клима – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Jul 2023 15:02:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клима – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ако не сакате децата да ви бидат болни на одмор, еве на што треба да внимавате додека патувате https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-ne-sakate-detsata-da-vi-bidat-bolni-na-odmor-eve-na-shto-treba-da-vnimavate-dodeka-patuvate/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-ne-sakate-detsata-da-vi-bidat-bolni-na-odmor-eve-na-shto-treba-da-vnimavate-dodeka-patuvate/#respond Mon, 03 Jul 2023 15:02:02 +0000 https://kurir.mk/?p=852218

Ако имате мало дете и планирате да патувате на одмор со автомобили кои имаат клима, има некои работи на кои треба да обрнете внимание. Децата се доста чувствителни и многу малку е потребно за да настинат, а тоа е дефинитивно нешто што сакате да го избегнете на одмор. Исто така, родителите често не обрнуваат внимание на тоа дали го користат клима уредот на вистински начин додека возат со своите малечки. Меѓутоа, ако следите одредени правила, ќе можете да уживате во безбедно возење во автомобил со клима. Првиот совет е да обрнете внимание на тоа каде ќе го паркирате вашиот автомобил за време на жешките летни денови. Советот е секогаш да го оставате под сенка и доколку не сте во можност да го направите тоа, задолжително разладете го автомобилот со клима уред пред да донесете дете. Умерени температури На децата им е дозволено да останат во ладна просторија, но само доколку разликата во температурата надвор и внатре не е голема. Истото важи и за автомобилот. Се препорачува разликата во температурата да не надминува 3-5 степени. Прилагодете го воздухот да дува нагоре Во никој случај не дозволувајте климата да дува директно во вашето дете – настинката е загарантирана. Советот е да ја прилагодите климата да дува нагоре, но исто така треба да се грижите за правецот во кој ќе отскокне студениот воздух за да не биде повторно насочен кон детето. Користете одвлажнување Ако користите клима уред во возилото, тогаш направете го тоа умерено. Меѓутоа, ако е премногу жешко во возилото, прво изладете го просторот, а потоа вклучете ја функцијата за одвлажнување, бидејќи со намалување на влажноста, температурата од 26, 27 степени ќе биде поднослива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-ne-sakate-detsata-da-vi-bidat-bolni-na-odmor-eve-na-shto-treba-da-vnimavate-dodeka-patuvate/feed/ 0
Науката издаде „последно предупредување“ за климатската криза https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/naukata-izdade-posledno-predupreduvane-za-klimatskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/naukata-izdade-posledno-predupreduvane-za-klimatskata-kriza/#respond Mon, 20 Mar 2023 17:12:28 +0000 https://kurir.mk/?p=814273

Науката издаде „последно предупредување“ за климатската криза, бидејќи зголемените емисии на стакленички гасови го туркаат светот на работ на непоправлива штета што само брза и драстична акција може да ја спречи. Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ), составен од водечките светски научници за климата, денеска го објави последниот дел од својот шести Извештај за климатските промени. За овој сеопфатен преглед на човековото знаење за климатската криза, на стотици научници им требаа осум години и тој е долг илјадници страници. Но, сѐ се сведува на една порака - дејствувајте сега или ќе биде предоцна. -Овој извештај е јасен повик за масовно забрзување на климатските напори од секоја земја, и секој сектор и во секоја временска рамка. На нашиот свет му треба климатска акција на сите фронтови - „сѐ, секаде, одеднаш“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. На разбирлив јазик, ИПЦЦ го претстави уништувањето што веќе им е нанесено на големи делови од светот. Екстремните временски услови предизвикани од климатските нерправилноти доведоа до зголемени смртни случаи, засилени топлотни бранови, милиони изгубени животи и домови уништени во суши и поплави, милиони луѓе кои се соочуваат со глад и сѐ повеќе неповратни загуби во виталните екосистеми. Последниот дел од документот, наречен „Извештај на синтезата“ е последната ваква проценка додека светот сѐ уште има шанса да го ограничи порастот на светските температури, засега на 1,5 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа. Сѐ над тој праг, според наводите, е климатска штета што брзо станува неповратна. -Овој извештај е дефинитивно последното предупредување за оние 1,5 степени. Ако владите се држат до нивните сегашни политики, преостанатиот пресметан јаглерод ќе се потроши пред следниот Извештај на ИПЦЦ (во 2030 година, б.п.), рече Каиса Коснен, стручњак за клима во „Гринпис интернејшнл“. Повеќе од три милијарди луѓе веќе живеат во областите кои се „многу ранливи“ на климатските промени, откри ИПЦЦ. А, половина од светското население се соочува со сериозен недостиг на вода барем дел од годината. Во многу подрачја, предупредува Извештајот, веќе ја достигнуваме границата до каде може да се прилагодиме на таквите тешки промени, при што временските екстреми „сѐ повеќе го поттикнуваат раселувањето“ на луѓето во Африка, Азија, Северна, Средна и Јужна Америка, како и во јужниот Пацифик. Сепак, сѐ уште постои надеж дека надминувањето ќе остане во рамките на 1,5 Целзиусови степени, според извештајот. - Овој Извештај на синтезата ја нагласува итноста за преземање поамбициозни активности и покажува дека ако дејствуваме сега, сѐ уште може да обезбедиме одржлива иднина за живот за сите, изјави Хоесунг Ли, претседавач на ИПЦЦ. Температурите сега се околу 1,1 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа. Доколку испуштањето стакленички гасови накоро достигнат максимум и ако следи брзо намалување наредниве години, сепак е можно да се избегне најлошото уништување што би следело по пораст од над 1,5 степени. -Секое избегнато затоплување благодарение на колективните активности извлечени од нашата растечка, сѐ поделотворна група алатки е помалку лоша вест за општествата и екосистемите од кои сите зависиме, истакна Ричард Ален, професор по Климатски науки на Универзитетот на Рединг. Гутереш ги повика владите да преземат драстични мерки за намалување на штетните гасови со вложување во обновливи извори на енергија и технологија со ниско ниво на јаглерод. Тој нагласи дека богатите земји мора да се обидат да постигнат нето нула емисии на стакленички гасови „што е можно пред 2040 година“, наместо да го чекаат крајниот рок до 2050 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/naukata-izdade-posledno-predupreduvane-za-klimatskata-kriza/feed/ 0
Г20 „поздравува“ повеќе напори за заштита на климата и подобро финансирање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g20-pozdravuva-povekje-napori-za-zashtita-na-klimata-i-podobro-finansiranje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g20-pozdravuva-povekje-napori-za-zashtita-na-klimata-i-podobro-finansiranje/#respond Tue, 15 Nov 2022 07:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=760702

Групата 20 водечки светски економии има за цел да ги подобри напорите за заштита на климата и нивното финансирање, се вели во нацртот на конечната заедничка декларација во која имала увид ДПА на првиот ден од годишниот самит на Г20 што се одржува на Бали оваа година. Во декларацијата, земјите-членки ја „поздравуваат“ проширената и нова национална акција за климата и ги повикуваат сите страни „итно да го зголемат“ намалувањето на емисиите, приспособувањето кон последиците од климатските промени како и „средствата за имплементација“. Г20 исто така повика на „напредок“ во преговорите за репарации за штетите предизвикани од климатските промени во сиромашните региони, спорно прашање што исто така е на врвот на агендата на климатскиот самит КОП27 што моментално се одржува во Египет. Водечките 20 економии во светот се одговорни за 80 проценти од глобалните емисии на јаглерод диоксид. Целта за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови годишно, како што е договорено во Парискиот договор за климата, „ќе бара значајни и ефективни активности и посветеност од с ите земји, земајќи ги предвид различните пристапи“, се вели во декларацијата. – Потсетуваме и дополнително ги повикуваме развиените земји да ги исполнат своите обврски за исполнување на целта за заедничко мобилизирање на 100 милијарди американски долари годишно до 2020 година и до 2025 година во контекст на значајни мерки за ублажување и транспарентност при спроведувањето, се додава во документот. Според пресметките на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), индустријализираните земји ставија на располагање само околу 83 милиони долари до 2020 година. Земјите од Г20, исто така, потврдија дека субвенциите за фосилни горива ќе бидат постепено укинати „на среден рок“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g20-pozdravuva-povekje-napori-za-zashtita-na-klimata-i-podobro-finansiranje/feed/ 0
Ни доаѓа топло лето, а со овие 6 трикови автомобилот совршено ќе ве разлади https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ni-doagja-toplo-leto-a-so-ovie-6-trikovi-avtomobilot-sovrsheno-kje-ve-razladi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ni-doagja-toplo-leto-a-so-ovie-6-trikovi-avtomobilot-sovrsheno-kje-ve-razladi/#respond Tue, 17 May 2022 14:54:26 +0000 https://kurir.mk/?p=677862

Современите климатизери во автомобилите не се расипуваат често, а кога тоа ќе се случи, причината во повеќето случаи е човечкиот фактор. Повеќето возачи често го прават тоа што не им треба, забораваат што е потребно, па климата, токму кога е најпотребна (ни се заканува топло лето!), почнува да „забушава“. Слушајте ги овие шест совети, тие ќе ви помогнат да останете опуштени во автомобилот и да ја победите жештината: Не вклучувајте ја климата веднаш кога ќе го стартувате моторот Еден од најкорисните трикови кога станува збор за создавање помал стрес на компресорот е да не ја вклучувате климата веднаш откако ќе го стартувате возилото, бидејќи на тој начин се создава преоптоварување. Вклучете ја климата најмалку 30 секунди по палењето на моторот. Истото важи и кога станува збор за исклучување: исклучете ја климата неколку минути пред да треба да пристигнете на вашата дестинација. Постепено зголемувајте ја работата Многу луѓе подлегнуваат на искушението да ја вклучат климата со полна моќ кога ќе влезат во автомобилот кога надвор е многу топло. Обидете се да се воздржите, ова е најлошиот начин за злоупотреба на системот за ладење. Најдобро би било да ја проветрите внатрешноста на автомобилот пред да влезете, а кога ќе почнете да возите постепено зголемувајте ја моќноста на климата. Запомнете, идеалната температура во вашиот автомобил е помеѓу 21 и 23 степени. Ако претерате, прениската температура може да ви предизвика главоболка! Користете го копчето за кружење Неверојатно е, но вистинито: копчето на автомобилот со мала стрелка што се враќа е една од најмалку користените контроли во автомобилот. Неговата цел е, наместо да зема воздух однадвор, системот повторно да го користи воздухот што е веќе внатре во кабината. Треба да запомните дека овој трик не може да се користи долго време бидејќи воздухот со текот на времето се разредува и се полни со влага, но е корисен за ладење на внатрешноста кога надвор е навистина жешко. Проверете го акомулаторот и ременот Ова се два витални елементи на автомобилот, меѓу другото, нивното „здравје“ зависи од тоа како ќе работи клима уредот во вашиот автомобил. Редовно проверувајте ги: ако акомулаторот е многу стар или ременот е веќе одврзан, веројатно ќе забележите дефекти во капацитетот за ладење. Не заборавајте на отворите за вентилација И внатрешните отвори за вентилација и надворешната решетка се најпристапните делови на системот за ладење, а многумина забораваат да ги проверат. Ако сакате протокот на воздухот да биде точен, мора да ги одржувате многу чисти во секое време: ќе обезбедите подолг животен век на уредот во оптимални услови, а особено е важно што многу помалку нечистотии и бактерии ќе допрат до вашите респираторни органи! Не вклучувајте го клима уредот на кратки растојанија На кратки растојанија, вклучувањето на клима уредот нема ефект кога е жешко. Воздухот нема да може да се олади, а вие веќе ќе треба да излезете од автомобилот. Отворете го прозорецот, при ограничени, мали брзини, аеродинамичкиот отпор предизвикан од отворените прозорци не е толку голем - ќе уживате. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ni-doagja-toplo-leto-a-so-ovie-6-trikovi-avtomobilot-sovrsheno-kje-ve-razladi/feed/ 0
Пораки од првиот ден на самитот за климата COP26 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraki-od-prviot-den-na-samitot-za-klimata-cop26/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraki-od-prviot-den-na-samitot-za-klimata-cop26/#respond Tue, 02 Nov 2021 07:08:54 +0000 https://kurir.mk/?p=589537

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера го отвори глобалниот самит за климата во Глазгов и предупреди на климатските промени, метафорично велејќи дека светот во моментов е „поврзан за уред на судниот ден“. Џонсон ја спореди ситуацијата со планетата со онаа во која тајниот агент Џејмс Бонд е врзан за бомба која може да ја уништи планетата, а тој се обидува да најде начин да ја деактивира. Тој на светските лидери им порача дека светот „е приближно во иста позиција, само што сега уредот на судниот ден што отчукува е вистински“, а не плод на нечија имагинација. – Имаме можност да ја деактивираме таа темпирана бомба. Да, ќе биде тешко, но да, ние можеме да го направиме тоа, рече британскиот премиер Борис Џонсон за време на воведниот говор на климатскиот самит на ОН COP26 во Глазгов. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, говорејќи на отворањето на самитот истакна дека чукна последниот час за запирање на климатските промени. -Или ние тоа ќе го запреме или тоа ќе не запре нас. И време е да се каже – доста. Доста беше самоубиства со јаглерод. Доста е да се однесуваме кон природата како кон тоалет. Доста беше согорувања, бушења, рударења, се подлабоко и подлабоко. Сами си копаме гробови, изјави генералниот секретар на ОН. Тој укажа на важноста од постигнување на целта од 100 милијарди долари годишно за финансирање на заштитата на климата во сиромашните земји, како што беше ветено на самитот во Париз во 2015 година. -Договорената финансиска обврска против климатските промени од 100 милијарди долари годишно за поддршка на земјите во развој мора да стане реалност. Ова е клучно за враќање на довербата и кредибилитетот, рече Гутереш, поздравувајќи ги напорите на Канада и Германија да ја постигнат таа цел. Тој посочи дека покрај ветените 100 милијарди долари, на земјите во развој им се потребни многу поголеми ресурси за борба против Ковид-19 и имунизација и за одржлив развој. -На оние кои најмногу страдаат, најмалку развиените земји и малите островски држави во развој, имаат потреба од итно финансирање. Повеќе јавни пари против климатските промени, повеќе развојна помош, повеќе грантови и полесен пристап до финансии, рече Гутереш, потсетувајќи дека земјите-членки на Г20 се одговорни за 80 проценти од емисиите на штетни гасови и затоа има поголема одговорност. Тој изрази уверување дека богатите земји треба да дефинираат нови обврски секоја година, а не на секои пет години како досега. -Да немаме илузии: ако нема конкретна посветеност за време на овој самит, сите земји би морале да ги преиспитаат своите национални планови и политики за климата, не на секои пет години, туку секоја година додека не се постигне целта од 1,5 степен Целзиусов, до престанок на субвенциите за фосилни горива, додека не се воведе данокот на емисиите на јаглерод и додека не се укине употребата на јаглен, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Тој ги поздрави плановите на голем број земји да достигнат нето нула емисии на јаглерод до средината на овој век. -Се формира армија за климатски акции, предводена од млади луѓе и таа е незапирлива. Ги има се повеќе, се погласни и ве уверувам дека немаат намера да се повлечат и да си заминат. Стојам покрај нив, рече Гутереш. Американскиот претседател Џо Бајден рече оваа деценија ќе ја одреди иднината на климата на Земјата. – Ова е одлучувачка деценија во која имаме можност да се докажеме, им рече Бајден на светските лидери на самитот COP26 во Шкотска. – Глазгов мора да биде почеток на една деценија на акција и иновации за да се зачува нашата заедничка иднина, нагласи претседателот на Америка, земјата која историски емитирала најмногу гасови со ефект на стаклена градина. Бајден рече дека климатските промени веќе го уништуваат светот и оти тоа веќе не е хипотетичка опасност, туку нешто што е видливо секој ден. Преминувањето на зелените технологии демократот не го гледа само како „морален“, туку и како „економски императив“, како што покажува и актуелната криза предизвикана од големиот раст на цените на енергенсите. Бајден тврди дека обновливите извори на енергија се постабилни на пазарот и оти преминот кон нив ќе отвори многу работни места. Тој исто така нагласи дека САД ќе покажат дека „не само што се вратиле во игра, туку ќе водат со свој пример“. – Знам дека тоа не беше случај. Затоа мојата влада работи прекувремено за да покаже дека тоа не се само зборови, рече Бајден, наследникот на републиканскиот претседател Доналд Трамп, кој ги повлече САД од Парискиот климатски договор и укинуваше еколошки регулативи. – Ние, кои сме одговорни за голем дел од уништувањето на шумите и сите проблеми што ги имавме досега, сме поодговорни и им го должиме тоа на другите народи. Не бевме. Мораме да помогнеме, многу повеќе отколку досега, заклучи Бајден во Глазгов. Државите мора да ја одредат цената на емисиите на CO2 предизвикани од климатските промени, рече претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на самитот на ОН COP26. – Треба да се договориме за цврст пакет на правила, на пример, за да ги направиме глобалните пазари на јаглерод реалност. Да се одреди цената на јаглеродот, природата повеќе не може да ја плаќа цената, рече таа. Преговорите за изградба на пазар за трговија на емисии на јаглерод според Парискиот договор го доведоа до ќорсокак последниот самит на ОН за климата во 2019 година. ЕУ вети дека ќе ги намали емисиите за најмалку 55 проценти до 2030 година во однос на 1990 година, а Фон Дер Лајен ги повика другите земји да се обврзат за поголемо намалување на емисиите во оваа деценија. – Мора да дадеме силни ветувања за намалување на емисиите до 2030 година. Нулта нето емисии до 2050 година се добри, но не и доволни, рече таа. ЕУ преговара за нови зелени политики и затоа е пред многу земји кои поставија цели за климата далеку во иднината, но сè уште не се изработени закони потребни за да се оствари тоа. Предлозите вклучуваат постепено повлекување од продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување до 2035 година и лансирање на втор европски пазар на јаглерод за градежниот и транспортниот сектор. Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика најголемите светски загадувачи веднаш да почнат да ги исполнуваат своите обврски за намалување на емисиите на јаглерод. Макрон го бранеше наследството од Парискиот договор од 2015 година, но исто така призна дека земјите се далеку од исполнување на нивните ветувања да го задржат глобалното затоплување на 1,5 степен од индустриската ера. – Знаеме дека сè уште не сме таму, рече тој на конференцијата за клима на Обединетите нации во Глазгов. Според него, клучно за следните 15 дена е најголемите загадучи да ги зголемат своите амбиции. – Тоа е единствениот начин да ја направиме нашата стратегија кредибилна… и 1,5 степен да ја направиме веродостојна бројка, истакна Макрон. Истакнувајќи дека автохтоното население е првата жртва на климатските нарушувања и оти нациите во Африка, Пацификот и на Карибите се особено погодени, тој ги повика богатите земји да ја забрзаат фундаменталната трансформација на начинот на кој тргуваат и инвестираат. Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика учесниците на Конференцијата на ОН за климатски промени COP26 да ги засилат своите напори за климата. – Визиите ќе се остварат само кога ќе дејствуваме според нив“, напиша Си во изјавата лиферувана на почетокот на конференцијата. Според извадоци од изјавата објавени од Ксинхуа, Си првично не даде никакви конкретни нови ветувања, но ги повика сите страни „да ги почитуваат своите заложби, да постават реални цели и визии и да дадат се од себе според националните услови, да ги реализираат своите мерки за климатска акција. “ „Развиените земји не само што самите треба да направат повеќе, туку треба и да дадат поддршка за да им помогнат на земјите во развој да постигнат подобри резултати“, изјави кинескиот претседател. Сите вклучени страни треба да ја зајакнат меѓусебната доверба и да ја зајакнат нивната соработка за да се обезбеди успех на конференцијата во Глазгов. Кинескиот претседател не отпатува за Глазгов,а, исто така, нема да одржи ни говор преку видео врска. Индискиот премиер Нарендра Моди го искористи самитот COP26 за климатските промени за да соопшти дека неговата земја има намера да постигне нула емисии на јаглерод во 2070 година, две децении по крајниот рок за кој научниците велат дека е конечен за да се избегнат катастрофалните климатски последици. Моди, сепак, ја бранеше Индија, посочувајќи дека таа „се придржува до своите климатски обврски“. Тој, исто така, истакна дека Индија има 17 проценти од светското население и е одговорна за само пет проценти од глобалните емисии. Индискиот премиер им кажа на другите светски лидери дека Индија ќе го зголеми својот удел во обновливата енергија од околу 38 отсто минатата година на 50 отсто до 2030 година. Индија, која моментално е трета во однос на емисиите на стакленички гасови зад Кина и САД, минатата недела одби да објави која е нејзината целна година за постигнување на нула нето емисии на јаглерод и порача дека е поважно за светот да одреди веродостоен пат за намалување на емисиите. САД, Велика Британија и Европската Унија ја поставија 2050 година како целна година за нулта нето стапка, што значи дека дотогаш треба да испуштаат само онолку стакленички гасови колку што можат да се апсорбираат од шумите, плантажите, почвата и технологијата за складирање јаглерод која се развива. Кина и Саудиска Арабија ја поставија 2060 година како целна година, но критичарите велат дека тие цели се бесмислени доколку веднаш не се преземат конкретни мерки. Научниците велат дека треба да се преполоват глобалните емисии до 2030 година и да се достигне нулта нето стапка до 2050 година за да се спречат најлошите ефекти од климатските промени. Во својот говор, Моди повика и на глобални напори за воспоставување одржлив начин на живот. – Наместо непромислена и деструктивна потрошувачка, потребна ни е свесна и промислена употреба“, рече тој, наведувајќи го изборот на потрошувачите од амбалажа до прехрана. – Тие избори што ги прават милијарди луѓе можат да ја унапредат борбата против климатските промени, рече тој. Британската кралица Елизабета Втора ги повика светските лидери на климатскиот самит COP26 да постигнат вистински државнички дух и да создадат побезбедна и постабилна иднина за планетата. Таа во видеопорака рече дека многу луѓе се надеваат оти времето на зборови сега поминало во време за акција. Британската кралица порача дека тие треба да се издигнат над политиката на моментот. Таа истакна дека е многу горда на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип и другите членови на семејството поради поттикнување на заштитата на животната средина. Кралицата Елизабета Втора требаше да присуствува на конференцијата на Обединетите нации во Глазгов, но претходно го сними своето обраќање минатата недела во замокот Виндзор, откако и беше советувано да се одмори по лекарски прегледи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraki-od-prviot-den-na-samitot-za-klimata-cop26/feed/ 0
Климатолозите со црни предвидувања за Балканот: Климата ќе биде уште полоша https://arhiva.kurir.mk/svet/region/klimatolozite-so-crni-predviduvanja-za-balkanot-klimata-kje-bide-ushte-polosha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/klimatolozite-so-crni-predviduvanja-za-balkanot-klimata-kje-bide-ushte-polosha/#respond Sat, 07 Aug 2021 09:05:35 +0000 https://kurir.mk/?p=547531

Климатските промени во нашиот регион ќе предизвикаат уште повисоки температури, суши, поплави, но и спротивни екстреми, предупредуваат климатолозите. Многу делови од светот се борат со катастрофални пожари во последните недели, а Балканот е меѓу оние кои се најтешко погодени. Огнот уништи огромни области во Турција и Грција, додека пожарите, во помала мера, беснеат и во Северна Македонија, Косово, БиХ и Хрватска. Причината е јасна – земјите од регионот ова лето бележат многу високи температури, а во некои од нив се регистрирани најголеми горештини досега. Во Грција се измерени 46,3 Целзиусови степени, а во Турција 49,1 Целзиусов степен и токму во овие две земји беснеат најголемите пожари, кои со помош на ветрот брзо се шират. Многу експерти се согласуваат дека овие пожари се само една од последиците од климатските промени кои брзо ги менуваат условите за живот на нашата планета, вклучувајќи го и Балканот, кој, според климатолозите од регионот, вакви лета како ова кое едвај го преживуваме, но и уште полоши, не чекаат во годините кои доаѓаат. Крешо Панџиќ, климатолог од Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска, тврди дека јуни и јули оваа година биле статистички значително потопли од повеќегодишниот просек од 1981 до 2010 година, со почести екстремно топли периоди кои влијаат врз здравјето на луѓето. – Климатските сценарија предвидуваат зголемување на фреквенцијата на топлотни бранови во Југоисточна Европа во наредните години или децении, во зависност од сценариото за емисија на стакленички гасови, истакна Панџиќ, кој предупреди за последиците од високите температури. Сепак, горештините се само дел од промените, а може да се каже и – помал дел од проблемот, бидејќи високите температури нужно ќе предизвикаат бројни екстремни феномени и временски непогоди кои досега не биле вообичаени на нашите простори. Едно од нив, тврди Панџиќ, е појавата на „пијавици“, кои со својата сила се повеќе ќе личат на торнадата кои беснеат во Северна Америка. – Општо земено, во наредните години се предвидува зголемување на фреквенцијата и интензитетот на екстремните временски и климатски појави во сите сезони, како што се зголемување на врнежите, што може да предизвика особено големи поплави, а во исто време би можеле да се очекуваат подолги суши, особено во лето, кога испарувањата поради високата температура на воздухот се поизразени отколку во зима. Се почеста е појавата на разорувачки атмосферски вртлози – пијавици – како на копно така и на море, чија разорна моќ може да се спореди со торнада, чија појава е најизразена на подрачјето на Големите рамнини во САД, каде што има „судири“ на исклучително топлиот и влажен воздух од Мексиканскиот Залив со релативно сувиот и топол, но посвеж воздух, на Големите рамнини, вели Панџиќ. Предупредувањата за екстремно високите температури станаа вообичаени и во Србија. – Процесот на климатските промени, или подобро кажано, глобалното затоплување, беше инициран од прекумерните емисии на стакленички гасови, кои се зголемуваат и носат многу лоши последици за атмосферата, океаните, морскиот мраз, континенталното земјиште, мразот и снегот. Топлите климатски зони се шират кон половите и во височина. На нашите географски ширини, температурата се зголемува за 1,5 степени на секои триесет години, вкупните годишни врнежи од дожд се речиси непроменети, објаснува Горан Пејановиќ, помошник директор на Националниот климатски центар при Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија. – Затоа, не треба да се изненадуваме од поплавите кои се случија во Германија или во нашиот регион во мај 2014 година. Топлотните бранови стануваат се побројни, подолги и поинтензивни, така што од 2000 година, имаше шест големи суши, а една од тие во 2012 година го чинеше земјоделството на Србија две милијарди долари, наведува Пејановиќ. Во Босна и Херцеговина е забележан еден од најинтензивните топлотни бранови во изминатиот период. Бакир Краиновиќ, климатолог од Сојузниот хидрометеоролошки завод во Сараево, наведува дека се надминати температурните рекорди на неколку метеоролошки станици, и тоа неколку дена по ред. Тој потсети дека, од пет топлотни бранови во БиХ, само два би се случиле доколку не беа климатските промени. Освен „пијавиците“, за кои предупредува Панџиќ, Краиновиќ споменува сe поинтензивни поплави, налети на ветер, град и периоди на суша, кои, како што тврди, исто така, ќе бидат последица од климатските промени. Повремените дождови, додава тој, не се доволни за да се подобри општата климатска слика во регионот, така што адаптацијата кон новите услови за живот на Балканот ќе стане неизбежна. Промените не се случуваат само на копно, тие влијаат и на Јадранското Море. Панџиќ наведува дека „почеста е појавата на морски поплави, кои се многу поизразени поради постепеното покачување на нивото на морето“. Јадранот е дел од Медитеранот, за кој Светскиот фонд за заштита на природата (WWF) тврди дека станува „најбрзо затоплувачки“ и „најсолен“ со неповратни промени на животот во морето, но и животот на луѓето. Се наведува дека температурата на Средоземното Море се зголемува за 20 проценти побрзо од глобалниот просек и се предвидува зголемување на неговото ниво за повеќе од еден метар до 2100 година. – Јадранското Море, како ниедно друго море, не е изолиран систем, така што сите притисоци што влијаат на Медитеранот во поголема или помала мерка се појавуваат и во Јадранот. Бидејќи станува збор за плитко и полу-затворено море, зголемен е ризикот од сериозни и трајни последици од климатските промени во синергија со интензивните човечки активности како што се туризмот или риболовот, а да не зборуваме за експлоатација на нафта и гас, предупредува Мосор Прван од WWF Адриа, кој тврди дека високите температури и екстремните временски случувања го менуваат морското дно. Средоземното Море, предупредуваат од WWF, не е она што било некогаш. – Тоа се претвора во тропско море. Климатските промени не се закана за иднината, тие се закана веќе денес, за што сведочат научниците, рибарите, нуркачите, крајбрежните заедници и туристите. Ако сакаме да го смениме постојниот тренд, треба да го намалиме човечкиот притисок врз морето и да ја изградиме неговата отпорност. Здравите екосистеми и растечката биолошка разновидност се најдобрата природна одбрана против ефектите од климатските промени, изјави Џузепе Ди Карло, директор на Медитеранската морска иницијатива на WWF. Што можат да направат земјите од регионот, за барем да ги ублажат драстичните климатски промени на нашето подрачје? Панџиќ и Пејановиќ тврдат дека треба да ги почитуваат одредбите од Парискиот договор за климата. – За да се избегне неповратна ситуација, неопходно е да се следат одредбите од Парискиот договор за ублажување на климата од 2015 година, односно постепено да се воведат климатски неутрални зелени економии до средината на 2050 година. Според тоа сценарио, учеството на обновливите извори на енергија треба да биде 70-80 проценти, во споредба со 20-30 проценти извори на фосилни горива, по можност со колку е можно помалку јаглен и нафта, а повеќе природен гас. Поради долгиот „живот“ на повеќето стакленички гасови во атмосферата, враќањето во прединдустриска состојба ќе трае најмалку до крајот на 21. век, но со помалку оптимистички сценарија и значително подолго, вели Панџиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/klimatolozite-so-crni-predviduvanja-za-balkanot-klimata-kje-bide-ushte-polosha/feed/ 0
Добро е да го разладите автомобилот со клима, но ако во него има деца – овие работи мора да ги знаете https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dobro-e-da-go-razladite-avtomobilot-so-klima-no-ako-vo-nego-ima-deca-ovie-raboti-mora-da-gi-znaete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dobro-e-da-go-razladite-avtomobilot-so-klima-no-ako-vo-nego-ima-deca-ovie-raboti-mora-da-gi-znaete/#respond Fri, 30 Jul 2021 07:31:41 +0000 https://kurir.mk/?p=543831

Ако имате мало дете и планирате да патувате на одмор со автомобили кои имаат клима, има некои работи на кои треба да обрнете внимание. Децата се доста чувствителни и многу малку е потребно за да настинат, а тоа е дефинитивно нешто што сакате да го избегнете на одмор. Исто така, родителите често не обрнуваат внимание на тоа дали го користат клима уредот на вистински начин додека возат со своите малечки. Меѓутоа, ако следите одредени правила, ќе можете да уживате во безбедно возење во автомобил со клима. Првиот совет е да обрнете внимание на тоа каде ќе го паркирате вашиот автомобил за време на жешките летни денови. Советот е секогаш да го оставате под сенка и доколку не сте во можност да го направите тоа, задолжително разладете го автомобилот со клима уред пред да донесете дете. Умерени температури На децата им е дозволено да останат во ладна просторија, но само доколку разликата во температурата надвор и внатре не е голема. Истото важи и за автомобилот. Се препорачува разликата во температурата да не надминува 3-5 степени. Прилагодете го воздухот да дува нагоре Во никој случај не дозволувајте климата да дува директно во вашето дете – настинката е загарантирана. Советот е да ја прилагодите климата да дува нагоре, но исто така треба да се грижите за правецот во кој ќе отскокне студениот воздух за да не биде повторно насочен кон детето. Користете одвлажнување Ако користите клима уред во возилото, тогаш направете го тоа умерено. Меѓутоа, ако е премногу жешко во возилото, прво изладете го просторот, а потоа вклучете ја функцијата за одвлажнување, бидејќи со намалување на влажноста, температурата од 26, 27 степени ќе биде поднослива.]]>

Ако имате мало дете и планирате да патувате на одмор со автомобили кои имаат клима, има некои работи на кои треба да обрнете внимание. Децата се доста чувствителни и многу малку е потребно за да настинат, а тоа е дефинитивно нешто што сакате да го избегнете на одмор. Исто така, родителите често не обрнуваат внимание на тоа дали го користат клима уредот на вистински начин додека возат со своите малечки. Меѓутоа, ако следите одредени правила, ќе можете да уживате во безбедно возење во автомобил со клима. Првиот совет е да обрнете внимание на тоа каде ќе го паркирате вашиот автомобил за време на жешките летни денови. Советот е секогаш да го оставате под сенка и доколку не сте во можност да го направите тоа, задолжително разладете го автомобилот со клима уред пред да донесете дете. Умерени температури На децата им е дозволено да останат во ладна просторија, но само доколку разликата во температурата надвор и внатре не е голема. Истото важи и за автомобилот. Се препорачува разликата во температурата да не надминува 3-5 степени. Прилагодете го воздухот да дува нагоре Во никој случај не дозволувајте климата да дува директно во вашето дете – настинката е загарантирана. Советот е да ја прилагодите климата да дува нагоре, но исто така треба да се грижите за правецот во кој ќе отскокне студениот воздух за да не биде повторно насочен кон детето. Користете одвлажнување Ако користите клима уред во возилото, тогаш направете го тоа умерено. Меѓутоа, ако е премногу жешко во возилото, прво изладете го просторот, а потоа вклучете ја функцијата за одвлажнување, бидејќи со намалување на влажноста, температурата од 26, 27 степени ќе биде поднослива.]]>
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dobro-e-da-go-razladite-avtomobilot-so-klima-no-ako-vo-nego-ima-deca-ovie-raboti-mora-da-gi-znaete/feed/ 0
ТРИКОВИ како да го разладите автомобилот без климатизација https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trikovi-kako-da-go-razladite-avtomobilot-bez-klimatizacija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trikovi-kako-da-go-razladite-avtomobilot-bez-klimatizacija/#respond Tue, 06 Jul 2021 18:54:22 +0000 https://kurir.mk/?p=533005

Возењето автомобил без клима уред во текот на летната жештина може да се претвори во вистинска „тортура“. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја намалите температурата во вашето возило и да се разладите на природен начин. Отворете ги сите врати и багажникот Пред да влезете во автомобилот, отворете ги сите врати, вклучително и задниот дел, за да излезет топлиот воздух. Навлажнете ги зглобовите, местата на вратот и пулсацијата, како што се храмот и зглобот зад коленото, со ледена вода или ставете ладни облоги на тие места. Сите се поврзани со делот од мозокот одговорен за регулирање на телесната температура, така што ќе се оладите толку брзо. Не возете во патики Возете во отворени чевли, за да не се потат нозете кога ќе ги притиснете педалите. Фатете ја косата Отстранете ја косата од вратот и облечете светла боја облека, која не ги привлекува сончевите зраци. Донесете замрзнат пијалак Со себе секогаш носете малку разладен пијалак, кој ќе го консумирате додека возите. Ставете неколку поголеми шишиња вода во замрзнувачот и, кога ќе замрзнат, однесете ги со вас до автомобилот. Пријатно ќе испушта студ додека мразот целосно не се стопи. Влажна крпа на вентилација Ставете ја вентилацијата на програмата за ладење и закачете влажна крпа преку решетката (исто така можете претходно да ја чувате во замрзнувач), што дополнително ќе го олади воздухот. Донесете неколку да ги смените веднаш штом ќе се исушат. Ставете влажни крпи или пластични кутии со мраз на патосниците На подните душеци ставете кутии направени од стиропор или пластика со мраз и претходно завиткајте ги во пластична кеса, за да не истекува вода при топењето. На овој начин, воздухот што излегува на долните отвори ќе стане многу постуден. Од време на време, накратко отворете ги сите прозорци и направете нацрт. Ставете мал вентилатор на контролната табла, кој можете да го купите во продавниците за авто делови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/trikovi-kako-da-go-razladite-avtomobilot-bez-klimatizacija/feed/ 0
Добри начини да се разладите ако дома немате клима https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dobri-nachini-da-se-razladite-ako-doma-nemate-klima/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dobri-nachini-da-se-razladite-ako-doma-nemate-klima/#respond Sun, 04 Jul 2021 15:46:47 +0000 https://kurir.mk/?p=531738

Високите летни температури се повеќе се зголемуваат од ден на ден. Доколку немате клима уред или ви пречи, сигурни ви е потребна алтернатива за разладување. Обидете се со стариот добар вентилатор, но на малку поинаков начин. Пред да го вклучите, под него поставете голема чинија со што повеќе коцки лед или две-три флаши замрзната вода. Вклучете го и ќе го почувствувате ефектот на разладување, бидејќи поради ледот воздухот кој струи ќе биде многу поладен. Бидејќи вентилаторот се преместува лесно, од време на време преместувајте го од една точка на друга, за да се разлади просторот рамномерно. Спас од топлината ќе ви пружат и собните билки, бидејќи тие внесуваат кислород во куќата и го прават воздухот свеж. Не заборавајте станот да го проветрувате само во текот на ноќта и рано наутро, а сите електрични апарати да ги исклучите кога не ги користите, бидејќи тие дополнително грејат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dobri-nachini-da-se-razladite-ako-doma-nemate-klima/feed/ 0
Климата во автомобилот може сериозно да ви го загрози здравјето, дознајте како правилно да ја користите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/klimata-vo-avtomobilot-moze-seriozno-da-vi-go-zagrozi-zdravjeto-doznajte-kako-pravilno-da-ja-koristite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/klimata-vo-avtomobilot-moze-seriozno-da-vi-go-zagrozi-zdravjeto-doznajte-kako-pravilno-da-ja-koristite/#respond Sun, 04 Jul 2021 12:13:43 +0000 https://kurir.mk/?p=531760

Во текот на жешките, спарни денови, климата во автомобилот е спас, но треба да се биде внимателен. Многу е важно да се внимава температурата на ладење да не е прениска во однос на температурата надвор, бидејќи можете да добиете воспаление на грлото и синусите. Препораката е разликата да не биде поголема од 5 до 6 степени. Покрај тоа, не е добро да го изложувате телото на големи температурни разлики, посебно тоа не смеат луѓе со послабо срце. Автомобилите треба да се разладуваат постепено, најдобро е да се отворат прозорците во текот на првите неколку минути од возењето, па тогаш полека да се намалува температурата на клима уредите. Исто така, ако возите низ градот, размислете дали ви се исплати да ја вклучите климата – додека таа го разлади автомобилот, веќе сте пристигнале. Подобра и поекономична опција е да внимавате автомобилот да ви биде паркиран под сенка, да ставите заштита од сонце на шофершајбната и да ги отворите прозорците во текот на возењето. Уште една работа на која е важно да внимавате, а многумина не ја сфаќаат сериозно – е редовно чистење на климата. Препораката е на секои две години, иако некои велат дека тоа би било добро да се направи пред секое лето. Имено, во климата може да се размножат разни бактерии, а ако не е исчистена, тие може да завршат во вашето тело, да предизвикаат алергија, иритација на очи, суво кашлање, но и посериозни здравствени проблеми. Експертите велат дека е добро да се користи рециркулација на воздухот во возилото што е можно почесто. На тој начин клима уредот го лади воздухот кој е веќе разладен, а не топлиот кој влегува во возилото. На тој начин клима уредот помалку се троши, и подолго трае. Но, кај рециркулацијата на воздухот треба да се биде многу внимателен и на ум треба да се има тоа дека патниците го трошат кислородот и затоа е важно периодично да се пушта воздух во автомобилот, бидејќи во спротивно недостигот на кислород може да предизвика сериозни последици, возачот да падне во несвест и да изгуби контрола над возилото. Правилна постапка за ладење на автомобил – Откако сте го пуштиле моторот, вклучете го клима уредот – Отворете ги сите прозорци – Поставете опција – вовлекување на надворешниот воздух – Температурата поставете ја на минимум – Поставете ги вртењата на вентилаторот на најголема брзина – По разладувањето прозорците треба да се затворат и да се намали брзината на вентилаторот – Температурата на климата нека не биде многу пониска од надворешната. Најдобро е студениот воздух да дува во шофершајбната и во нозете. Директното дување во лице не е препорачливо. – Препорака е и неколку минути пред крајот на патувањето, да се исклучи климата и да се пушти вентилација. На тој начин влажните места во клима уредот ќе се исушат, а со тоа ќе се намали можноста за размножување на бактерии, бидејќи тие сакаат влажно окружување. Совет од лекарите Доколку користиме разладувачи во своите автомобили, но и во своите домови, докторите кажуваат неколку правила. – Разликата во температурата во просторијата која се лади во однос на надворешната температура нека не биде поголема од 8 степени, влажноста треба да биде 40-60 проценти, а брзината на струењето на воздухот најмногу 0,2 м/с. – Вентилаторот не смее да биде насочен во лицето бидејќи ја зголемува можноста ја појава на главоболки, болки во грлото, и проблеми со очите, носот и ушите. – Редовно дезинфицирање и чистење на филтрите на уредот. – Хроничните болесници кои патат од срцеви болести да не прават нагли температурни промени. – Да не се престојува во разладена просторија во влажна облека, бидејќи губењето на температурата и ладењето на тие делови од телото е многу побрзо. – Посебно внимание при користење на клима уредите во присуство на мали деца. – Да пие многу вода и чај во климатизирани простории. – Да не се спие во климатизирана просторија поради опасност од дехидратација и настинка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/klimata-vo-avtomobilot-moze-seriozno-da-vi-go-zagrozi-zdravjeto-doznajte-kako-pravilno-da-ja-koristite/feed/ 0