Кирил Пејчиновиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Mar 2023 11:50:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Кирил Пејчиновиќ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvo-liturgisko-praznuvane-na-sveti-kiril-leshochki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvo-liturgisko-praznuvane-na-sveti-kiril-leshochki/#respond Sat, 25 Mar 2023 11:50:59 +0000 https://kurir.mk/?p=816326

Во манастирскиот храм „Свети Атанасиј“ во тетовски Лешок денеска се одржа првото литургиско чествување по прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ во светец Кирил Лешочки што се случи минатата 2022 година.

Светата Архијерејска литургија по повод првото литургиско чествување од канонизацијата на свети Кирил Лешочки ја раководеше поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, архиепископот г.г Стефан во сослужение со повеќе митрополити и свештонослужители.

Архиепископот г.г. Стефан по празничната беседа пред верниците посочи дека првиот помен ден за свети Кирил Лешочки се прави во неговиот дом и вечното почивалиште манастирскиот комплекс „Свети Атанасиј“ и „Света Богородица“ во Лешок.

-Чествувајќи го денес празникот посветен нему му благодариме на Бога што во денешниот славеник ни даде личност од нашиот род кој продолжувајќи го делото на неговите и нашите славни предци, светителите и просветелите Кирил и Методиј и Климент и Наум, пред две столетија силно заблеска под македонското небо. Навистина во преподобниот Кирил монахот светогорски, игуменот на Марковиот и Лешочкиот манастир, просветителот македонски и светителот сехристијански, имаме прекрасен показател за  обилноста на даровите што Бог ги излива врз оние кои врват по патот на светоста, истакна г.г. Стефан.

Понатаму тој порача дека живеењето богоугоден живот е право и должност за верниците.

- Постојано да го просиме неговото молитвено застапнништво кон живот едноставен, чесен, честит и чист, кон живот кој ги избегнува оковите на денешниот безрасуден протибожен и противчовечки активизам, кон живот кој е свесен за потребите и маките на ближниот па се обидува да му ги олесни па се стремиме кон живот кој е достоен да се нарече човечки кон живот кој преподбникот Кирил ќе не препознае како свои вистински наследници и духовни истомисленици, рече поглаварот на МПЦ-ОА.

Со запазување на верата го чуваме и нашиот идентитет, истакна поглаварот.

-Од запазувањето на верата, зависи запазувањето на целокупниот наш народен, културен и јазичен вид. Преподобниот Кирил и со своите слова и со својот живот ни покажува дека со искрено и истрајно Богољубие со вистински христијански етос се преобразува целиот етнос. Неговите преродбенички напори од доменот на писменост извираат од севкупното предание на црквата и нивната цел секогаш е најзначајната средба, средбата со човекот на самата светлина на светот. Секогаш молитвено да му се обраќаме на светиот Кирил Тетоец, а неговите просветителски напори да ги почитуваме, неговите поуки да ги препрочитуваме, неговиот светол христијански живот да го поддржаваме. Ако тоа го правиме ќе ја исполниме Свети Климентовата и негова порака да бидеме христијани по животот и делата, а не само по името, рече г.г. Стефан во беседата.

Светиот Архијрејски Синод на МПЦ минатата година донесе одлука за прогласување на светец на Кирил Пејчиновиќ. На 15 и 16 октомври 2022 за време на канонизацијата, 25 март беше определен како ден кога ќе се празнува светецот Кирил Лешочки. За новоканонизиранот светител е живописана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна богослужба.

-Тој бил просветител, преродбеник, писател, исцелител. Првиот којшто низ цела Македонија ги прошетал сите цркви и манастири и ги собирал прашливите стари книги и ракописи и ги однел во Марковиот манастир каде создал импозантна бројка на книги, кои подоцна ги донел во Лешочкиот манастир и продолжил да ја збогатува таа библиотека,  изјави професорот Борис Момировски Лешанин кој 60 години го истражува и документира животот на Кирил Пејчиновиќ.

Кирил Пејчиновиќ е роден во Теарце во 1771 година, а почива во дворот од Лешочкиот манастирски комплекс.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prvo-liturgisko-praznuvane-na-sveti-kiril-leshochki/feed/ 0
Денеска за првпат се празнува денот на Свети Кирил Лешочки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-za-prvpat-se-praznuva-denot-na-sveti-kiril-leshochki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-za-prvpat-se-praznuva-denot-na-sveti-kiril-leshochki/#respond Sat, 25 Mar 2023 07:58:22 +0000 https://kurir.mk/?p=816257

Денеска за првпат се одржува првата црковна литургија по повод празникот Свети Кирил Лешочки, кој се одбележува од оваа година откако во октомври 2022 беше извршена канонизација на Кирил Пејчиновиќ кој беше прогласен за светец. Лани за време на канонизацијата 25 март беше определен како ден кога ќе се празнува светецот Кирил Лешочки. На 15 октомври 2022 се одржа Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, а следниот ден и Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј како процес за прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки. Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница на 10 мај 2022 година го разгледа предлогот за канонизација. За новоканонизиранот светител е живописана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба. Кирил Пејчиновиќ е роден во Теарце во 1771 година, а почива во дворот од Лешочкиот манастирски комплекс. Денеска во Лешочкиот манастир имаше пречек на Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан и архиереите на МПЦ-ОА, по што започне Светата литургија во 8 часот и 40 минути по повод првото литургиско чествување од канонизацијата на Свети Кирил Лешочки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-za-prvpat-se-praznuva-denot-na-sveti-kiril-leshochki/feed/ 0
На денешен ден починал македонскиот писател и просветител Кирил Пејчиновиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pochinal-makedonskiot-pisatel-i-prosvetitel-kiril-pejchinovik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pochinal-makedonskiot-pisatel-i-prosvetitel-kiril-pejchinovik/#respond Fri, 24 Mar 2023 08:08:16 +0000 https://kurir.mk/?p=815781

На 24 март 1845 година во селото Лешок, Тетовско, умрел Кирил Пејчиновиќ, македонски писател и просветител. Своето образование го започнал во манастирската школа во црквата „Света Пречиста Кичевска“, а го продолжил во манастирот Света Гора. Од Света Гора се вратил во Марковиот манастир, блиску до Скопје, каде што почнал да пишува. Подоцна се преместил во манастирот Лешок и таму останал до крајот на животот. Неговата дејност има големо значење за македонската литература, пред се затоа што пишувал и печател дела на народен јазик. Негови најпознати дела се „Огледало“, печатено во Будим, во 1816 година и „Утешение грешним“, печатено во Солун, во 1840 година, во печатницата на Теодосија Синаитски. Роден бил во селото Теарце, Тетовско, околу 1771 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-deneshen-den-pochinal-makedonskiot-pisatel-i-prosvetitel-kiril-pejchinovik/feed/ 0
Нова провокација: На денот кога Кирил Пејчиновиќ се прогласи за светец, Бугарија рече дека тој бил Бугарин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-na-denot-koga-kiril-pejchinovikj-se-proglasi-za-svetec-bugarija-reche-deka-toj-bil-bugarin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-na-denot-koga-kiril-pejchinovikj-se-proglasi-za-svetec-bugarija-reche-deka-toj-bil-bugarin/#respond Sun, 16 Oct 2022 17:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=746102

Бугарските провокатори не запираат. Додека денеска во Македонија, Кирил Пејчиновиќ се прогласи за светец, на Википедија тој стана Бугарин. Во неговата биографија на интернет енциклопедијата, доколку изберете бугарски јазик, ќе прочитате дека Пејчиновиќ е бугарски книжевник и просветител, дека го бранел „македонскиот“ идентитет, говорејќи на новобугарски јазик во склоп на неговата татковина Бугарија. Во бугарскиот провокаторски текст на Википедија, пишува и дека тој е основоположник на модерна Бугарија и се занимавал со промовирање на раната бугарска ренесанса. Бугарскиот проф. д-р Пламен Павлов, предавач на Историскиот факултет на Универзитетот во Велико Трново „Св. Свети Кирил и Методиј“ вели дека канонизацијата на Пејчиновиќ во Македонија била богохулење, апсолутно кршење на билатералниот протокол меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и невидена злоупотреба на историјата. -Македонската православна црква долго време размислува за канонизација на Пејчиновиќ. Тоа не е невообичаено. РСМ на ист начин ги третира Гоце Делчев, Даме Груев, Цар Самуил и цела плејада наши заеднички народни херои. Во случајот со Кирил Пејчиновиќ, а со и Јоаким Крчовски – за кој се подготвуваат да го канонизираат, со овие наши рани преродбеници се случува токму истото непочитување на историјата, склоно кон чиста рамнодушност. Овие луѓе имаат бугарска самосвест – Кирил Пејчиновиќ вели дека „пишува на својот љубезен и наједноставен бугарски јазик“ – секаде се појавува како Бугарин, а би било смешно да се тврди нешто друго, вели Павлов. Во официјалните документи во црковните архиви, Пејчиновиќ со прекар Тетоец, е роден во Теарце, тој е еден од основоположниците на новата македонска книжевност, пишувал македонски тетовски дијалект. Заминал на Света Гора, а по враќањето дома, Пејчиновиќ го возобновил Лешочкиот манастир, бил негов игумен, а како монах таму служел до крајот на животот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-provokacija-na-denot-koga-kiril-pejchinovikj-se-proglasi-za-svetec-bugarija-reche-deka-toj-bil-bugarin/feed/ 0
Светиот Кирил Лешочки ќе се празнува на 25 март https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-kiril-leshochki-kje-se-praznuva-na-25-mart/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-kiril-leshochki-kje-se-praznuva-na-25-mart/#respond Sun, 16 Oct 2022 14:06:22 +0000 https://kurir.mk/?p=746033

По вчерашната Воскресна Вечерна богослужба во Лешочкиот манастир, денеска со Света Божествена архиерејска литургија во тетовскиот соборен храм „Свети Кирил и Методиј“ продолжи процесот на прогласување на преподобниот Кирил Пејчиноновиќ за светител Кирил Лешочки. Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) г.г Стефан во сослужение со архиереите на Светиот Архерејски Синод (САС) чиноначалствува со службата. Пред олтарот во црквата е поставен кивот со моштите на новиот светител. До кивотот е поставена икона во која за прв пат како светител е изобразен лик на Кирил Лешочки, од зографот Кирил Златанов. Г.Климент, епископ Хераклејски ја прочита одлуката на САС на МПЦ-ОА за вбројување на преподобниот Кирил Пејчиновиќ Лешочки во редовите на светите. Тој истакна дека Светиот Архирејски Синод на МПЦ на вонредна седница 10 мај 2022 година разгледувајќи го предлогот за канонизација за канонизирање во светител во лицето на преподобниот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки врз основа на Уставот на МПЦ внимателно проучувајќи го животниот пат и пастирскиот подвиг како и чудата што се случуваат по неговите молитиви и непрестано почитување од православниот народ ја донесе оваа одлука. -Светиот Архерејски Синод на МПЦ-ОА Преподбниот го вбројува во редот на светиите. Чесните останки на Светиот игумен Кирил Пејчиновиќ Лешочки, се свети мошти и се оддава достојно почитување, а датум за негова прослава Синодот го определува 25 март по нов стил. За новоканинизиранот светител е живописсана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба, прочита г. Климент. Кратко житие за Кирил Лешочки прочита презвитер Бобан Митевски, кој потсети дека светителот земниот живот го започна во Теарце во 1771 година од набожни родители и татко Пејчин. -Во Лешочкиот манастир го напиша делото Утешение Грешним имајќи ја на ум Пресветата Богородица, која ја сметаше за утеха на грешниците и затоа така го нарече делото. Неговите поуки беа за духовен препород, го учеше верниот народ како да се кае, како да пости, како да ги празнува празниците, како да се исповеда, како да се причестува со светите тајни Христови. Предупредуваше за духовната опасност од предизвикана од паганскиот обичај за жртвопринесување на телата на животните. Помагаше и се случуваа исцеленија од различни, се вели во дел од Житието кое го составил протоереј Александар Стојановски од тетовско-гостиварската епархија. Потоа Тропар на преподобниот Кирил Пејчиновиќ изведе Хор на Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svetiot-kiril-leshochki-kje-se-praznuva-na-25-mart/feed/ 0
Почнуваат чествувањата пред утрешната канонизација на Кирил Пејчиновиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuvaat-chestvuvanjata-pred-utreshnata-kanonizacija-na-kiril-pejchinovikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuvaat-chestvuvanjata-pred-utreshnata-kanonizacija-na-kiril-pejchinovikj/#respond Sat, 15 Oct 2022 14:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=745761

По повод канонизацијата на македонскиот просветител и игумен лешочки, Кирил Пејчиновиќ, денеска во 17 часот во Лешочкиот манастир „Свети Атанасиј Велики”, ќе биде отслужена вечерна служба. Утре, пак, во Соборниот храм ,„Св. Кирил и Методиј” во Тетово, со почеток во 8:30 часот, ќе се отслужи света Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на архијереите и свештенослужители од епархиите на МПЦ-ОА. На литургијата ќе биде извршен чинот – канонизација на светиот преподобен Кирил Лешочки. Верниците ќе имаат можност да пристапат, за време на литургијата и по неа, на поклонение до кивотот каде ќе бидат изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Од Тетовско-гостиварската епархија апелираат за почитување на воспоставениот ред во храмот, со цел да се запази поредокот на литургијата и да им се овозможи на сите да се поклонат и да испросат молитвено застапништво од преподобниот Кирил Лешочки. –Ова е чин со историско значење, дело кое, со Божјата помош и по застапништвото на преподобниот, ќе донесе духовни плодови за нашиот народ и нашата Црква, а воедно претставува и несекојдневен дел од црковната традиција, кој е душеполезно да се посведочи со личното присуство. Тетово и Полошкиот регион, но и нашиот верен народ ширум татковината и светот, добиваат уште еден молитвен покровител, принесувајќи му дар и на соборното Православие, а во слава на Бога. Нека е на многу години, порачаа од Тетовско-гостиварската православна епархија. Епархијата ги известува граѓаните и верниците дека на 16 октомври, во центарот на Тетово и во пределот околу соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен и безбедносен режим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuvaat-chestvuvanjata-pred-utreshnata-kanonizacija-na-kiril-pejchinovikj/feed/ 0
Верниците ќе имаат можност да се поклонат на моштите на Кирил Пејчиновиќ за време на канонизацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vernicite-kje-imaat-moznost-da-se-poklonat-na-moshtite-na-kiril-pejchinovikj-za-vreme-na-kanonizacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vernicite-kje-imaat-moznost-da-se-poklonat-na-moshtite-na-kiril-pejchinovikj-za-vreme-na-kanonizacijata/#respond Sat, 08 Oct 2022 10:01:44 +0000 https://kurir.mk/?p=742797

Во рамки на Литургијата на која ќе се изврши прогласувањето за светец на македонскиот прередобеник Кирил Пејчиновиќ  верниците ќе имаат можност да се поклонат на моштите. Канонизацијата ќе се одржи наредниот викенд 16 октомври во Соборниот храм ,,Св. Кирил и Методиј” во Тетово, со почеток во 8:30 часот, кога ќе се отслужи света Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на архијереите и свештенослужители од епархиите на МПЦ-ОА. Верниот народ ќе има можност да пристапи, за време на Литургијата и по неа, на поклонение до кивотот каде што ќе бидат изложени светите мошти на светителот и до неговата прва икона. Епархијата замолува за почитување на воспоставениот ред во храмот, со цел да се запази поредокот на Литургијата и да им се овозможи на сите да се поклонат и да испросат молитвено застапништво од преподобниот Кирил Лешочки, апелираат од Тетовско-гостиварската епархија. На Литургијата ден претходно на 15 октомври во Лешочкиот манастир „Свети Атанасиј Велики”, ќе биде отслужена Вечерна служба со почеток во 17 часот. Ова е чин со историско значење, дело кое, со Божјата помош и по застапништвото на преподобниот, ќе донесе духовни плодови за нашиот народ и нашата Црква, а воедно претставува и несекојдневен дел од црковната традиција, кој е душеполезно да се посведочи со личното присуство. Тетово и Полошкиот регион, но и нашиот верен народ ширум татковината и светот, добиваат уште еден молитвен покровител, принесувајќи му дар и на соборното Православие, а во слава на Бога. Нека е на многу години, порачаа од Тетовско-гостиварската православна епархија. Епархијата ги известува граѓаните и верниците дека на 16 октомври, во центарот на Тетово и во пределот околу соборниот храм Св. Кирил и Методиј, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен и безбедносен режим.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vernicite-kje-imaat-moznost-da-se-poklonat-na-moshtite-na-kiril-pejchinovikj-za-vreme-na-kanonizacijata/feed/ 0
Во октомври црковна богослужба за прогласување на Кирил Пејчиновиќ за светец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-oktomvri-crkovna-bogosluzba-za-proglasuvanje-na-kiril-pejchinovikj-za-svetec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-oktomvri-crkovna-bogosluzba-za-proglasuvanje-na-kiril-pejchinovikj-za-svetec/#respond Fri, 08 Jul 2022 13:13:29 +0000 https://kurir.mk/?p=702367

Тетовско гостиварската епархија информира дека во октомври ќе се случи прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец. Канонизацијата ќе се изврши во Лешочкиот манастир и во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј. -Возљубени браќа и сестри, на 15 и 16 октомври 2022 ќе се изврши канонизацијата на игуменот Кирил Лешочки за светител и вбројување во диптихот на светите. Канонизацијата започнува во сабота 15 октомври со Воскресна вечерна богослужба во Лешочкиот манастир од 17 часот која ќе ја чиноначалствива митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, информираат од епархијата. Утредента од 07.30 часот во тетовскиот соборен храм Свети Кирил и Методиј ќе има Восрекна Утрена богослужба, додека во 08.30 дочек на Архиепископот и Архијереите на МПЦ – ОА. Вееднаш потоа ќе започне Светата божествена литругија и прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ за светец Кирил Лешочки. Кирил Пејчиновиќ е роден 1771 година во тетовско Теарце, а живеел до 1845 година, бил голем просветител, народен учител и игумен на Лешочкиот манастир. Го обновил Лешочкиот манастир каде и почива во црковниот двор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-oktomvri-crkovna-bogosluzba-za-proglasuvanje-na-kiril-pejchinovikj-za-svetec/feed/ 0