ќуран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Feb 2023 10:57:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ќуран – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Груби закани со војна поради нежни фотелји, криминал и тендери https://arhiva.kurir.mk/kolumni/grubi-zakani-so-vojna-poradi-nezhni-fotelji-kriminal-i-tenderi/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/grubi-zakani-so-vojna-poradi-nezhni-fotelji-kriminal-i-tenderi/#respond Wed, 22 Feb 2023 10:48:56 +0000 https://kurir.mk/?p=803585

Мислевте дека само СДСССС е киднапирана партија? Јок, ДУИ е уште покиднапирана. А, Македонија како држава, најмногу. Познат е и идентиетот на киднапирачите, едниот милува да лета орлиња, а другиот му пушта ветер и дува ли дува за да пустото пиле лета што подолго. Артан и Ќуран ги викале. Навидум и на прв поглед неприродна и парадоксална коалиција и евтина басна. Она, кога мисирката го љуби орлето?!?! Арно ама, кога ќе им ги видите џебовите кои им се влечат по земја, се’ ви станува повеќе од јасно... Во време кога власта заглавена до гуша во правење (читај купување) „нова“ влада, тендери и рушвет нема поим и абер (ниту време и интерес) да дознае кој веќе половина година пушта лажни дојави за бомби кои вистински ги празнат македонските училишта и институции, јавноста дозна и дека Артан Груби нежно ја киднапирал сопствената партија. А, за да видите до каде им оди умот, уплавот и паниката, само видете како теледиригираната партиска пи-ар шклопоција реагира во одбрана на ликот и неделото на хохштаплерот кој направи кариера тепајќи македонски  деца на скопското Кале. Сега, замисли, партијата која изникна од терористичката УЧК, најново обвини дека опозицијата била антиалбанска и повикувала на војна со Албанците, само и само затоа што нежно го опоменаа Груби дека знаат оти со брат му купиле дуќанче од околу 500.000 евра на најлуксузната локација во Скопје?!?! Ццццц... Довчерашниот гилиптар кој од преведувач во амбасада стана милионер, очебијно не реагира баш демократски на обвинувања за криминал, па користи методи слични како оние со децата на Калето. Лоша навика, нели... Туку, ве потсети на нешто обвинувањето на ДУИ дека ВМРО-ДПМНЕ повикува на војна со Албанците заради тоа што обзнани дека Арти плива во криминал како сом во матна вода? Да, ова е грдо дежа-ви, веќе видено. Не така одамна... Се сеќавате како реагираше неговиот ментор Али Ахмети кога две телевизии беа единствените кои ги пренесоа „огнените момчиња“ кои побараа ДУИ да се отргне од  канџите на киднаперот Груби? Па, ни помалку ни повеќе, туку со јавно обвинување на седокосиот дека ТВ Алфа и Телма биле непријатели на Албанците. И Ќуран се фати за антимедиумското оро и заигра на „кец“, доплука и докашка, за после да не се ни извинат арогантните мизантропчиња. И, пак, за кого друг ако не за престолонаследникот на Алија. Симптоматично и патетично, нели, кога престолонаследникот на Заев го брани наследникот на Ахмети. Демолирачкото дуо од 2017-та, кое ја кутна на колена и во низа понижи Македонија и Македонците. Прикаската за лончето и капачето. Кој од кој поантимакедонец, потендераш и поапаш. Си се нашле пустите северни лукративни опортунисти, како створени еден за друг со забеганите зеленашки бизнис-партии. Таче и Нежни се само „подмладокот“. И сега? Сега ДУИ меѓу редови се заканува со војна ли? Ова ли е извртената психологија на Грубиевци, ќе обвиниш некого дека е против Албанците и демек сакал војна само и само затоа што укажал дека Артан ја претерал со апетитот и богатењето? А, реално, ти си оној кој се заканува со забегана војна доколку некој не престане да чепка по фамилијарните бизниси и не прекине да ги вади криминалите на твојата партиска перјаница?!?! Чек, чек... Непријатели на Албанците ли се и Изет Меџити, Муса Џафери, Беџети, Ганиу, Бејта и останатите. Ок, и тие не се баш некои цвеќиња за мирисање, особено кон Македонците, дел и команданти, ама дури и кон нив Груби има понежна реторика. И аман, сменете лента со тоа заканите со војна, арам. И не бадијала, ДУИ ги полни со свој кадар судството и обвинителството, помогнато со две раце од социјадемократите од она на „С“. Да не се лажеме, знаат пајташите во криминалот дека ова нема да трае вечно, па крадат ко улави и создаваат отстапница за кога ќе траснат од власт, поблаго и “помеко“ да атерираат. Не џабе лупнаа толку пари и на пензионираните НВО-а. Ќе треба да ги бранат. Таче и Црпко со Алија запливаа во „струја“ бизнисот, фамилија на Таљо сардиса правосуден систем, комуњарски наплив во Уставен, Судски совет, Академија, се купуваат дуќанчиња, се затвораат пари од рушвет и тендери збрани. За брзо време, очекувајте промени по кои следува голем сеир, протести и новокомпонирани шарени револуции, амбасадори со пресови пред влада, НВО суртуци кои ќе се рабудат од зимскиот, северен сон. Веќе видена прикаска, само, аман, вие „излажаните“ кои минатиот пат паднавте на оваа евтина и глупава прикаска, сега за промена размислете и обидете се да се воздржите од поддршката на неспособните битанги скриени во „демократска“ кожа... Велат, вака крајот мириса. Ајде, аирлија нека е...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/grubi-zakani-so-vojna-poradi-nezhni-fotelji-kriminal-i-tenderi/feed/ 0
Цепките на Таче Ќуран викан Неизвесност https://arhiva.kurir.mk/kolumni/cepkite-na-tache-kjuran-vikan-neizvesnost/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/cepkite-na-tache-kjuran-vikan-neizvesnost/#respond Wed, 26 Oct 2022 13:27:27 +0000 https://kurir.mk/?p=750688

Си седиш така по дома, се здосадуваш и ти врие умот од катадневната северна канонада антимакедонски глупоштии и скандали, цупкаш во место и си чадиш во главата, ама место не те фаќа. Ти фали акција, да. Ти доаѓа да пукнеш или некому да му ја „пукнеш“ в лице. Не, не со тупаница, имаш наплив на бес и срџба збрана која бара вентил и да му се изнавикаш на некој владин северџганистанец, на некое функционерче да му се издереш за сите понижувања, срам и гнев навлечен и набиен минативе 5 години. За се’ што ти се збрало и збира, да му кажеш убаво, јасно и гласно во „фаца“, урлајќи од маката национална и човечка натопорена до ниво на експлозија. Или поверојатно, имплозија, обратен чин во кој предметите си се уриват самите себеси... И таман да си пукнеш, се мислиш дали, сепак, да одиш во кооперација и да си олесниш на душичката со некоја домашна ж’та или, пак, да излезеш на верандата и да заурлаш на цел глас со сиот збран таксират во себе. Кубурот, никако, тој е само за црни денови, нели? И тамам да решиш – еве го Таче. „Струја е“, и буквално и фигуративно, а фотоволтаична, дефинитивно. Ете, пак тој, дворскиот кловн кој оди неуморно по стапките на својот ментор и гуру Зоче. Оти, и Ќуран ја користи истата финта. Кога балонот македонски ќе дојде до сериозно ниво на детонација, Таче Црпков излегува и лупа зелена. И сите се „газиме“ од смеење. Исто ко и со неговиот претходник Зоче. А му згуснеше и направеше или требаше да направи голема беља – излегуваше и тресеше зелен/црн бисер. И нам веднаш ни олеснуваше, си се кикотевме, та коментиравме колку бил глуп, та IQ-то му било ко иницијалите, 33, та кој суртук го ставил, та покорисен идиот не сте виделе, хи-хи-ха-хиња до подмочување, нели? И сега, посреќни сме што Црпко Први „одјава кон зајдисонцето“ на Халкидики? Срцето ни се смее и душата ни грее што дели правда по форуми, формира ступидни фондации, носи помош во Украина, изигрува филантроп, ѓоамити Сорос Муртински? Јок, не сме. Не утепа, не сроза, а ние „смејачите“,  си теравме „цепки“ и сеир со него. А Ковачевски, е тој саде копира успешен, црпнат рецепт. „Проверено“, што велеше суртукот нов министер за локална... Да, нема, нема, па Таче ќе се разоткрие. Ама „скроз“... Не, не не’ изненадува, оти добро знаеме дека круша под круша паѓа, а Црпко Втори под Црпко Први. И би. По Муртинхаузен, Тачехаузен ли, ама дека е дилајла која се шлепа на сопствена инфантилност, нема збор... Ок, секој нов ден се’ повеќе сме убедени дека Таче е најприродниот можен избор за престолонаследник на Црпко, најпогоден во вселената, поподобен здравје? А кој го овозможува ова црпкофилско задоволство? Па, кој друг ако не самиот Таче звани Ќуран, кој сега доби и нов прекар – Неизвесност. Тотално во контекст на детските американски серии, каде суперхероите имаат прекари како Опасност, Напаст или Мрзеливост. И така, и Ќуран стана Неизвесност... Секогаш кога ќе касне банана, Кире станува Бананамен, а секогаш кога ќе фати микрофон, Таче станува Неизвесност. Факт. Случајност, јок. Во тој фатален момент, владее огромна неизвесност кај сите, невидена недумица и трпнеж, целиот аудиториум е максимално потресен и во прашалници за Ќуран со микрофонот. Сите се прашуваат: ШТО СЕГА ЌЕ ТРЕСНЕ ТАЧЕ???? И да, Фројд работи кај Таче Ќуран викан Неизвесност, па така тој поттиснат од Фројдовиот комплекс, потиснувајќи ја дарбата за мега-неизвесност во себе, многу остроумно ќе срочи: „ДОЈДОВМЕ ДО ЦЕЛОСНА ПОЛИТИЧКА СТАБИЛНОСТ И НЕИЗВЕСНОСТ!“ Упс, статива. Башка глупост... Ок, нема логика и тресење зелени е работава мисирска, но наследникот на суртукот кој тврдеше самоуверено дека рибата смрди од опашката, човечето кое имаше три први љубови, зборуваше за првиот македонски роман „Село ПОД седумтте јасени“, мешаше баби и жаби и изигруваше полиглот говорејќи и мандарински и абориџински, не „вози“ на истата финта. Мора да сфатиме, еднаш за секогаш, дека тоа што Таче ПЛАТИ КРАТИ, го слуша суфлерот Алија, се „гази“ со гровтање од смеење кога ќе го наречат западнобугарски премиер и не може никогаш да го прочита она што суртукот Забрчанец му го напишал, и не е баш за смеење. Не за смеење, за плачење сме луѓе. Ова веќе е серија, не епизода. Ридска, турска, шпанска ли. Катастрофално режирана од самиот почеток, со сценарио кое веднаш конкурира за Златна малинка, со наместени цепки и црни бисери на Тачевци и Заевци. Ајде, да најдеме друг начин за празнење на насобраното понижување, бес, гнев и срам. Оти, тоа и им е целта на јаваните, да се смееме и сеир да фаќаме, а македонската имплозија е веќе на повидок. Колку ние повеќе се церекаме, толку нивните мешиња и џебови се пополни... Една стара шега за крај, иако ѓаволот одамна ја однесе од Македонија. Она кога Словенецот ја прашува бомбата (Македонија): -Бомбо, бомбо, буш пукла? -БУУУУУУМ!!!]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/cepkite-na-tache-kjuran-vikan-neizvesnost/feed/ 0