клаузула – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Apr 2022 10:47:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клаузула – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ ја отстрани клаузулата што дозволуваше продажба на оружје на Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-otstrani-klauzulata-shto-dozvoluvashe-prodazba-na-oruzje-na-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-otstrani-klauzulata-shto-dozvoluvashe-prodazba-na-oruzje-na-rusija/#respond Thu, 14 Apr 2022 10:47:51 +0000 https://kurir.mk/?p=662922

Европската унија, како дел од петтиот пакет санкции против Русија, го блокираше извозот на оружје и ја затвори „дупката во законот“ што дозволуваше продажба на оружје и покрај ембаргото воведено по анексијата на Крим во 2014 година. Во 2014 година, по руската анексија на Крим, ЕУ воведе ембарго за продажба на оружје на Русија. Меѓутоа, таа одлука содржела клаузула според која забраната за извоз на оружје не се однесува на договорите потпишани пред август 2014 година. Ова им овозможи на некои земји-членки на ЕУ минатата година да извезат оружје и муниција во Русија во вредност од 39 милиони евра, што е зголемување за повеќе од 50 отсто во однос на 2020 година. Меѓу најголемите извозници беа земјите со силна одбранбена индустрија како Франција и Германија. По руската инвазија на Украина на 24 февруари, некои земји-членки силно го критикуваа исклучокот во одлуката од 2014 година. Одлуката за бришење на исклучокот е донесена во петтиот пакет санкции, кој стапи на сила минатата недела. Како што пренесуваат странските агенции, таа не била соопштена преку вообичаените комуникациски канали на ЕУ, туку била објавена само во официјалниот весник на ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-otstrani-klauzulata-shto-dozvoluvashe-prodazba-na-oruzje-na-rusija/feed/ 0
Верстапен има „кукавичка“ клаузула за заминување од Ред Бул https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/verstapen-ima-kukavichka-klauzula-za-zaminuvanje-od-red-bul/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/verstapen-ima-kukavichka-klauzula-za-zaminuvanje-od-red-bul/#respond Thu, 07 Apr 2022 05:53:51 +0000 https://kurir.mk/?p=659474

Актуелниот светски првак во Формула 1, Макс Ферстапен, кој лани во последниот круг од сезоната успеа да дојде до шампионската титула во „октанскиот циркус“, неодамна потпиша нов договор со Ред Бул вреден 50 милиони евра, ама во него има и „кукавичка“ клаузула. Летечкиот Холанѓнец во новиот договор ставил клаузула која за многумина е кукавичка од причина што ако Ред Бул нема конкурентен болид, доволно добар за да се бори за шампионската титула, Ферстапен ќе може да си замине во секое време. Клаузулата ја потврдил и тимскиот шеф на Ред Бул, Хелмут Марко. „Ако имаме пад како во 2014 година кога немавме никакви шанси со Мерцедес, тогаш е јасно дека има клаузула за 'бегање'“, рекол Марко. Ферстапен имаше голем пех на стартот на сезоната каде победи Шарл Леклер од Ферари, кога му откажа болидот на неколку круга пред крајот, но потоа победи на второто гранпри во сезоната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/verstapen-ima-kukavichka-klauzula-za-zaminuvanje-od-red-bul/feed/ 0