кирилица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 May 2022 19:29:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кирилица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трибина за глаголицата и кирилицата вечерва во Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tribina-za-glagolicata-i-kirilicata-vecherva-vo-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tribina-za-glagolicata-i-kirilicata-vecherva-vo-kisela-voda/#respond Thu, 26 May 2022 19:29:33 +0000 https://kurir.mk/?p=682131

Во седмицата кога уште еднаш се одбележува големото дело на браќата Кирил и Методиј, суштински поврзано со почетокот на создавањето на македонскиот книжевен јазик, Општина Кисела Вода организираше трибина насловена „Глаголицата и кирилицата низ призмата на богатото македонско културно наследство и нивната примена“. На вечерашниот настан панелистите д-р Елка Јачева-Улчар, Лазе Трипков и Ласко Џуровски, поттикнаа интересна дискусија околу историските збиднувања врзани со настанокот на двете писма, како столбови на македонскиот јазик и култура. Се зборуваше за Кирил и Методиј, за Климент и Наум, за глаголицата и кирилицата од 9-тиот век до денес. Се отвори дебата и за проблемите и грешките што се појавуваат кај поголем број нестандардни фонтови при испишување на определени букви од македонската кирилица, во услови на опкруженост од кирилските азбуки на другите словенски национални јазици. Посебен интерес меѓу присутните пробудија темите поврзани со предизвиците што доаѓаат однадвор и свесноста која треба да постои кај институциите за зачувување на македонското писмо и јазик, како едни од најважните елементи според кој се препознава и македонскиот национален идентитет. Во Домот за култура “Билјана Беличанец” каде се одвиваше вечерашната трибина, се’ уште е поставена изложбата “Македонска глаголица, македонска кирилица”, на авторите Лазе Трипков и Ласко Џуровски, која претставува модерна визуелна интерпретација на двете писма. Истата беше дел од настаните со кои Општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник, 6 Мај-Ѓурѓовден. Воедно, преку организирани посети, изложбата ја видоа и сите ученици од основните училишта на територија од овој дел на градот. Општина Кисела Вода ќе продолжи и во следниот период со вакви и слични настани кои во својата суштина го имаaт афирмирањето на македонската историографија и културологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/tribina-za-glagolicata-i-kirilicata-vecherva-vo-kisela-voda/feed/ 0
Бугарска пратеничка: На светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarska-pratenichka-na-svetot-mu-stana-jasno-deka-kirilicata-e-bugarska-azbuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarska-pratenichka-na-svetot-mu-stana-jasno-deka-kirilicata-e-bugarska-azbuka/#respond Sat, 12 Dec 2020 12:02:01 +0000 https://kurir.mk/?p=442355

Пратеничката од владејачката ВМРО-БДН, Марија Цветкова, по прогласувањето на 24.Мај за „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“ изјави дека Македонија и Бугарија се две држави, но еден народ. -Никогаш не престанавме да и подаваме рака на Македонија. Бугарија ја призна независноста на Македонија пред 30 години со цел да добие независност од Југославија. Бугарија направи се што е можно за да можат другите земји да ја признаат. Со промената што ние од ВМРО и „Обединетите патриоти“ ја предложивме во Законот за работни на светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука. Со промена на словенското писмо со бугарско во името на празникот, ние му даваме тежина на бугарското писмо. Покажуваме дека кирилицата е основа на словенската литература. Цветкова ова го изјави во програмата „Теми“ на ТВ Европа, нагласувајќи дека не се откажуваат од од делото на светите браќа Кирил и Методиј. -Тие не беа присутни во формулацијата на празникот. За прв пат тие постојат во неа, затоа покажуваме почит кон нивната работа. Формулацијата помеѓу првото и второто читање се смени, благодарение на дискусиите со научниците и претставниците на Бугарската академија на науките, рече Цветкова. Извор: Фактор.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bugarska-pratenichka-na-svetot-mu-stana-jasno-deka-kirilicata-e-bugarska-azbuka/feed/ 0
Во Србија задолжителна употреба на кирилица, ќе фрчат огромни казни https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-zadolzitelna-upotreba-na-kirilica-kje-frchat-ogromni-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-zadolzitelna-upotreba-na-kirilica-kje-frchat-ogromni-kazni/#respond Tue, 31 Jul 2018 16:36:51 +0000 https://kurir.mk/?p=83247

Српската Влада, на предлог на Министерството за култура ќе формира Совет за српкиот јазик, кој ќе биде задолжен да се грижи за почитувањето на службената и јавната употреба на кириличното писмо. Советот ќе има девет члена кои заедно со Одборот за стандардизација на српскиот јазик ќе бидат одговорни за стандардизација, негување, подобрување и заштита на писмото и на службениот јазик . Како што пишуваат Вечерни Новости, овој нов предлог треба да се применува со новиот Закон за службената употреба на јазикот и писмото. Според него, целосната комуникација на државните, покраинските и на органите на локалната самоуправа ќе мораат да бидат на српски јазик и на кирилично писмо. Истото ќе важи и за образовните и научните институции и за медиумите на кои освивач им е државата, кои имаат државен капитал, како и за електронските медиуми со национални, регионални и локални фрекфенции. Кириличната азбука ќе биде задолжителна и за сите јавни претпријатија и институции и компании со мнозински државен капитал, како и професионални и струкови здруженија кои ја претставуваат својата област на национално и меѓународно ниво. Членовите на Совет за српкиот јазик ќе бидат назначени од Владата на Србија, а извештај за работата ќе му доставуваат до Собранието најмалку еднаш годишно. Пет члена од Советот ќе предлага комисијата за стандардизација на српскиот јазик,а четири министерството за култура и образование. "Советот анализира и дава мислење за состојбата на службениот јазик и на матичното писмо во Р. Србија и на српското јазично подрачје, дава предлози во креирањето и спроведувањето на јазичната политика, дава предлози за развој и унапредување на состојбата на официјалниот јазик и на матичното писмо", се вели во документот во кој "Новости" имаше увид. Предложениот закон ја дефинира латиницата како помошно писмо, и доколку нешто се испишува на двете писма, кирилицата мора да има приоритет. Ако институциите што се должни да ја користат кириличната азбука ја прекршат оваа одредба, одговорното лице ќе се казни со парична казна од 5.000 (42,35 евра) до 100.000 динари (847 евра). Казната за фирмите кои со латиница ќе го испишат името на стоките и услугите, упатството за употреба, декларацијата или гарантниот лист ќе биде од 500.000 до еден милион динари (8470 евра). МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-zadolzitelna-upotreba-na-kirilica-kje-frchat-ogromni-kazni/feed/ 0