кислород – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Sep 2021 13:15:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кислород – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Eксперти: Модуларните болници не треба да се употребуваат додека не се утврди причината за пожарот! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eksperti-modularnite-bolnici-ne-treba-da-se-upotrebuvaat-dodeka-ne-se-utvrdi-prichinata-za-pozarot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eksperti-modularnite-bolnici-ne-treba-da-se-upotrebuvaat-dodeka-ne-se-utvrdi-prichinata-za-pozarot/#respond Tue, 14 Sep 2021 13:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=563487

Во Македнија воопшто не постои систем кој што ќе ги заштити граѓаните од вакви несакани последици – од самиот почеток на воспоставување на модуларните болници сме под постојан ризик дека ваква трагедија може да ни се случи и утре. Кога беше отсечен доводот на кислород во тетовската модуларна болница која што функционираше само доколку има стабилен довод на кислород, а притоа истрагата не даде речиси никакви резултати, можеме да се посомневаме дека вакво нешто може да се случи повторно и повторно, вели за АЛФА универзитетскиот професор Никола Дујовски. Тој апелира ведаш да се проверат сите модуларни болници, дел од ескпертите дури ценат дека е потребно да се затврат истите се’ додека не се открие вистината за ужасниот пожар кој одзеде 14 животи. -Тоа што веднаш треба да се направи, е да се обезбедат сите други модуларни болници, да не се случи некоја од другите болници, макар таа на паркингот пред инфективната клиника во Скопје или сите други да ни се повтори вакво нешто.Затоа што ако можеше таму да се случи за 3 мин., ништо не укажува на тоа дека нема да се случи на друго место.Затоа потребно е веднаш превентивна поверка на матерјалите од кои што се изградени на начинот на кој се раководи, на начинот кој влегува и кој излегува од тие болници и како се третираат болните, тоа е работа на органите сега, изјави д-р Дујовски. Оваа насреќа покажа дека нашите институции немаат кондиција и не се добро оспособени или подгответни за справување со неочекувани појави. -И тука апсолутно треба државните органи да се бескомпромисни кон одредбата, ако треба да се затвори, да се затвори, подобро нешто да не предизвикува опасност  околку да имате нешто со што ќе ја намалувате сигурноста на граѓаните. Ние на овој начин уште повеќе ја зголемуваме недовербата во институциите, посебно во здравствениот систем, изјави д-р Цане Мојаноски, универзитетски професор. Тој вели дека ние се уште немаме одговор дали навистина модуларните болници во Македонија се изградени по највисоките европски стандарди. Експертите очекуваат истражните органи и обвинителствот независноо да си ја завршат својата улога. Тие треба да имаат одговор на сите прашања и ваквите катастрофи да бидат лекција која ќе значи носење на морална и политичка одговорност,како и носење на кривично правна одговорност. -Имаме и луѓе каде што се инжинери, архитекти, градежни работници, луѓе кои учествувале во јавните набавки, значи имаме една системска слабост, изјави д-р Марјан Ѓуроски, универзитетски професор. Доколку се утврди човечка вина мора да има одговорност и таа не смее да биде колективна, одговорноста мора да има име и презиме кој бил должен да превземе нешто, а не превзел-децидни се експертите. Прилогот на АЛФА погледнете го во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eksperti-modularnite-bolnici-ne-treba-da-se-upotrebuvaat-dodeka-ne-se-utvrdi-prichinata-za-pozarot/feed/ 0
Прсечени цевките од централниот систем за довод на кислород во тетовската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prsecheni-cevkite-od-centralniot-sistem-za-dovod-na-kislorod-vo-tetovskata-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prsecheni-cevkite-od-centralniot-sistem-za-dovod-na-kislorod-vo-tetovskata-bolnica/#respond Mon, 23 Aug 2021 14:28:15 +0000 https://kurir.mk/?p=554077

Вработените во тетовската болница утринава увиделе дека има оштетување на системот за централен довод на кислород низ објектите, а за среќа нема последици по пациентите. Оштетени биле две споредни цевки кои носат кислород од централниот систем до првиот објект ургетно-дијагностичкиот центар, додека снабдувањето до Ковид одделенијата одело непречено преку главната цевка. -Изгледа имавме среќа сите 125 пациенти што ги имавме ги спасивме, бидејќи да имаше оштетување на главната цевка тоа ќе беше катастрофа и не би сакал да предвидам што би можело да се случи и што би можеле ние да направиме во тие моменти. Тоа би требало да значи транспорт на сите пациенти од сите одделенија, а имаме нетранспортибилни пациенти. Замислете би требало да има над 70 отсто од пациентите да се транспортираат итно, за наша среќа не се случи. Се надевам дека сега полиција ќе видат што се работи кој е авторот на ова дело, изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот на Клинича болница. Во ургентно дијагностичкиот центар немало пациенти и на тој начин не дошло до поголеми последици. -Немало прекин во довод на кислород затоа што тој дел го снабдува делот од ургетниот центар каде што имаме пациенти со инфаркти и друго каде ни треба кислород по потреба. Така да имаше таму пациенти одма ќе имаше последици. Замислете цела недела и викенд деновите беа тешки со Ковидот и ние сме навистина многу разочарани од ова. Се гледа дека некој со удирање со метален предмет врз цевките, една ја пресекол, додека другата е свиткана. Може немал време авторот на тоа дело, сега ќе се преземат мерки за поголемо обезбедување, изјави докторот. Случајот е пријавен и во полицијата од каде е извршен и увид. -Со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки со различна големина, односно капацитет. Едната цевка за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана. Набрзо по пријавата, екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација со Јавен обвинител, извршила комплетен увид.Оштетувања се фотодокументирани и крим-технички обработени.Се расчистува и документира случајот, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. До пладнето во болницата стручни лица од соодветна фирма извршија и санација на оштетувањата на централниот систем за довод на кислород во тетовката болница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prsecheni-cevkite-od-centralniot-sistem-za-dovod-na-kislorod-vo-tetovskata-bolnica/feed/ 0
Пациентите во Штип молат за кислород, а според Филипче пикот на КОВИД е поминат https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pacientite-vo-shtip-molat-za-kislorod-a-spored-filipche-pikot-na-kovid-e-pominat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pacientite-vo-shtip-molat-za-kislorod-a-spored-filipche-pikot-na-kovid-e-pominat/#respond Fri, 09 Apr 2021 08:32:25 +0000 https://kurir.mk/?p=494692

Бројката со новозаболени од КОВИД – 19 во Штип е во постојан пораст. Бројката секогаш изнесува околу 30-тина новозаразени пациенти од смртоносниот вирус. Во овој град бројот на активни случаи на КОВИД-19 изнесува скоро 500, што не е мала бројка за ваков град. Но позагрижувачка ситуација е што здравствените работници се соочуваат со недостаток на кислород кој е потребен за хоспитализираните пациенти во болницата и во модуларната исто така. Изминативе неколку дена расте бројот на пациенти на кој им е потребен кислородот. Според информациите од здравствениот персонал во штипскиот КОВИД центар од 94 на 54 пациенти им е потребна постојаната кислородна поддршка. Модуларната болница е исполнета, на Инфективното одделение има неколку слободни кревети. - Веќе бараме начин и деновиве ќе го реализираме со тоа што ќе обезбедиме резервоар за кислород, кој ќе се приклучи на централниот довод во модуларната болница. Медицинскиот кадар е веќе исцрпен, не само поради тоа што секојдневно ја води битката и се спасуваат човечки животи, тие мора и на раце да ги растовараат и внесуваат боците со кислород, вели Ален Ѓеорѓијев, директор на Клиничка болница – Штип. Додека здравствениот персонал стравува за пациентите дали ќе има доволно кислород, министерот за здравство Венко Филипче ги уверува граѓаните дека владините мерки за заштитат од КОВИД-19 даваат резултати и стабилизација на ситуацијата. - Овие сегашни мерки создадоа стабилизација, пикот се надевам нема да има измени, беше на први април, но сега се намалува, истакна министерот за здравство Венко Филипче во изјава за медиуми пред неколку дена. Сепак критиката од опозициската партија на ВМРО-ДПМНЕ не изостанува и секој дена бара одговорност од министерот за здравство Венко Филипче и Владата бидејќи ситуацијата не е под контрола, секој ден има над 50-тина граѓани починати од КОВИД-19. - 51 лице починато поради корона, а Заев вели не чувствувал одговорност. А, ако не е ваша, чива е? Гробиштата се полни, душите празни. Оваа бројка ќе беше помала да имаше навреме вакцини. Но, провизиите им беа поважни. Оставка за мафијашката власт, а потоа одговорност и нормализација. Секој според заслуженото, за народот спокој и можности, за криминалците одговорност. Нема бегање, напиша на социјалните мрежи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 07.04.2021.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pacientite-vo-shtip-molat-za-kislorod-a-spored-filipche-pikot-na-kovid-e-pominat/feed/ 0
Во Пакистан пациенти починале поради недостиг на кислород во болница https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pakistan-pacienti-pochinale-poradi-nedostig-na-kislorod-vo-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pakistan-pacienti-pochinale-poradi-nedostig-na-kislorod-vo-bolnica/#respond Sun, 06 Dec 2020 13:05:19 +0000 https://kurir.mk/?p=439570

Седум пациенти починаа во една од најголемите болници во Пешавар, затоа што таа здравствена установа останала без резерви кислород, соопштија денеска извори од болницата во северозападниот дел на земјата. Фахрад Кан, портпарол на болницата Хајбер, рече дека пациентите починале синоќа кога добавувачот кој ја снабдува болницата со кислород задоцнил со дополнување на магацинот. Болницата е втора по големина во Пешавар и ја снабдуваат добавувачи од градот Равалпинди, оддалечен 190 километри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-pakistan-pacienti-pochinale-poradi-nedostig-na-kislorod-vo-bolnica/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се директно одговорни што луѓе умираат поради недостаток на кислород и места во болниците, со оставка ќе спасат животи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-filipche-i-zaev-se-direktno-odgovorni-shto-lugje-umiraat-poradi-nedostatok-na-kislorod-i-mesta-vo-bolnicite-so-ostavka-kje-spasat-zivoti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-filipche-i-zaev-se-direktno-odgovorni-shto-lugje-umiraat-poradi-nedostatok-na-kislorod-i-mesta-vo-bolnicite-so-ostavka-kje-spasat-zivoti/#respond Mon, 23 Nov 2020 07:34:29 +0000 https://kurir.mk/?p=432993

Филипче и Заев се директно одговорни што луѓе умираат поради недостаток на кислород и места во болниците, со оставка ќе спасат животи, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека Филипче за девет месеци од почетокот на епидемијата со корона покажа и докажа само едно нешто – дека е неспособен и дека не знае да се справи со последиците од корона кризата. -Резултат на неспособноста на Филипче се повеќе од 1500 починати лица или поточно 1511 граѓани. Или Македонија во регионот и во во Европа по бројот на починати на милион жители е на врвот на листите. Филипче остава секојднево да умираат десетици граѓани. Филипче секој ден завива десетици семејства во црно. Филипче за девет месеци не обезбеди болнички кревети, граѓаните ги остави да чекаат по ходниците, ама и да умираат по ходниците на болниците, ги остави без доволно и без соодветна терапија, нема кислород за болните или се чека по неколку саати што завршува погубно по животите на граѓаните. Филипче не се грижи ниту за медицинските лица, од почетокот на епидемијата се без доволно соодветна лична заштитна опрема. И додека се случуваат овие црни сценарија, Филипче и екипата на Заев прогласија кризна состојба, а паралелно тераат и избори во Штип. Трети ден од кризна сотојба нема ни една мерка, која им е намерата од АРМ да направат агенција за обезбедување?! За сето ова мора да има одговорност – веднаш, се наведува во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-filipche-i-zaev-se-direktno-odgovorni-shto-lugje-umiraat-poradi-nedostatok-na-kislorod-i-mesta-vo-bolnicite-so-ostavka-kje-spasat-zivoti/feed/ 0
Мистеријата решена: Ниту носењето на шест маски не го намалува нивото на кислород (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misterijata-reshena-nitu-nosenjeto-na-shest-maski-ne-go-namaluva-nivoto-na-kislorod-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misterijata-reshena-nitu-nosenjeto-na-shest-maski-ne-go-namaluva-nivoto-na-kislorod-video/#respond Sat, 18 Jul 2020 20:12:21 +0000 https://kurir.mk/?p=378218

Интернетот е преполн со опасни теории на заговор поврзани со коронавирусот, па дури и за тоа како заштитните маски не помагаат за заштита, па дури и дека се опасни за оние кои ги носат. Теоретичарите на завери шират невистини за тоа дека маските се штетни бидејќи во нив не може да се вдише кислород, туку го вдишуваме испуштениот јаглерод диоксид. Дека тоа не е вистина, на дело и со факти покажа еден млад доктор од Даблин. Мајтју О Туатејл на Twitter објави видео во кое докажа дека не постои начин со носењето маски да се намали нивото на кислород во крвта, па дури и да носите шест маски одеднаш. „Пациентите постојано ме прашуваат дали носењето маски го намалува нивото на кислород во организмот, а тоа ме прашуваат поради работите што ги читаат на социјалните мрежи. Прекривањето на лицето со маска не го намалува нивото на кислород. Ставив шест маски на лицето, а тоа немаше никаков ефект на нивото на кислород во мојата крв“, коментира тој покрај снимката. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/misterijata-reshena-nitu-nosenjeto-na-shest-maski-ne-go-namaluva-nivoto-na-kislorod-video/feed/ 0
Италијанската полиција на заболенните им доставува боци со кислород https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-policija-na-zabolennite-im-dostavuva-boci-so-kislorod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-policija-na-zabolennite-im-dostavuva-boci-so-kislorod/#respond Tue, 24 Mar 2020 06:59:09 +0000 https://kurir.mk/?p=321089

Полицијата во Бергамо, северна Италија, им помага на заболените луѓе со тоа што дистрибуира боци со кислород од тие кои не преживеале. Болниците во Бергамо, Ломбардија, каде се регистрирани повеќе од 6.000 пациенти, се преполни и недостасуваат боци со кислород. Полицијата вчера соошти дека за еден ден собрала „повеќе од 250 боци со кислород од домовите на луѓето кои починале или од аптеките“. Боците веднаш повторно се наполнети со кислород и доставени во домовите на 250 пациенти. Мерката е одговор на пациентите кои од дома се борат против Ковид-19. Во Италија за еден месец од новиот коронавирус починаа над 6.000 луѓе. И армијата им помага на здраствените власти во Бергамо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italijanskata-policija-na-zabolennite-im-dostavuva-boci-so-kislorod/feed/ 0
Студија: Со порастот на температурите во океаните снемува кислород https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-so-porastot-na-temperaturite-vo-okeanite-snemuva-kislorod/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-so-porastot-na-temperaturite-vo-okeanite-snemuva-kislorod/#respond Mon, 09 Dec 2019 09:41:27 +0000 https://kurir.mk/?p=275033

Климатските промени и загадувањето го истиснуваат кислородот од океаните, заканувајќи се за опстанокот на многу видови риби, тврдат експерти од Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN). Истражувачите велат дека климатските промени ја влошуваат состојбата со недостиг на кислород. Споредено со 1960-тите, кога недостаток на кислород бил забележан на 45 океански локации, денес истиот проблем е забележан на дури 700 места. Експертите велат дека таа состојба е особено штетна за одредени видови риби, како што се туната, ајкулата и една вид сабјарка. Балтичкото Море и Црното Море се најголемите затворени морски екосистеми со мала содржина на кислород, се вели во извештајот на IUCN. Доколку земјите продолжат со вообичаениот пристап кон емисиите на штетни гасови, светските океани би можеле да останат со три до четири проценти помалку кислород до 2100 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-so-porastot-na-temperaturite-vo-okeanite-snemuva-kislorod/feed/ 0
Во овој град луѓето можат да си купат чист воздух https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ovoj-grad-lugjeto-mozat-da-si-kupat-chist-vozduh/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ovoj-grad-lugjeto-mozat-da-si-kupat-chist-vozduh/#respond Wed, 27 Nov 2019 10:54:54 +0000 https://kurir.mk/?p=269936

Жителите на еден од најзагадените градови во светот, Њу Делхи, главниот град на Индија, сега ќе можат да си купат чист воздух. Имено, еден бар во градот отсега им нуди на гостите за 300 рупи (3,82 евра) да си купат 15 минути вдишување кислород. Таа услуга, всушност, претставува луксуз за голем број граѓани поради смогот во Њу Делхи. Во многу делови на северна Индија, квалитетот на воздухот се влоши до ниво „опасно“, со можност тоа да предизвика сериозни заболувања на дишните патишта. Властите беа принудени да затворат голем број училишта, да запрат изградби и да го ограничат движењето на возилата на патиштата во Њу Делхи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-ovoj-grad-lugjeto-mozat-da-si-kupat-chist-vozduh/feed/ 0
Кислородот поефикасен од антибиотици https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kislorodot-poefikasen-od-antibiotici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kislorodot-poefikasen-od-antibiotici/#respond Thu, 14 Mar 2019 11:40:56 +0000 https://kurir.mk/?p=174649

Знаеме дека кислородот е неопходен за одржување на животот на секое живо суштество. Без храна, едно лице може да преживее 30 до 40 дена, без вода три до четири дена, но без кислород само три до четири минути! Познато е дека голем број на заболувања се должат токму поради намален или прекинат протокот на кислород до клетките, ткивата и органите, предизвикувајќи страдање и на нивно оштетување, а натаму и до болест. Како резултат на тоа, кај многу болести, се спроведува терапија токму со кислород, во наменски дизајнирана баро- комора. – Терапијата се базира на примена на 100 процентен чист кислород, за разлика од оној што го дишеме, каде што има само 20 проценти од овој витален гас. Вдишувањето на чист кислород се одвива под притисок поголем од атмосферскиот во специјално дизајнираните хипербарични комори. Таквиот кислород првично се користел за лекување на декомпресивни болести кај нуркачите. Од 1955 година, се користи за клинички цели за болести кои не се за нуркање, што се смета за исклучителен медицински напредок, кој по значењето се мери со воведувањето на трансфузија и антибиотска терапија, вели за „Новости“ полковник примариус д-р Милорад Рабренковиќ, раководител на Центарот за хипербарична медицина на Воено-медицинската академија. Какви се условите во хипербаричната комора? – Тоа е херметички затворен простор во кој терапевтскиот опсег се движи од 2 до 2,8 атмосфери. Подобро е да се каже, како човек да е на длабочина од 8 до 18 метри. Внатре се останува околу 70 минути, а терапијата се определува во однос на состојбата на пациентот и болеста што се третира. Самиот кислород е ист како и секој друг медицински кислород. Во овие околности, неговите лековити својства се рефлектираат во фактот дека се дава при зголемен атмосферски притисок, каде што ги менува своите физички и биолошки својства. Што значи тоа? – На висок атмосферски притисок, чистиот кислород се однесува анти-воспалително, бактерицидно, имуносупресивно. Ја стимулира синтезата, односно создавање фибробласти и колаген за обнова на ткивата, го забрзува формирањето на калус на местото на фрактура, ја подобрува циркулацијата и го чисти организмот. Позитивниот исход на лекување во хипербарична комора можат да очекуваат дијабетичари и пациенти со хронични рани. Конкретно, кај дијабетичарите доаѓа до забрзување на метаболизмот и шеќерот паѓа за една или две единици, со што се намалува ризикот од други компликации. За ефектот на леќењето да биде што подобар, многу важно дијабетичари да влезат во баро комора внесете што е можно порано, или додека болеста не е напредната. Каде уште се покажа овој третман за исклучително ефикасен? – Лечењето со чист кислород или оксигенотерапија се покажа исклучително ефикасна во остеомиелитис или коскена инфекција, аваскуларна некроза на коската (смрт на коскеното ткиво поради недостаток на крв), разни видови на парализа и пареза или парализа. Кога станува збор за пареза, за пациентот е најдобро да дојде додека состојбата е уште акутна. Кои болести се на листата на успешно лекувани? -Кај итно состојби, како на пример труење со јаглерод моноксид, гасна гангрена, или декомпресиони болести, терапија со кислород е лек на избор. На пример, ако некој се затруе во пожар со јаглерод моноксид, потребни се неколку часа вдишената количина да се преполови, а во хипербарични услови, потребни се 40 минути. На листата на успешно лечени болести се васкуларна главоболка или мигрена, како и пародонтопатијата. Со исклучително висок процент на успешност се лечи и изненадна глувост на едно уво, ненадејно губење на видот на едното око, како и голем број системски ревматски заболувања. Се препорачува за лица кои одат на вонтелесно оплодување, бидејќи чист кислород делува на ниво на матични клетки. Се користи и во програми за антиејџ, каде што делува на слободните кислородни радикали кои влијаат на процесот на стареење. Исто така, ослободува од стресот, кој постојано е присутен во животот на еден современ човек. Всушност, со чистиот кислород во баро комора се лечи се каде што дошло до компромитирање на циркулацијата. КОЈ НЕ МОЖЕ Постојат некои состојби кои го спречуваат влезот и престојот во баро- комора. Привремено на овој вид лекување не можат лица со настинка, со затнат нос, воспалено грло и уши, поточно со воспаление на горните дишни патишта. Апсолутно е контраиндицирано за луѓето кои страдаат од епилепсија, ХОБ-хронична опструктивна белодробна болест, астма и сите други болести на овој орган. Влезот не е дозволен за пациенти со пејсмејкери и вградени електрични пумпи, било инсулински или против болки. Не е дозволено дури и на пациентите со кардиомиопатија, односно срцеви заболувања, малигни заболувања, пациенти со рак на цитостатична терапија, лица со болести на ограните за слух, бремени жени, клаустрофобични лица … Всушност, кој треба да влезе во хипербаричната комора за третман, мислење даваат лекарите по хипербарична медицина, врз основа на потребната медицинска документација – истакнува д-р Рабреновиќ. ПОДГОТОВКА Пред да влезете во баро комора, неопходно е да го измиете вашето тело и косата. После тоа не е дозволено користење козметика – парфеми, креми, кармини, лакови за коса, па дури и лак за нокти. Облеката мора да биде апсолутно од памук, без примеси на синтетички, свилени или волнени материјали. Треба да се јаде два часа пред да се дојде на терапија, а од исхраната треба да се изостават намирници кои дујат. Пиење алкохол и опијати не е дозволено. Пред да влезете во хипербаричната комора, важно е да го информирате лекарот кој ја спроведува терапијата за лекови кои ги земате за одредени болести. Здравствениот персонал, исто така, треба да биде информиран ако пациентот носи слушни помагала, додека леќите и подвижните забни протези треба да се отстранат – вели д-р Рабреновиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kislorodot-poefikasen-od-antibiotici/feed/ 0