киретажа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 24 Feb 2023 10:25:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png киретажа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Смртта на пациентката во Прилеп по извршена киретажа е кулминација на системската негрижа за здравјето – реагира Платформата за родова еднаквост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrtta-na-patsientkata-vo-prilep-po-izvrshena-kiretazha-e-kulminatsija-na-sistemskata-negrizha-za-zdravjeto-reagira-platformata-za-rodova-ednakvost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrtta-na-patsientkata-vo-prilep-po-izvrshena-kiretazha-e-kulminatsija-na-sistemskata-negrizha-za-zdravjeto-reagira-platformata-za-rodova-ednakvost/#respond Fri, 24 Feb 2023 10:24:14 +0000 https://kurir.mk/?p=804524

Платформата за родова еднаквост денеска преку писмено соопштение изрази сочувство до семејството на пациентката од Прилеп, која почина по извршена киретажа во болницата во овој град. Платформата најостро реагира на негрижата на државата и здравствените институции при груба повреда на човековите права и на флагрантно кршење на законите во државата како директна причина за настанатата смрт. -Имено, според информацијата пласирана во јавноста, постојат индикации за кршење на законите во однос на обезбедување соодветни санитарно-хигиенски услови во здравствена установа, отсуство на примена на соодветни хигиенски мерки чија директна последица е смрт кај пациентката. Ова укажува на сторено тешко кривично дело против здравјето на луѓето, што за жал се повторува повеќе пати изминатиот период во нашата држава – се вели во денешното соопштение потпишано од 28 граѓански организации. -Пациентката после изведена киретажа во Прилепската болница била испратена на домашно лекување, за веќе следниот ден да се врати со сериозно влошена состојба и после препраќањето на Инфективната клиника во Скопје да настапи смрт. Ова било причина да се затворат операционите сали во Прилепската болница и да се испратат брисеви на испитување. Она што сериозно загрижува и не смее да помине без одговорност, е сомнежот за присуство на многу ретка и опасна интрахоспитална бактерија во здравствената установа – додаваат од Платформата. Иако, според известувањето од болницата, е започната процедура за проверка на присуство на интрахоспитална бактерија, немаше официјално известување од Министерството за здравство, ниту информација за постапување на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Според организациите, овој случај е, за жал, кулминација на континуираното известување во врска со лошите болнички услови и немањето пристап до квалитетни услуги и грижа за сексуално и репродуктивно здравје во нашата држава. Неодамна веќе реагиравме за случајот со Јелдз Веапоска, во кој, шокантна беше објавената констатација дека не постои лекарски пропуст или грешка кај гинекологот Мухамед Асани, кој и натаму е директор на струшката болница и сопственик на нерегистрирана гинеколошка ординација – велат од Платформата за родова еднаквост. Имајќи го предвид сето ова, Платформата за родова еднаквост бара под итно: Целосна транспарентност и објавување на резултатите од испитувањето на бактериолошката состојба на просториите во болницата во Прилеп; Министерството за здравство да излезе со соопштение и да превземе одговорност во врска со случајот и во врска со санитарно-хигиенските услови во здравствените установи државата; Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши инспекциски надзор и да ја извести јавноста за резултатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smrtta-na-patsientkata-vo-prilep-po-izvrshena-kiretazha-e-kulminatsija-na-sistemskata-negrizha-za-zdravjeto-reagira-platformata-za-rodova-ednakvost/feed/ 0
Хрватска пратеничка шокираше со својот говор во парламентот: Со врзани раце и нозе, без анестезија ми правеа киретажа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-pratenichka-shokirashe-so-svojot-govor-vo-parlamentot-so-vrzani-race-i-noze-bez-anestezija-mi-pravea-kiretaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-pratenichka-shokirashe-so-svojot-govor-vo-parlamentot-so-vrzani-race-i-noze-bez-anestezija-mi-pravea-kiretaza/#respond Fri, 12 Oct 2018 16:55:12 +0000 https://kurir.mk/?p=114256

Пратеничката во хрватскиот парламент Ивана Нинчевиќ Лесандриќ во законодавниот дом рече дека во февруари доживеала „стругање“ на матката без анестезија по спонтан абортус. По говорот на пратеничката во Парламентот во кој ја раскажала нејзината хорор приказна за вршење киретажа без анестазија, бројни жени и дале поддршка. Имено, како што пренесуваат хрватските медиуми, за време на гласањето доверба на хрватскиот министер за здравство, Нинчевиќ Лесандриќ истакнала дека откако имала спонтан абортус, во болница и ги врзале рацете и нозете за гинеколошкиот стол и без никаква анестезија и била извршена киретажа. -Бев бремена околу три месеци кога почнав да крварам. По препорака од пријателка отидов во болницата во Сплит на итен гинеколошки прием. По прегледот докторката утврди дека имам спонтан абортус и рече дека потребно е да се направи киретажа. Не знаев што ме чека и прифатив. Шокот следуваше откако влегов во посебна соба, кога легнав на гинеколошкиот стол ми ги врзаа рацете и нозете. Се обидов да пронајдам логично објаснување зошто тоа го прават. Киретажата започна, иако не добив никаква анестезија. Прво бев во шок и чекав да ми дадат нешто против болки, но времето поминуваше, процесот исто така, а болките беа се посилни, раскажува Ивана (35) на која ова и било прва бременост. Во својот говор таа истакнала дека одлучила да проговори за се бидејќи нејзиното искуство го доживеале многу жени во Хрватска, кои изјавиле дека биле третирани како месо во кланица. За отворено да може да зборува за пеколот низ кој минала, собирала сила и храброст изминатите осум месеци, а поддршка имала и од сопругот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-pratenichka-shokirashe-so-svojot-govor-vo-parlamentot-so-vrzani-race-i-noze-bez-anestezija-mi-pravea-kiretaza/feed/ 0