Киријакос Мицотакис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Aug 2023 12:27:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Киријакос Мицотакис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Грција не го менува ставот за Косово“: Вучиќ разговарал со Мицотакис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-ne-go-menuva-stavot-za-kosovo-vuchik-razgovaral-so-mitsotakis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-ne-go-menuva-stavot-za-kosovo-vuchik-razgovaral-so-mitsotakis/#respond Tue, 22 Aug 2023 12:27:53 +0000 https://kurir.mk/?p=869575

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Атина се сретна со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, кој потврди дека нема да има промена на официјалниот став на Грција во однос на непризнавањето на независноста на Косово. Вучиќ на Инстаграм објави дека имал добар и пријателски разговор со грчкиот премиер, со кого размениле мислења за севкупната регионална соработка, глобалните прашања и односот на Грција кон ситуацијата на Косово. „Нашите грчки пријатели уште еднаш потврдија дека нема да има промена на официјалниот став во однос на непризнавањето на еднострано прогласената независност на Косово“, посочи Вучиќ и додаде дека се работи на зајакнување на соработката меѓу двете земји во сите области.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grtsija-ne-go-menuva-stavot-za-kosovo-vuchik-razgovaral-so-mitsotakis/feed/ 0
Мицотакис и Зеленски потпишаа заедничка декларација за евроатлантскиот пат на Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mitsotakis-i-zelenski-potpishaa-zaednichka-deklaratsija-za-evroatlantskiot-pat-na-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mitsotakis-i-zelenski-potpishaa-zaednichka-deklaratsija-za-evroatlantskiot-pat-na-ukraina/#respond Mon, 21 Aug 2023 18:25:58 +0000 https://kurir.mk/?p=869317

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и украинскиот претседател Володомир Зеленски попладнево потпишаа заедничка декларација за евроатлантскиот пат на Украина, соопшти самиот Мицотакис на заедничката прес-конференција со гостинот од Украина по нивната средба, јавуваат грчките медиуми. Украинскиот претседател допатува во ненајавена посета на грчката престолнина, каде подоцна вечерва ќе учествува на вечера и неформална дискусија со лидерите од регионот, со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. -Ние се спротивставуваме на секое незаконски сторено дело, рече грчкиот премиер на прес-конференцијата. Тој се фокусираше на историските врски на Грција со Украина и со украинските граѓани со грчко потекло. -Никој не ги заборава злосторствата во маченичкиот Мариопол, истото важи и за Одеса, како и за Киев и другите региони на вашата земја, рече Мицотакис, додавајќи дека Грција безусловно ги осудува воените злосторства во Украина. „Русија го користеше природниот гас како оружје и неодамна го раскина договорот за жито. Последиците од војната ги надминуваат границите на нашиот континент. Над 50 отсто од житото се извезува со бродови на грчки бродари. Грција ги применува сите санкции против Русија, ние ќе го помогнеме вашиот европски пат, потпишавме заедничка декларација за евроатлантскиот пат на Украина. Нашата поддршка ќе продолжи. Пристаништето Александрополис е центар, наскоро ќе стане град-порта за природен гас“, рече грчкиот премиер. Зеленски од своја страна и се заблагодари на Грција за поддршката и „вашата понуда да ја поддржите обуката на нашите пилоти на ловците Ф-16. Украинскиот претседател додаде дека на неговата земја и е потребна помошта од Грција за одржување на отворен коридорот за извоз на жито. Зеленски во Атина попладнево се сретна и со грчката претседателка, Катерина Сакеларопулу. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mitsotakis-i-zelenski-potpishaa-zaednichka-deklaratsija-za-evroatlantskiot-pat-na-ukraina/feed/ 0
Ковачевски на неформалната вечера во Атина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-na-neformalnata-vechera-vo-atina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-na-neformalnata-vechera-vo-atina/#respond Mon, 21 Aug 2023 07:34:54 +0000 https://kurir.mk/?p=868993

Лидерите од земјите од Западен Балкан и од земјите- членки на ЕУ од регионот, меѓу кои и претседателот на Владата на Северна Македонија Димитар Ковачевски, вечерва во Атина ќе учествуваат на неформалната вечера што ја организира грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Неформалната вечера што ќе се одржи во Премиерската палта е за проширувањето на Унијата и европската иднина на регионот по повод 20-годишнината од Самитот ЕУ- Западен Балкан и „Декларацијата од Солун“, а поканата на Мицотакис ја прифатиле и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кои ќе присуствуваат на вечерата. Според информациите на дописничката на МИА од Атина, на вечерата ќе присуствуваат премиерите на Северна Македонија и на Косово, претседателите на Србија и на Црна Гора, претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, како и лидерите на земјите од регионот кои се членки на ЕУ, премиерите на Бугарија, Хрватска и Романија, додека пак Албанија била поканета на претседателско ниво, но нема да има претставник во Атина. Во Грција, неофицијално се споменува дека можно е да присуствува и претседателот на Украина Володимир Зеленски, информација за која, веројатно од безбедносни причини, нема официјална потврда. Во пресрет на неформалната вечера закажана за 20:15 часот по локално време, планирано учесниците да одржат билатерални средби. Премиерот Ковачевски ќе се сретне со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, средба што ја најави и во синоќешното интервју за Сител, велејќи дека претседателката на ЕК од прва рака ќе може да се информира од него за текот на уставните измени, иако, како што истакна, „таа веќе ги има сите информации, и пред одржувањето на седницата во однос на поднесувањето“, како и за целиот процес. Денешната иницијативата на Мицотакис, како што бирифраат грчки владини извори, ја означува водечката улога на Грција како столб на стабилноста, мирот и енергетската безбедност на Балканот и Југоисточна Европа. Неформалната вечера за европската иднина на регионот има и симболичен карактер со оглед на тоа што на 21 јуни се навршија 20 години од „Декларацијата од Солун“ на Самитот ЕУ- Западен Балкан што се одржа за време на грчкото претседателство со Унијата и која го отвори патот за европска интеграција на неколку земји од регион. За Атина, 20-годишнината од Самитот во Солун и поканата на грчкиот премиер до лидерите од регионот е можност да се истакне дека Грција е на страната на Западен Балкан и како членка на европското семејство, но и како најголема економија во регионот и посакува европска интеграција на регионот, за која постојат и пред услови. Во оваа насока се и досегашните изјави на грчкиот премиер, кој континуирано ја истакнува цврстата поддршка на Грција за ЕУ перспектива на регионот, за која доста често официјална Атина потенцира дека станува уште поважна по руската инвазија на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-na-neformalnata-vechera-vo-atina/feed/ 0
Мицотакис организира неформална вечера за лидерите од регионот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsotakis-organizira-neformalna-vechera-za-liderite-od-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsotakis-organizira-neformalna-vechera-za-liderite-od-regionot/#respond Fri, 18 Aug 2023 15:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=868513

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис в понеделник ќе биде домаќин на неформална вечера за лидерите на Западен Балкан и на земјите- членки на ЕУ од регионот, а на која ќе присуствува и претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека неформалната вечера е за проширувањето на Унијата и европската иднина на регионот по повод 20-годишнината од Самитот ЕУ- Западен Балкан и „Декларацијата од Солун“, а поканата на Мицотакис ја прифатиле и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кои ќе присуствуваат на вечерата. На неформалната вечера за проширувањето на Унијата, според информациите на дописничката на МИА од Атина, ќе присуствуваат премиерите на Македонија и на Косово, претседателите на Србија и на Црна Гора, претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, како и лидерите на земјите од регионот кои се членки на ЕУ, односно премиерите на Бугарија, Хрватска и Романија, додека пак Албанија била поканета на претседателско ниво, но нема да има претставник во Атина. Според истите информации на МИА, иницијативата на Мицотакис ја означува водечката улога на Грција како столб на стабилноста, мирот и енергетската безбедност на Балканот и Југоисточна Европа, а неформалната вечера за европската иднина на регионот има и симболичен карактер со оглед на тоа, што на 21 јуни се навршија 20 години од „Декларацијата од Солун“ од Самитот ЕУ- Западен Балкан, одржан за време на грчкото претседателство со Унијата и која го отвори патот за европска интеграција на неколку земји од регион. За Атина, 20-годишнината од Самитот во Солун и поканата на грчкиот премиер до лидерите од регионот е можност да се истакне дека Грција е на страната на Западен Балкан и како членка на европското семејство, но и како најголема економија во регионот и посакува европска интеграција на регионот, за која постојат и пред услови. Во оваа насока се и досегашните изјави на грчкиот премиер, кој континуирано ја истакнува цврстата поддршка на Грција за ЕУ перспектива на регионот, за која доста често официјална Атина потенцира дека станува уште поважна по руската инвазија на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitsotakis-organizira-neformalna-vechera-za-liderite-od-regionot/feed/ 0
Пленковиќ: Побарав од Мицотакис итна депортација на невините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/plenkovik-pobarav-od-mitsotakis-itna-deportatsija-na-nevinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/plenkovik-pobarav-od-mitsotakis-itna-deportatsija-na-nevinite/#respond Thu, 17 Aug 2023 15:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=868001

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека ќе им пружи максимална поддршка на хрватските граѓани во Грција, кои беа уапсени поради навивачки судири и информираше дека побарал од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис што поскоро да ги депортира невините во Хрватска, бидејќи, според него, не е можно сите стотина уапсени да се подеднакво одговорни за настаните во Атина. Пленковиќ на почетокот на седницата на хрватската Влада се осврна на нередите во Атина, при што беше убиен еден грчки државјанин, а околу стотина хрватски државјани беа уапсени и затворени и посочи дека најостро го осудува хулиганство, пренесува ХРТ. - Ваквото однесување претставува негација на спортот, го нарушува хрватскиот фудбал и угледот на Хрватска, особено кога ќе видиме дека според резултатите Хрватска е фудбалска велесила. Како општество мораме да го осудиме дивјаштвото, насилството и хулиганството, истакна Пленковиќ и додаде дека дава максимална помош за хрватските граѓани. Тој повтори дека хрватската полиција ја информирала грчката полиција и другите земји за потенцијалното пристигнување на навивачите. „Нашата дипломатија, МВЕП (Министерството за надворешни и европски работи) и другите се целосно ангажирани. Во постојана комуникација сме на премиерско и министерско ниво. Ќе се стремиме максимално да ја исполниме нашата уставна обврска, а тоа е заштита на хрватските државјани и обезбедувањето конзуларна и правна помош“, истакна Пленковиќ. Пленковиќ во разговорот со Мицотакис посочил дека најостро го осудува насилството. „Без да ја прејудицирам вината, изразив сочувство за смртта на навивачот на АЕК. Побарав од премиерот да ја осигура безбедноста на нашите граѓани во затворските институции. Второ, процесот да биде фер, брз и ефикасен. Со оглед на тоа што не е реално сите 100 осомничени подеднакво одговорни за немири, предизвикување повреди и уништување, оние за кои ќе се утврди дека не се, што поскоро да бидат депортирани во Хрватска“, нагласи Пленковиќ. Нашите служби ќе комуницираат со грчките власти и ќе дадат дополнителна поддршка, било за медицинска помош или за некои други потреби, изјави хрватскиот премиер, потсетувајќи дека станува збор за правна постапка што ја спроведуваат грчкото обвинителство и судовите. -Ние сме во постојан контакт со родителите, јавноста знае и дека повеќето од приведените се многу млади, додаде тој. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/plenkovik-pobarav-od-mitsotakis-itna-deportatsija-na-nevinite/feed/ 0
Избори во Грција: Мицотакис освои мнозинство од 158 места во идниот парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izbori-vo-grtsija-mitsotakis-osvoi-mnozinstvo-od-158-mesta-vo-idniot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izbori-vo-grtsija-mitsotakis-osvoi-mnozinstvo-od-158-mesta-vo-idniot-parlament/#respond Mon, 26 Jun 2023 07:43:38 +0000 https://kurir.mk/?p=849607

Актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис е убедлив победник на парламентарните избори што се одржаа вчера во Грција. Неговата конзервативна партија Нова Демократија освои 40,5 отсто од гласовите, со што доби 158 пратенички места во грчкиот парламент кој брои 300 пратеници, пишува грчкиот весник Катимерини. Со ваквиот резултат, партијата на Мицотакис ќе може самостојно да ја формира идната грчка влада. Левичарската опозициска партија Сириза на Алексис Ципрас освои 17,8 отсто од гласовите, или само 48 пратенички места. Социјалистичката партија ПАСОК доби 11 отсто од граѓаните кои излегоа на изборите, со што обезбедија 32 места во грчкиот парламент. На изборите 20 пратенички места освои Грчката комунистичка партија, а се чини дека најголемото изненадување на изборите е влезот на националистичките партии во парламентот. Па така, радикално десничарската Партија на Спартанците доби 4,7 отсто или 12 пратеници во грчкиот парламент, а идентичен број на пратеници доби и партијата Грчко решение. Националистичката партија НИКИ освои 10 пратенички места. „Со денешните изборни резултати, Грција отвора ново, историско поглавје на својот пат“, изјави премиерот Мицотакис во телевизиското обраќање по завршувањето на изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izbori-vo-grtsija-mitsotakis-osvoi-mnozinstvo-od-158-mesta-vo-idniot-parlament/feed/ 0
Парламентарните избори во Грција ќе се одржат во мај, најави Мицотакис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/parlamentarnite-izbori-vo-grtsija-ke-se-odrzhat-vo-maj-najavi-mitsotakis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/parlamentarnite-izbori-vo-grtsija-ke-se-odrzhat-vo-maj-najavi-mitsotakis/#respond Wed, 22 Mar 2023 06:34:12 +0000 https://kurir.mk/?p=814743

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека општите избори ќе се одржат во мај. Четиригодишниот мандат на конзервативната влада истекува во јули, но се очекуваше Мицотакис да распише избори на почетокот на април. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека водството на партијата Нова демократија на Мицотакис пред левичарската опозициска партија Сириза се намалува по железничката несреќа на 28 февруари. Несреќата, во која директно се судрија патнички и товарен воз, однесе животи на 57 лица, предизвика гнев кај јавноста и масовни протести поради лошата безбедност на железницата. „Можам со сигурност да ви кажам дека изборите ќе се одржат во мај“, рече премиерот Мицотакис во своето прво интервју за ТВ Алфа по катастрофалната несреќа кај Лариса, административниот центар на грчката провинција Тесалија. Мицотакис рече дека му било тешко да оди на местото на несреќата, но не размислува да поднесе оставка. Тој изрази уверување дека неговата формација ќе победи на изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/parlamentarnite-izbori-vo-grtsija-ke-se-odrzhat-vo-maj-najavi-mitsotakis/feed/ 0
Мицотакис најави вонредна помош за пензионерите кои не добија зголемување на пензиите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-najavi-vonredna-pomosh-za-penzionerite-koi-ne-dobija-zgolemuvane-na-penziite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-najavi-vonredna-pomosh-za-penzionerite-koi-ne-dobija-zgolemuvane-na-penziite/#respond Tue, 14 Feb 2023 15:32:22 +0000 https://kurir.mk/?p=800460

Доделување вонредна помош од 200 до 300 евра за пензионерите кои не добиле зголемување на пензиите на почетокот на годинава, најавил премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Новата владина мерка, Мицотакис ја соопштил за време на прес-конференцијата во Козани, рекол дека се проценува дека на речиси 300 милиони евра и објаснил дека висината на помошта ќе биде во зависност од тоа висината на пензијата. Додал дека во текот на утрешниот ден, надлежните министри ќе ги објават деталите.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-najavi-vonredna-pomosh-za-penzionerite-koi-ne-dobija-zgolemuvane-na-penziite/feed/ 0
Ципрас бара оставка од Мицотакис https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsipras-bara-ostavka-od-mitsotakis/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsipras-bara-ostavka-od-mitsotakis/#respond Wed, 25 Jan 2023 09:44:00 +0000 https://kurir.mk/?p=791589

По средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, побарал оставка од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кого го нарекол „премиер на прислушувањата“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Ципрас рекол дека се сретнал со Сакеларопулу за да ја изрази неговата загриженост за „прекршувањето на владеењето на правото“, а во изјавата за медиумите по средбата посочил дека „податоците од Службата за заштита на приватност на комуникациите (АДАЕ) потврдуваат дека Националната служба за разузнавање која е во одговорност на премиерот под изговор дека станува збор за национална безбедност ја прекршила приватноста на комуникациите и прислушувал разговори на политичари, припадници на војската, новинари, раководството на вооружените сили“. Паралелно истакнал, според АНА-МПА, дека „премиерот на прислушувањето мора да преземе одговорност и да поднесе оставка“.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tsipras-bara-ostavka-od-mitsotakis/feed/ 0
Мицотакис: Изборите во Грција ќе бидат или во април или во мај https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-izborite-vo-grtsija-ke-bidat-ili-vo-april-ili-vo-maj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-izborite-vo-grtsija-ke-bidat-ili-vo-april-ili-vo-maj/#respond Tue, 17 Jan 2023 09:47:05 +0000 https://kurir.mk/?p=788275

Јавна тајна е дека веќе е започнато одбројувањето, изборите ќе се одржат или во април или во мај, истакнал премиерот на Грција Киријакос Мицотакис говорејќи на состанок на Нова демократија, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Мицотакис објаснил дека вторите избори ќе бидат четири до пет седмици подоцна, посочил дека целта на Нова демократија е да добие можност за формирање еднопартиска Влада, паралелно изразувајќи оптимизам за конечниот резултат. -Многу сум оптимист за изборите.Ги гледам рејтинзите, но пред сè го гледам народот. Атмосферата е многу добра, рекол Мицотакис.

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mitsotakis-izborite-vo-grtsija-ke-bidat-ili-vo-april-ili-vo-maj/feed/ 0