клетки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jul 2022 06:25:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клетки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во нас имаме „зомби клетки“: Живи се, но не работат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-nas-imame-zombi-kletki-zivi-se-no-ne-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-nas-imame-zombi-kletki-zivi-se-no-ne-rabotat/#respond Thu, 21 Jul 2022 06:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=708191

Оштетувањето на краевите на хромозомите во човечкото тело може да создаде „зомби клетки“ кои сè уште се живи, но не можат да функционираат. Кога клетките се подготвуваат за делба, нивната ДНК е цврсто обвиткана околу протеините за да формираат хромозоми, кои обезбедуваат структура на генетскиот материјал. На краевите на овие хромозоми се наоѓаат теломерите, кои создаваат еден вид заштитна структура за да се спречи оштетување на генетскиот материјал. Сепак, теломерите се скратуваат секојпат кога клетката се дели. Ова значи дека, како што старееме и како што нашето тело се подложува на зголемен број на клеточни делби, теломерите стануваат пократки и помалку ја штитат нашата ДНК. Оштетувањето на генетскиот материјал може да доведе до мутации кои предизвикуваат неконтролирана клеточна делба, односно појава на рак. „Зомби клетки“ Кога клетките почнуваат да личат на „зомби“, тие престануваат да се делат и поминуваат низ процес наречен клеточно стареење. Бидејќи тие всушност не умираат, овие стари или „зомби клетки“ се наталожуваат во телото со текот на годините. Тие можат да бидат корисни за здравјето преку промовирање на стареењето на блиските клетки кои се изложени на ризик да бидат канцерогени и со привлекување на имунолошките клетки да ги исчистат клетките на ракот. Од друга страна, овие клетки можат да го отежнат заздравувањето на ткивата и функцијата на имунолошкиот систем, а лачат хемикалии кои промовираат воспаление и раст на туморот, пишува The Conversation. Научниците од Универзитетот во Питсбург сакаа да видат дали директното оштетување на теломерите промовира стареење и создавање на „зомби клетки“. Тие прикачиле одреден протеин на теломерите на човечките клетки, а потоа го обоиле со боја што го прави чувствителен на светлина. Потоа му вперија светлина на бранова должина малку пократка од инфрацрвената, што го натера да произведе кислородни слободни радикали, високо реактивни молекули кои можат да ја оштетат ДНК, токму кај теломерите. „Откривме дека директното оштетување на теломерите е доволно за да се претворат клетките во зомби, дури и кога теломерите не биле скратени. Причината за ова е веројатно нарушувањето на репликацијата на ДНК на теломерите, што ги прави хромозомите уште почувствителни на оштетување или мутации“, велат научниците. Зошто е тоа важно? Теломерите природно се скратуваат со возраста. Тие го ограничуваат бројот на пати кога ќелијата може да се подели со сигнализирање на клетките да се претворат во „зомби“ кога ќе достигнат одредена должина. Но, вишокот слободни радикали произведени од нормалните процеси на телото, како и изложеноста на штетни хемикалии како што се загадувањето на воздухот и чадот од тутун, може да доведе до состојба наречена оксидативен стрес, што може да го забрза скратувањето на теломерите. Ова, пак, може да го активира процесот на стареење предвреме и да придонесе за болести поврзани со стареењето, вклучувајќи имунодефициенција, васкуларни заболувања, метаболички болести и рак. Новото истражување покажа дека теломерите не служат само како аларми кои спречуваат прекумерна клеточна делба, туку и како предупредување за штетното ниво на оксидативен стрес. Скратувањето на теломерите не е единственото нешто што го поттикнува стареењето; За ова може да придонесе и оштетувањето на теломерите. Научниците сега истражуваат третмани кои можат да ги заштитат теломерите од оштетување и да спречат акумулација на „зомби клетки“. Бројни студии на глувци покажаа дека отстранувањето на таквите клетки може да го промовира здравото стареење преку подобрување на когнитивната функција, мускулната маса и функција и закрепнување од вирусни инфекции. Истражувачите исто така развиваат лекови наречени сенолитици кои можат или да ги уништат „зомби клетките“ или да го спречат нивното развивање. Истражувањето Telomeric 8-oxo-guanine drives rapid premature senescence in the absence of telomere shortening беше објавено во списанието Nature Structural and Molecular Biology.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-nas-imame-zombi-kletki-zivi-se-no-ne-rabotat/feed/ 0
Неверојатно откритие: Научници тврдат дека ја нашле слабоста на ракот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojatno-otkritie-nauchnici-tvrdat-deka-ja-nashle-slabosta-na-rakot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojatno-otkritie-nauchnici-tvrdat-deka-ja-nashle-slabosta-na-rakot/#respond Fri, 29 Jan 2021 09:52:10 +0000 https://kurir.mk/?p=461376

Израелски научници тврдат дека ја пронашле слабоста на малигните клетки со висок степен на хромозомска нестабилност. Откритието може да помогне во спроведување нови третмани кај пациенти со рак, објави „Ерусалим пост“. Во науката одамна се знае дека малигните клетки имаат невообичаен број на хромозоми… Тимот истражувачи предводени од Универзитетот во Тел Авив, како што велат, ја откриле „Ахиловата пета“ на тие клетки на ракот. Д-р Ури Бен-Давид од Медицинскиот факултет „Саклер“ во Тел Авив, го водел истражувањето, па објаснува дека луѓето имаат 46 хромозоми (двапати по 23), но кај карциномот, тој број се менува бидејќи при клеточната делба се случува хромозомска сегрегација, што може да доведе до тн. аневплоидија. Тоа значи присуството на абнормален број на хромозоми во клетката и, не само што предизвикува вообичаени генетски нарушувања, туку е и одлика на клетките на ракот. Оваа појава е забележана кај околу 90 насто од туморите и 75 отсто од ракот на крв. Научниот труд објавен во списанието „Нејчр“, е изведен од истражувањата во лабораторијата на Бен-Давид на Универзитетот во Тел Авив, во соработка со шест лаборатории од САД, Германија, Холандија и Италија. – Општ став е дека штом разбереме како аневплоидните клетки се разликуваат од нормалните и ја најдеме нивната „Ахилова пета“, тоа ќе овозможи селективно уништување на клетките на ракот. Ова откритие овозможува сосема нова насока во медицинските истражувања, објаснува д-р Бен-Давид. Во овој миг има неколку лекови во клиничките испитувања кои ја инхибираат или забавуваат поделбата на хромозомите, но научниците сè уште не се во можност да утврдат кои пациенти ќе реагираат позитивно на тие лекови. Истражувањата на Бен-Давид посочуваат дека аневплоидијата може да им помогне на научниците да ја предвидат реакцијата на секој пациент. Подробното проучување на хромозомските абнормалности, исто така, може да доведе до развој на поефикасни третмани на ракот во иднина, бидејќи лекарите ќе можат да вршат тестови за аневплоидија и соодветно да го развиваат потребниот третман.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojatno-otkritie-nauchnici-tvrdat-deka-ja-nashle-slabosta-na-rakot/feed/ 0
Голем пожар во компанија за матични клетки во Индија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozar-vo-kompanija-za-matichni-kletki-vo-indija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozar-vo-kompanija-za-matichni-kletki-vo-indija/#respond Fri, 22 Jan 2021 14:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=458607

Голем пожар избувна денеска во компанијата „Биоцел“ во индискиот град Тане, во државата Махараштра. Компанијата „Биоцел“ е вклучена во зачувување на матични клетки, собрани од плодовата течност. На местото на инцидентот се испратени пет противпожарни екипи. Засега нема информации за евентуални жртви, ниту е позната причината за пожарот. Несреќата се случи откако вчера пет лица загинаа во пожар во Институтот за серум во Пуне, Махараштра. Објектот се наоѓа на само еден километар од објектот „Ковишилд“ за производство на вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golem-pozar-vo-kompanija-za-matichni-kletki-vo-indija/feed/ 0
Неверојатни снимки: Ова е моментот кога коронавирусот напаѓа здрава човечка клетка (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojatni-snimki-ova-e-momentot-koga-koronavirusot-napagja-zdrava-chovechka-kletka-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojatni-snimki-ova-e-momentot-koga-koronavirusot-napagja-zdrava-chovechka-kletka-foto/#respond Wed, 15 Apr 2020 14:34:50 +0000 https://kurir.mk/?p=332721

Во текот на истражувањето на начинот на репликација  на коронавирусот, бразилските научници со помош на електронски микроскоп снимија неверојатни фотографии од нападот на коронавирусот.

Експертите од Институтот Освалдо Круз (IOC / Fiocruz) го снимија точниот момент кога вирусот САРС-КоВ-2 заразува човечка клетка. На првата фотографија, можеме да видиме како коронавирусните честички во форма на кластери од црна точка се држат до ќелијата и се обидуваат да навлезат во клеточната мембрана. На втората фотографија, забележуваме дека коронавирусот продира во клетката за да стигне до цитоплазмата, основната супстанција која ги исполнува клетките и ги содржи сите органели важни за животот на клетката, но и протеини, витамини, јони, нуклеински киселини, аминокиселини, шеќери,  јаглехидрати, масни киселини, итн. На третата фотографија можеме да ги видиме честичките на вирусот што навлегуваат во клетката. На пример, можеме да ги видиме во долниот лев агол како збир на црни точки во бел круг. Последната фотографија покажува како честичките на вирусот САРС-КоВ-2 ја напуштаат внатрешноста на клетката и се движат кон друга здрава клетка, продолжувајќи го циклусот на инфекција. Темните честички на вирусот можат јасно да се видат надвор од ќелијата во долниот лев агол. Превземено од: Канал5  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/neverojatni-snimki-ova-e-momentot-koga-koronavirusot-napagja-zdrava-chovechka-kletka-foto/feed/ 0