ќаит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Dec 2018 07:55:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ќаит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОЈО со детали за пукањето во Чаир: Три лица уапсени, едно во бегство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-so-detali-za-pukanjeto-vo-chair-tri-lica-uapseni-edno-vo-begstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-so-detali-za-pukanjeto-vo-chair-tri-lica-uapseni-edno-vo-begstvo/#respond Sun, 23 Dec 2018 07:55:39 +0000 https://kurir.mk/?p=143787

Три лица се лишени од слобода и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а едно лице е во бегство во врска со пукањето што се случи пред два дена на паркинг позади маркет во Чаир. Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека е поведена истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – насилство според Кривичниот законик. Тројцата се осомничени дека на 20-ти овој месец на паркингот позади маркет во Чаир, извршиле грубо насилство со кое предизвикале тешка телесна повреда кај едно оштетено лице, а во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв. -Осомничените му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Непознато машко лице, кое било заедно со нив, извадило огнено оружје и со него испукало два куршуми. Притоа го погодил оштетениот во десната потколеница и му нанел тешка телесна повреда, се наведува во соопштението од ЈОРМ. Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судија на претходна постапка доставил и предлог за определување мерки на претпазливост за осомничените – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патните исправи, како и забрана да му се приближуваат на оштетениот. Повреден во пукањето беше економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-so-detali-za-pukanjeto-vo-chair-tri-lica-uapseni-edno-vo-begstvo/feed/ 0