ќеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Dec 2021 07:58:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ќеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и СДСМ повторно удира по џебот на граѓаните, покачување на цената на кесите во време на криза е само уште една нерационална мерка на власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-na-zaev-i-sdsm-povtorno-udira-po-dzebot-na-gragjanite-pokachuvanje-na-cenata-na-kesite-vo-vreme-na-kriza-e-samo-ushte-edna-neracionalna-merka-na-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-na-zaev-i-sdsm-povtorno-udira-po-dzebot-na-gragjanite-pokachuvanje-na-cenata-na-kesite-vo-vreme-na-kriza-e-samo-ushte-edna-neracionalna-merka-na-vlasta/#respond Sat, 04 Dec 2021 07:58:39 +0000 https://kurir.mk/?p=603856

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека новата мерка, за покачување на цената на кесињата е парцијална која нема да го реши проблемот со загадувањето. -Во време на голема инфлација во државата, енергетска криза, наместо мерки за помош кон стопанството и граѓаните, власта носи мерки кои се само нов арач за граѓаните. Оваа мерка нема да го намали загадувањето во државата, бидејќи најголеми загадувачи се индустриските капацитети која не ги почитува законите, а нема ниту надзор од државните институции за нивното работење. Никаде ја нема долго најавуваната гасификација државата и долго најавуваните мерки за намалување на загадувањето и подобрување на животната средина, стои во соопштението на партијата. Оттаму посочуваат дека проблемот со загадувањето треба да се решава системски. Власта наместо да почне проблемите со загадувањето на животната средина од најголемите загадувачи, тие забранија користење на пластични кеси. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува владата повторно да ја разгледа оваа своја одлука и да го слушне гласот на народот и истата да биде повлечена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-na-zaev-i-sdsm-povtorno-udira-po-dzebot-na-gragjanite-pokachuvanje-na-cenata-na-kesite-vo-vreme-na-kriza-e-samo-ushte-edna-neracionalna-merka-na-vlasta/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Од среда биоразградливите кеси ќе чинат 15 денари, нема веќе пластично пакување во угостителските објекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-od-sreda-biorazgradlivite-kesi-kje-chinat-15-denari-nema-vekje-plastichno-pakuvanje-vo-ugostitelskite-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-od-sreda-biorazgradlivite-kesi-kje-chinat-15-denari-nema-vekje-plastichno-pakuvanje-vo-ugostitelskite-objekti/#respond Mon, 29 Nov 2021 15:19:59 +0000 https://kurir.mk/?p=601520

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска преку соопштение ја потсетува јавноста дека од 1 декември 2021 година (среда) стапува во сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Како што се наведува во соопштението Законот предвидува: забрана на пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот во Република Северна Македонија и забрана на пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Република Северна Македонија. По исклучок, се посочува, со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот во Република Северна Македонија биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки ( чијшто дебелина е пониска од 15 микрони). Надоместокот со вклучен ДДВ, кој треба да го плаќаат крајните корисници за биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и се плаќа на трговецот на местото на продажба. – Целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „загадувачот плаќа“, се наведува во соопштението. Производителите на пластични кеси, се додава, и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост. ОД МЖСПП напоменуваат дека стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон, а пропишани во 2013 година. Новиот правилник за стандардите за биоразградливост е донесен и се очекува неговото објавување во наредниот број на Службен весник на Република Северна Македонија. До неговото стапување во сила важи постојниот Правилник, стои во соопштението од МЖСПП. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oficijalno-od-sreda-biorazgradlivite-kesi-kje-chinat-15-denari-nema-vekje-plastichno-pakuvanje-vo-ugostitelskite-objekti/feed/ 0