кит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 05:41:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска е Св. пророк Јона – три дена престојувал во утробата на еден кит https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-sv-prorok-jona-tri-dena-prestojuval-vo-utrobata-na-eden-kit/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-sv-prorok-jona-tri-dena-prestojuval-vo-utrobata-na-eden-kit/#respond Thu, 05 Oct 2023 05:41:34 +0000 https://kurir.mk/?p=885328

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 септември. Денеска е Св. пророк Јона. Овој пророк живееше околу 800 години пред Христа и еден е од еврејските пророци. Посебно е важен зашто има една епизода од неговиот живот која е праслика на Христовото воскресение. Таа епизода Црквата постојано ја воспева во своите служби, особено во воскресните денови. Се работи за Јониниот тридневен престој во утробата на еден кит и неговото избавување од утробата на китот, исто како што Христос три дена престојуваше во утробата на земјата и стана од мртвите, бидејќи земјата не можеше да го запре врутокот на божествениот живот. За него може поопширно да се прочита во Книгата на пророк Јона, во Стариот завет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-sv-prorok-jona-tri-dena-prestojuval-vo-utrobata-na-eden-kit/feed/ 0
Фосил од помал кит стар 41 милиони години откриен во Египет https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/fosil-od-pomal-kit-star-41-milioni-godini-otkrien-vo-egipet/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/fosil-od-pomal-kit-star-41-milioni-godini-otkrien-vo-egipet/#respond Fri, 11 Aug 2023 07:13:29 +0000 https://kurir.mk/?p=865701

Фосил на досега непознат вид кит, кој живеел пред околу 41 милион години, откриле палеонтолозите во Египет. Китот „Tutcetus raianensis“, долг само 2,5 метри, е најстариот член од овој вид кој живеел во океанот, објави Гардијан. Според експертите, овој морски цицач можеби имал краток и брз живот. Истражувачите велат дека ги откопале фосилите во близина на Вади ел Хитан во Египет, место каде што можат да се најдат многу фосили од антички китови. Тие рекоа дека на почетокот не било јасно што пронашле. Професорот Хешам Салам основачот на Центарот за палеонтологија на 'рбетници на Универзитетот Мансура (MUVP), рече дека тимот првично пронашол еден заб во блок од варовник, период кој траел од 55,8 до 33,9 милиони години. -Кога се обидувавме да го поправиме и да го исчистиме целиот талог над фосилот, откривме дека тоа не е нешто што обично е од тој временски период, рече тој. Според тимот на Салам, суштеството е вид на кит познат како базилосаурид - изумрена група за која се смета дека се првите китови кои живееле исклучиво во вода, за разлика од другите рани китови кои живеат на копно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/fosil-od-pomal-kit-star-41-milioni-godini-otkrien-vo-egipet/feed/ 0
Петмина загинати при превртување на брод во Нов Зеланд при веројатен судар со кит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petmina-zaginati-pri-prevrtuvanje-na-brod-vo-nov-zeland-pri-verojaten-sudar-so-kit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petmina-zaginati-pri-prevrtuvanje-na-brod-vo-nov-zeland-pri-verojaten-sudar-so-kit/#respond Sat, 10 Sep 2022 08:45:10 +0000 https://kurir.mk/?p=731055

Во несреќа во Нов Зеланд, пет лица загинаа, а шестмина беа спасени при превртување на мал брод, соопштија властите, наведувајќи дека до несреќата дошло кога пловилото се судрило, најверојатно, со кит. Полицијата соопшти дека рибарски брод долг 8,5 метри се превртел во близина на градот Каикур на Јужниот остров и се истражува причината за несреќата. Градоначалникот на Каикура, Крег Макл, изјави дека водата била целосно мирна во моментот на несреќата и дека се верува дека се појавил кит што се наоѓал под пловилото. Тој рече во тој дел минуваат китови. Градоначалникот рече дека жителите помогнале во спасувачките напори во текот на денот, но дека постои чувство на вознемиреност бидејќи водата била толку студена што стравуваат за секој што паднал во водата. Тој рече дека размислувал за можноста од судир на чамец и кит, со оглед на бројот на китови кои минуваат низ тој простор, но дека досега не слушнал за такви несреќи. Каикура е популарна дестинација за гледање китови. Таму, морското дно наеднаш станува длабоко, блиску до брегот. Неколку компании организираат патувања со брод или возења со хеликоптери за туристите да видат китови, делфини и други морски животни одблиску. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/petmina-zaginati-pri-prevrtuvanje-na-brod-vo-nov-zeland-pri-verojaten-sudar-so-kit/feed/ 0
ВИДЕО: Кит излезе од морето и удри во брод https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kit-izleze-od-moreto-i-udri-vo-brod/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kit-izleze-od-moreto-i-udri-vo-brod/#respond Mon, 25 Jul 2022 16:42:38 +0000 https://kurir.mk/?p=710060

Грбав кит излезе од морето и делумно заврши на предниот дел на брод во близина на брегот на Плимут, Масачусетс. Средбата меѓу китот и бродот е снимена на камера и многу брзо стана главна вест на американските медиуми. Капетан на пристаништето во Плимут, Чад Хантер, изјави за бостонскиот NBC10 дека блиската средба со китот се случила во близина на брегот на плажата White Horse. Китот предизвикал мала штета на лакот на пловилото, но нема повредени. - Бродот беше на погрешно место во погрешно време. Навистина е среќа што никој не беше повреден. Вакво нешто е многу ретко и опасно, изјави капетанот на пристаништето. Луѓето кои со години ловат риба во близина на брегот на Плимут и добро ја познаваат областа велат дека никогаш не виделе нешто слично. - Китот скокна од морето, се слушна тресок. Лудо… Китот заврши на лакот на бродот. Не можев да верувам дека бродот може да продолжи да плови, коментира еден од сведоците на настанот. Дента имало многу рекреативни рибарски чамци во областа. Мамките што ги користеле рибарите ги привлекле китовите, објасни капетанот. - Китовите беа таму три дена, исто како и бродарите. По блиската средба меѓу китот и бродот, знаеме дека тоа би можело да е проблемот. Китовите се прекрасни суштества, но луѓето треба да се држат настрана. На крајот на краиштата, тие се диви животни , рече капетанот. Толпи луѓе се собраа со надеж дека повторно ќе ги видат китовите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-kit-izleze-od-moreto-i-udri-vo-brod/feed/ 0
Уште еден кит виден во река во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-kit-viden-vo-reka-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-kit-viden-vo-reka-vo-francija/#respond Fri, 01 Jul 2022 09:09:15 +0000 https://kurir.mk/?p=698257

Кит долг 10 метри е виден во реката Сена во Франција, близу Ла Манш, само еден месец откако смртно заболен кит-убиец угина во истата река. Се верува дека се работи за видот „минки“, соопштија тамошните власти. Делфин Елои, раководителка на Институтот за истражување на цицачите, смета дека „ова е без преседан“, откако нејзиниот тим ги потврди наводите дека животното се движи во областа на слатководна вода кај градот Ле Авр. Таа додаде дека овие китови не се необична глетка на Ла Манш, но ова е првпат овој вид да биде виден во реката Сена. Китот првпат бил забележан од морнари вчера, потврдија локаните власти, додавајќи дека веднаш била организирана итна средба со стручњаците. Се чини дека ова животно е во добра здравствена состојба Еден месец претходно, четири метри долг мажјак кит-убиец беше виден неколку десетици миљи подалеку, што беше прв регистриран случај од ваков вид. Животното угинало откако се обиделе да го вратат во Ла Манш. – Мораме да се погрижиме тоа да не се повтори!, рече Елои. Како што се наведува, институциите и Владата го надгледуваат цицачот, кој сѐ уште е релативно блиску до морето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-kit-viden-vo-reka-vo-francija/feed/ 0
Во Египет откриен праисториски кит со четири нозе https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-egipet-otkrien-praistoriski-kit-so-chetiri-noze/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-egipet-otkrien-praistoriski-kit-so-chetiri-noze/#respond Thu, 16 Sep 2021 11:07:56 +0000 https://kurir.mk/?p=564334

Египетски научници прочуваат фосил од праисториски кит, познат како полу-воден кит, бидејќи живеел и на копно и во море. Има одлики на ловец и тоа, според наодите, го истакнува меѓу другите фосили на китови. -Ова е првпат во историјата на египетската палеонтологија за ‘рбетници, египетски тим да води евиденција за нов род и вид китови со четири нозе, рече предводникот на тимот палеонтолози, Хешам Салам. Тој истакна фосилот на четириножниот праисториски кит е од претходно непознат вид. Се верува дека суштеството е предок на современиот кит. Новооткриеното суштество припаѓа на семејство изумрени полу-водни китови кои живееле пред 59 до 34 милиони години. Фосилот првпат беше пронајден од тим египетски екологисти во 2008 година во западната пустинска област на земјата, која во праисторијата била морска област. -Ова е уште еден нов вид ран кит од времето кога тие имале четири функционални екстремитети, вели стручњакот за еволутивна историја на цицачите, Џонатан Гајслер од Њујоршкиот технолошки институт. Најстарите фосилни китови се стари околу 50 милиони години и потекнуваат од подрачјето на денешен Пакистан и Индија. Китот е именуван по богот на смртта на Древен Египет – Фиомикетус Анубис. Според истражувачите, новиот вид се истакнува со издолжен череп, што посочува дека бил месојад што можел да го фати и џвака својот плен. Китот бил долг околу три метри и тежок околу 600 килограми. -Откритието следи по четиригодишната соработка помеѓу египетските палеонтолози и американски научници, додаде Салам.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-egipet-otkrien-praistoriski-kit-so-chetiri-noze/feed/ 0
Среќа во несреќа: Го проголта кит, а потоа се случи нешто неочекувано (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/srekja-vo-nesrekja-go-progolta-kit-a-potoa-se-sluchi-neshto-neochekuvano-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/srekja-vo-nesrekja-go-progolta-kit-a-potoa-se-sluchi-neshto-neochekuvano-video/#respond Sat, 12 Jun 2021 13:36:37 +0000 https://kurir.mk/?p=522441

Aмерикански ловец на јастози беше проголтан од кит додека нуркаше, но набрзо го плукна, оставајќи го речиси неповреден. Мајкл Пакард поминал 30-40 секунди во устата на морскиот гигант во близина на брегот на државата Масачусетс, пишува Би-Би-Си. На крајот, Пакард претрпел само повреда на коленото. Ловецот на јастог за медиумите изјави дека почувствувал удар и одеднаш сè се затемнило, откако скокнал од својот брод во вода во опремата за нуркање. Мислел дека е нападнат од една од големите бели ајкули кои пливаат во областа, но потоа допирал околу него и сфатил дека животното нема заби. „Тогаш сфатив: Боже, јас сум во устата на кит и тој се обидува да ме проголта. Тоа е тоа, ќе умрам“. Пакард раскажа дека во моментот мислел на неговата сопруга и двајцата синови, на возраст од 12 и 15 години. „Тогаш китот исплива на површината и почна да ја тресе главата. Ме фрли во воздухот, а јас паднав во водата. Бев слободен и само лебдев така. Не можев да верувам. Жив сум да ја раскажам приказната“, рече тој. Друг член на екипажот на бродот, кој очајнички гледал во водата, барајќи знак дека Пакард е жив, го извлекол на пловилото. Пожарникарите потврдија дека добиле повик за помош на повреден ловец на јастог на градската плажа. Новинарите го интервјуираа Пакард откако тој беше пуштен од болницата во Кејп Код. И покрај молбите на неговата сопруга, 56-годишниот Пакард нема намера да ја напушти работата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/srekja-vo-nesrekja-go-progolta-kit-a-potoa-se-sluchi-neshto-neochekuvano-video/feed/ 0
Легендарниот автомобил КИТ на Дејвид Хаселхоф оди на наддавање https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/legendarniot-avtomobil-kit-na-dejvid-haselhof-odi-na-naddavanje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/legendarniot-avtomobil-kit-na-dejvid-haselhof-odi-na-naddavanje/#respond Tue, 05 Jan 2021 13:18:55 +0000 https://kurir.mk/?p=452188

Автомобилот КИТ од ТВ-серијата „Витезот возач“ (Knight Rider), е понуден на аукција, а глумецот Дејвид Хаселхоф, како ѕвезда на серијата ќе му го достави на новиот сопственик. Хаселхоф изгради статус на ТВ-легенда глумејќи во голем број серии, меѓу кои е и улогата на Мајкл Најт во „Витезот возач“ во која го возеше тогаш футуристичкиот автомобил со вештачка интелигенција којшто може да комуницира, да се самоуправува и да лансира ракети. Познатиот „Понтијак Транс Ам“ е во сопственост на Хаселхоф и сега е во потрага по нов дом. Освен автомобилот, на наддавањето се нуди и јакна на популарниот Хоф од 1993 година. Вредноста на возилото првично се проценуваше меѓу 175.000 и 300.000 американски долари, но понудата веќе достигна 975.000 долари. Купувачот ќе има чест автомобилот да му го достави лично ѕвездата од серијата. КИТ е целосно функционален, со исклучок на оружјето. Аукцијата трае до 23 јануари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/legendarniot-avtomobil-kit-na-dejvid-haselhof-odi-na-naddavanje/feed/ 0
Во Тајланд пронајден древен скелет од редок вид кит https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-tajland-pronajden-dreven-skelet-od-redok-vid-kit/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-tajland-pronajden-dreven-skelet-od-redok-vid-kit/#respond Fri, 27 Nov 2020 09:27:26 +0000 https://kurir.mk/?p=435176

Во Тајланд е пронајден речиси совршено зачуван скелет од редок вид кит, за кој научниците проценуваат дека е стар меѓу 3.000 и 5.000 години. Скелетот е пронајден на почетокот на овој ноември, на 12 километри западно од Бангкок. Долг е 12 метри. Научниците веруваат дека станува збор за скелет на кит од реткиот вид брајд. Тие се надеваат дека ова откритие ќе помогне да се разјасни биолошката разновидност и палеобиолошко-геолошките услови за времето од кое потекнува скелетот, како и сличностите и разликите со брајдовите китови кои постојат денес. Проф. Маркус Чуа од Националниот универзитет во Сингапур за Би-Би-Си изјави дека делумно фосилизираните скелети се вистинска реткост. – Во Азија се пронајдени само неколку фосилизирани скелети на китови, а уште помалку – во така добро сочувана состојба, нагласи тој. Фотографиите споделени од тајландскиот министер за животна средина покажуваат дека коските на китот се речиси недопрени. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-tajland-pronajden-dreven-skelet-od-redok-vid-kit/feed/ 0
Жена го сними моментот кога кит ѝ го голта кајакот: Се најдов во устата на чудовиштето, мислев дека сум мртва (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zena-go-snimi-momentot-koga-kit-go-golta-kajakot-se-najdov-vo-ustata-na-chudovishteto-mislev-deka-sum-mrtva-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zena-go-snimi-momentot-koga-kit-go-golta-kajakot-se-najdov-vo-ustata-na-chudovishteto-mislev-deka-sum-mrtva-video/#respond Thu, 05 Nov 2020 15:07:49 +0000 https://kurir.mk/?p=425488

Џули Максорли и Лиз Котриел за малку ќе беа убиени во понеделникот во Калифорнија кога кит го проголта нивниот кајак. Две жени не беа далеку од плажата Авила и снимаа птици како летаат над водата во јато. Во следниот момент, можете да видите како нешто го голта нивниот кајак, а потоа тие исчезнуваат под водата. Се испоставило дека ги проголтал грбав кит кој бркал јато риба. Жените започнаа да врескаат во паника, но, за среќа, повторно беа брзо во водата. Не е познато која снимка е подраматична, дали нивната, или на соседниот кајакар, кој го овековечи моментот кога китот го проголта кајакот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zena-go-snimi-momentot-koga-kit-go-golta-kajakot-se-najdov-vo-ustata-na-chudovishteto-mislev-deka-sum-mrtva-video/feed/ 0