кластер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 14 Jun 2022 19:41:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png кластер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Србија нема да отвори нов кластер зашто одби да воведе санкции против Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-nema-da-otvori-nov-klaster-zashto-odbi-da-vovede-sankcii-protiv-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-nema-da-otvori-nov-klaster-zashto-odbi-da-vovede-sankcii-protiv-rusija/#respond Tue, 14 Jun 2022 19:41:17 +0000 https://kurir.mk/?p=690943

Министерката за европска интеграција на Србија Јадранка Јоксимовиќ изјави дека кластерот 3 нема да биде отворен во јуни во Брисел, затоа што Србија нема воведено санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград. Кластерот 3, кој Србија го очекува во евроинтеграциите, го вклучува, меѓу другото, информатичкото општество и медиумите, даночниот систем, економски и монетарни политики. Јоксимовиќ за јавниот сервис РТС изјави дека овој кластер нема да биде отворен, иако е подготвен, а како причина за неотварањето на нов кластер, ја посочи „неусогласеноста со режимот на рестриктивни мерки кон Руската Федерација“. Србија, иако гласаше за неколку резолуции на ООН во кои се осудува инвазијата на Русија, одбива да воведе санкции за Москва и покрај барањата на западните власти. -Не чекаат многу предизвици – енергетската, прехранбената и секоја друга криза што треба да ја решиме и важно е Србија да биде цврсто на европскиот пат, рече Јокимомовиќ за РТС. Таа оцени дека војната во Украина е „најголем“ предизвик на Европа од падот на Берлинскиот ѕид, затоа што тоа е конфликт во кој едната страна е нуклеарна сила. На прашањето кој е просторот за маневар кога станува збор за санкциите, Јоксимовиќ кажа дека тука не се работи за маневарски простор, како и дека Србија покажала целосна посветеност. Таа додаде дека Србија ги споделува истите вредности на почитување на меѓународниот мир и поредок и неповредливоста на територијалниот интегритет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-nema-da-otvori-nov-klaster-zashto-odbi-da-vovede-sankcii-protiv-rusija/feed/ 0
Наставничката предавала без заштитна маска и предизвикала кластер со Ковид-19, 10 одделенија и 154 лица во карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nastavnichkata-predavala-bez-zashtitna-maska-i-predizvikala-klaster-so-kovid-19-10-oddelenija-i-154-lica-vo-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nastavnichkata-predavala-bez-zashtitna-maska-i-predizvikala-klaster-so-kovid-19-10-oddelenija-i-154-lica-vo-karantin/#respond Wed, 26 May 2021 07:54:19 +0000 https://kurir.mk/?p=515120

Во основно училиште во близина на Виена наставничка предизвикала кластер на инфекција со коронавирусот -17 потврдени случаи на инфекција, што е најголемиот активен кластер во Австрија. Локалните медиуми јавија дека наставничката предавала без заштитна маска. Според Здравствената канцеларија на Долна Австрија, 10 одделенија и 154 лица во моментов се во карантин поради тој кластер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nastavnichkata-predavala-bez-zashtitna-maska-i-predizvikala-klaster-so-kovid-19-10-oddelenija-i-154-lica-vo-karantin/feed/ 0
МТСП се претвара во кластер од Covid-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mtsp-se-pretvara-vo-klaster-od-covid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mtsp-se-pretvara-vo-klaster-od-covid-19/#respond Wed, 10 Mar 2021 09:43:49 +0000 https://kurir.mk/?p=480015

Според информациите кој стигнаа до нашата редакција, изминативе 2 месеци во Министерството за труд и социјална политика повеќе вработени се заболени од Ковид 19. Дополнително загрижува фактот што повеќе вработени се сместени во една канцеларија односно во една канцеларија има и по 10 вработени , во помалите канцелари сe по 3-4 вработени. Кој ќе превземе одговорност доколку се случи некоја поголема трагедија ? Менаџментот на министерството наместо да се грижи за правата и здравјето на работниците во време на пандемија, тоа ги крши мерките и препораките од Владата кои се на сила и во кој се нотирани начинот на функционирање на институциите во време на пандемија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mtsp-se-pretvara-vo-klaster-od-covid-19/feed/ 0
Разиграни жени по масите му пркосеа на вирусот: Кафеаните за 8-ми март преполни, музиката ечеше најгласно што може (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/razigrani-zeni-po-masite-mu-prkosea-na-virusot-kafeanite-za-8-mi-mart-prepolni-muzikata-echeshe-najglasno-shto-moze-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/razigrani-zeni-po-masite-mu-prkosea-na-virusot-kafeanite-za-8-mi-mart-prepolni-muzikata-echeshe-najglasno-shto-moze-video/#respond Tue, 09 Mar 2021 15:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=479653

Со турбо фолк музика, весели како да нема ниту ковид, ниту пандемија, гости главно жени се забавуваат во кафеана. Видеото се појави на социјалните мрежни и според она што беше напишано во коментарите од граѓани, прославата пишува дека била вчера за 8 март во кафеана во Дебар Маало во Скопје. Видеото редакцијата на МКД.мк го испрати до Државниот пазарен инспекторат од каде ни одговорија дека 8 инспектори, вчера од 17 до 22,30 биле на терен во овој реон, но ваква прослава не била затекната. Од видеото на социјалните мрежи очигледно е дека се работи за прослава во време на пандемија бидејќи дел од персоналот носи маски, но точната локација, време и ден не се знае. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/razigrani-zeni-po-masite-mu-prkosea-na-virusot-kafeanite-za-8-mi-mart-prepolni-muzikata-echeshe-najglasno-shto-moze-video/feed/ 0
Кластер меѓу полицајци од бразилската мутација на коронавирус во Белгија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klaster-megju-policajci-od-brazilskata-mutacija-na-koronavirus-vo-belgija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klaster-megju-policajci-od-brazilskata-mutacija-na-koronavirus-vo-belgija/#respond Wed, 17 Feb 2021 14:09:17 +0000 https://kurir.mk/?p=470043

Триесетина полицајци во Белгија се дијагностицирани позитивни на Ковид-19, од кои кај еден е потврдена бразилската мутација, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја пренесуваат белгиските медиуми денеска. Полицаецот кај кого е потврдено дека е инфициран со бразилскиот вид на Ковид-19 се наоѓа во карантин, а се прават испитувања врз триесетте други позитивни полицајци. Оваа мутација на вирусот се смета за позаразна од претходните. Потврдени се уште три лица позитивни на овој јужноамерикански вид на вирусот во земјата. Симптомите не се исти кај сите, еден од нив е тешко болен и е хоспитализиран. Пациентот „нулта“ не е пронајден и ниту еден од заразените со бразилската мутација не патувал во таа земја, информираат медиумите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klaster-megju-policajci-od-brazilskata-mutacija-na-koronavirus-vo-belgija/feed/ 0
Мал кластер на Ковид-19 во Сиднеј, властите во потрага по изворот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mal-klaster-na-kovid-19-vo-sidnej-vlastite-vo-potraga-po-izvorot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mal-klaster-na-kovid-19-vo-sidnej-vlastite-vo-potraga-po-izvorot/#respond Thu, 17 Dec 2020 08:38:39 +0000 https://kurir.mk/?p=444458

Австралиските власти се обидуваат да го откријат изворот на новите случаи на Ковид-19, откако беше откриен мал кластер на болеста во Сиднеј. Официјалните лица апелираат до сите граѓани кои покажуваат симптоми слични на грип да одат и да бидат тестирани за новиот коронавирус. Два нови случаи на Ковид-19 беа потврдени во предградија на северен Сиднеј, еден ден откако властите потврдија дека се заразени уште три лица. Пред тоа немаше нови случаи на Ковид-19 во градот. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Берециклијан изјави дека властите навистина сакаат да ја решат оваа ситуација и дека не сакаат таа да биде загрижувачка неколку дена пред Божик. Таа исто така ги повика граѓаните да останат внимателни како и досега. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mal-klaster-na-kovid-19-vo-sidnej-vlastite-vo-potraga-po-izvorot/feed/ 0
За Владата онлајн седници, за граѓаните корона кластери во ЈСП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vladata-onlajn-sednici-za-gragjanite-korona-klasteri-vo-jsp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vladata-onlajn-sednici-za-gragjanite-korona-klasteri-vo-jsp/#respond Wed, 14 Oct 2020 08:23:31 +0000 https://kurir.mk/?p=416154

Владата во текот на вчерашниот ден одржа онлајн седница, иако нема ниту еден заразен или со симптоми на коронавирусот. Премиерот Зоран Заев изјави дека владата се одлучила на таков чекор по препорака на министерот Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, поради епидемиолошката ситуација во Македонија. - Ние немаме се уште лице со симптоми или заразено, но по препорака на министерот Венко Филипче и Комисијата за здравствена заштита ни беше укажано дека согласно бројките треба да се подготвиме за онлајн владини седници, изјави пред два дена премиерот Заев за медиумите. Иако Уставот не дозволува, владејачката СДСМ и премиерот Заев онлајн седници бараат да одржува и Парламентот. Владејачките партии во Законодавниот дом го загубија мнозинството, откако тројца пратеници се позитивни на коронавирусот, од кои двајца се од власта, со што тие сега може да сметаат само на 60 пратеници со физичко присуство. Според министерот за здравство Филипче, Владата и Собранието треба работат онлајн. Тој на 11 октомври за медиумите посочи дека таква владата и пратениците треба на тој начин да работат се додека не стивне пандемијата. - Наша препорака од почетокот на кризата е секој што може да работи од дома, онлајн, тоа и да го направи. Тоа важи и за Собранието. Впрочем и пратениците треба да се свесни дека на тој начин го штитат нивното здравје. Нема потреба од групирање, нема потреба од преземање на таков ризик, изјави министерот Филипче. Сепак согласно епидемиолошката состојба, таквите препораки за заштита на здравјето, без групирање и преземање на ризик очигледно власта не ги дава и за граѓаните кои мора да користат јавен превоз. Со месеци автобусите на ЈСП се претворени во корона кластери. До власта и Градот Скопје никако да стигнат апелите на граѓаните за пуштање на повеќе автобуски линии, како би се намалиле гужвите во градскиот превоз, со што ќе се заштити нивното здравје. Моменталната слика во автобусите на ЈСП е повеќе од загрижувачка. Преполни автобуси, со луѓе кои буквално си дишат еден на друг во лице без можност за дистанца од два центиметри, а камо ли препорачаните два метри. Автобусите се уште возат по редуциран возен ред, а се повеќе граѓани поради враќањето на редовните обврски и постуденото време, имаат потреба од користење на јавен превоз. Но, сето тоа е залудно. За градоначалникот Шилегов, нема гужви, а како што претходно изјави треба и да се штеди. И додека од една страна власта штеди по цена на здравјето на граѓаните кои си ги ризикуваат животите, бидејќи градскиот превоз им е единствено решение, од друга страна за министрите препораката е да седат дома и да не ризикуваат. За владините функционери е опасно, да одат на работа, но според власта гужвите во градскиот превоз не се опасни за граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-vladata-onlajn-sednici-za-gragjanite-korona-klasteri-vo-jsp/feed/ 0
Клиниката за нефрологија нов кластер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-nefrologija-nov-klaster/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-nefrologija-nov-klaster/#respond Wed, 07 Oct 2020 09:48:53 +0000 https://kurir.mk/?p=413364

Неколку здравствени работници од Клиника за нефрологија се позитивни на коронавирус. Од нив има двајца доктори кои се заразени, еден во изолација, две сестри позитивни на КОВИД-19 и еден техничар. Според информациите од самата Клиника не се знае како се заразиле, но очигледно Клиника за нефрологија е нов кластер на КОВИД-19. Здравствениот систем во Македонија брои заразени и во своите редови, со што се намалува капацитетот на медицинскиот персонал. Според податоците на македонскиот Институт за јавно здравје, околу 1.000 здравствени работници се заболени од КОВИД-19 од почетокот на епидемијата од кои седум починале. А, над 800 здравствени работници се водат за оздравени. Здравствените работници секојдневно апелираат за помош и опрема, бараат соодветна заштита од министерството за здравство. А, заразени се затоа што не се соодветно опремени. Сето тоа е поради недостаток на опрема спрема препораките за различните нивоа на ризик. Исто така недостасуваат информации и обука за соодветно користење на опремата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-nefrologija-nov-klaster/feed/ 0
На повидок кластер ЈСП – Филипче ги остави сами граѓаните да се справуваат со КOВИД – 19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-povidok-klaster-jsp-filipche-gi-ostavi-sami-gragjanite-da-se-spravuvaat-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-povidok-klaster-jsp-filipche-gi-ostavi-sami-gragjanite-da-se-spravuvaat-so-kovid-19/#respond Tue, 08 Sep 2020 09:19:15 +0000 https://kurir.mk/?p=400513

Во ек на пандемија денес иако е неработен ден и државен празник врие по градските автобуси низ Скопје. Според сликите кои што граѓаните ги споделуваа низ социјалните мрежи може да се увиди дека си дишеа во врат. Според најновиот протокол дозволено е по градските превози да е исполнет екипажот до 70-80%. Но, по сликите може да се забележи дека има повеќе и од 100%. Оваа слика само потсеќа како се возеа Скопјани пред пандемијата Ковид-19. Граѓаните прашуваат дали се оставени веќе сами на себе да се грижат, бидејќи ова сето е спротивно од протоколите кои министерството за здравство и Комисија за заразни болести ги носи. „Кај е министерот за здравство да види што се случува по автобусите низ Скопје? Дали ќе има одговорност за ова? Поради несовесните луѓе, но и поради неспособноста на министерот ние сме изложени на ризик“, нагласи еден од патниците кој што се возеше во автобусот на ЈСП. Според сликите може да се согледа дека граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со пандемијата. Ова не е прв случај што излегува по социјалните медиуми. Но изгледа гласот на граѓаните не допира до ушите на надлежните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-povidok-klaster-jsp-filipche-gi-ostavi-sami-gragjanite-da-se-spravuvaat-so-kovid-19/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се кластерот кој преку поткупот го причини новиот бран што трае од крајот на мај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-sdsm-se-klasterot-koj-preku-potkupot-go-prichini-noviot-bran-shto-trae-od-krajot-na-maj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-sdsm-se-klasterot-koj-preku-potkupot-go-prichini-noviot-bran-shto-trae-od-krajot-na-maj/#respond Wed, 22 Jul 2020 07:48:13 +0000 https://kurir.mk/?p=379481

Бројот на заразени граѓани од Ковид-19 ќе достигне 10.000, а на Зоран Заев поважно му е да развозува мотоцикли. Неговата партија е кластерот која го причини новиот бран што трае од крајот на мај, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата истакнуваат дека пандемијата само што беше стивната, а Зоран Заев и неговата партија преку систематскиот поткуп на терен во полициски час забрзано ја ширеше заразата. -Македонија е рекордер во регионот и црна точка во Европа. Со СДСМ на власт ситуацијата би станувала уште полоша. Тие не се справија со првиот бран и им се случи втор бран во сред лето. Евентуален трет бран со СДСМ на власт би имал катастрофални последици за животот и здравјето на граѓаните, но и за економијата. СДСМ не носеше стручни политики, туку политичко профитерски. Граѓаните и стопанството половина година страдаат заради СДСМ, тоа не смее да продолжи, нагласуваат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-sdsm-se-klasterot-koj-preku-potkupot-go-prichini-noviot-bran-shto-trae-od-krajot-na-maj/feed/ 0