ ЛУЃЕ на Сузана Диневски, САМО ЃАВОЛОТ СЕ ПЛАШИ ОД ВОДА на Лидија Мојсовска и ГОСПОДАТА ОД СОВРЕМЕНА на Ана Алексовска. Со актуелната црна комедија КАЈМАК, последното остварување на Милчо Манчевски, и урбанта психолошка драма МИМИ на Дарјан Пејовски, како и документарниот (со оригинален наслов) HOW DO YOU DEFFINE AROGANCE на Небојша Илијевски, ја комплетираме нашата македонска филмска репрезентација во последниот месец од годинава, наведуваат од Кинотеката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kinotekata-vo-dekemvri-nudi-bogata-ponuda-na-evropski-klasici-i-domashni-filmski-ostvaruvanja/feed/ 0
Ретроспектива со филмови на Јиржи Менцл во Кинотека од 1 до 11 декември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektiva-so-filmovi-na-jirzi-mencl-vo-kinoteka-od-1-do-11-dekemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektiva-so-filmovi-na-jirzi-mencl-vo-kinoteka-od-1-do-11-dekemvri/#respond Mon, 28 Nov 2022 10:05:24 +0000 https://kurir.mk/?p=767505

Кинотеката во соработка со Амбасадата на Чешката Република од 1 до 11 декември организира  рертоспектива со филмови на легендарниот чешки режисер и актер  Јиржи Менцл (1938-2020). Ќе биде отворена со филмот „Строго контролирани возови“, негов дебитантски долгометражен игран филм со кој во 1967 година освои „Оскар“ за најдобар странски филм. До 11 декември, во термините од 20 часот, во Кинотеката ќе бидат прикажани уште осум наслови на  Менцл: „Стрижено-косено“; „Ластовички на жица“; омнибусот „Бисери на дното“ во кој Менцл е еден од четирите автори; „Снежен фестивал“; „Село мое мало“; „Крајот на старите времиња“; „Прекрасни луѓе со камера“ и „Самотија во шумата“. -Со должната почит кон дузина автори од чешкиот „нов бран“ – од средината на шеесеттите па сè до крајот на осумдесеттите години од минатиот век – се чини дека филмовите на Јиржи Менцл, чија честа сценаристичка предлошка се литературните дела на Бохумил Храбал, се најдобар пример на тој луциден хумор со кој се рушат тоталитарните бастиони. И тука не се работи само за комунистичкиот режим во Чехословачка….Кај Менцл, таа борба со помош на хуморот можеби не е директно брцнување прст во „окото на тоталитарната власт“, туку потег кој може фигуративно да се опише како потсмешлива иронична интервенција, во стилот на цртање мустаќи или големи уши на иконичните слики на големите диктатори…,Менцл знаел и да склучи пакт со властодршците од тогашниот комунистички режим за да може да снима, во одреден период снимал „неполитички“ филмови, но одново му се враќал на неговиот стил со кој остана препознатлив во чешката и светската кинематографија, наведува Кинотеката во најавата на ретроспективата. Јиржи Менцл (1938-2020) завршил режија на познатата академија ФАМУ во Прага, кај професорот и режисер Отокар Вавра. По филмот „Строго контролирани возови“, снимен според истоимениот роман на Бохумил Храбал,  почнала плодната соработка со култниот писател. Меѓу другите наслови, Менцл го сними и филмот „Му служев на англискиот крал“, според прозата на Храбал. Во 1969 го снимил филмот „Птица на жица“, кој беше забранет до 1990. Таа година филмот беше прикажан на Берлиналето и ја доби наградата на филмската критика ФИПРЕСЦИ, а Менцл рамноправно ја сподели главната награда „Злетна мечка“ со Коста Гаврас (за филмот „Музичка кутија“). Кинематографскиот опус на Менцл содржи 20-ина наградувани наслови. Менцл вторпат бил номиниран за „Оскар“ во 1987 година, за филмот „Село мое мало“, а во 2003 година ја доби и Наградата за посебен придонес во филмот – на фестивалот во Карлови Вари. Глумел во повеќе од 80 филмови, а познат е и по неговите поставки на театарските сцени во Чешка и низ светот. Во 2000 година Менцл беше гостин на промоцијата на неговата книга преведена и објавена на македонски јазик во Скопје, каде што ја прими наградата за животно дело на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола. Во 2009-та Менцл беше гостин и на Кинотеката по повод прогласувањето за Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА (сега: Еуропа прима) во Скопје.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/retrospektiva-so-filmovi-na-jirzi-mencl-vo-kinoteka-od-1-do-11-dekemvri/feed/ 0
Македонски филмови во словенечката Кинотека во Љубљана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonski-filmovi-vo-slovenechkata-kinoteka-vo-ljubljana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonski-filmovi-vo-slovenechkata-kinoteka-vo-ljubljana/#respond Wed, 14 Sep 2022 12:05:07 +0000 https://kurir.mk/?p=732644

Во киното на словенечката Кинотека во Љубљана во Словенија, Кинотеката на Северна Македонија од денеска до 18 септември ќе претстави избор од филмски наслови од домашната кинематографија. Изборот вклучува неми филмови од почетокот на кинематографијата на Балканот, потоа етнографски документарни, како и играни и анимирани филмови. Како што соопштија од Кинотека, ревијата „Денови на македонскиот филм“ ќе почне со целокупната колекција на филмовите на браќата Манаки, дигитално реставрирани во 2013 година во Унгарската филмска лабораторија во Будимпешта. Селекцијата е составена од снимки на разни активности од секојдневието, народни игри, пазари, панаѓури, како и приказ на бројни манифеставии, настани и славни личности од културно-политичкиот живот во тоа време. Една од најинтересните и оригинални презентации на оваа ретроспектива ќе биде изборот на македонски етнографски филмови, селекција од осум документарни филмови во кои се прикажани разни обичаи и етнографски елементи од земјава и етничките, односно религиски групи кои живееле во минатото. Во рамките на овој дел ќе бидат прикажани филмовите „Дервиши“, во режија на Ацо Петровски, во кој се прикажуваат обредите на дервишката секта Руфаи. Потоа следуваат филмовите „Ѓурѓовденските обичаи“ во режија на Благоја Дрнков, посветен на прославата на празникот Ѓурѓовден во селото Булачани од Скопска Црна Гора, како и три филмови по сценарио на Вера Кличкова, пионер во визуелната етнологија во земјава, која твори во шеесетите години на минатиот век, било како соработник, сценарист но и режисер. Тоа се филмовите „Азот“ и „Велигденски обичаи“ во режија на Ацо Петровски и сценарио на Вера Кличкова, и „Рибарството во Катлановско езеро“, во режија и сценарио на самата Кличкова. Во оваа група се вклучени и „Дае“ на Столе Попов, „Галичка Свадба“ во режија на Ацо Петровски и „Довикување на пролетта“ во режија на Трајче Попов, а посветен на дервишкиот обичај на довикувањето на пролетта од дервишката секта во во Призренското теќе. Покрај етнолошките, ретроспективата ќе вклучи и селекција на македонски анимирани филмови, од почетокот на појавата на македонската анимација, па сè до денес. Ќе бидат прикажани филмовите „Адам (5 до 12)“ и „Ембрио Но.М“ во режија на Петар Глигоровски, „Водач“ на Бранко Ранитовиќ, „Отпор“ на Боро Пејчинов, „Рака“ и „Пецко – Голем нос“ на Дарко Марковиќ, „Хомо Екраникус“ на Делчо Михајлов и „Црно Знаме“ во режија на Мирослав Грчев, како и два анимирани филмови од поновата македонска анимација – „Кружното патување на Марето“ на Жарко Иванов и „Готлиб“ во режија на Крсте Господиновски. Македонкиот игран филм ќе биде претставен со долгометражниот „Илузија“ во режија на Светозар Ристовски, во оваа ревија специјално наменет за младата публика, и играниот филм „Време без војна“ во режија на Бранко Гапо, како македонски претставник на таканаречениот „Црн бран“ на југословенскиот филм. Ретроспективата ќе биде заокружена со најуспешниот макеодонски документарен филм – носителот на две номинации за Оскар – филмот „Медена Земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубо Стефанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonski-filmovi-vo-slovenechkata-kinoteka-vo-ljubljana/feed/ 0