кислородна поддршка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 26 Dec 2021 21:00:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кислородна поддршка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожар на Пулмологија откако пациент на кислородна поддршка запалил цигара, спречена експлозија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozar-na-pulmologija-otkako-pacient-na-kislorodna-poddrshka-zapalil-cigara-sprechena-eksplozija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozar-na-pulmologija-otkako-pacient-na-kislorodna-poddrshka-zapalil-cigara-sprechena-eksplozija/#respond Sun, 26 Dec 2021 20:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=613486

Министерството за здравство информира дека вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара. -Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пациентот се здобил со помали изгореници на лицето и градите. Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија, информираат од Министерството. Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozar-na-pulmologija-otkako-pacient-na-kislorodna-poddrshka-zapalil-cigara-sprechena-eksplozija/feed/ 0
Се намалува бројот на хоспитализирани во прилепската болница, но зголемена е потребата од кислородна поддршка https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-namaluva-brojot-na-hospitalizirani-vo-prilepskata-bolnica-no-zgolemena-e-potrebata-od-kislorodna-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-namaluva-brojot-na-hospitalizirani-vo-prilepskata-bolnica-no-zgolemena-e-potrebata-od-kislorodna-poddrshka/#respond Fri, 11 Dec 2020 14:46:05 +0000 https://kurir.mk/?p=442122

Во Прилеп се намалува притисокот за прегледи во Инфективното одделение и на хоспитализираните пациенти од Ковид-19, но бројките сѐ уште покажуваат дека е потребна заштита и внимателност, соопштуваат од прилепската градска болница. Според директорот на болницата Драган Богојески,  овие денови се хоспитализирани помал број пациенти, но поради тоа што повеќето се повозрасни, имаат проблем со кислородот, па на 70 насто е зголемен бројот на пациентите кои имаат потреба од кислородна поддршка. -Моментално, во петте ковид-одделенија на прилепската гадска болница се хоспитализирани и се лекуваат 105 пациенти. Она што е карактеристично  во последниот период е зголемениот број на пациентите на кислородна поддршка. Ако во октомври и почетокот на ноември беа 50 насто на килосордна поддршка, сега процентот е зголемен на 70-ина насто и во моментов имаме 71 пациент на кислородна поддршка, изјави Богојески. Тој смета дека можеби сето се должи на тоа што во последно време се примаат повозрасни пациенти со ниска сатурација на кислород. -Можеби тоа се должи на фактот дека во последно време се примаат пациенти од повозрасните категории, каде и претходно, можеби, не била добра сатурацијата со килород во организмот. Повеќето од новопримените пациенти имаат пониска сатурација и мора да се постават на кислородна поддршка, вели Богојески. Помалиот број на прегледи го следи фактот и на намалувањето на хоспитализираните пациенти. – До пред една недела бројот на хоспитализирани беше помеѓу 120 и 130 пациенти. Сега, неколку дена бројката е под 120, за во моментов се 105 хоспитализирани. Но проблемот е што дел од пациентите се повозрасни, со потешка клиничка слика, вели Богојески. Прилеп е меѓу градовите со поголем број починати лица. Претходното деноноќие имаше шест починати граѓани. – Во последната недела-две главно се примаат пациенти од повозрасните групи, со потешка клиничка слика, со недоволна сатурација и тоа е причината за поголем број смртни случаи во овие две недели. Поради овие причини, во речиси сите ковид-оддленија има по еден до двајца пациенти со потешка клиничка слика. Поради ниската сатурација, и покрај сите напори со медикаментозната поддршка и терапијата што се дава, се развива пневмонија која е не може да ја санираме, објаснува Богојески. Болницата почна да употребува брзи тестови за дијагностицирање на Ковид-19. Од Министерството доби околу 300 брзи теста и помагаат за брзо контстатирање на Ковид-19 и пациентите не лежат долго во собите за изолација. Во прилепската болница во моментов има околу 30 слободни кревети за хоспитализација на пациентите. Охрабрува дека бројот на оздравени е поголем од бројот на хоспитализирани пациенти. Во Прилеп се активни 920 случаи, а од почетокот на пандемијата се регистрирани повеќе од 3 500 лица заболени од Ковид-19. Досега починале околу 160 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/se-namaluva-brojot-na-hospitalizirani-vo-prilepskata-bolnica-no-zgolemena-e-potrebata-od-kislorodna-poddrshka/feed/ 0
Во инфективното одделение во Дебар на кислородна подршка 11 пациенти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-infektivnoto-oddelenie-vo-debar-na-kislorodna-podrshka-11-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-infektivnoto-oddelenie-vo-debar-na-kislorodna-podrshka-11-pacienti/#respond Tue, 01 Dec 2020 13:14:13 +0000 https://kurir.mk/?p=436941

Во инфективното одделение во Општата болница со проширена дејност во Дебар, се третираат во просек по дваесет ковид пациенти дневно,при што дел од нив се хоспитализирани додека дел амбулантски. – Моментно во нашето инфективно одделение хоспитализирани се 11 пациенти и сите се на кислородна подршка. Во исто време 8 пациенти се третираат амбулантски, што подразбира добивање потребна терапија, кусо време одмараат и заминуваат во своите домови, вели Баки Халили, директор на болницата. Инфективно одделение во оваа болница функцонира од 10 ноември во просториите на поранешното интерно одделение,со засебен влез од задната страна на болницата. Ангажирани се осум лекари и исто толку медицински сестри и се обезбедува 24 часовна услуга за пациентите. Во исто време, според Халили, непрекинато до 22 часот работат и лабораторијата и ренген службата,кои се снабдени со сите потребни реагенси и медицински материјал. – Од нашето подрачје,односно општините Дебар и Центар Жупа, бројот на заразени до сега изнесува 460, за жал починаа 22 додека активни на болеста се 95 лица. Во здравствени установи во Скопје имаме само двајца пациенти, додека во домашна изолација се 87 лица, додава Халили. Според статистичките податоци пак, на Одделението за внатрешни работи, во изминатото деноноќие, полициските службеници констатирале 11 прекршоци за неносење лична заштита на лицето и ним им се издадени прекршочни платни налози.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-infektivnoto-oddelenie-vo-debar-na-kislorodna-podrshka-11-pacienti/feed/ 0
Над половина од хоспитализираните пациенти на штипското Инфективно одделение се борат за живот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-polovina-od-hospitaliziranite-pacienti-na-shtipskoto-infektivno-oddelenie-se-borat-za-zivot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-polovina-od-hospitaliziranite-pacienti-na-shtipskoto-infektivno-oddelenie-se-borat-za-zivot/#respond Thu, 26 Nov 2020 12:13:21 +0000 https://kurir.mk/?p=434772

Над половина од хоспитализираните пациенти на штипското Инфективно одделение се борат за живот. Постојано се на кислородна поддршка поради ниската сатурација, односно кислород во крвта, од што зависи и функционирањето на органите. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека на 28 пациенти им е потребна кислородна поддршка.Трет ден во регионалниот Ковид-центар бројот на хоспитализирани е 56. Тој потенцира дека за разлика од минатата недела намален е бројот на пациенти кои се лекуваат во болнички услови, но расте бројот на тешките пациенти. Од друга страна голем е притисокот на пациенти во дневната Ковид-амбуланта, каде што дневно лекарска помош бараат и по сто заразени пациенти од целиот источен регион. -За пациентите кои чекаат на преглед пред Ковид-амбулантата, во текот на утрешниот ден ќе биде поставен шатор, донација од Црвениот крст. Во него ќе ставиме и клупи и ќе обзебедиме греалки, за да им биде топло на пациентите, кои чекаат надвор во кругот на одделението, вели Ѓеорѓијев. Во источниот регион активни случаи на коронавирус има 1738. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-polovina-od-hospitaliziranite-pacienti-na-shtipskoto-infektivno-oddelenie-se-borat-za-zivot/feed/ 0
Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат 410 болни, голем дел од нив се на кислородна поддршка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kovid-centrite-vo-skopje-se-lekuvaat-410-bolni-golem-del-od-niv-se-na-kislorodna-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kovid-centrite-vo-skopje-se-lekuvaat-410-bolni-golem-del-od-niv-se-na-kislorodna-poddrshka/#respond Sun, 15 Nov 2020 11:18:57 +0000 https://kurir.mk/?p=429687

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 37 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 42 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 24 приеми и тоа четворица пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца пациенти се примени во ковид-центарот на Клиниката за неврологија и 17 болни се хоспитализирани на новото одделение на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти. На Кожната клиника во ковид-центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симптоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 160 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти, од кои 11 деца и 27 возрасни. Вкупно 410 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. -И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, слободни места во моментов има доволно во ковид-центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“, истакнуваат од Министерството за здравство. Оттаму информираат дека од вчера на Интерните клиники почна да функционира и ковид-центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија, а се очекува да започне со работа и ковид центарот на Клиниката за нефрологија. – Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка, потенцираат од министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-kovid-centrite-vo-skopje-se-lekuvaat-410-bolni-golem-del-od-niv-se-na-kislorodna-poddrshka/feed/ 0
Во штипската Клиничка болница речиси половина од пациентите на кислородна поддршка https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskata-klinichka-bolnica-rechisi-polovina-od-pacientite-na-kislorodna-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskata-klinichka-bolnica-rechisi-polovina-od-pacientite-na-kislorodna-poddrshka/#respond Wed, 21 Oct 2020 12:05:37 +0000 https://kurir.mk/?p=418975

Во тешка состојба пристигнуваат пациентите инфицирани со коронавирусот, аламира директорот на штипската Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев. Денеска во регионалниот Ковид центар се хоспитализирани 50 пациенти, од кои речиси половината се на кислородна поддршка. Ѓеорѓијев вели дека деновиве на одделението пристигнуваат пациенти, кои по приемот во болницата поради тешката состојба, битката со коронавирусот ја губат за само неколку часови. – Деновиве ни доаѓаат пациенти во исклучителна тешка состојба, последниот случај е вчера со 80-годишна пациентка од кочанско, која неколку часа по приемот почина во болницата. Затоа упатувам апел оние кои се позитивни по влошувањето на состојбата веднаш да побараат лекарска помош, а оние кои се суспектни и имаат симптоми на коронавирусот да не ги споредуваат со настинка, туку веднаш да бараат помош, вели Ѓеорѓијев. Забележа дека пациентите во тешка состојба доаѓаат во бессознание, со последните сили земаат здив, немаат доволно кислород во крвта, по што органите ја запираат функцијата, а крајот е фатален за пацинтитет. – Деновиве имаме и поголема гужва пред амбулнтата на инфективното одделение, затоа еден апел до пациентите да се придржуваат до мерките и да не се прават непотребни гужви, вели Ѓеорѓијев. Штип и Свети Николе и понатаму се на врвот како општини со најголем број на регистрирани случаи на 100.000 жители, стои во последната анализа на Институтот за јавно здравје. На оваа листа високо котираат и Кочани, Делчево и Берово од Брегалничкиот регион.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskata-klinichka-bolnica-rechisi-polovina-od-pacientite-na-kislorodna-poddrshka/feed/ 0
Во болницата во Козле хоспитализирани 22 пациенти со коронавирус, двајца на кислородна поддршка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bolnicata-vo-kozle-hospitalizirani-22-pacienti-so-koronavirus-dvajca-na-kislorodna-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bolnicata-vo-kozle-hospitalizirani-22-pacienti-so-koronavirus-dvajca-na-kislorodna-poddrshka/#respond Mon, 29 Jun 2020 10:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=364844

Дваесеттина пациенти се хоспитализирани во болницата на Козле, а вкупниот капацитет на болницата е 60-тина кревети со централен довод на кислорот, што е многу битно за третманот на овие пациенти, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на таа јавна здравствена установа. Посочи дека болницата од пред неколку дена функционира како Центар во кој се лекуваат пациенти со Ковид-19. – Ова е педијатриска установа, но со огромна експертиза на лекарите, медицинските сестри во третманот на пациенти со белодробни заболувања. Дополнет е кадарот со експетри, специјалисти по интерна медицина пред се од Клиничкиот центар во рамките на системот на ротација, потенцира Филипче. Нагласи дека ќе продолжи секојдневното, но и долгорочното планирање на капацитетите за третман на овие пациенти и во следниот период, а предвидени се и други капацитети. Според Филипче, засега нема зголемување на притисокот кон јавно здравствените установи, во однос на тоа што било пред минатата недела. – Модуларната болница кај Инфективната клиника е целосно испразнета. Таму во овој момент се поставува централен довод на кислорот. Капацитетот на Инфективната клиника не е целосно пополнет, има неколку слободни кревети. Во болниците ширум државата освен во Битола каде има неколку четири пет слободни места во другите инфективни одделенија капацитетите се полупразни, додаде Филипче. Директорот на болницата во Козле, Ангелчо Андоновски рече дека дваесеттината пациенти хоспитализирани во таа здравствена установа се на возраст од 41 до 85 години. Посочи дека двајца од нив на кислородна поддршка. – Имаме и две деца позитивни на Ковид-19, кои се во добра општа состојба, додаде д-р Андоновски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-bolnicata-vo-kozle-hospitalizirani-22-pacienti-so-koronavirus-dvajca-na-kislorodna-poddrshka/feed/ 0