климатски активисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Jan 2023 21:02:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png климатски активисти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стотици климатски активисти го блокираа центарот на Хаг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotitsi-klimatski-aktivisti-go-blokiraa-tsentarot-na-hag/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotitsi-klimatski-aktivisti-go-blokiraa-tsentarot-na-hag/#respond Sat, 28 Jan 2023 21:02:15 +0000 https://kurir.mk/?p=793283

Стотици климатски активисти блокираа еден од главните патишта во Хаг, во знак на незадоволство за ограничувањата што се наметнуваат врз правото на демонстрации. Демонстрантите, кои се собраа во близина на привремениот дом на холандскиот парламент, вееја знамиња со симболот на еколошката група „Бунт за истребување“. Тие бараат ослободување на шест активисти на здружението кои беа приведени од властите, под сомнение за побуна при организирање на протестот. Апсењата предизвикаа немири меѓу активистите кои тврдат дека тоа го нарушува нивното право на мирни протести. Обвинителите ја бранеа својата постапка, велејќи дека осомничените ги повикувале поддржувачите да учествуваат во опасна и вознемирувачка блокада на патот. Активистите на Еxtinction Rebellion, сепак, ветија дека ќе продолжат со своите протести во кои бараат прекин на владините даночни олеснувања за компаниите поврзани со фосилни горива.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotitsi-klimatski-aktivisti-go-blokiraa-tsentarot-na-hag/feed/ 0
Климатски активисти фрлија боја на Миланската скала https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatski-aktivisti-frlija-boja-na-milanskata-skala/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatski-aktivisti-frlija-boja-na-milanskata-skala/#respond Wed, 07 Dec 2022 11:15:35 +0000 https://kurir.mk/?p=772198

Активисти кои се борат против климатските промени денеска фрлија боја на влезот на операта Миланска скала во пресрет на отворањето на новата сезона, соопшти италијанската полиција. Од полицијата додаваат дека по инцидентот се приведени пет лица и дека соодветните служби ја отстраниле бојата од влезот на театарот. Одговорноста за акцијата во Милано ја презеде движењето „Последна генерација“. Во текот на минатиот месец, истата група фрли супа врз „Сончогледи“ на холандскиот сликар Винсент Ван Гог во Рим, фрли црна течност врз „Смрт и живот“ на австрискиот сликар Густав Климт во Виена и фрли брашно врз спортскиот автомобил БМВ М1 979, насликан од американскиот поп уметник Енди Ворхол, кој беше изложен во Милано. Активистите кои се борат против климатските промени организираа протести низ Европа во последните месеци, а музеите и уметничките дела често беа цел на нападите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatski-aktivisti-frlija-boja-na-milanskata-skala/feed/ 0
Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-muzei-izrazija-zagrizenost-po-napadite-na-klimatskite-aktivisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-muzei-izrazija-zagrizenost-po-napadite-na-klimatskite-aktivisti/#respond Fri, 11 Nov 2022 07:54:33 +0000 https://kurir.mk/?p=758914

Околу стотина меѓународни музеи денеска во заедничко соопштение изразија длабока загриженост од постапките на климатските и екоактивистите, насочени кон оштетување на уметнички дела. „Активистите одговорни за тие напади во голема мера ја потценуваат чувствителноста на овие незаменливи дела“, се вели во заедничката изјава на големите меѓународни музеи како „Прадо“ во Мадрид, „Лувр“ во Париз, „Гугенхајм“ во Њујорк итн. Тие се „длабоко шокирани од несовесното загрозување на тие дела во низата напади на активистите“ што имаат цел со тоа да го привлечат вниманието на јавноста кон глобалното затоплување. Последниве недели, активисти за климата оштетија слика на Гоја во Мадрид, познатата графика „Кембелова супа“ на Енди Ворхол, изложена во Австралија, „Сончогледите“ на Ван Гог во Лондон, како и дело на Клод Моне во Потсдам, Германија. „Музеите се места каде што се воспоставува дијалог меѓу луѓето од различни делови на светот и затоа тие придонесуваат за општествена размена“, велат 92-та потписници. Сликите, за среќа, останаа неоштетени, но настанот со „Сончогледи“ предизвика мали оштетувања на рамката. Затоа, „основните функции на музејот – собирање, истражување, посредување и конзервација се поважни и поактуелни од кога било“, се истакнува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetskite-muzei-izrazija-zagrizenost-po-napadite-na-klimatskite-aktivisti/feed/ 0