Киро Стојанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 04 Apr 2023 08:49:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Киро Стојанов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Киро Стојанов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenska-poraka-na-skopskiot-biskup-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenska-poraka-na-skopskiot-biskup-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/#respond Tue, 04 Apr 2023 08:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=819941

Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов по повод празникот Воскресение Христово – Велигден упати порака која ја пренесуваме во целост. Ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата ваша (1 Кор 15,17) Драги браќа и сестри! Велигден е најголем христијански празник. Сите други христијански празници се засноваат и го добиваат своето значење од настанот на Исусовото воскресение. Велигден можеме правилно да го разбереме само од перспективата дадена во Евангелието: „Го барате Исус Распнатиот! Не е овде! Воскресна, како што беше рекол. Дојдете и видете го местото, каде што лежел Господ, па отидете бргу и кажете им на учениците Негови дека Тој воскресна од мртвите“ (Матеј 28,5-7). Исус, кој умре на крстот, повеќе не е во гробот. Тој е жив! Воскресна! Велигденската порака што ангелот им ја кажал на жените рано наутро на првиот ден од седмицата, кога после саботниот одмор дошле на Исусовиот гроб да му оддадат почит на мир, бидејќи немале време да направат се како што треба на денот на погребот, стана основна вистина на христијанската вера. Не е овде. Воскресна! Апостол Павле во своето послание до Коринтјаните пишува: „Ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата ваша; вие сте уште во своите гревови. Тогаш и оние, што умреле за Христос, пропаднале“ (1 Коринтјаните 15,17-18). Но, Павле е длабоко убеден во Христовото воскресение. Ја примил благодатта да се сретне со воскреснатиот Господ пред портите на Дамаск и после тоа можел со сета сигурност да каже: „Христос воскресна од мртвите, првенец на упокоените“ (1 Коринтјаните 15,12). Тој продолжува да објаснува што ова конкретно значи за нас: „Победата ја проголта  смртта“. „О, смрт, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?“ (1 Коринтјаните 15,54-55). Со тоа се изразува надежта која пред очи го има христијанскиот лик на човекот – надеж за вечен живот, надеж за воскресение на телото. Современите истражувања ни покажуваат дека луѓето на „христијанскиот“ Запад во голема мера се убедени во некаков облик на живот после смртта, но прашање е колкав процент од луѓето вклучени во овие истражувања сè уште веруваат во воскресение на телото. Затоа што денес кај нас постои тренд на флертување со алтернативни форми на нова религиозност, каде верувањето во задгробниот живот се манифестира во форма на трансмиграција, преселување на душите, но на запад тоа е малку изменето, за разлика од источните религии, па повторното раѓање се сфаќа како шанса по пропаднат и резигниран живот, во смисла: „Можеби ќе ти биде подобро во следниот живот“. Христијанската вера во воскресението на мртвите гледа на сето тоа сосема поинаку. За христијанинот телото и душата претставуваат нераскинлива целина, човекот како личност со душа и тело. Нашата вера во воскресението го гледа откупувањето на човечкиот род како Божја благодат. Не е човекот тој што мора да го постигне совршенството на својата хуманост, туку тоа е дар од Бога. Дури и животот што е нецелосен според човечките мерила, го наоѓа своето довршување во Бога. Искупувањето ни се дава во смисла дека ни се дава надеж, сигурна надеж, благодарение на која полесно се носиме со сегашноста. Сегашниот момент, колку и да е тежок, може да се живее и прифати ако води до цел, ако можеме да бидеме сигурни во таа цел и ако целта е толку голема што го оправдува вложениот труд во патувањето. Благопокојниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој oваа година на новогодишната ноќ премина во домот на Небесниот Отец, во енцикликата „Spe salvi“ објавена на 30 ноември 2007 година, зборува за теолошката основа на надежта и човековото откупување: „Човекот не го откупува науката. Човекот е откупен со љубов. Тоа вреди веќе на овој свет. Кога некој има искуство на голема љубов, тоа е моментот на „откуп“ што му дава нова смисла на неговиот живот. Но, набргу сфаќа дека љубовта што му била дадена, сама по себе не го решава проблемот на неговиот живот. Тоа е љубов која останува кревка. Може да биде уништена со смртта. На човечкото суштество му треба безусловна љубов. Ни треба гаранција за да можеме слободно да кажеме: „Ни смртта, ни животот, ни ангелите, ни властите, ни сегашноста, ни иднината, ни силите, ни височината, ни длабочината, ниту, пак, кое било друго создание нема да може да нè оддели од љубовта Божја во Христос Исус, нашиот Господ“ (Римјаните 8,38-39). Ако постои оваа апсолутна љубов со нејзината апсолутна сигурност, тогаш – и само тогаш – човекот е ‘откупен’, без разлика што му се случило во одредени животни околности“. Папата истакнува дека и во наше време концептот на надеж не недостасува, туку е погрешно поставен. Резултатот е како Вавилон, каде што гревот не е победен и секој поединец се натпреварува за сопствената идеја за надеж и сопствена желба. Човек не може правилно да размислува за надежта без да се врати на крстот. Во личноста на Исус, Бог ги презел сите човечки страдања. Од крстот, Исус му вели на секој човек кој ќе се најде сам, кој страда напуштен и очаен или горд и арогантен: „Јас сум со тебе и ќе те воскреснам“. Христос умре и воскресна за нас. Токму тоа ја прави нашата велигденска радост. Со своето воскресение, тој го победи нашиот грев, нашето страдање, нашата смрт. Тој ја отвори вратата за нов живот, за полнотата на животот во Бога. Самиот тој вели: „Дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие“ (Иван 10,10). Обилниот живот е вечен живот кој започнува во моментот кога ќе дојдеме кај Христа и ќе го примиме како Спасител. Тоа трае вечно. Христијанската порака за воскресението на мртвите, за откупувањето преку Исус Христос, нè ослободува од секоја принуда и ни ја дава слободата на Божји деца. Ова нѐ исполнува со радост, бидејќи знаеме дека ни е дадена Божјата љубов – новиот живот. На сите им посакувам среќен Велигден и благословени Велигденски празници. Амин! Алилуја! Христос воскресе! Ваш бискуп/епископ + Киро Стојанов]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenska-poraka-na-skopskiot-biskup-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/feed/ 0
Велигденска честитка на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenska-chestitka-na-skopskiot-biskup-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenska-chestitka-na-skopskiot-biskup-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/#respond Thu, 14 Apr 2022 10:52:29 +0000 https://kurir.mk/?p=662927

Скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов по повод празникот Воскресение Христово – Велигден, што в недела (17 април) го слават граѓаните со католичка вероисповед, упати велигденска честитка. – Драги браќа и сестри! Со одлука на папата Фрањо, минатата година на празникот Свети Јосиф, на 19 март 2021 година, започна годината посветена на семејството „Amoris letitia“ која ќе трае до 26 јуни оваа година. Папата сака да нѐ поттикне дека во нашата пасторална посветеност секогаш го ставаме семејството во центарот на вниманието на Црквата и на општеството. Секое семејство треба да го почувствува живото присуство на Светото семејство од Назарет во својот дом, исполнувајќи ги секојдневните обврски и чувајќи ја семејната заедница со искрена и дарежлива љубов, секое семејство да биде извор на радост и покрај искушенијата и тешкотиите на кои наидува. Во оваа време не можеме, а да не се осврнеме на страдањето и болката на народот на Украина. Браќа и сестри, вашето големо страдание, кое сега го поднесувате, наоѓа ехо во нашите срца. Сочувствуваме со сите луѓе кои страдаат, молејќи го Бога да им испрати утеха на ужалените, да им помогне на страдалниците да се издигнат од пепелта, да им даде вечен мир на починатите, додека на моќните и на иницијаторите на конфликтот да им го испрати својот Дух да го напуштат злото и да тргнат по патот на мирот и правдата. И во ова зло повторно се погодени семејствата кои плаќаат висока цена. Нека воскреснатиот Христос го избрка нивниот страв и нека ги зацврсти во верата дека Тој е единствениот вистински Пат, Вистина и Живот. Секако, погледот да го насочиме кон нашите семејства овде во нашата татковина. Семејството е сржта на општеството и Црквата. Ако семејството во основата е здраво, тогаш ќе ни биде здраво и општеството и политиката, и Црквата и свештениците. Нека Бог им даде сила на сите семејства, особено на сопружниците, да го разберат автентичното значење на нивната заедница и љубов, сликата на љубовта меѓу Христос и неговата Црква. Како христијани, да не се плашиме да го ставиме својот живот во служба на мирот и правдата, да не се плашиме од Христовиот Крст кој е дрво на животот и извор на секоја радост и мир. Воскреснатиот Господ е постојано присутен во својата Црква. Тој е со нас до крајот на светот. На сите им посакувам среќен Велигден! Христос воскресе! Алилуја!, стои во велигденската честитка на скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenska-chestitka-na-skopskiot-biskup-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/feed/ 0
Божиќна порака на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjna-poraka-na-biskupot-skopski-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjna-poraka-na-biskupot-skopski-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/#respond Thu, 23 Dec 2021 13:39:48 +0000 https://kurir.mk/?p=612132

Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов упати порака по повод празникот Божик што задутре го слават граѓаните со католичка вероисповед. – Бог не умира оној ден кога ние веќе не сме во состојба да веруваме во сопствениот Бог, туку умираме на денот и од денот кога нашите животи повеќе не се трајно проткаени со новиот сјај на тоа чудо, оние извори на светлина над секој разум.“ Генералниот секретар на ОН и христијански сведок Даг Хамершелд, кој трагично загина во необјаснети околности во авионска несреќа на 18 септември 1961 година во Конго, може да ни биде водич во пресрет на Божиќните празници и во оваа наша Божиќна порака. Колку и да се трудиме да го заборавиме и да го потиснеме Бога во нашиот секојдневен живот, ќе тргнеме да се сретнеме со светлината што нѐ повикува од чудесното воплотување на Синот Божји, нашиот Господ Исус Христос. Драги браќа и сестри! На почетокот на Адвент, во најмала рака, бевме обземени од содржината на некој документ за внатрешните насоки на Европската комисија, што на 30 страници е изготвен од комесарот за еднаквост, малтешката политичарка Хелена Дали, а што требало да биде претставен на бриселските бирократи. Меѓу останатите насоки се говори како треба да се „избегне претпоставката дека сите се христијани“ и дека „не сите ги слават божиќните празници“ и дека „европските официјални лица мора“ да внимаваат на фактот дека луѓето имаат различни верски традиции“, и во таа смисла во меѓусебната комуникација не можат повеќе да ги користат зборовите „Божиќ“ и „Божикни празници.“ Христијанското име на поединци дури треба да се исклучи за да се избегне навреда на чувствата на некои луѓе, а наместо тоа да се стави нешто „неутрално“ во комуникацијата. Во тие насоки има сѐ и сешто, кој би можел сето тоа да го запамти, особено кога се завиткува во наводна „благородна“ идеја за „илустрација на различноста на европската култура“ и „вклучувајќи ги сите делови од општеството и религиозните верувања на европските граѓани“. Ѓаволот никогаш не мирува! Откако овој документ протече во јавноста и крена голема прашина, малтешката комесарка решила што побрзо да ги повлече тие насоки. Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин праша дали ова „значи поништување на христијанскиот идентитет на Европа? Се разбира, знаеме дека Европа своето постоење и својот идентитет го должи на многубројните придонеси, ако не и воопшто, само на христијанството.“ Дали се ова новите градители на мирот во тој нивен „прекрасен нов свет“ кои се обидуваат да ни го променат мислењето и свеста? Во стариот Рим постоело пророштвото на Сибила кое претскажувало како на светот ќе му се даде кнез на мирот, а ова пророштво го применил царот Август на себе, па затоа се нарекувал кнез на мирот, principes pacis, restitutor orbis кој е истовремено и спасител и нов основач на светот. Се чини дека човечкиот род секогаш наново навлегува во некои од своите конструкции со тоа што ни ги наметнува своите идеи за темнината наместо да се предаде на светлината на Младото Сонце од височината што доаѓа да ги осветли оние што седат во темнината и сенката на смртта и ги насочи нашите патишта кон мирот. Во текот на историјата на човечкиот род, некои херои се појавија и беа поздравени како носители на големи ветувања. Така Ниче го објави надчовекот, а Третиот Рајх сакаше да го постигне на расистички начин, со намера да го промени светот. Па, и слабите се мобилизираат одново и одново како силни, за да се воспостави бескласно општество. Така, во селските бунтови, селаните биле доведени до крвопролевање како на некаква света војна. Маркс и Енгелс ги повикаа работниците со мотото: „Пролетери од сите земји, обединете се!“ Дури и Црквата сметаше дека таа мора да биде во раскош за да го одрази Царството Божјо во тој сјај. Една мудра поговорка вели дека „Божјите воденици полека мелат“. Тоа можеме да го слушнеме и во говорот на нашиот народ дека Господ не плаќа секоја сабота, туку кога плаќа, плаќа. Ги знаеме овие изреки и најмногу ги користиме кога очекуваме, замислуваме или повикуваме на Божјиот суд и Божјата казна за некој што мислиме дека го заслужува тоа. Меѓутоа, има нешто точно, а тоа е дека тој што се воздигнува и дигнува против Бога, секогаш на крајот ќе го извлече најдебелиот крај. Зашто „сите ќе застанеме пред Божјиот суд“ и „секој од нас ќе даде сметка за себе пред Бога“ (Римјаните 14:10, 12). Бог, во историјата на спасението, ги превртел наопаку сите претпоставки на светот за доаѓањето на Спасителот. Нему никаде не Му се брза. Така, Бог илјадници години ги подготвуваше луѓето за спасение, бидејќи „не ја посакува смртта на грешникот, туку грешникот да се одврати од својот лош пат и да живее“ (Езекиел 33:11). Бог не сака смрт и пропаст, туку правда и праведност, радост и живот. Бог го подготвува патот за ова. Ги подигнува оние кои повикуваат да му го подготват патот на Господа, гласници, пророци, свети Иван Крстител и Пресвета Богородица, Блажена Дева Марија. Во Витлеем, тој почна да воспоставува спасение и мир во светот, преку беспомошноста на својот Син, а не преку силата на моќта. Ова правило важело отсекогаш: Бог се служи со малиот човек, оној кој едвај во светот на моќта го прашуваат нешто и чие мислење не се бара; но Бог со таквите се служи за да ги спроведе своите планови во светот. Оваа година во нашата татковина, покрај општествените потреси поради изиграните надежи и очекувања, како и постојаната борба со пандемијата на Ковид-19, не потресоа и настани каде што требаше да ги броиме и оплакуваме жртвите, прво во пожарот што се случи на 8 септември во импровизираната КОВИД болница во центарот на Тетово, во која животот го загубија 14 пациенти, а потоа 45 лица, главно наши државјани, загинаа во страшната сообраќајна несреќа на нашиот автобус што се случи на 23 ноември во Бугарија. Не можеме во ова предбожикно време, кое само по себе е носталгично време, но и време на голем копнеж за Божјото спасение, а да не размислуваме во нашите молитви за нив и нивните најблиски кои доживуваат тага во овие тешки времиња и кои долго ќе ја носат празнината во својот живот заради своите најблиски кои повеќе не се со нив. Господ нека им помогне во нивната болка и нека во овие божиќни празници им удели утеха. Драги браќа и сестри! Бог никогаш не смее да биде приврзок во нашите животи. Тој е центарот на животот. Тој е Патот, Вистината и Животот. Нека ни помогне на сите да разбереме дека сè што имаме и сме доаѓа од неговата рака. А ние само треба да имаме одврзани раце и отворени очи за да ги видиме другите околу нас. Така сè повеќе ќе наликуваме на сиромашното дете во Витлеем, во кое Бог слезе на земјата. На овој начин ќе му служиме на неговото доаѓање, не толку со материјална или духовна помош за сиромашните – на кои секако треба да им се пружи сесрдна помош – туку со внатрешен став: јас сум мал, сиромашен и ситен пред Бога, а сепак Бог смета на мене. На крајот, оваа размислување можеме да го завршиме со мислите на големиот човек со кој и го започнавме: „Нашето дело на мирот мора да започне внатре лично кај секој од нас. За да изградиме свет без страв за човекот, ние самите мора да бидеме бестрашни. За да изградиме свет на правда, мора да бидеме самите праведни. И како можеме да се бориме за слобода, ако самите не сме слободни во својата душа? Како можеме да бараме од другите да се жртвуваат ако не сме самите подготвени да се жртвуваме? Само во вистинска и искрена посветеност на заедничкиот интерес можеме да ја постигнеме таа сила и независност, тоа единство на намери, таа еднаквост во расудувањето што е неопходна, ако сакаме да бидеме на висината на нашата задача за иднината, како луѓе од една генерација на која и е дадена можност во времето да го гради светот на мирот“ (Даг Хамершелд). На сите ви посакувам благословено време, радосен Божик и божикни празници. Божјиот благослов нека ве придружува во Новата година. Амин!, стои во Божиќната порака на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bozikjna-poraka-na-biskupot-skopski-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/feed/ 0
Велигденска порака на бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenska-poraka-na-biskupot-skopski-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenska-poraka-na-biskupot-skopski-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/#respond Fri, 02 Apr 2021 08:18:04 +0000 https://kurir.mk/?p=491172

Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх, Киро Стојанов по повод Христовото Воскресение-Велигден до верниците од католичка вероисповед упати порака. Драги браќа и сестри! Помина една година откако на светско ниво се справуваме со опасната пандемија Ковид-19. Да се присетиме како беше минатата година за време на постот и Страсната седмица, кога слушавме пораки од експерти и владини претставници дека треба некое време да издржиме за да се смири епидемијата и додека не се најде соодветна вакцина да ни помогне во ова борба. Се започна со воведување мерки кои сите со разбирање ги прифативме, дури и по цена што требаше да ја платиме на економско, социјално и религиозно поле. Имавме можност да ги следиме обредите на Страсната седмица од Базиликата Свети Петар во Рим. Оваа Базилика на Апостолскиот првенец, која се смета за центар на христијанството, беше празна, а Плоштадот пред Базиликата, каде што на Велики петок, од Колосеум беше преместена побожноста Крстен пат, беше исто толку пусто и без вообичаената толпа луѓе, додека папата Фрањо носеше крст околу плоштадот пред Базиликата на Апостолскиот првенец, како да се работеше за некое филмско сценарио кое ги прикажува последните времиња. Го гледавме Светиот Отец како поминува низ плоштадот со тешки чекори и конечно влегува во празната Базилика. Во сите католички катедрали ситуацијата беше иста. Истата беше во парохиските цркви и другите места каде што верниците се собираа за да ја прослават победата на животот над смртта, да ја прогласат победата на Исус над злото и гревот и да ги прослават страдањата, смртта и воскресението на нашиот Господ Исус Христос. Истите сцени се случија и овде кај нас, во нашата татковина, каде како бискуп/епископ на оваа месна Црква во согласност со канонските одредби, од грижа за здравјето и животот на верниците и на сите граѓани на нашата земја, со голема тага и тешко срце донесов одлука светите литургии и литургиските обреди за време на Светото тродневие се одбележат без народ, ослободувајќи ги верниците од должноста да одат на неделните и богослужни празнувања. Драги браќа и сестри, помина цела година, а пандемијата не стивнува, но во интервали секогаш се појавува во нови форми, а социјалните проблеми се влошуваат. Живееме во време на големи предизвици, бидејќи покрај епидемиолошките тешкотии, се зголемуваат и економските проблеми, а со тоа и многу проблеми во светот. Ние, кои живееме тука во оваа драга земја што Бог ни ја даде како наследство, не сме изземени од сето ова. И кај нас болеста создаде многу проблеми, поради што многу економски сектори останаа затворени и многу работници без работа. Иако процентот на католичките верници во нашата земја во односот на севкупното население во Македонија е многу мал, сепак како Црква не можеме да стоиме настрана и да бидеме неми набљудувачи на настаните во земјата. Ние како христијани сакаме според своите можности да го помогнеме и поддржиме секој човек што е во неволја, да ги тешиме ужалените и да вдахнеме надеж дека Бог на оние што го сакаат ќе им подари добро. Не сме во можност да направиме големи работи за да му помогнеме на нашиот народ во ова тешко време, но како тоа на еден прекрасен начин и со едноставни зборови го рече нашата светица света Мајка Тереза: „Во овој живот не можеме да правиме големи работи, сепак, можеме да правиме мали работи со голема љубов.“ На овој начин секогаш можеме да си помогнеме едни на други со „голема љубов“ и со тоа да ја размножуваме радоста меѓу себе, да покажеме љубов и да ја зајакнеме надежта. Таков пример ни даде самиот наш Господ, кој се предаде за нас и кој нашите болки ги зеде на Себе (сп. Исаија 53,4). „А Тој беше изнаранет за нашите гревови и мачен заради нашите беззаконија. Казната на нашиот мир падна врз Него, а преку Неговите рани ние се излекувавме“ (Исаија 53,5). Следејќи го нашиот Господ и имајќи ја предвид големата љубов што ја покажа кон човечкиот род и ние чувствуваме колку сме како Црква потребни едни на други да се поддржуваме едни со други во верата и меѓусебно едни на други да си помагаме на патот кон спасението. Кога како заедница на верата се собираме во радоста на заедништво, кога сопружниците си простуваат едни на други, кога возрасните и младите меѓусебно се поднесуваат во љубовта, кога плачиме со расплаканите и се радуваме со радосните, кога во рамките на нашиот позив и послание прискокнуваме едни на други во неволја, тогаш ја извршуваме вистинската откупителна служба на преданост кон воскреснатиот Господ Исус Христос, кој по својот Дух дејствува преку нас. Драги браќа и сестри, Велигден е најголемиот христијански празник. За нас христијаните, празниот гроб не е доказ за Христовото воскресение, туку живиот и славен Христос. Тој им се јавува на своите верни, прво на оние што живеат на работ, мали и слаби, на оние кои немаат големо значење во општеството и за чие мислење едвам кога се прашува. Тој прво и се објавува на една жена, Марија Магдалена, која станува апостол на апостолите. Токму оттука започнува сè! Таа им ја пренесе оваа радосна вест на апостолите, на кои потоа почнале да им се отвораат очите да го разберат Писмото и да им се враќа силата од состојбата на летаргијата (мртвилото) во која беа западнати по настаните на Велики петок. Кога примија сила од Светиот Дух, тие станаа Христови сведоци сè до крајот на земјата. Затоа велигденската порака е навистина порака на Божјата голема милост кон луѓето. Бог ветува живот на оној кој се заплеткал во својот грев, носејќи на себе низ животот печат на срамот. Затоа, празникот на Христовото воскресение ни дава надеж, ни дава вистинска слобода, ја враќа радоста и ни дава место каде што се чувствуваме како дома, татковина во која никогаш нема да бидеме странци. Воскресението на Исус е одлучувачка точка во потрагата по Исус. Свети апостол Павле вели: „Ако Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и вашата вера“ (1 Коринтјаните 15,14). Исус верата во Воскресението ја поврзува со својот живот: „Јас сум воскресение и живот!“ Тој во последниот ден ќе ги воскресне оние што ќе веруваат во Него и што ќе се хранат со Него при Неговата трпеза. На сите Ви посакувам среќен празник Воскресение Христово – Велигден и благословени велигденски празници. Амин, алилуја! Христос воскресе – Навистина воскресе!, стои во велигденска порака на бискупот скопски и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veligdenska-poraka-na-biskupot-skopski-i-strumichko-skopski-eparh-kiro-stojanov/feed/ 0
Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katolicite-i-del-od-pravoslavnite-go-slavat-ragjanjeto-hristovo-bozikj-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katolicite-i-del-od-pravoslavnite-go-slavat-ragjanjeto-hristovo-bozikj-2/#respond Fri, 25 Dec 2020 06:39:47 +0000 https://kurir.mk/?p=448047

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божиќна света литургија. На литургијата присуствуваа претседателот Стево Пендаровски со сопругата Елизабета Ѓоргиевска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и помал број верници во однос на изминатите години согласно протоколите за заштита од Ковид-19. Внатре во катедралата имаше определен број свештени лица и верници, а надвор во дворот беше поставен видео бим со цел верниците кои не можеа да влезат внатре да ја следат литургијата. Задолжително беше носењето маски и одржувањето потребно растојание меѓу присутните. Бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божиќ на католичките верници на литургијата ја прочита божиќната проповед. – Драги браќа и сестри, секој човек се раѓа за себе и секој се радува на животот; секој човек има право на својот живот. Секој човек е Божја слика; кој го нарушува човечкото достоинство, тогаш тој греши и против самиот Бог. И во животот се случуваат чуда. Овие чуда се на дело кога поединци од љубов кон човекот, својот ближен, го жртвуваат своето време, своите добра, дури и својот сопствен живот. Многумина тоа и денес го прават. Не мора тоа секогаш да бидат големи работи за кои се зборува во медиумите. За време на оваа пандемија од коронавирусот, ние со голема благодарност го свртуваме вниманието кон толку многу лекари, медицински сестри и болничари, како и кон целиот услужен медицински персонал по клиничките центри, болниците и другите здравствени установи, кои својот сопствен живот и своето сопствено здравје го стават на ризик за да нè заштитат нас и сочуваат. Се молиме за нив и за сите погодени од оваа пандемија Бог да ги чува и да нè ослободи сите нас од оваа неволја, за да можеме да се вратиме на вообичаениот начин на живот и работа, на нашите семејства, на училиштата и на работните места во корист на нашиот народ и нашата драга татковина Македонија. Кога во животот ќе сретнеме поединци кои својот живот го посветиле целосно на грижата за другите, лесно можеме да забележиме како некако и светот се менува во нивното опкружување. Да се присетиме само на нашата светица Свeта Мајка Тереза, која со своето несебично служење на најсиромашните меѓу сиромашните го привлече вниманието на светот, со својот живот и дело менуваше сè околу себе, создаваше атмосфера на Божјата присутност меѓу нас. И додека го славиме таинството на воплотението на Синот Божји, ја слушаме оваа порака на ангелите до пастирите, се надеваме дека и ние сме вклучени во оваа таинство, дека Спасителот се роди во нас и за нас, за тебе и за мене и дека Исусовото внимание е насочено кон нас. Каде е Господ, таму е и иднината. Каде што има вера, има и иднина и надеж. А Бог се наоѓа таму каде што Неговото име се повикува и слави, каде што луѓето се поклонуваат пред Него и признаваат дека Тој е единствената надеж, единствениот патоказ, единствената цел и насока на животот. Само Тој во нашите неволји може да ни помогне и во сите наши тешкотии и кризи во светот. Единствено Тој го има вистинскиот лек за нашите болки, затоа што „Тој ги зеде врз Себе нашите болки и ги понесе нашите слабости“ (Исаија 53,4). Браќа и сестри со овие зборови на сите вас ви го честитам празникот Рождество Христово – Божиќ. Нека Новородениот Исус на сите ни донесе радост и мир, нека нѐ оздрави од сите наши болки и нѐ направи секогаш да бидеме Негови. Амин! Христос се Роди!, истакна бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов. Божиќ денеска го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет, кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божиќ ќе го одбележат на 7 јануари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/katolicite-i-del-od-pravoslavnite-go-slavat-ragjanjeto-hristovo-bozikj-2/feed/ 0
Мицкоски со честитка до католичките и протестантските верници: Божиќ учи на солидарност, да споделуваме и да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-katolichkite-i-protestantskite-vernici-bozikj-uchi-na-solidarnost-da-spodeluvame-i-da-im-pomagame-na-onie-na-koi-toa-im-e-potrebno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-katolichkite-i-protestantskite-vernici-bozikj-uchi-na-solidarnost-da-spodeluvame-i-da-im-pomagame-na-onie-na-koi-toa-im-e-potrebno/#respond Sun, 24 Dec 2017 14:34:37 +0000 http://kurir.mk/?p=1557

Од мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ го честитам Рождеството Христово - Божиќ, на сите верници кои го прославуваат според Грегоријанскиот календар, односно до католичките и протестантските верници во Македонија. Ви посакувам многу пријатни празнични мигови, среќа и благосостојба во Вашите домови, стои во честитката по повод празникот Рожденство Христово Божиќ од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. -Нека Рождеството Христово роди нова надеж во Вас, нека донесе светлост во Вашите домови и многу радост, среќа и здравје на Вас и Вашите најблиски. Славењето на Рожденството Христово значи славење на љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божиќ е празник на семејството. Божиќната радост треба да биде споделени со најмилите и најблиските. Божиќ учи на солидарност, да споделуваме и да им помагаме на оние на кои тоа им е потребно. Божиќ учи да бидеме човечни и да ги сакаме нашите блиски, но и луѓето кои не ни се блиски. Толеранцијата и почитувањето е темел на Христијанството, стои во честитката од Мицкоски до Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, Д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија и се додава: „Во овие моменти најмногу ни требаат овие вредности. И кога добрината е нападната од нечесност, во времиња кога притисоците и одмаздата стануваат основна детерминанта во општеството, а стравот кај луѓето главно чувство, да не заборавиме на разумот и мудроста. Да не заборавиме дека времето потрошено на омраза, значи помалку време за добрини и напредок. Дозволете ми уште еднаш до сите верници кои го слават католичкиот Божиќ да го честитам овој голем празник. Ви ги упатувам моите најсрдечни поздрави. Ви посакувам многу мир и спокој. Нека Бог го осветли Вашиот пат. Нека донесе многу радост во вашите домови“. Исто така Мицкоски го честита Божиќ на верниците од Евангелско-протестантските цркви во Република Македонија, со желби за радост, љубов и среќа во нивните домови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-chestitka-do-katolichkite-i-protestantskite-vernici-bozikj-uchi-na-solidarnost-da-spodeluvame-i-da-im-pomagame-na-onie-na-koi-toa-im-e-potrebno/feed/ 0