класична музика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Dec 2021 13:05:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png класична музика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трпчески со номинација за Меѓународните награди за класична музика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-nominacija-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-nominacija-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/#respond Mon, 13 Dec 2021 13:05:32 +0000 https://kurir.mk/?p=607829

Во три етапи, жирито ги соопшти номинираните во секоја од 16-те категории за влез во Салата на славните на Меѓународните награди за класична музика - ИЦМА (ICMA – International Classical Music Awards). Меѓу трите проекти номинирани во категоријата „разновидна програма“ е и последниот компакт диск на кој македонскиот пијанист Симон Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма со дела од Шостакович, а што во мај годинава го издаде престижната британска етикета „Лин Рекордс“. Во изјавата за Македонското радио по повод ова издание, Симон Трпчески тогаш појасни: -Станува збор за еден производ од оваа пандемија што јас го иницирав за да бидам продуктивен кога веќе немав концерти. Заедно со „Лин Рекордс“, Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава и романскиот диригент Кристијан Мачелару, кој е шеф-диригент на Националниот оркестар на Франција, како и првиот трубач на овој оркестар - Андреј Кавалински од Белорусија, на моја иницијатива успеавме да организираме снимање на двата пијано концерти на Дмитри Шостакович, како и на Второто трио за виолина, виолончело и пијано, со моите драги колеги од проектот МАКЕДОНИСИМО – Александар Краповски и Александар Сомов. Овој избор е еден опис на различните творечки периоди од животот на Шостакович, а кои сведочат за неговата креативност и оригиналност.“ – рече тогаш Трпчески. Имињата на добитниците на наградените ќе бидат соопштени на 18 јануари, а признанијата на лауреатите ќе им бидат врачени на свеченоста во Луксембуршката филхармонија на 21 април наредната година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/trpcheski-so-nominacija-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/feed/ 0
Традиционалниот виенски Новогодишен концерт ќе се одржи на 1 јануари 2021 https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tradicionalniot-vienski-novogodishen-koncert-kje-se-odrzi-na-1-januari-2021/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tradicionalniot-vienski-novogodishen-koncert-kje-se-odrzi-na-1-januari-2021/#respond Wed, 02 Dec 2020 11:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=437421

Традиционалниот Новогодишен концерт на класична музика во Виена и годинава ќе се одржи на 1 јануари, вообичаено – во 11:15 часот… Поради пандемијата на коронавирус, сѐ уште не се знае дали ќе биде со публиката или не, како што објави Медиумскиот сервис на градот Виена. Виенската филхармонија секоја година го организира овој настан во Златната сала Музикферајна. Оваа година тоа ќе мора да мине со сите можни корона-мерки. Повеќе подробности сѐ уште не се откриваат. Она што е сигурно е дека ќе има концерт и дека Рикардо Мути по шести пат ќе седи зад стојалиштето за диригирање. Програмата на Новогодишниот концерт традиционално вклучува композиции од династијата Штраус и нивни современици, изведби на валцери, полки и маршеви. Големата Златна сала, важи не само една од најубавите, туку и акустично најдобри сали во светот. Таа е изградена во антички стил и е украсена со бројни цветни аранжмани специјално наменети за Новогодишниот концерт. Столбовите, каријатидите и сводовите на салата оставаат впечаток на вистински музички храм. Концертот ќе се емитува во 90 земји низ светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/tradicionalniot-vienski-novogodishen-koncert-kje-se-odrzi-na-1-januari-2021/feed/ 0