кланови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Apr 2021 16:02:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кланови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стоилковски: Македонија со Заев е земја која дава закрила на мафијата, помага тероризам и во која царува нарко бизнисот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-makedonija-so-zaev-e-zemja-koja-dava-zakrila-na-mafijata-pomaga-terorizam-i-vo-koja-caruva-narko-biznisot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-makedonija-so-zaev-e-zemja-koja-dava-zakrila-na-mafijata-pomaga-terorizam-i-vo-koja-caruva-narko-biznisot/#respond Sun, 11 Apr 2021 16:02:08 +0000 https://kurir.mk/?p=495684

Македонија со Заев се претвори истовремено и во земја која нуди закрила на мафијата и во земја која помага терористи и во земја во која царува нарко бизнисот. И сето тоа под закрила и поддршка на власта. Во светот станавме познати како криминално Елдорадо, изјави денеска во Коментар на денот, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стоилковски посочи дека власта на Заев и Спасовски поделила над 200 официјални македонски документи и патни исправи на босови на италијанската, црногорската, турската, српската, шпанската и која ли уште не мафија од регионот Европа и светот. - Сето ова не би било возможно без знаење и амин на високи функционери од власта, бидејќи институционално биле злоупотребени лични податоци, матични броеви и имиња на македонски државјани, за да може криминалци да го крстарат светот. Да биде срамот за Македонија поголем, власта на Заев и Спасовски издавала вакви исправи и на лица членови на ИСИС со што сме го загрозиле светскиот безбедносен систем. Замислете терорист доаѓа во полициска станица и вади македонски документи и потоа оди низ светот и на боишта кај што гинат илјадници лица од нивните терористички активности, вели тој. - Трето, но и најстрашно, државата ја претворија во нарко зона кај што личниот шофер на братучедот на Зоран Заев и командирот на полициска станица назначен од Спасовски, водат пратка со дрога вредна 800 илјади евра, од компанија која е во бизнис конекции со семејството Заеви. Македонија е уништена земја со уништен углед, без безбедносен систем каде се е ставено во спрега на криминалот спонзориран и заштитуван од власта. Прво оставки, а потоа и кривична одговорност на врвот на мафијата на власт, додаде Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-makedonija-so-zaev-e-zemja-koja-dava-zakrila-na-mafijata-pomaga-terorizam-i-vo-koja-caruva-narko-biznisot/feed/ 0
ВИДЕО: Пред 8 месеци, адвокат во емисија на ТВ Хепи зборувал за криминалните кланови со македонски пасош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pred-8-meseci-advokat-vo-emisija-na-tv-hepi-zboruval-za-kriminalnite-klanovi-so-makedonski-pasosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pred-8-meseci-advokat-vo-emisija-na-tv-hepi-zboruval-za-kriminalnite-klanovi-so-makedonski-pasosh/#respond Sun, 11 Apr 2021 13:19:28 +0000 https://kurir.mk/?p=495630

Адвокатот Зора Добричанин пред осум месеци на српската телевизија Хепи во емисија зборуваше за криминалните кланови со оригинални македонски пасоши. - Јован Вукотиќ е донесен во Србија од Турција, наводно поради тоа што користел македонски пасош со своја фотографија и друго име. Но, тој пасош беше целосно оригинален. Со вештачење е утврдено дека пасошот е автентичен и никогаш не го користел на територија на Република Србија, истакна адвокатката во емисијата. Ова се поврзано со аферата „Мафија“ - издавање пасоши на криминалци од различни кланови од страна на власта, која што ја објави ВМРО-ДПМНЕ. Утрово, Антонијо Милошоски објави дека власта дала македонски пасоши на терористи од ИСИС. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-pred-8-meseci-advokat-vo-emisija-na-tv-hepi-zboruval-za-kriminalnite-klanovi-so-makedonski-pasosh/feed/ 0