Кирил Ковчегарски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Oct 2019 09:51:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кирил Ковчегарски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковчегарски: Изборен модел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovchegarski-izboren-model/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovchegarski-izboren-model/#respond Tue, 29 Oct 2019 09:51:53 +0000 https://kurir.mk/?p=257275

Деновиве сме сведоци на кампања која ја водат ,,малите,, партии за итна промена на изборниот модел кој во моментов се применува во Република Македонија. Оваа тивка кампања, срамежливо и прикриено, но на еден начин и многу гласно е поддржана и од владејачката СДС(на С.М). Што се крие зад оваа поддршка со сигурност ќе дознаеме на наредните вонредни парламентарни избори на кои според анкетите кои се исто така многу актуелни деновиве, владејачката партија ќе доживее заслужен дебакл, кој според мене, преку посакувана промена на изборниот модел (срамежливо најавена како можност од Заев) ќе се обиде да го ублажи, секако силно потпомогната од нејзините ,,сателит-шетач,, партии. Мојот став е дека во овој момент не смее да се прави промена на изборниот модел, особено не во онаков, каков што посакуваат овие ,,шетачи,, (кои најчесто имаат помалку поддржувачи отколку што имаат членови во раководството на сателит партијата). Со една изборна единица и пропорционален изборен модел ќе им се овозможи на овие партии со освоени 3000 (три илјади) гласови на државно ниво да добијат пратенички места кои може да бидат клучни при составувањето на новата Влада на РМ. Дали е праведно 3000 да ги изедначиме со 300.000 илјади гласови? Еден пратеник да има тежина колку 50 и повеќе. Еден пратеник кој присобрал грст гласови од кои голем дел и по грешка и поради индиферентност на гласачите (сетете се на партијата за еднократна употреба ВМРО-ДОМ во 1998 година која тогаш беше бр.1 на гласачкото ливче!). Тогаш на површина ќе излезе нивното вистинско лице и ќе видиме што е пазарење, што се уцени, поткупи и сл. Иако овие навидум ,,невини,, личности кои се обидуваат да ни ја продадат нивната приказна околу оправданоста за промената на изборниот модел, поради наводно пропаднатите гласови  на секои избори, за нивните чесни намери, одличната идеологија и програма, јас лично, ама воопшто не им верувам, а од праксата во изминатите години се докажало и дека голем дел од нив (со чесни исклучоци) се најголемиот канцер во општеството без чија сесрдна помош поради лични и туѓи интереси ќе беа невозможни многу важни историски процеси кои ни се случуваа, а на штета на граѓаните и за понижувањње на државата. Затоа, не за овој предлог! Наместо со сите сили да се трудат да го сменат изборниот модел за лесно да дојдат до функции, попаметно би им било да се потрудат својата идеологија и углед малку подобро да ги ,,продадат,, помеѓу народот, па на изборите да освојат релевантен број на гласови согласно реално приложеното. Ако беа чесни во намерите ќе предложеа изборен праг  на пример 4 % или 5 % од оние што ќе гласаат, како што е во повеќето земји каде се применува ваков изборен модел. Или зошто да не се прифати мнозински систем со 80 до 120 изборни единици во кој извонредна можност да дојдат до израз ќе имаат овие (само)замислени силни идивидуи со голем углед меѓу граѓаните. Ама ,,шетачиве,, многу добро знаат дека во вакви изборни системи со изборен праг или пак во мнозински, ќе треба нешто повеќе од кока кола со сламка за да се стане пратеник. Нема да може да се кандидираат и да станат пратеници личности кои ниту во своето село од неколку куќи не можат да освојат мнозинство гласови и кои наместо да уживаат во пензијата да бидат клучни во распродавањето на нашите национални интереси. Нема да имаме пратеници кои не смеат ниту да дојдат во родното место, а не пак да се кандидираат во истото или како досега да се кријат на изборните листи зад други угледни личности преку кандидатура во изборни единици што немаат никаква врска со нивното потекло, местото на живеење, ниту пак со нивното битисување Предлогот за отворени листи е делумно во ред, но не треба да се избрзува со неговата имплементација поради кадровските и техничките проблеми кои неминовно ќе се јават при гласањето и сумирањето на резултатите. Како заменик на овластен-претставник на мојата партија и на кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова во ДИК, на последните избори се уверив дека нашите избирачки одбори не се доволно подготвени да спроведат регуларни избори ниту со досегашниот модел (повеќето прифатени приговори беа од техничка природа поради непознавање на процесот од страна на ИО), а не пак со сложен систем на отворени листи. Што се однесува до малцинствата (оние помалите) кои сега модерно милуваат да се наречат етнички заедници (за мене многу навредливо, затоа што ако малку подобро се размисли и се погледне светската пракса, малцинство е многу, многу подостоинствен збор), може како во многу други земји да се предвидат загарантирани неколку пратенички места со што истите нема да мора да склучуваат пред и после изборни непринципиелни коалиции. Како член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција, сметам дека мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, особено сега кога изборите се веќе извесни, нема потреба да се впушта во разговори за промена на изборниот модел и да им се додворува на “сателит” партиите. Таква промена поддржана од било која партија, сега би било свесно втурнувањње на државата во пост изборна криза, само заради задоволување на интересите на минорни партии формирани исклучиво заради остварување на матни интереси (нејчесто лични, но неретко и туѓи). Немаме ама баш никаква потреба како партија да им исполнуваме желби на суетни поединци без основна смисла за хиерархиската поставеност во партиите, кои неможеле да се вклопат во оние партии во кои некогаш членувале и не сакаат да се помират со начинот на кој тие функционираат секаде во светот, па затоа си формирале свои приватни партии. Таквите досега ни правеа само штета, а на нас активистите ни беа најголем проблем да им објасниме на членовите и поддржувачите зошто истите се повторно во нашето друштво. Време е со овие појави и личности за кои пишував, конечно да се расчисти, а на политичката сцена да останат само оние кои навистина имаат релеванта поддршка од граѓаните на Република Македонија. Сегашниот изборен модел и следните парламентарни избори се одлична прилика за тоа. Пишува: Кирил Ковчегарски, адвокат и член во Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција при ВМРО-ДПМНЕ извор: bregalnicki.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovchegarski-izboren-model/feed/ 0