КК Црвена Звезда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 23 Oct 2023 06:04:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png КК Црвена Звезда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Душко Ивановиќ веќе пред нов ангажман ? https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dushko-ivanovik-veke-pred-nov-angazhman/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dushko-ivanovik-veke-pred-nov-angazhman/#respond Mon, 23 Oct 2023 06:04:57 +0000 https://kurir.mk/?p=892064

Кошаркарскиот клуб Басконија размислува за отказ на тренерот Жоан Пењароха. Стратегот ќе се соочи со ултиматум во форма на триумф над Уникаха во недела во шпанското првенство. Басконија солидно го започна првенството, со скор од 4-1, но тоа не може да се каже за Евролигата каде што забележи победа само над Алба (1-3). Целата оваа приказна се поклопи со заминувањето на Душко Ивановиќ од Црвена звезда, а шпанските медиуми веќе почнуваат да шпекулираат. Црногорскиот стручњак на клупата на тимот од Виторија седеше во три мандати: од 2000 до 2005 година, меѓу 2008 и 2012 година, како и од 2019 до ноември 2021 година, кога доби отказ по лошиот почеток на сезоната. Неговите најголеми успеси со овој клуб се три шампионски титули на Шпанија, како и четири освоени Купови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dushko-ivanovik-veke-pred-nov-angazhman/feed/ 0
Црвена Звезда одби да игра во Супер-купот на АБА лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tsrvena-zvezda-odbi-da-igra-vo-super-kupot-na-aba-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tsrvena-zvezda-odbi-da-igra-vo-super-kupot-na-aba-ligata/#respond Wed, 09 Aug 2023 04:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=864820

Кошаркарската АБА-лига неодамна објави дека ќе го врати Суперкуп натпреварувањето како „загревање“ за новата сезона во регионалното натпреварување, но веќе стана јасно дека не може да биде донесена едногласна одлука во АБА. Според пропозициите, дел од ова натпреварување требаше да биде најдобрите осум тима од ланската сезона, но Суперкупот ќе мора да се одржи без второпласираната Црвена Звезда, откако „црвено-белите“ објавиле дека немаат намера да бидат дел од ова натпреварување. Црвена Звезда веќе подолго време е во конфликт со бројни клубови, како и со највисокото раководство на АБА, што резултираше дел од тимовите да бараат и српскиот гигант да биде исфрлен од натпреварувањето за наредната сезона. Очекувано, тоа не се случи но страстите се разгореа, а Црвена Звезда се одлучи со неиграњето да го намали кредибилитетот на овој турнир. Местото на „црвено-белите“ го зазеде тимот на Мега, а донесена е одлука Суперкупот на АБА да се одржи во Подгорица од 18 до 20 септември. Притоа, познати се и четвртфиналните двојки: Будуќност – Задар, ФМП – Студентски Центар, Партизан – Мега и Цедевита Олимпија – Игокеа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tsrvena-zvezda-odbi-da-igra-vo-super-kupot-na-aba-ligata/feed/ 0
Партизан и неколку клубови побарале Црвена звезда да биде исфрлена од АБА лигата? https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/partizan-i-nekolku-klubovi-pobarale-tsrvena-zvezda-da-bide-isfrlena-od-aba-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/partizan-i-nekolku-klubovi-pobarale-tsrvena-zvezda-da-bide-isfrlena-od-aba-ligata/#respond Tue, 18 Jul 2023 03:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=857473

На последото собрание на кошаркарската АБА лига на кое наводно било побарано исфрлање на Црвена звезда од регионалното натпреварување. Имено, неколку клубови, меѓу кои и Партизан, побарале „црвено-белите“ да бидат исклучени од натпреварувањето поради непочитување на социјалниот договор на лигата. Ц.Звезда е единствената која не сака да даде согласност СЦ Дерби да стане еден од косопствениците на лигата, исто како и другите клубови кои учествуваат во АБА-лигата 1. СЦ Дерби има право, врз основа на споменатиот социјален договор, да стане косопственик на лигата бидејќи ја освои АБА2 лигата. Потоа, дојдоа нови информации дека на Собранието во Загреб немало ниту збор за исфрлање на ниту еден клуб од највисокото ниво на регионалното натпреварување. Имено, бидејќи АБА лигата како организација е во сопственост на клубовите учесници, тема на седницата пред новата сезона беа статутите на клубовите и расправата за социјалните договори на лигата. Сите учесници во натпреварувањето поседуваат и удел во сопственоста на истото. Според сегашните правила, секој тим што ќе испадне во понизок ранг (АБА 2) го губи својот дел од сопственоста, додека неговата улога ја презема шампионот на АБА2 лигата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/partizan-i-nekolku-klubovi-pobarale-tsrvena-zvezda-da-bide-isfrlena-od-aba-ligata/feed/ 0
Милош Теодосиќ пред потпис со Црвена Звезда https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/milosh-teodosik-pred-potpis-so-tsrvena-zvezda/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/milosh-teodosik-pred-potpis-so-tsrvena-zvezda/#respond Sun, 25 Jun 2023 06:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=849365

Екипата на Црвена Звезда ја загуби финалната серија од АБА-лигата од најголемиот ривал, Партизан, но белградските „црвено-бели“ веќе ги започнуваат плановите за следната сезона. Од медиумите во  Србија стигнуваат информации дека легендарниот плејмејкер Милош Теодосиќ е пред потпис со овој тим и ќе добие двегодишен договор со гигантот. Теодосиќ веќе неколку пати сезонава изјавуваше дека нема намера да се пензионира, иако има полни 36 години, а неговата етапа во тимот на Болоња се чини дека полека завршува. Оваа ситуација најверојатно ќе ја искористи Црвена Звезда која се обидува да го донесе одличниот плејмејкер во своите редови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/milosh-teodosik-pred-potpis-so-tsrvena-zvezda/feed/ 0
Белградски Партизан ја освои АБА лигата после десет години https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/belgradski-partizan-ja-osvoi-aba-ligata-posle-deset-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/belgradski-partizan-ja-osvoi-aba-ligata-posle-deset-godini/#respond Fri, 23 Jun 2023 04:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=848778

Партизан ја прекина доминацијата на Црвена Звезда во АБА лигата и се врати на тронот во регионалното натпреварување, откако вечерва успеа да победи во „мајсторката“ која се играше во големото финале. По двете победи на Црвена Звезда на домашен терен и израмнувањето на 2:2, беше јасно дека одговорот за новиот шампион ќе го добиеме во „Штарк арена“, каде навивачите на Партизан приредија фантастична атмосфера која беше иницијална каписла за фантастична игра на играчите на Жељко Обрадовиќ. Партизан тргна многу пофуриозно и шесте поени на Кевин Пантер во една и пол минута беше најава за рапсодијата која ја имаше капитенот на домашниот тим, кој во текот на цел меч беше незадржлив за одбраната на Звезда. „Црно-белите“ ги контролираа случувањата на теренот и стигнаа до брутални плус 20 на полувреме (54:34), но сепак тоа не значеше и крај на возбудувањата, бидејќи гостите во „црвено-бело“ се вратија и одиграа неверојатна трета четвртина. Звезда дојде до минус четири на стартот на последната четвртина и во тие моменти се чинеше дека играчите на Партизан се во сериозен грч, но повторно кога беше најтешко, Пантер ја презема одговорноста, но овојпат имаше и поддршка и од сите соиграчи на паркетот. Партизан повторно се одлепи на плус десет и го приведе финалето до самиот крај, па со победа од 96:85 стигна до прв трофеј во АБА лигата после пауза од десет години, вкупно седми во клупската историја. Црвена Звезда останува на шест, но со овој пораз Партизан ја прекина доминацијата на „црвено-белите“ кои имаа три последователни титули во регионалното натпреварување. Херој на денешното финале беше Пантер кој постигна неверојатни 32 поени, следен од Ледеј со 15 и Нанели со 12 поени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/belgradski-partizan-ja-osvoi-aba-ligata-posle-deset-godini/feed/ 0
Црвена Звезда се избори за „мајсторка“ во финалето на АБА лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tsrvena-zvezda-se-izbori-za-majstorka-vo-finaleto-na-aba-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tsrvena-zvezda-se-izbori-za-majstorka-vo-finaleto-na-aba-ligata/#respond Tue, 20 Jun 2023 19:21:45 +0000 https://kurir.mk/?p=847985

Кошаркарите на Црвена Звезда не дозволија „брејк“ и ја израмни финалната серија во АБА лигата против Партизан и израмнија на 2-2. „Црвено-белите“ славеа и на вториот домашен дуел против лутиот ривал, овојпат со 68-56. Звезда одигра посигурно, почесто водеше и заслужено триумфира во салата „Пионир“. Факундо Кампацо беше најдобар кошаркар на паркетот со 21 поен, додека кај Партизан се истакна Егзум со 12. „Мајсторката“ во финалето на АБА лигата се игра в четврток во 20:00 часот во „Штарк Арена“  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tsrvena-zvezda-se-izbori-za-majstorka-vo-finaleto-na-aba-ligata/feed/ 0
Црвена ѕвезда го намали водството на Партизан во финалната серија во АБА лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tsrvena-zvezda-go-namali-vodstvoto-na-partizan-vo-finalnata-serija-vo-aba-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tsrvena-zvezda-go-namali-vodstvoto-na-partizan-vo-finalnata-serija-vo-aba-ligata/#respond Mon, 19 Jun 2023 05:00:52 +0000 https://kurir.mk/?p=847205

Кошаркарите на Црвена ѕвезда на домашен терен го победија тимот на Партизан со 91:78 (19:21, 19:20, 24:18, 29:19), намалувајќи го резултатот на 1:2 во финалната серија од плејофот во АБА лигата. Немања Недовиќ до победата го предводеше „црвено-белиот“ тим со 19 поени, а Лука Митровиќ со седум скока и Филип Петрушев со пет скокови постигнаа по 16 поени. Најефикасен во тимот на Партизан беше Данте Ексум со 16 поени, поен помалку постигна Јам Мадар, а 12 поени додаде Кевин Пантер. На натпреварот во поранешната сала „Пионир“ му претходеа тензии, бидејќи „црно-белите“ го напуштија загревањето откако навивачите на домашниот тим фрлаа кон нив разни предмети од трибините а потоа од паркетот се повлекоа и „црвено-белите“. По извесно време двата тима се вратија на теренот, но првото полувреме мина во нервозна игра на двете екипи и не многу квалитетна кошарка. Четвртиот натпревар е закажан за вторник од 19 часот, а домаќин повторно ќе биде Црвена ѕвезда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/tsrvena-zvezda-go-namali-vodstvoto-na-partizan-vo-finalnata-serija-vo-aba-ligata/feed/ 0
Водство од 2-0 за Партизан во финалето од АБА https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vodstvo-od-2-0-za-partizan-vo-finaleto-od-aba/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vodstvo-od-2-0-za-partizan-vo-finaleto-od-aba/#respond Fri, 16 Jun 2023 04:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=846311

Кошаркарите на Партизан водат со 2-0 во финалната серија на АБА лигата против вечниот ривал Црвена Звезда. По триумфот во првиот натпревар одигран во белградската „Арена“, избраниците на Жељко Обрадовиќ славеа и на вториот натпревар (87-78) на домашен терен притоа задржувајќи ја предноста која ја носи првата позиција на табелата. За разлика од првиот натпревар во кој Партизан стигна до двоцифрена предност во првата четвртина, овој пат српските евролигаши играа егал во првите 20. минути за победникот да биде решен во второто полувреме. Истото подоборо го започна Партизан, поведе со +6 (68-62) пред одлучувачките десет минути, а во нив ја задржа предноста и не дозволи неизвесна завршница, но за истото големо значење имаа и гостите во „црвено-бело“ кои губеа топки во моменти кога имаа шанса за камбек. Со 15 поени лидер на Партизан беше Нанали, а него го следеше Смаилагиќ со 15 поени и 3 скокови. Недовиќ беше прво име во редовите на Црвена Звезда со 21 поен. Серијата за третиот натпревар се префрла на теренот на Црвена Звезда, но актуелниот шампион на АБА покрај тоа што ќе треба да најде решение на противникот ќе настапи и против традицијата која вели дека никој досега не се вратил од негатива од 2-0 во финалето на регионалното првенство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vodstvo-od-2-0-za-partizan-vo-finaleto-od-aba/feed/ 0
Нов хаос во АБА: Црвена Звезда се заканува дека нема да го игра финалето https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nov-haos-vo-aba-tsrvena-zvezda-se-zakanuva-deka-nema-da-go-igra-finaleto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nov-haos-vo-aba-tsrvena-zvezda-se-zakanuva-deka-nema-da-go-igra-finaleto/#respond Thu, 01 Jun 2023 04:39:55 +0000 https://kurir.mk/?p=841065

Препукувањата меѓу вечните српски ривали Црвена Звезда и Партизан продолжуваат и во пресрет на завршницата од АБА-лигата, откако „црвено-белите“ повеќе од две седмици чекаат Партизан да ги заврши своите обврски и да обезбеди пласман во големото финале. На „црвено-белите“ очигледно им здодеа да ја чекаат разврската на ривалите, па преку соопштение ја известија јавноста дека немаат намера да ја почнат финалната серија во АБА додека не завршат со обврските во српското првенство. Полуфиналето од српскиот плејоф (во кој Партизан и оваа сезона не учествува) почнуваат на 4 јуни, а целиот плејоф би можел да финишира најдоцна до 18 јуни, сериозно компликувајќи ја разврската во АБА. „Бидејќи како сериозен клуб немаме намера да чекаме со недели и недели да одиграме финале кое во нормални околности требаше да биде завршено пред еден месец (и немаше причина да не биде така), се вртиме кон интересите кон националните тимови на Србија и натпреварување кое како српски клуб ни е исклучително важно. Најавениот почеток на финалето на АБА ќе мора да го почека завршуањето на национаното првенство на Србија, бидејќи долго гледавме како се урива регуларноста на АБА-лигата, овојпат со нерегулираниот календар за натпреварување. Не сакаме да влегуваме во шпекулации кога финалето би можело да стартува, бидејќи тоа може да се случи дури откако ќе заврши плејофот“, се вели во соопштението на белградските „црвено-бели“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/nov-haos-vo-aba-tsrvena-zvezda-se-zakanuva-deka-nema-da-go-igra-finaleto/feed/ 0
Ивановиќ: Не нè интересира позицијата на МЗТ Скопје, овој тим има свој квалитет https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ivanovikj-ne-ne-interesira-pozicijata-na-mzt-skopje-ovoj-tim-ima-svoj-kvalitet/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ivanovikj-ne-ne-interesira-pozicijata-na-mzt-skopje-ovoj-tim-ima-svoj-kvalitet/#respond Sun, 08 Jan 2023 08:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=784513

Tiмот на Душко Ивановиќ делува моќно, па без Вилдоза славеше во Сплит минатиот викенд, а без двајцата Аргентинци ја победија Валенсија. Црногорскиот стратег со респект зборуваше за МЗТ Скопје, следниот противник на „црвено-белите“. „Навистина немаме многу време за освежување по натпреварот во Валенсија. Но, без разлика на отсуството на некои играчи, другите повикани ќе треба да дадат повеќе. Го почитуваме секој тим, не нè интересира позицијата на МЗТ Скопје на табелата. Овој тим има свој квалитет и во овој натпревар влегуваме со максимален респект за да стигнеме до целта“, рече црногорскиот тренер. Натпреварот меѓу првакот на Македонија и Србија се игра денес попладне од 17:00 часот во СЦ „Јане Сандански“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ivanovikj-ne-ne-interesira-pozicijata-na-mzt-skopje-ovoj-tim-ima-svoj-kvalitet/feed/ 0