кирил миновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Dec 2020 13:34:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кирил миновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Записник од состанокот открива дека Владата е фатена како шири лажни вести: Пешевски, Миновски, Мизо давале совети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapisnik-od-sostanokot-otkriva-deka-vladata-e-fatena-kako-shiri-lazni-vesti-peshevski-minovski-mizo-davale-soveti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapisnik-od-sostanokot-otkriva-deka-vladata-e-fatena-kako-shiri-lazni-vesti-peshevski-minovski-mizo-davale-soveti/#respond Thu, 10 Dec 2020 13:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=441506

Поранешниот вицепремиер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски, не е дел од моето советодавното тело, вели денес на вицепремиерот Фатмир Битиќи. Битиќи денеска на својот Фејсбук профил ги објави имињата на луѓето кои се активни членови во платформата, меѓу кои го нема името на Пешевски, ниту пак на ексминистреот за финансии од ВМРО-ДПМНЕ Кирил Миновски. Битиќи вчера во интервју за Телма одговори потврдно на новинарското прашање дали Пешевски и Миновски се членови на оваа платформа.
Тој објави дека активни членови на платформата, во моментов се Агим Мамути, Благица Петрески, Борче Треновски, Борче Смилевски, Борис Ефтимовски, Ванчо Узунов, Веле Самак, Висар Адеми, Вељанд Рамадани, Виктор Мизо, Горан Рафајловски, Зоран Кочоски, Игор Ивановски, Игор Андреев, Коста Петров, Љупчо Зиков, Марјан Петрески, Никица Мојсовска Блажеска, Никола Поповски, Нина Фити, Олимпија Заевска-Христова и Сашо Ќосев. Но, официјалните записници кажуваат дека овие тврдења се владини лаги. Имено, колку и министерот и Владата да сакаат нешто да сокријат или да изманипулираат, фактите и доказите постојано ги побиваат. Ви го пренесуваме записникот кој е доказ дека Владата шири лажни вести. Со свои очи погледнете дали Пешевски, Миновски и Мизо се наоѓаат во овој список:
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zapisnik-od-sostanokot-otkriva-deka-vladata-e-fatena-kako-shiri-lazni-vesti-peshevski-minovski-mizo-davale-soveti/feed/ 0
Миновски: Не смее да има намалување на платите, едно од суштествените прашања за надминување на економската криза е стимулирање на потрошувачката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minovski-ne-smee-da-ima-namaluvanje-na-platite-edno-od-sushtestvenite-prashanja-za-nadminuvanje-na-ekonomskata-kriza-e-stimuliranje-na-potroshuvachkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minovski-ne-smee-da-ima-namaluvanje-na-platite-edno-od-sushtestvenite-prashanja-za-nadminuvanje-na-ekonomskata-kriza-e-stimuliranje-na-potroshuvachkata/#respond Sun, 29 Mar 2020 07:23:57 +0000 https://kurir.mk/?p=323697

Во вчерашната емисија "Заспиј ако можеш" на Алфа телевизија на тема "Ќе ја распадне ли коронавирусот македонската економија", екс министерот за финансии Кирил Миновски, кој има 17-годишно искуство во областа на финансии, управување со промени проектен менаџмент и човечки ресурси вели дека во услови кога е се поизвесна економската криза, треба да се однесуваме рационално, од секој аспект, па и од аспект на штедењето на енергијата. Така да мерки на штедење се неопходни, пред се на она што сметаме дека е нерационално трошење во дадени моменти. -Доколку ги анализираме решенијата што ни ги нудат меѓународните финансиски институции, и денешната изјава на директорката на ММФ Кристалина Георгиева, гледаме дека едно од суштествените прашања за надминување на економската криза е токму стимулирање на потрошувачката. Меѓутоа се разбира, не на секаков вид на потрошувачка, но на таа што ќе овозможи креирање на додадена вредност и развој на економија, посочи Миновски. Околу проблемот со агрегатот на побарувачка и како тоа ќе влијае на стабилизирање на економијата и намалување на штетните последици на економијата според Миновски, е едно од суштествените прашања во економијата е пред се во решавање на кризите е решавање на таканаречената агрегатна побарувачка. -На едноставен начин, на секој кој што учествува на пазарот на трудот, на секој вработен меѓутоа и на секој сопственик на бизнис, јасно му е дека на пазарот постои понуда и побарувачка. Најчесто понудата треба да се прилагодува на онаа побарувачка која што постои на пазарот. За да може економијата да се движи, неопходно е да постои побарувачка. Во случај на кризи, како во 2008 и 2009-тата година, неопходно е да се вбризгаат дополнителни средства во економијата за да може потрошувачката да остане на исто ниво и да не застане економијата. И оние кои нудат услуги да имаат купувачи. Во спротивно, доколку немаме доволна потрошувачка ќе имаме стагнација на економијата, изјави Миновски. Затоа тој вели дека е против намалување на платите во јавната администрација на 14.500 денари. Тоа ќе влијае и врз мотивацијата на вработените во овие кризни моменти. -Во Република Турција на пример, сет мерките се пакет од 15.4 милијарди евра кои ќе се вбризгаат во економијата, пакет кој што не е наменет исклучиво за компаниите, туку и за економскиот стандард на граѓаните. Во САД пакетот изнесува 2.200 милијарди долари, за директна поддршка на животниот стандард на населението. Слични програми има и во останатите земји, вели Миновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minovski-ne-smee-da-ima-namaluvanje-na-platite-edno-od-sushtestvenite-prashanja-za-nadminuvanje-na-ekonomskata-kriza-e-stimuliranje-na-potroshuvachkata/feed/ 0
Миновски: Оваа влада има отсуство на јасна визија и стратегија во која насока да се движи македонската еконoмија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minovski-ovaa-vlada-ima-otsustvo-na-jasna-vizija-i-strategija-vo-koja-nasoka-da-se-dvizi-makedonskata-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minovski-ovaa-vlada-ima-otsustvo-na-jasna-vizija-i-strategija-vo-koja-nasoka-da-se-dvizi-makedonskata-ekonomija/#respond Thu, 04 Jul 2019 19:44:26 +0000 https://kurir.mk/?p=215527

Поранешниот министер за финасии од владата на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миновски во своето гостување во емисијата„Отворено“ на Алфа истакна дека оваа влада предводена од СДСМ нема да може да ги исполни ветувањата за 500 евра просечна плата, подобар стандарт од причина што во 2019 годинa се застапени рекордно ниски стапки на капитални инвестиции. Имено капиталните инвестиции и ифраструктурата даваат директен и индиректен стимул врз развојот на економијата. -Оваа влада има отсуства на јасна визија и стратегија во која насока да се движи македонската еконимија. Ние сме сведоци дека во изминатиот период беа стигматизирани странските инвестиции и влезот на странските директни инвеститори коишто носеа технологија, знаење и се двигател на економскиот раст и на оној скромен економски раст којшто го имавме изминатата година и она кое се случува во првиот квартал. Така да без прилив на средства од надвор, без серизони технолошки инвестициски промени во домашната економија коишто ќе го поттикнат извозот не очекувам некои драматични промени во македонската економија. Имајки го во предвид и ова ниско ниво на имплементација на капиталните инвестиции затоашто капиталните инвестиции влијаат и на зголемувањето на потрошувачката во земјата, истакна Миновски. Тој во своето гостување посочи дека ако државата има проблеми со имплеметација на проекти, со распишување на тендери, со имплементација на инфраструктурните проекти во тој случај не може да се очекува просечна плата од 500 евра, засилен економски развој во услови кога се наоѓама на година дена од следните парламентарните избори доколку се редовни, а доколку се предвремени тоа ќе биде невозможно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minovski-ovaa-vlada-ima-otsustvo-na-jasna-vizija-i-strategija-vo-koja-nasoka-da-se-dvizi-makedonskata-ekonomija/feed/ 0
Миновски: Власта најлесно ќе ги вратеше парите кај граѓаните доколку не ја зголемеше акцизата и даноците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minovski-vlasta-najlesno-kje-gi-vrateshe-parite-kaj-gragjanite-dokolku-ne-ja-zgolemeshe-akcizata-i-danocite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minovski-vlasta-najlesno-kje-gi-vrateshe-parite-kaj-gragjanite-dokolku-ne-ja-zgolemeshe-akcizata-i-danocite/#respond Thu, 04 Jul 2019 18:21:40 +0000 https://kurir.mk/?p=215500

Во вечерашното гостување во емисијата „Отворено„ на Алфа, поранешниот министер за финасии, Кирил Миновски истакна дека е многу подобро да се спроведува политикита на ниски даноци бидејќи на овој стадиум на економски развој тие обезбедуваат полна државна каса и обезбедуваат највисок степен на фискална дисциплина во Македонија. -Ниските даноци се стимулативни за субјектите за да го платат данокот. Доколку не се зголемеше акцизата во тој случај ќе имавме дирекно влијание врз буџетот на сите семејства во државата. Од зголемувањето на акцизата се прибрани околу 35 милиони евра и тоа е истиот обем на средства којшто ќе се обезбеди со поврат на ддв, којшто би им се дал на граѓаните и тоа преку поедноставна процедура но, на начин на којшто немаше да се зголеми акцизата, истакна Миновски. Тој додаде дека од овде се наметнува прашањето од ќе се надомеостат тие средства коишто државата ќе ги враќа како поврат на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minovski-vlasta-najlesno-kje-gi-vrateshe-parite-kaj-gragjanite-dokolku-ne-ja-zgolemeshe-akcizata-i-danocite/feed/ 0
Миновски: Со мерката „Поврат на ДДВ“, власта прави комплексна операција- мал е износот на средства што ќе се врати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minovski-so-merkata-povrat-na-ddv-vlasta-pravi-kompleksna-operacija-mal-e-iznosot-na-sredstva-shto-kje-se-vrati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minovski-so-merkata-povrat-na-ddv-vlasta-pravi-kompleksna-operacija-mal-e-iznosot-na-sredstva-shto-kje-se-vrati/#respond Thu, 04 Jul 2019 17:08:48 +0000 https://kurir.mk/?p=215475

Кирил Миновски, поранешен министер за финасии од владата на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „Отворено на Алфа“ зборуваше за мерката „Поврат на ДДВ“ пришто кажа дека тој секогаш ја следел филозофијата на ниски даноци. -Наместо да се прави една комплексна операција во којашто се непознати целите на оваа мерка, мал е износот на средстава којшто ќе се врати. Оние семејства коишто имаат просечни примања јас сум секогаш приврзаник на политика на ниски даноци од причина што на тој начин мислам дека ќе се обезбеди алиментирањето на институциите на државата од една страна, а од друга страна ќе им се даде можност на граѓаните и на компаниите сами да распологаат со сопствените средства наместо да проаѓаат низ едни комплексни процедури на обезбедување на поврат на средства така да мојот став априори се разликува од оние деклалирани цели на поврат на ДДВ, истакна Миновски. Тој во своето гостување за оваа мерка посочи дека има неколку аспекти кои се поврзани со институцијата во врска со нејзиното спроведувањето. -Неопходно е пред да се започне со имплементацијата на една мерка да се оценат кои се техничките и кадровските капацитети во Управата за јавни приходи. Во овој временски период за имплементирање на оваа мерка, колкав е ангажманот на луѓе и ресурси неопходни да се организира повратот и на кој начин таквиот ангажамн ќе влијае врз вкупната ефикасност на УЈП од причини што изведувањето на една ваква активност подразбира ангажман на многу ресурси во УЈП, па врз основа на сите овие параметри да се донесе одлука кога е најдобро да се отпочне со имплемнтација на повраток на ДДВ, додаде Миновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minovski-so-merkata-povrat-na-ddv-vlasta-pravi-kompleksna-operacija-mal-e-iznosot-na-sredstva-shto-kje-se-vrati/feed/ 0
Миновски: Трендот на зголемувањето на јавниот долг е загрижувачки и алармантен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minovski-trendot-na-zgolemuvanjeto-na-javniot-dolg-e-zagrizuvachki-i-alarmanten/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minovski-trendot-na-zgolemuvanjeto-na-javniot-dolg-e-zagrizuvachki-i-alarmanten/#respond Mon, 19 Nov 2018 20:43:20 +0000 https://kurir.mk/?p=129774

Во вечерашната емисија на ТВ 24 „Тренд Анализа “ гостуваа поранешниот министер за финансии Кирил Миновски, универзитетскиот професор Никола Попоски и актуелниот советник во премиерскиот кабинет Фатмир Бетиќи каде се дискутираше за буџетот за 2019 година кој е историски најголемиот буџет проектиран некогаш во Македонија. Имено, поранешниот министер за финансии од редовите на ВМРО ДПМНЕ Кирил Миновски кажа дека буџетот нема некои големи структурални промени и дека проектираниот раст на јавниот долг за наредните години е загрижувачки. „Гледаме еден тренд на зголемување на јавниот долг кој што ќе продолжи и во наредниот период кој што мислам дека негде би стигнал и до 53 % што секако е веќе е загрижувачка појава. “ – кажа Миновски Тој истакна дека во минатото истата Влада алармирала на јавен долг од 47 % додека сега во овој случај јавниот долг е проектиран на некој си 53 % што е значително повисок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minovski-trendot-na-zgolemuvanjeto-na-javniot-dolg-e-zagrizuvachki-i-alarmanten/feed/ 0
Миновски: Со запирањето на инфраструктурните проекти дојде до пад на економската активност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minovski-so-zapiranjeto-na-infrastrukturnite-proekti-dojde-do-pad-na-ekonomskata-aktivnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minovski-so-zapiranjeto-na-infrastrukturnite-proekti-dojde-do-pad-na-ekonomskata-aktivnost/#respond Sat, 09 Jun 2018 08:35:32 +0000 https://kurir.mk/?p=63893

Градежниот сектор кој што беше главниот двигател на економијата во изминатите години е во пад, што дополнително ја усложнува состојбата и влијае негативно на растот на дваесетина индустриски гранки од економијата што директно зависат од градежниот сектор, вели во интервјуто за Република, поранешниот министер за финансии Кирил Миноски, коментирајќи ги поразителните бројки за раст на БДП во првиот квартал годинава. Според официјалните податоци, БДП во првиот квартал од годинава забележал раст од едвај 0,1 отсто. Најголемиот пад е забележан кај градежниот сектор. Каков е вашиот коментар на овие показатели? Миновски: Во услови кога податоците за движењата на европскиот пазар како најзначаен за македонската економија покажуваат раст, економиите во регионот растат со стапки од над 4%, навистина е поразителна и разочарувачка бројката од 0,1% раст на БДП кога во исто време стапката на инфлација изнесува 1,5% за првиот квартал, со тоа дополнително се минимизира оваа ионака скромна бројка. Градежниот сектор кој што беше главниот двигател на економијата во изминатите години е во пад, што дополнително ја усложнува состојбата и влијае негативно на растот на дваесетина индустриски гранки од економијата што директно зависат од градежниот сектор. Дали е реално очекувањето на Владата на Заев годинава да ја завршиме со раст од 3,2 отсто? Миновски: Податоците од првиот квартал на 2018 година, не даваат простор за ваков оптимизам, дотолку повеќе што и проекциите на Светска Банка за растот на македонската економија во 2018 година се 2,3%, што повторно станува во овие услови висок таргет затоа што економијата на кварална основа треба да расте по речиси 0,6% за да се стигне оваа бројка. Инаку и овие резултати кои што се испорачуваат се резултат на активностите на компаниите во слободните економски зони кои што се добавувачи на големите европски компании и кои што максимално ја користат позитивната коњуктура на европскиот пазар. Колку што ми е познато речиси и да нема некој позначаен инвеститор кој што има најавено отварање на нов капацитет во Република Македонија. Тоа се разбира не е добро за Република Мекедонија за компаниите и граѓаните Пад е забележан и во секторот Информации и комуникации, иако СДСМ најавуваше дека посебно внимание ќе посвети на тој сектор. Колку овој сектор е релевантен за растот на БДП, според вас? Миновски: ИКТ секторот нема значително учество во вкупниот БДП, меѓутоа е значаен сектор од проста причина што ангажира високостручна работна сила која што преку високите плати ја зголемуа потрошувачката, а од друга страна се работи за сектор кој што е извозно ориентиран и придонесува за поголем прилив од извозот на софтвер и ИКТ услуги. Според информациите кои што ги имам влошувањето во овој сектор е резулат и на даночниот третман од кои што дел од компаниите се засегнати во однос на дефинирањето на ткн место на услуга, а дел се должи на најавите завоведување на прогресивни даноци што дополнително може да влијае негативно на ИКТ секторот. Со ваков раст на БДП ние се наоѓаме на дното меѓу земјите од опкружувањето, иако претходно бевме лидери. Кој дел од економската политика на Заев најмногу придонесе за ваков пад? Миновски: Не гледам јасна визија за развојот на економијата, најдобра илустрација е даночната политика, гледаме дека и после цела година од доаѓањето на власт постои незвесност кај компаниите и граѓаните за тоа каков даночен модел не очекува следната година. Се што досега се испорачува е последица на она што е имплементирано во претходниот период и во делот на СДИ и во делот на деловната клима и даночната политика. На пример гледаме дека рамниот данок се уште дава позитивни резултати и ја полни државната каса. Странските инвеститори беа стигматизирани иако несомнено тие се главниот двигателна извозот и слично. Стопирањето на изградбата на инфраструктурните проекти  се најзначајниот фактор што доведе до пад на економската активност. Од една страна имаме задолжување, а од друга страна нема раст на БДП!Колку е оправдана оваа политика? Миновски: Во периодот кога сегашната власт беше позиција имавме масовна кампања против било какво задолжување било дали се работи за аукции на ДХВ на домашниот пазар или за издавање на еврообврзници во услови кога имавме раст на БДП и изградба на крупни инфраструктурни проекти. Во фискалната стратегија 2018-2018 се предвидува зголемување на јавниот долг од 4,7 милјарди колку што беше наследен од претходната Влада на 7,7 милјарди, тоа значи речиси 3 милјарди евра нов долг за наредните 3 години. Ако претпоставиме дека нема да бидат реализираните проекциите за раст на БДП кои што се прилично оптимистички ќе завршимесо долг од 60% во однос на БДП. Тоа значи дека сите оние кои што не се сложуваа со констатацијата дека Република Македонија е умерено задолжена земја со јавен долг од 47% во однос на БДП денеска немаат проблем со зголемување на јавниот долг а нови 3 милјарди и со сапка на јавен долг помеѓу 57% и 60% од БДП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minovski-so-zapiranjeto-na-infrastrukturnite-proekti-dojde-do-pad-na-ekonomskata-aktivnost/feed/ 0