Киро Тошевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Dec 2019 08:40:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Киро Тошевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тошевски: Никогаш не сум бил осудуван, премиерот зборува невистини https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshevski-nikogash-ne-sum-bil-osuduvan-premierot-zboruva-nevistini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshevski-nikogash-ne-sum-bil-osuduvan-premierot-zboruva-nevistini/#respond Fri, 20 Dec 2019 08:40:47 +0000 https://kurir.mk/?p=279999

„Изјавите на премиерот Зоран Заев се целосна невистина, досега никогаш не сум осудуван“, вели во реакција за Алфа бизнисменот Киро Тошевски кој беше гостин во оваа телевизија во петокот, во емисијата „Што не е јасно?“, а обвинува дека премиерот и неговиот брат, злоупотребувајќи ја власта сакаат да му го земат атрактивниот имот и земјиште лоцирани меѓу хотелот Хилтон и факултетот ФОН. По емисијата, во саботата, премиерот одговори на прашање на Алфа во кое меѓу другото, тврдеше дека станува збор за човек, мислејќи на Тошевски, кој е пред извесно време осуден. Тошевски приложи две потврди од судот дека досега не бил осудуван, едната е со дата 16.2.2018, а другата со датум три дена по изјавата на Заев односно на 17.12.2019. -Одговорно изјавувам, вели Тошевски во демантот, дека досега не сум осудуван. Истовремено јавно го повикувам премиерот да одговори од каде му се информациите за мојата наводна осудуваност, додава тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshevski-nikogash-ne-sum-bil-osuduvan-premierot-zboruva-nevistini/feed/ 0
Тошевски: Заев лаже ниту ми го вратил просторот, ниту ми плаќале данок за деловниот простор каде е сместена ОО на СДСМ во Аеродром https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshevski-zaev-laze-nitu-mi-go-vratil-prostorot-nitu-mi-plakjale-danok-za-delovniot-prostor-kade-e-smestena-oo-na-sdsm-vo-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshevski-zaev-laze-nitu-mi-go-vratil-prostorot-nitu-mi-plakjale-danok-za-delovniot-prostor-kade-e-smestena-oo-na-sdsm-vo-aerodrom/#respond Fri, 13 Dec 2019 21:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=277361

Премиерот го познавам пред Шарената револуција и бевме многу блиски. Но да објаснам за деловниот простор каде е општинската организација на СДСМ. Од 14 ноември до 13 декември ме манипулира со деловниот простор каде е општинската организација на СДСМ. Тој објект е сопственост на мојот син, објектот беше под хипотека и со пари од Азманов го префрлов на име на син ми. Или деловниот простор кој го користи СДСМ не ми е вратен, вели бизнисменот Киро Тошевски на гостувањето на телевизија Алфа. Според Тошевски тоа што го прави Заев е ненормално. -Заев ми праќа негови блиски, луѓе од СДСМ и ми велат да направиме некаков договор. Но, тој мене не ми ни плаќал за деловниот простор каде е сместена општинската организација на СДСМ , рече Тошевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshevski-zaev-laze-nitu-mi-go-vratil-prostorot-nitu-mi-plakjale-danok-za-delovniot-prostor-kade-e-smestena-oo-na-sdsm-vo-aerodrom/feed/ 0
Тошевски: Ги охрабрувам сите да кажат за Рекетот што им го вршат премиерот Заев и брат му Вице Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshevski-gi-ohrabruvam-site-da-kazat-za-reketot-shto-im-go-vrshat-premierot-zaev-i-brat-mu-vice-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshevski-gi-ohrabruvam-site-da-kazat-za-reketot-shto-im-go-vrshat-premierot-zaev-i-brat-mu-vice-zaev/#respond Fri, 13 Dec 2019 21:03:04 +0000 https://kurir.mk/?p=277358

Мене бизнисменот Азманов ми кажуваше дека има притисоци од власта и од финансова полиција. Врз него имаше хајка од цела власт, од бизнисмени. Сакам да се охрабри и да зборува, па тој пие хелекс, рече бизнисменот Киро Тошевски на гостувањето на телевизија Алфа, обраќајќи му се на бизнисменот Зоран Азманов на која Тошевски зборуваше за аферата Братски рекет. Тошевски говореше за лагите на премиерот Зоран Заев и неговиот брат Вице Заев кои манипулирале со него дека ќе му најдат странски инвеститор за просторот во близина на Универзитетот ФОН. Како што вели зад тоа се појавил бизнисменот Азманов. -Факт е дека бев цел на рекет и прв проговорив за рекетот што го прават Катица Јанева, Бојан Јовановски. Се сеќавате имаше најава за емисијата Инсајдер на телевизија 1. Бев наречен дека сум главен на градежната мафија. Јас со власта никогаш не сум работел, сум немал бизнис со никого од било која власт. Точно ми правеа рекет луѓе меѓу кои и Боки 13, рече Азманов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshevski-gi-ohrabruvam-site-da-kazat-za-reketot-shto-im-go-vrshat-premierot-zaev-i-brat-mu-vice-zaev/feed/ 0
Тошевски: Заеви говореа за странски инвеститор, ама вообичаено излезе дека не е точно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshevski-zaevi-govorea-za-stranski-investitor-ama-voobichaeno-izleze-deka-ne-e-tochno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshevski-zaevi-govorea-za-stranski-investitor-ama-voobichaeno-izleze-deka-ne-e-tochno/#respond Fri, 13 Dec 2019 20:50:51 +0000 https://kurir.mk/?p=277352

Јас сум сопственик и имам имотен лист на земјиштето кое се наоѓа во близина на Универзитетот ФОН. За ова земјиште немам добиено никакво решение за данок, а објектот е граден со дозвола. Од 2017 до 2019 мене градоначалникот Борче Георгиевски ме држи под притисок. Ако нешто не е во ред нека каже, рече бизнисменот Киро Тошевски на гостувањето на телевизија Алфа. Тој објаснува и како одела понатаму постапката, што се случуваше. -Мене за земјиштето ми се јавуваше и извесен господин Ајдован кој бил сопственик на Хилтон кој ми рече дека му е важно каков поглед ќе има од Хилтон. Но, излезе дека е вклучен Вице Заев, брат на премиерот Заев и ми пратија адвокат Александар Тумановски исто струмичанец, по што отидов во Струмица и му се јавив на Вице. Имам доказ за комуникација со Вице, официјално 2-3 средби имавме, вели Тошевски кој зачудено продолжува: -Имаве и еден разговор во кој Вице демонстрираше моќ, не знам како вика дека не ме знае кога ми рече и дека ја гледал и емисијата каде сум гостувал. Тошевски вели дека има докази, кои и ги прикажа, за целата комуникација со Заеви. - И ме лажеа дека има странски инвеститор и место странски инвеститор ми кажуваат за бизнисменот Азманов. Потоа ме информираат дека е во контакт со доктори кои сакаат да се отвора болница, рече Тошевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toshevski-zaevi-govorea-za-stranski-investitor-ama-voobichaeno-izleze-deka-ne-e-tochno/feed/ 0
Ќе отвори ли обвинителството постапка по пријавите на бизнисменот Киро Тошевски? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-otvori-li-obvinitelstvoto-postapka-po-prijavite-na-biznismenot-kiro-toshevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-otvori-li-obvinitelstvoto-postapka-po-prijavite-na-biznismenot-kiro-toshevski/#respond Thu, 12 Dec 2019 17:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=276743

Предистражна постапка – во оваа фаза бил предметот во обвинителство за кој неколку кривични пријави има поднесено Киро Тошевски, човекот кој тврди дека премиерот односно неговиот брат, преку манипулации и трети луѓе сакаат да му го земат имотот и објектот голем 12 700 метри квадратни, помеѓу хотелот Хилтон и факултетот ФОН. Тошевски поднел пријави за лихварство, за измама, и против „Настел“, односно неговиот сопственик Азманов и против докторите Марјан Стојовски и Влатко Цветановски. -Надлежниот јавен обвинител издаде наредба до Министерството за внатрешни работи, БЈБ – Единица за економски и компјутерски криминал за прибирање на докази релевантни за утврдување на фактичката состојба. По наредба на јавниот обвинител, МВР изврши разговори со пријавителот и со сите пријавени лица, а комплетната документација е доставена до обвинителството. Во моментов се врши анализа на прибраните материјали и на доказите доставени од подносителот, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, велат за Алфа од обвинителство. Азманов вчера демантираше дека воопшто во име на Заеви настапил пред Тошевски со намера да го купи имотот на Тошевски. Всушност Азманов е дециден дека не сакал никогаш да го купи. Тошевски сведочи оти самиот му признал со која намера ја прават зделката. -Третиот посредник, Азманов. Истата приказна, истиот настап. Азманов веќе ги отвара картите со мене. Ми кажува конкретно дека позади овој проект стои болница, СДСМ-овска болница, „да се правиме будали, знаеш дека позади ова стои Вице, а ти затоа што со попуштил во цената ќе бидеш до века лекуван кај нас“. Потоа веќе преземаат докторите, едниот е гинеколог – тој е директен актер или спотер меѓу Заев и Азманов, но и еден од круцијалните играчи за да успее овој проект – Марјан Стојовски. А другиот доктор е Влатко Цветановски, вели Тошевски. Докторите одбраа да не зборуваат. Стојовски рече дека нема да биде во можност да ни одговори на прашањата, а Цветановски не возврати на нашите повици и испратени прашања. Но премиерот вчера се произнесе. Сакал да му помогне на Тошевски, затоа комуницирал со него. Демантираше дека брат му Вице има некаква врска. -Може тој да објасни се, слободно, очигледно ја давале понудата (Тошевски) насекаде во државата, на деловни луѓе, па давана е и таму, но ние немаме никакви допирни точки на комуникација. Јас го прашав брат ми дали е нешто конкретно разговарано, он вика да човекот понуди таква локација но рече „бате ти знаеш оти ние такви бизниси немаме за развој“. Па ако може да ја понудат на некој, секој пат сите не може да ја понудуваме-тоа е комуникацијата, изјави Зоран Заев, претседател на Владата на 11.12.2019. Вице Заев пак ни одговори дека „секојдневно добивал различни понуди за градежни земјишта, од различни бизнисмени, па немало логика да влегува во нешто што не го сака, мислејќи на имотот на Тошевски, злоупотребувајќи го името на својот брат“. Извор: Алфа]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-otvori-li-obvinitelstvoto-postapka-po-prijavite-na-biznismenot-kiro-toshevski/feed/ 0
Секој ден нов скандал: Бизнисмените проговорија, рекетирањето излегува на виделина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-den-nov-skandal-biznismenite-progovorija-reketiranjeto-izleguva-na-videlina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-den-nov-skandal-biznismenite-progovorija-reketiranjeto-izleguva-na-videlina/#respond Wed, 11 Dec 2019 09:32:31 +0000 https://kurir.mk/?p=275866

По аферата „Рекет“ која обелодени огромен скандал во македонската политика и македонското судство, не стивнуваат сведоштвата од повеќе страни. Речиси и да нема ден во кој не се појавува бизнисмен со ново сведоштво за тоа како бил жртва на изнуда или рекет. Кога се обелодени мрежата за рекетирање за која им се суди на Боки 13 и Катица Јанева, а Зоран Милевски веќе е во затвор, на големо се зборуваше за вмешаноста на политичари од врвот на власта. Најновите сведоштва говорат за вмешаност на Зоран Заев, премиер на Република Македонија и неговиот брат Вице Заев. Од медиумите наречен „братски рекет“.

„Луѓе на Зоран и Вице Заеви во акција да ми го превземат имотот“

„Јас сум член на СДСМ уште пред да биде претседателот, или Заев. И моето дружење со него од 2014-та до 2017-та година сега не би го коментирал. Од 99-та година сум член на СДСМ, а во целата приказна влегов заради тоа што верував во премиерот и во неговите добри намери, во лидерот на мојата партија СДСМ. Цврсто му верував на премиерот“ Ова се зборовите со кои почнува да сведочи пред камерата на Алфа бизнисменот Киро Тошевски, сопственик на фирмата БАНА под чија капа е објектот за кој, како што вели, намерата била да заврши во рацете на братот на премиерот Зоран Заев, Вице. -Од 2017-та година кога веќе дојде на власт, се што тој почна да прави врз мене се разни манипулации со други личности, поврзани за Заев и неговиот брат Вице Заев, раскажува Тошевски. Но за само две години, работите стигнале до таму, што сега како што вели Тошевски, стравува дека ќе го изгуби имотот каде што е објектот. Но одиме со ред. Објектот што е предмет на агонијата на Тошевски всушност е карабина, има платено комуналии за околу 12700 метри квадратни, а нето површината е безмалку 10 илјади метри квадратни. Се наоѓа меѓу хотелот Хилтон и факултетот ФОН. Летото во 2017 Тошевски одлучува да го продаде објектот по цена од 4 милиони евра. Дури почнува и да разговара со потенцијални купци. Но во еден момент добива повик од премиерот да не брза со продажбата, односно да ја чува локацијата како атрактивна за странските инвеститори -Ми кажа дека ми мисли добро, односно да се стрпам да бидам спокоен дека објектот и имотот ќе се продаде на вистински луѓе странски инвеститори, вели Тошевски. Тогаш почнало се. Прв директен понудувач бил сопственикот на луксузен хотел во Аеродром. Но никогаш не се спогодиле за сумата. Сепак уште тогаш вели, Тошевски, се насетувало кој стои зад понудата од лицето, ама нашиот соговорник не сакал да верува во позадински намери. -На еден од состаноците пред да влезам во неговиот кабинет во холот имаше на две места по десет пакета ајвари и лутеница „Мамас“, зелени и црвени, објаснува бизнисменот. Откако не успеал бизнисот со првиот, како што Тошевски го нарекува посредник, следувал втор. -Се појавува адвокатот Тумановски, доаѓа во моите канцеларии, не можам точно да се сетам еднаш или два пати, кратки средби. Ми покажа документи од мојот имот. Ми рече „ова го имаш, ти пишува дека имаш само земјиште под зграда, комплицирано ти е малце“. Му велам добро, кажете ми за кого е, кој е купувачот? „Добро“ ми рече, „знаете за кој човек е, да не зборуваме сега многу, се работи за Вице Заев, пратен сум од Вице Заев“, раскажува Тошевски. Тошевски тврди дека премиерот му побарал писмо за намена, или проектна документација за имотот со цел да ја дадел на заинтересирани инвеститори. Ја доставил, вели, во влада на 20.08.2018, преку неговиот адвокат, но не добил архивско бројче дека предал документ. Заради ова како што тврди, се јавил кај шефицата на кабинет на премиерот да провери дали писмото е стигнато во рацете на Заев. Таа му потврдила.

„Афера-вирус ги демне дозволите за интервентен увоз на лекови!?“ (27.11.2019)

Кумановската фирма за увоз на лекови „Гео Фарм“ не работи скоро две години, пропаднатиот обид за поткуп од 10 % од приходот, што го барале од Агенцијата за увоз на лекови, ја пломбирало фирмата тврди нејзиниот сопственик Марјан Бојковски, објавува телевизија Алфа. Деновите кога му се јавил емисарот за да ја каже сумата, пријавата во полиција, подготовките од МВР како да се изведе акцијата за да ги фатат митаџиите, инспекциите од Агенцијата за лекови, затворањето на магацините и деновите поминати де во обвинителство, де во полиција ги памети до минута. Во неврзан разговор со екипшата на Алфа раскажа се посочувајќи имиња, обвинувајќи дека се работи за органзирана група уценувачи кои како вирус се шират во бизнисот со дистрибуцијата со лекови, кога ја уклучивме камерата беше доста внимателен. – Се плашите ли дека нешто може да Ви се случи? – Како да не се плашам. Да ти стои некој …24 месеци истрага, да не знаеш што е како е, до каде е. Се допишувавме со писма, со документи, дописи сите одговараат половично, ништо конкретно – вели Бојковски, сопственик на „Гео Фарм“. Бојковски во 2017 година поднесува барање до Агенцијата за лекови за дозвола за интервентен увоз. Тврди дека поднел комплетна документација, надевајќи се дека без никаков проблем ќе ја добие дозволата, оти редовно било така. Иако рокот за одобрување е 30 дена, вели, одговор од Агенцијата не добил, конкретно не му кажувале дали е прифатено или отфрлено барањето. На 15 јануари 2018, му се јавува пријател и бара со него средба со Скопје. - Требаше да дадам финансиска … мито! Јас не прифатив, се распрашав кои се што се – малку поголема група се и така пријавив во МВР – рече Бојковски. На 8 февруари 2018 во Единицата за економски и компјутерски криминал во Скопје поднесува кривична пријава.Во неа наведува кој и зошто му бара поткуп – кој му се јавил и во чие име го барал поткупот. Веќе следниот ден на врата му тропаат инспектори од Агенција за лекови, да му извршат вонреден инспекциски надзор. Тоа е доволна причина за сопственикот на Гео Фарм да се сомнева дека некој дошепнал дека тој во полиција пријавил за митотот од 10 %. -Колку пари се тоа? -10% од секоја увозна дозвола. Па, тоа на годишно ниво е од прилика од 40.000 до 48.000 евра – објаснува сопственикот на „Гео фарм“. Инспекторите од Агенција за лекови ја пломбирале фирмата, без никаква основа, тврди Бојковски. Иако полицијата осмислила акција за поткупот, истата се реализирала, но до сега нема одговор зошто никој не е уапсен. Тој самоиницијативно 6 месеци испраќал дописи до Обвинителство за да провери до каде е случајот, а во октомври годинава го повикале во организиран да даде исказ. Случајот за затворањето на Гео Фарм, е пред Управен суд повеќе од година ипол, но нема завршница. И во обвинителството за организиран криминал се влечка работата, вели Бојковски.Во институциите нема доверба, во правна држава не верува, бидејќи како што вели тој го пријавил и митото и митаџиите, но наместо да ги фатат оние што го уценувале, им дошепнале како да се заштитат, а него му ја затвориле фирмата.

По скандалозниот „Рекет“, скандалозен „Рекет 2“

Јавното обвинителство започна предистражна постапка за „Рекет 2“. Ова следува откако Вера Иванова поднесе кривична пријава против директорот на фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче. Пријавата беше проширена и против уште една личност. Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и Буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.

Азманов обелоденува: Државните институции во спрега со Боки 13 ме рекетираа

На почетокот на годинава бизнисменот Зоран Азманов обвини дека државните институции во спрега со Боки 13 го рекетирале и го местеле за да искреираат обвинителен акт против поранешниот градоначалник на Карпош. Тој го обвини Боки 13 дека со објавување на неговото име на тогаш постоечката 1ТВ дека бил мафија во градежништвото со цел да си прави реклама и гледаност на телевизијата, дека ако се провери во финасовата полиција оние фирми коишто плаќале огромни суми за рекламирање на 1ТВ ќе се воочи дека тоа се фирми чии газди се поврзани или основачи на други фирми коишто имаа проблеми со СЈО и на тој начин може да се поврзе од каде доаѓале приходите на таа телевизија. Азманов тврдеше дека институциите на државата треба да го гонат криминалот, наспроти тоа тие соработувале со 1ТВ му продавале документи и информации кои ги добивале по службена должност за подоцна тој медиум ги злоупотребува истите. Секој изминат ден се повеќе бизнисмени се охрабруваат јавно да говорат за „рекет системот“ во коишто ги вплеткува фамилијата на Заеви. Исказите на сведоците и оштетените, како и информациите со коишто располагаат медиумите одат во насока на тоа дека криминалната група уценувала, злоупотребувала и користи секакви средства и начини за да изнудува во криминален чин милиони евра од бизнисмените за свои интереси.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sekoj-den-nov-skandal-biznismenite-progovorija-reketiranjeto-izleguva-na-videlina/feed/ 0
Фрапантни сведоштва на бизнисмен: Луѓе на Зоран и Вице Заеви во акција да ми го превземат имотот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frapantni-svedoshtva-na-biznismen-lugje-na-zoran-i-vice-zaevi-vo-akcija-da-mi-go-prevzemat-imotot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frapantni-svedoshtva-na-biznismen-lugje-na-zoran-i-vice-zaevi-vo-akcija-da-mi-go-prevzemat-imotot/#respond Tue, 10 Dec 2019 16:32:24 +0000 https://kurir.mk/?p=275643

„Јас сум член на СДСМ уште пред да биде претседателот, или Заев. И моето дружење со него од 2014 до 2017 година сега не би го коментирал. Од 99 година сум член на СДСМ, а во целата приказна влегов заради тоа што верував во премиерот и во неговите добри намери, во лидерот на мојата партија СДСМ. Цврсто му верував на премиерот“ Ова се зборовите со кои почнува да сведочи пред камерата на Алфа бизнисменот Киро Тошевски, сопственик на фирмата БАНА под чија капа е објектот за кој, како што вели, намерата била да заврши во рацете на братот на премиерот Зоран Заев, Вице. -Од 2017 година кога веќе дојде на власт, се што тој почна да прави врз мене се разни манипулации со други личности, поврзани за Заев и неговиот брат Вице Заев, раскажува Тошевски. Но за само две години, работите стигнале до таму, што сега како што вели Тошевски, стравува дека ќе го изгуби имотот каде што е објектот. Но одиме со ред. Објектот што е предмет на агонијата на Тошевски всушност е карабина, има платено комуналии за околу 12700 метри квадратни, а нето површината е безмалку 10 илјади метри квадратни. Се наоѓа меѓу хотелот Хилтон и факултетот ФОН. Летото во 2017 Тошевски одлучува да го продаде објектот по цена од 4 милиони евра. Дури почнува и да разговара со потенцијални купци. Но во еден момент добива повик од премиерот да не брза со продажбата, односно да ја чува локацијата како атрактивна за странските инвеститори -Ми кажа дека ми мисли добро, односно да се стрпам да бидам спокоен дека објектот и имотот ќе се продаде на вистински луѓе странски инвеститори, велиТошевски. Тогаш почнало се. Прв директен понудувач бил сопственикот на луксузен хотел во Аеродром. Но никогаш не се спогодиле за сумата. Сепак уште тогаш вели, Тошевски, се насетувало кој стои зад понудата од лицето, ама нашиот соговорник не сакал да верува во позадински намери. -На еден од состаноците пред да влезам во неговиот кабинет во холот имаше на две места по десет пакета ајвари и лутеница „Мамас“, зелени и црвени, објаснува бизнисменот. Откако не успеал бизнисот со првиот, како што Тошевски го нарекува посредник, следувал втор. -Се појавува адвокатот Тумановски, доаѓа во моите канцеларии, не можам точно да се сетам еднаш или два пати, кратки средби. Ми покажа документи од мојот имот. Ми рече „ова го имаш, ти пишува дека имаш само земјиште под зграда, комплицирано ти е малце“. Му велам добро, кажете ми за кого е, кој е купувачот? „Добро“ ми рече, „знаете за кој човек е, да не зборуваме сега многу, се работи за Вице Заев, пратен сум од Вице Заев“, раскажува Тошевски. Алфа побара одговор од адвокатот Алксандар Тумановски, дали во името на братот на премиерот преговарал за купување на имотот. Не добивме демант, но ни потврда. -Како адвокат за одреден клиент кој бил заинтересиран за недвижноста сум направил проверка на цена и услови на ден 27.09.2017 година, по разгледување на можностите и потенцијалот на таа недвижност, клиентот покажа незаинтересираност за кое нешто во брз рок беше известено лицето Киро Тошевски, рече адвокатот Александар Тумановски. Алфа побара одговор и од бизнисменот Вице Заев. Одговори веднаш на нашиот телефонски повик. Демантираше буквално се. Не сакаше да го снимаме, но ни дозволи да биде цитиран: -Со Киро Тошевски се имам видено можеби еднаш. Ниту некогаш сум сакал да го купам, ниту сум го барал неговиот имот. Секојдневно добивам различни понуди за градежни земјишта, од различни бизнисмени, нема логика да влегувам во нешто што не го сакам, уште повеќе да си правам било какви проблеми со државата злоупотребувајќи го името на мојот брат. Ги отфрлам сите лажни сведоштва на Тошевски како неточни. А ако има доказ дека комуницирал со мене директно нека го приложи истиот. Нема да дозволам да ми се оцрнува името од било кој, вели бизнисменот Вице Заев. На ова Тошевски приложува порака, за која тврди дека е испратена од премиерот кога бизнисменот, како што вели му се пожалил на премиерот што прави брат му. Во пораката стои: -Штом верувате дека мојот брат ви направил нешто лошо, јас со него ќе се скарам и ќе му наредам да се тргне комплетно од што и да разговара со вас и што и да прави со вас комплетно да се тргне, стои во пораката што ни ја испрати Тошевски, скенирана од неговиот телефон. Но да се вратиме на периодот после Тумановски. Тошевски тврди дека премиерот му побарал писмо за намена, или проектна документација за имотот со цел да ја дадел на заинтересирани инвеститори. Ја доставил, вели, во влада на 20.08.2018, преку неговиот адвокат, но не добил архивско бројче дека предал документ. Заради ова како што тврди, се јавил кај шефицата на кабинет на премиерот да провери дали писмото е стигнато во рацете на Заев. Таа му потврдила. Но ова е верзијата на Тошевски. Алфа испрати официјално писмо со прашања до пи ар кабинетот на премиерот. Дали сето ова е точно. И дали се од досега кажаното од Тошевски би можел да го демантира. Но до сега одговори немаме. По извесен период, на вратата на Тошевски тропнале нови купци. Но се изненадил кога ги видел истите своите документи, односно оние кои ги доставил во влада на барање на премиерот… (продолжува утре во вестите во 17.30) Извор: Алфа.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/frapantni-svedoshtva-na-biznismen-lugje-na-zoran-i-vice-zaevi-vo-akcija-da-mi-go-prevzemat-imotot/feed/ 0