кирич пејчиновиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 30 Aug 2018 06:54:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кирич пејчиновиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Директорот на тетовската гимназија контра СДСМ – проектот за доградба нема да стартува во септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-tetovskata-gimnazija-kontra-sdsm-proektot-za-dogradba-nema-da-startuva-vo-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-tetovskata-gimnazija-kontra-sdsm-proektot-za-dogradba-nema-da-startuva-vo-septemvri/#respond Thu, 30 Aug 2018 06:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=93940

Изградбата, односно доградбата на тетовската Гимназија „Кирил Пејчиновиќ” нема шанса да започне во септември- директорот на училиштето контра тврдењата на СДСМ, изнесени пред два дена, кога најавија дека ќе се стартува со проектот идниот месец. Проект вели, точно има, но остануваат уште процедури додека почне неговата реализација, објави Алфа телевизија. -Септември, не е можно септември. Ние на трети почнуваме со школската година, така што септември е голем прашалник. Најава немам никаква за почеток на градба. Процедурите знаете вие како течат, тендерска процедура, тие се дел за кои јас не сум информиран дека е дадено одобрение, изјави директорот на гимназијата. Реагираа и од ВМРО ДПМНЕ, од каде велат дека откако СДСМ се истрчаа со нивната понуда за решавање на проблемот со гимназијата, тонат од лага во лага, и нижат само празни ветувања, кои учениците македонци не ги заслужуваат. -Ние како одговорна политичка партија, не дозволуваме некој да манипулира со граѓаните, а особено со учениците и затоа бараме од надлежните институции, општина Тетово, МОН и Владата на Република Македонија веднаш да ја достават на увид на јавноста комплетната планска документација и градежната дозвола за предвидените градежни работи на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, доколку постојат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Поради просторниот проблем, учениците Македонци, со години учат по разни објекти со несоодветни услови, а така ќе ја започнат и оваа учебна година. Нивната голгота наместо да се реши, се трупаат само безброј ветувања и лаги на властите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-tetovskata-gimnazija-kontra-sdsm-proektot-za-dogradba-nema-da-startuva-vo-septemvri/feed/ 0