Клаус Јоханис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Sep 2023 17:45:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Клаус Јоханис – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јоханис: Црноморскиот регион мора да биде заштитен од ефектите на руската војна против Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/johanis-tsrnomorskiot-region-mora-da-bide-zashtiten-od-efektite-na-ruskata-vojna-protiv-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/johanis-tsrnomorskiot-region-mora-da-bide-zashtiten-od-efektite-na-ruskata-vojna-protiv-ukraina/#respond Wed, 20 Sep 2023 17:45:12 +0000 https://kurir.mk/?p=879975

Проширениот црноморски регион мора да биде заштитен од ефектите на руската војна против Украина, изјави романскиот претседател Клаус Јоханис во својот говор на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Тој потсети дека „од првиот ден на војната, Романија дејствува во целосна солидарност со храбриот украински народ“. - Ќе продолжиме да нудиме безбедно засолниште и да ги штитиме бегалците кои доаѓаат од соседната земја, како што направивме за повеќе од шест милиони Украинци кои веќе ги поминаа нашите граници. Целосно ја поддржуваме мировната формула предложена од украинската страна како најсоодветна рамка, која ќе доведе до праведен, траен и одржлив мир. Ние, исто така, го поддржуваме почитувањето на меѓународното право и меѓународната одговорност, и сите одговорни за злосторствата да бидат изведени пред лицето на правдата, рече Јоханис. Романскиот претседател потсети на важноста на регионот во кој се наоѓа неговата земја, како и на фактот дека Романија секогаш ја нагласувала потребата т.н. долготрајни или замрзнати конфликти во регионот да се задржат на дневен ред со приоритетен интерес и дека земјата обезбеди „суштинска поддршка“ за Република Молдавија, „најпогодената земја од војната по Украина“. - Романија е непосреден сосед на тековната руска агресивна војна против Украина и ние дејствувавме со сета наша енергија за да придонесеме значително за регионалната и меѓународната безбедност и стабилност. Оваа војна покажа дека на Црното Море му треба повеќе внимание на глобално ниво, затоа што е од стратешко значење за трансатлантската безбедност, нагласи Јоханис. Романија нема да ги напушти своите најранливи партнери, изјави и Јоханис, мислејќи на транзитот на украинско жито низ територијата на Романија. - Со одлуката да се прекине иницијативата за извоз на жито преку Црното Море и со нападите на украинските пристаништа, Русија уште повеќе ја продлабочува глобалната криза со храна. Уште еднаш ја повикуваме Руската Федерација да ја прекине блокадата на иницијативата. Како директен сосед на Украина и одговорен и солидарен меѓународен актер, Романија одигра активна улога во глобалните напори за безбедност на храната. Од почетокот на војната, го олеснивме снабдувањето на преку 25,5 милиони тони жито што доаѓа од Украина, рече Јоханис. Во тој контекст, романскиот претседател истакна дека Романија нема да ги напушти најранливите партнери „на кои им е потребна поддршка, особено помалку развиените земји, вклучително и во Африка“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/johanis-tsrnomorskiot-region-mora-da-bide-zashtiten-od-efektite-na-ruskata-vojna-protiv-ukraina/feed/ 0
Јоханис: Русија изврши нови напади многу блиску до границата со Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/johanis-rusija-izvrshi-novi-napadi-mnogu-blisku-do-granitsata-so-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/johanis-rusija-izvrshi-novi-napadi-mnogu-blisku-do-granitsata-so-romanija/#respond Tue, 05 Sep 2023 21:01:19 +0000 https://kurir.mk/?p=874961

Нови напади на Русија насочени кон Украина се извршени денеска „многу блиску“ до границата со Романија, објави претседателот на оваа земја членка на НАТО, Клаус Јоханис, еден ден по падот на руските експлозивни дронови во близина на реката Дунав, пренесоа француските медиуми. -Имаше повеќе напади денеска, ми кажа министерот за одбрана. Тие се снимени на 800 метри од нашата граница. Многу, многу блиску, рече романскиот претседател Клаус Јоханис на заедничката прес-конференција со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/johanis-rusija-izvrshi-novi-napadi-mnogu-blisku-do-granitsata-so-romanija/feed/ 0
Средба на претседателот Пендаровски со романскиот претседател Клаус Јоханис https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pretsedatelot-pendarovski-so-romanskiot-pretsedatel-klaus-johanis/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pretsedatelot-pendarovski-so-romanskiot-pretsedatel-klaus-johanis/#respond Fri, 11 Nov 2022 10:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=759083

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на маргините на 5. издание на Парискиот мировен форум, оствари средба со претседателот на Романија, Клаус Јоханис. На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Романија, што се карактеризираат со конструктивен и отворен политички дијалог, базирани на пријателство и меѓусебна почит. Двајцата претседатели разговараа за европската перспектива и за актуелностите во процесот на македонската евроинтеграција. Претседателот Пендаровски упати благодарност за романската поддршка и истакна дека Северна Македонија останува посветена на европскиот пат и остварувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија. Двајцата претседатели разговараа и за случувањата во регионот во однос на руската инвазија врз Украина, како и влијанијата врз поширокото соседство, при што истакнаа дека двете држави, како членки на НАТО, демонстрираат единство и меѓусебна соработка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-pretsedatelot-pendarovski-so-romanskiot-pretsedatel-klaus-johanis/feed/ 0
Јункер му ја честита победата на романскиот претседател https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-mu-ja-chestita-pobedata-na-romanskiot-pretsedatel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-mu-ja-chestita-pobedata-na-romanskiot-pretsedatel/#respond Mon, 25 Nov 2019 12:24:03 +0000 https://kurir.mk/?p=268804

Претседателот во заминување на Европската комисија, Жан Клод Јункер, официјално му ја честита победата на Клаус Јоанис, реизбран за претседател на Романија на вчерашните избори. Јоанис однесе убедлива победа пред социјалдемократката, Виорица Данчила, со над 63 отсто од гласовите. -За време на нашата заедничка работа во последните пет години ја ценев вашата постојана заложба кон европските вредности и просперитетна Романија во обединета Европска Унија, посебно ме радува што Романија ќе продолжи да го ужива вашето сигурно и одговорно лидерство, му напиша Јункер на Јоанис, за кого е ова втор мандат на чело на Романија. Јоанис (60) е припадник на германското малцинство во Романија и важи за проевропски лидер и реформист кој го заштити владеењето на правото за време на мандатот на претходната социјалдемократска власт, обвинета за назадување во делот на борбата против корупцијата. Европската Комисија во својот последен извештај констатираше сериозни недостатоци во независноста на судството и владеењето на правото во Романија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/junker-mu-ja-chestita-pobedata-na-romanskiot-pretsedatel/feed/ 0
Јоханис победи на претседателските избори во Романија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/johanis-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-romanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/johanis-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-romanija/#respond Mon, 25 Nov 2019 07:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=268584

Клаус Јоханис е реизбран за претседател на Романија, откако оствари убедлива победа во вториот круг против лидерката на Социјалдемократската партија Вјорика Данчила. Според 88 проценти од преброените гласови, Јоханис освои 63,2 проценти од гласовите, а досегашната премиерка Данчила 36,8 проценти. – Романија победи ! Денеска победи европска, нормална Романија ! Романците се херои на денот. Тие излегоа да гласаат во импресивен број …, изјави Јоханис од седиштето на Националната либерална партија, по објавувањето на излезните анкети кои ја прогнозираа неговата победа. Јоханис (60), кој пред да влезе во политиката беше професор по физика во средно училиште, рече дека победата ја прифаќа со „радост, благодарност, скромност и верба во Романија“. Излезноста во вториот круг изнесуваше 49,87 проценти, што претставува намалување од 53,17 проценти колку што гласаа во 2014 година. – Сега, по оваа победа, има многу работи што треба да се направат, многу работи треба да се поправат. Ова е значаен пораз за Социјалдемократската партија, но мора да бидеме реални. Освоивме важна битка, но војната допрва треба да се победи. Мора да гласаме и на локални и парламентарни избори, рече Јоханис. Јоханис рече дека само откако Социјалдемократската партија ќе биде испратена во опозиција, ќе биде можно да се направи она што го бараа Романците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/johanis-pobedi-na-pretsedatelskite-izbori-vo-romanija/feed/ 0
Романскиот претседател одби да назначи двајца од осуммината предложени министри https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-pretsedatel-odbi-da-naznachi-dvajca-od-osumminata-predlozeni-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-pretsedatel-odbi-da-naznachi-dvajca-od-osumminata-predlozeni-ministri/#respond Tue, 20 Nov 2018 14:15:05 +0000 https://kurir.mk/?p=130020

Романскиот претседател Клаус Јоханис одби да ја назначи Олгуца Василеску за министер за сообраќај и Илан Лауфер за министер за регионален развој. На денешната прес-конференција Јоханис истакна дека на земјата и се неопходни министри кои добро ќе ја вршат својата работа и побара Владата да даде нови предлози за челни луѓе на тие две Министерства. Раководството на владејачката Социјалдемократска партија вчера донесе одлука за смени во Кабинетот, согласно кои Василеску од министер за труд беше предложена за министер за сообраќај, а Лауфер требаше да ја преземе функцијата од Паул Станеску. Романскиот претседател оцени дека владините предлози се слабо решение. – И натаму сметам дека правилна одлука би било смена на Владата, која и создаде многу проблеми на Романија, оцени Јоханис. Тој потсети дека Романија се наоѓа пред „еден тежок предизвик“, односно преземањето на ротациското претседателство на Советот на ЕУ од 1 јануари 2019 година. Инаку, тој ги потпиша указите за назначување на Габриел Леш за министер за одбрана, Мариус Будај за министер за труд, Никулае Бидилиу за министер за економија, Даниел Брјаз за министер за култура, Александру Петреску за кимистер за комуникации и Богдан Матеј за министер за млади и спорт. Новите министри попладне ќе положат свечена заклетва. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-pretsedatel-odbi-da-naznachi-dvajca-od-osumminata-predlozeni-ministri/feed/ 0
Романскиот претседател повторно побара оставка од претседателката на Владата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-pretsedatel-povtorno-pobara-ostavka-od-pretsedatelkata-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-pretsedatel-povtorno-pobara-ostavka-od-pretsedatelkata-na-vladata/#respond Tue, 08 May 2018 06:25:38 +0000 https://kurir.mk/?p=51271

Претседателот на Романија Клаус Јоханис во директно обраќање на националната телевизија повторно ја повика претседателката на Влада Виорика Данчила, која е од редовите на социјалдемократите, да поднесе оставка. - Оставката на госпоѓа Данчила е апсолутно неопходна за да се ослободи место за одговорни и компетентни луѓе, изјави синоќа Јоханес. Во оценката на трошењето на државниот буџет во текот на првото тромесечје на годината, Јоханис го опиша развојот на финансиската состојба во земјата како „крајно незадоволителен". На 27 април Јоханис побара оставка од Данчила во врска со меморандумот кој Владата тајно го усвоила за преместување на Амбасадата на Романија во Израел од Тел Авив во Ерусалим. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-pretsedatel-povtorno-pobara-ostavka-od-pretsedatelkata-na-vladata/feed/ 0
Романскиот претседател одби да ја смени главната обвинителка за корупција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-pretsedatel-odbi-da-ja-smeni-glavnata-obvinitelka-za-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-pretsedatel-odbi-da-ja-smeni-glavnata-obvinitelka-za-korupcija/#respond Tue, 17 Apr 2018 06:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=41574

Претседателот на Романија Клаус Јоханис изјави дека нема да ја смени шефицата на антикорупциското тело Лаура Кодрута Ковеси, како што побара Владата по најновиот развој на случувањата во спорот за корупција што предизвика улични протести. Јоханис истакна дека нема да ја смени Кодрута Ковеси од позицијата главна обвинителка на Државното антикорупциско тело, затоа што министерот за правда Тудорел Тоадер не го убедил дека таа треба да биде сменета. Тоадер во февруари рече дека Ковеси треба да биде сменета, потег за кој многумина сметаа дека е политички мотивиран затоа што агенцијата за борба против корупција истражуваше високи членови на владејачката Социјалдемократска партија. Тој побара смена на Ковеси затоа што наводно постои сериозна загриженост поради начинот на кој таа работела и оцени дека покажала  „претерано авторитарен став“. Високиот совет на судии смета дека таа не треба да биде сменета. Илјадници граѓани протестираа во градови во цела Романија со барање оставка од министерот за правда Тудорел Тоадер поради неговото барање да се смени главната обвинителка за корупција. Онлајн петицијата во која се претседателот Јоханис се повикува да не ја смени ја потпишале 108.000 граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/romanskiot-pretsedatel-odbi-da-ja-smeni-glavnata-obvinitelka-za-korupcija/feed/ 0