ќулавка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 23 Nov 2019 09:55:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ќулавка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Сликата со ќулавката на Катица не е приказот за правдата денес, туку и слика за срамот на Заев“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slikata-so-kjulavkata-na-katica-ne-e-prikazot-za-pravdata-denes-tuku-i-slika-za-sramot-na-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slikata-so-kjulavkata-na-katica-ne-e-prikazot-za-pravdata-denes-tuku-i-slika-za-sramot-na-zaev/#respond Sat, 23 Nov 2019 09:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=267988

-Таа кауза во која сите веруваме и за која се бориме е поголема од сите наши поединечни интереси, суети и превирања, особено во овие моменти кога власта притиска да се молчи, впрочем таа кауза не обврзува да се биде гласен, зошто молчењето во овие моменти за неправдите донесени од власта, станува предаство на истата таа кауза, порачува генералниот секратеар на ВМРО-ДПМНЕ во отвореното писмо. -А, нема да молчиме затоа што пропаѓаме како држава, како општество, и тоа во „дупло дно“, а безвременскиот Горан Стефановски во истоимената престава ќе напише реплика која неодминливо звони во овие последни месеци на оваа власт:„Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги. Одбивам да шетам со цревата во раце, да гледам како нестручно ме оперирате, сечете и шиете, како ми гнојат раните и да се прашувам колку ли ќе ме боли кога ќе дојдам на себе. Не сакам седативи. Не сум купче протоплазма. Имам волја и разум и ја преземам одговорноста за својот живот“, пишува Јанушев. -Таквото „дупло дно“ го гледаме во секој агол во општеството, и тој срам не се „пере“ со некоја неуспешна изјава на премиерот за дефокусирање на вистинските теми, ниту пак со онаа замислена кавга помеѓу дворјаните во судството седнати во скутот на Заев, или пак со измислените покачувања на плати и пензии, кои всушност се намалувања или дел од ускратеното на луѓето кои треба да го добијат. Тоа „дупло дно“ не се брише ниту пак со безсуштинската борба на Шилегов за опстојувањето на Јапонските цреши, чие сечење, па садење, наликува на црпење на вода со кофа со дупнато дно, само колку да се помине денот, а да не се збори за тоа „дупло дно“ до кое не донесоа. Или пак онаа ќулавка врз главата на Катица не го мие од одговорност Заев, бидејќи не само што тоа е сликата на правдата денес во Македонија, туку тоа е сликата за срамот на Заев чиј што довчерашен најверен слуга беше токму Катица, стои во отвореното писмо на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/slikata-so-kjulavkata-na-katica-ne-e-prikazot-za-pravdata-denes-tuku-i-slika-za-sramot-na-zaev/feed/ 0