клеопатра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 08:11:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клеопатра – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Документарeцoт за Клеопатра на Нетфликс со рекордно ниски оценки https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dokumentaretsot-za-kleopatra-na-netfliks-so-rekordno-niski-otsenki/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dokumentaretsot-za-kleopatra-na-netfliks-so-rekordno-niski-otsenki/#respond Tue, 16 May 2023 08:11:57 +0000 https://kurir.mk/?p=834659

Документарната мини-серија „Кралицата Клеопатра“ (Queen Cleopatra) на Нетфликс добива рекордно ниски оценки, покрај лошите критики кои ја следат уште по најавата на серијата. Остварувањето се појави на Нетфликс на 10 мај. На интернет-страницата за оценување телевизиски и киноостварувања, „Ротен томатос“, 10 отсто од критиката и само два насто од гледачите го препорачуваат документарецот. На Семрежната база на филмски податоци - ИМДБ, од вкупно над 47.000 оценувачи, серијата има оценка 1,1 / 10. Серијата и пред премиерата навлече критики, најмногу поради изборот на глумица за насловната улога - Адел Џејмс, која е со делумно африканско црнечко потекло. Египетскиот адвокат Махмуд ал Семари поднесе тужба против Нетфликс за кршење на законите за медиуми и обидите „да го избрише египетскиот идентитет“, а и еден од најпознатите археолози во земјата, Захи Хавас стои на ставот дека Клеопатра имала „бела кожа, а не црна“. Родена во Александрија во 69 година п.н.е., Клеопатра Седма била последната владетелка од династијата на Птоломеј Први, генералот на Александар Македонски. Таа на престолот го наследила нејзиниот татко Птоломеј Дванаесетти и владеела од 51. година п.н.е. и владееше до нејзината смрт во 30. година пр.н.е. После тоа, Египет потпаднал под римска доминација. Припадниците на Птоломејската династија, говореле повеќе јазици, според Плутарх, меѓу коишто и древномакедонски, старогрчки, но и сириски, медски, етиопски јазик, а самата таа знаела најмалку девет јазици и била меѓу ретките владетели од Птолемаидите кои научиле и древноегипетски јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/dokumentaretsot-za-kleopatra-na-netfliks-so-rekordno-niski-otsenki/feed/ 0
Египќаните против Нетфликс: Клеопатра имала бела, а не црна кожа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipkanite-protiv-netfliks-kleopatra-imala-bela-a-ne-tsrna-kozha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipkanite-protiv-netfliks-kleopatra-imala-bela-a-ne-tsrna-kozha/#respond Thu, 20 Apr 2023 06:56:30 +0000 https://kurir.mk/?p=825721

Египетскиот адвокат Махмуд ал Семари поднесе тужба против Нетфликс за кршење на законите за медиуми и обидите „да го избрише египетскиот идентитет“, а и најпознатите археолози во земјата, Захи Хавас стои на ставот дека Клеопатра имала „бела кожа, а не црна“. Родена во Александрија во 69 година п.н.е., Клеопатра Седма била последната владетелка од династијата на Птоломеј Први, генералот на Александар Македонски. Таа на престолот го наследила нејзиниот татко Птоломеј Дванаесетти и владеела од 51. година п.н.е. и владееше до нејзината смрт во 30. година пр.н.е. После тоа, Египет потпаднал под римска доминација. Припадниците на Птоломејската династија, говореле најмалку девет јазици, меѓу коишто и древномакедонски, старогрчки, но и сириски, медски, етиопски јазик, според Плутарх, а самата таа била меѓу ретките владетели кои научиле и древноегипетски. Етничкото потекло на мајката на Клеопатра е непознат, а некои историчари велат дека е можно таа да била домородна Египќанка, или од друг дел на Африка. Клеопатра во серијата на Нетфликс овојпат ја глуми Адел Џејмс, која е од делумно африканско црнечко потекло. Продуцентите велат дека тоа е „одраз на вековната дебата за расата на Клеопатра“. Џејда Пинкет-Смит, американска глумица која е наратор и продуцент на оваа драма, рече: - Не гледаме, ниту слушаме често приказни за црните кралици, и мене и на мојата ќерка, и на нашата заедница ни е многу важно овие приказни да бидат познати. Сите овие изјави се осудени во Египет. Захи Хавас, истакнат египтолог и поранешен министер за антиквитети, тврди дека тоа е измислица. - Нетфликс се обидува да предизвика конфузија со ширење лаги дека потеклото на египетската цивилизација е црнечко, изјави тој. Махмуд ал Семари побара од државниот обвинител да преземе „неопходни правни мерки“ и да го блокира пристапот до услугите на Нетфликс во Египет. Нетфликс е обвинет за промовирање афроцентризам и бришење на египетскиот идентитет. Адел Џејмс на Твитер кусо им одговори: „Ако не ви се допаѓа поделбата на улогите, не гледајте“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/egipkanite-protiv-netfliks-kleopatra-imala-bela-a-ne-tsrna-kozha/feed/ 0
Откриен тунел што можеби води до гробот на Клеопатра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrien-tunel-shto-mozebi-vodi-do-grobot-na-kleopatra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrien-tunel-shto-mozebi-vodi-do-grobot-na-kleopatra/#respond Mon, 14 Nov 2022 10:49:41 +0000 https://kurir.mk/?p=760197

Археолози пронајдоа огромен тунел под храм кој што датира од Древен Египет и веруваат дека тоа можеби водело и води до гробницата на Клеопатра Седма. Египетското Министерство за туризам и антиквитети објави дека тунелот е долг 1.300 метри и се наоѓа на длабочина од 13 метри под градот Тапосирис Магна, недалеку од Александрија, основан во 4. век п.н.е. Се смета дека подоцна тука, владетелката и нејзиниот љубовник, римскиот војсководец и принкепс Марк Антониј, биле погребани по нивната смрт. Исто така, се наведува дека тунелот бил откриен 20 метри под храмот на Озирис, египетскиот бог на подземјето. Тунелот го пронашол водечкиот археолог на доминиканско-египетската експедиција, Катчеен Мартинез, која повеќе од 15 години ја бара гробницата на Клеопатра во Тапосирис Магна. Таа и нејзините колеги веќе пронајдоа тајни премини и разни богатства во храмот, вклучително и збирка монети со името и ликот на Клеопатра. Новооткриениот тунел што археолозите го оценија како „геометриско чудо“, е многу сличен на тунелот Евпалинос на островот Самос во Егејското Море. Научниците сѐ уште расправаат дали Клеопатра навистина била сместена тука, па не е сигурно ни дали овој тунел навистина ќе помогне во наоѓањето на гробницата на последната кралица на Древен Египет. Во меѓувреме, бројни земјотреси ја потресоа областа и тоа ги отежнува ископувањата. Делови од неодамна откриениот тунел сѐ уште се под вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrien-tunel-shto-mozebi-vodi-do-grobot-na-kleopatra/feed/ 0
Ќе ви се заледи крвта од овие нејзини зборови – еве што му предвидела познатата јасновитка на Синиша Михајловиќ, особено за тешката болест https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-vi-se-zaledi-krvta-od-ovie-nejzini-zborovi-eve-shto-mu-predvidela-poznatata-jasnovitka-na-sinisha-mihajlovikj-osobeno-za-teshkata-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-vi-se-zaledi-krvta-od-ovie-nejzini-zborovi-eve-shto-mu-predvidela-poznatata-jasnovitka-na-sinisha-mihajlovikj-osobeno-za-teshkata-bolest/#respond Tue, 29 Mar 2022 08:23:07 +0000 https://kurir.mk/?p=654939

Познанството на Клеопатра и Михајловиќ почнало на денот кога Владан Лукиќ се појавил пред јасновитката со фотографија од тимот на Црвена звезда, а се е опишано и објавено во книгата. За една недела ќе доживее несреќа, по што ќе има сериозни проблеми дома – наводно му рекла Клеопатра на Лукиќ покажувајќи кон Михајловиќ. Синиша одбил да верува во зборовите на „јасновитката“ кои му ги пренел Лукиќ, но само четири дена подоцна доживеал сообраќајна несреќа додека со другар се враќал од дискотека. Во нив удрил автомобил зад чиј волан возачот заспал, но за среќа, поминале без посериозни повреди. Сепак, по несреќата, Михајловиќ се сетил на „предвидувањето“. Во меѓувреме почнаа семејните проблеми. Михајловиќ не се чувствувал добро, па за време на викендот, кога неговите родители доаѓале во Белград, често се карал со нив. Тогаш неговиот татко се пожалил дека има проблеми со несоница, па сето тоа заедно влијаело славниот фудбалер на Црвена звезда да го надмине скептицизмот и да се обрати за помош кај Клеопатра: Твојата сопруга ти фрлила магија – му рекла Клеопатра на играчот на нивната прва сесија. По совет на јасновитката, Михајловиќ го прегледал неговиот стан, а покрај едниот ѕид нашол крпа во која биле завиткани клинци и гранчиња околу кои имало влакна. Сето ова е поради кавга со семејството и пријателите. За неа тие се непријатели. Не ја пуштајте во куќата и не прифаќајте никакви подароци од неа – бил советот што Михајловиќ го добил од Клеопатра. Во својата книга Михајловиќ набројува дел од нејзините пророштва: – Твоите родители никогаш нема да се вратат во родниот град. (За време на војната го напуштиле родното Борово). Некој од вашето семејство ќе носи униформа. (Брат офицер). – Ќе имаш многу деца, повеќе од четири, но едно од нив нема да живее со тебе. (Најстариот син на Михајловиќ Марко живее со мајка му, додека има пет деца од бракот со Аријан). – Ќе играте во Италија и ќе останете таму уште долго. На 50 години тешко ќе се разболите. Но, ќе ја победите болеста и тогаш ќе постигнете голем успех.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-vi-se-zaledi-krvta-od-ovie-nejzini-zborovi-eve-shto-mu-predvidela-poznatata-jasnovitka-na-sinisha-mihajlovikj-osobeno-za-teshkata-bolest/feed/ 0
Откриен гробот на Клеопатра? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrien-grobot-na-kleopatra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrien-grobot-na-kleopatra/#respond Fri, 25 Jan 2019 08:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=156373

Египетските археолози сметаат дека е можно да го откриле гробот на кралицата Клеопатра и Марко Антонио, и тоа близу Александрија. Клеопатра е последната владетелка од македонската птоломејска династија. Според историските извори, таа во 30-та година пред Христа се отрула кога дознала дека нејзиниот љубовник, римскиот легионер Марко Антонио е мртов. Се претпоставува дека тие двајцата се погребани во заеднички гроб, но досега тој не е откриен. Археолозите тврдат дека овој наод многу веројатно е поврзан со Клеопатра. Гробницата се наоѓа во областа Тапосирис Магна во близина на древниот град Александрија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/otkrien-grobot-na-kleopatra/feed/ 0