климатски промени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Oct 2023 07:39:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png климатски промени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција, Хрватска, Малта, Италија, Португалија, Франција, Кипар и Словенија бараат поголеми ресурси за справување со климатските промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grtsija-hrvatska-malta-italija-portugalija-frantsija-kipar-i-slovenija-baraat-pogolemi-resursi-za-spravuvane-so-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grtsija-hrvatska-malta-italija-portugalija-frantsija-kipar-i-slovenija-baraat-pogolemi-resursi-za-spravuvane-so-klimatskite-promeni/#respond Fri, 27 Oct 2023 07:29:56 +0000 https://kurir.mk/?p=893668

Претседателите на Франција и Кипар и премиерите на Грција, Хрватска, Малта, Италија, Португалија и Словенија, преку писмото упатено до претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, информираат за недоволни финансиски средства и за потребата за зголемување на расположливите ресурси за справување со последиците од климатските промени, јави дописничката на МИА од Атина. Во заедничкото писмо што го објавува грчката државна телевизија ЕРТ, лидерите на осумте земји, сите дел од групата МЕД9, пишуваат дека „климатските промени не само што се на нашиот праг, туку веќе станаа дел од нашиот живот, како што нѐ потсетија неодамнешните природни катастрофи во регионот“. „(Климатските промени) Им се закануваат на нашите земји, на економијата, бизнисите, на граѓаните поединечно и како целина и ја поткопуваат социјалната кохезија, развојот, просперитетот, иднината и нашите животи. Ѝ се закануваат на ЕУ како целина. Стана очигледно дека нашите политики и буџетски ресурси не се доволни за решавање на ова прашање, додека зелената транзиција и адаптацијата на климатските промени се наша главна цел, постои ограничено олеснување на краток и среден рок“, се наведува во писмото. Додаваат дека сите ресурси, материјални, човечки, оперативни и финансиски кои им се на располагање „се покажаа како несоодветни“, а штетите се непроценливи. „Мора да дејствуваме веднаш и колективно. Како општество, како поединечни земји и како Европска Унија – врз основа на двонасочен пристап кој веќе треба да го промовираме во нашите претстојни дискусии. Прво, евидентно е дека расположливите финансиски средства се тотално несоодветни. Фондот за солидарност за 2023 година е исцрпен, заедно со делови од средствата за 2024 година кои би можеле да ги искористиме со исплаќање однапред“, објаснуваат лидерите на осумте земји Паралелно, истакнуваат дека мора да работат со цел зголемување на расположливите ресурси и зајакнување на средствата и механизмите за справување со последиците од природните катастрофи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/grtsija-hrvatska-malta-italija-portugalija-frantsija-kipar-i-slovenija-baraat-pogolemi-resursi-za-spravuvane-so-klimatskite-promeni/feed/ 0
Развиените земји ветија 9,3 милијарди долари за помош во борбата против климатските промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razvienite-zemji-vetija-9-3-milijardi-dolari-za-pomosh-vo-borbata-protiv-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razvienite-zemji-vetija-9-3-milijardi-dolari-za-pomosh-vo-borbata-protiv-klimatskite-promeni/#respond Fri, 06 Oct 2023 14:00:50 +0000 https://kurir.mk/?p=886137

Развиените земји на конференција одржана во Бон ветија дека ќе одвојат 9,3 милијарди долари за помош на земјите во развој во борбата против климатските промени. Ветувањата се однесуваат на Зелениот климатски фонд, со седиште во Јужна Кореја, oд кој се финансира помошта за земјите во развој. Станува збор за најголемиот таков фонд кој има за цел да обезбеди пари за помош на сиромашните земји за намалувањето на емисиите на гасови, соочувањето со влијанието на климатските промени и поттикнувањето на нивниот премин кон чиста енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/razvienite-zemji-vetija-9-3-milijardi-dolari-za-pomosh-vo-borbata-protiv-klimatskite-promeni/feed/ 0
Луѓето со белодробни заболувања се можеби најранливи на климатските промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lugeto-so-belodrobni-zaboluvana-se-mozhebi-najranlivi-na-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lugeto-so-belodrobni-zaboluvana-se-mozhebi-najranlivi-na-klimatskite-promeni/#respond Mon, 04 Sep 2023 06:20:30 +0000 https://kurir.mk/?p=874217

Лицата со белодробни заболувања се меѓу најранливите на климатските промени, сметаат стручњаците за респираторни болести, повикувајќи на итна акција за запирање на климатските промени и намалување на загадувањето на воздухот. Се проценува дека 6,7 милиони луѓе ширум светот и 373.000 во Европа починале поради загадениот воздух во 2019 година, а стакленичките гасови и загадувањето на воздухот имаат многу заеднички извори. Високите температури, променливото време, наголемувањето на поленот и другите алергени, како и шумските пожари, бурите од прашина и сообраќајот заснован на фосилни горива, ги влошуваат постоечките респираторни услови и може да создадат нови. Влијанието на климатските промени врз планетата и човековото здравје сега е „неповратно“, а двете се меѓусебно поврзани, предупредуваат лекарите. Во написот на европскиот „Журнал за респираторни состојби“ (European Respiratory Journal), се бара ЕУ, во согласност со препораките на Светската здравствена организација (СЗО), да ја затегне безбедната граница за загадување на воздухот. Намалувањето на стакленичките гасови и запирање на натамошното затоплување на планетата би довело до „суштински и директни придобивки“, пишуваат авторите, бидејќи здравјето на луѓето брзо ќе се подобрува, како што воздухот станува почист. - Климатските промени влијаат на здравјето на сите, но респираторните пациенти се веројатно меѓу најранливите. Тоа се луѓе кои веќе имаат потешкотии со дишењето и се многу поранливи на нашата променлива клима. Нивните симптоми ќе се влошат, а за некои тоа ќе биде смртоносно, вели проф. Зорана Јовановиќ Андерсен од Универзитетот во Копенхаген и авторка на извештајот. И децата се особено погодени од климатските промени и загадувањето на воздухот, бидејќи нивните бели дробови сѐ уште се развиваат, дишат побрзо и вдишуваат два до три пати повеќе воздух од возрасните бидејќи минуваат повеќе време надвор. Изложеноста на загаден воздух рано во животот може да претставува и поголема веројатност од развој на хронични белодробни заболувања, како што е опструктивната белодробна болест, подоцна во животот, сметаат авторите. Неодамнешните извештаи на СЗО наведуваат дека намалувањето на емисиите ќе резултира со подобар квалитет на воздухот, па затоа регулирањето на загадувањето на воздухот треба да биде „во средиштето“ на секоја климатска стратегија, се вели во написот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lugeto-so-belodrobni-zaboluvana-se-mozhebi-najranlivi-na-klimatskite-promeni/feed/ 0
Топлотните бранови се посилни и подолги поради климатските промени предизвикани од човечкиот фактор, тврди климатологот Ото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplotnite-branovi-se-posilni-i-podolgi-poradi-klimatskite-promeni-predizvikani-od-chovechkiot-faktor-tvrdi-klimatologot-oto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplotnite-branovi-se-posilni-i-podolgi-poradi-klimatskite-promeni-predizvikani-od-chovechkiot-faktor-tvrdi-klimatologot-oto/#respond Tue, 18 Jul 2023 12:11:37 +0000 https://kurir.mk/?p=857734

Нема сомнеж дека топлотните бранови што ја зафатија јужна Европа, САД и делови од Азија се посилни и подолги поради климатските промени предизвикани од човечкиот фактор, изјави денеска климатологот и предавач на Империјал колеџот во Лондон, Фредерика Ото. Таа за Би-Би-Си изјави дека се знае дека без калкулации не може да се каже колку посилни би биле топлотните бранови доколку не беа климатските промени, но се знае дека климатските промени тука се огромен фактор. „Сè додека фабриките, електраните, бродовите, автомобилите и авионите продолжуваат да ги исфрлаат своите издувни гасови во атмосферата, работите можат само да добиваат на топлина“, рече Ото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/toplotnite-branovi-se-posilni-i-podolgi-poradi-klimatskite-promeni-predizvikani-od-chovechkiot-faktor-tvrdi-klimatologot-oto/feed/ 0
Северната хемисфера на Земјата погодена од високи температури и невремиња https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnata-hemisfera-na-zemjata-pogodena-od-visoki-temperaturi-i-nevremina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnata-hemisfera-na-zemjata-pogodena-od-visoki-temperaturi-i-nevremina/#respond Mon, 17 Jul 2023 05:45:43 +0000 https://kurir.mk/?p=857249

Десетици милиони луѓе вчера беа засегнати од пеколните температури што ја зафатија северната хемисфера, во Калифорнија беснееја разорни пожари, додека Азија ја погодија невообичаени бури, што е нов доказ за климатските промени. Во Европа, каде, според експертите, климатските промени се двојно побрзи од светскиот просек, неколку земји се посебно погодени. Во Италија за 16 градови е издаден црвен метео аларм, со очекувана температура од 36 до 37 степени, но се чувствува уште повисока, до 40. Шпанија исто така преживеа жешка седмица, а Канарскиот остров Ла Палма викендов беше опустошен од пожар кој изгоре 5.000 хектари земја, а беа евакуирани 4.000 луѓе. Шпанската метеоролошка служба вчера издаде портокалово предупредување за денеска, поради температури од 38 до 42 степени на голем дел од полуостровот и Балеарските острови, а црвено предупредување (највисока опасност) за денеска е издадено за делови од Андалузија и за вторник за Арагон, Каталонија и Мајорка каде што се очекуваат 42 до 44 степени Целзиусови. Во Грција горештините би требало малку да попуштат, а атинскиот Акропол вчера во најтоплиот дел од денот беше затворен за посетители. Во САД, од Флорида преку Тексас до Калифорнија, голем дел од југот вчера беше погоден од топлотен бран што синоптичарите го опишаа како „задушувачки“, најавувајќи рекордни температури. Во познатата Долина на смртта, во Калифорнија, во сабота навечер се измерени дури 51 Целзиусов степен, а се очекуваат дури 54 степени. Покрај високите температури, Калифорнија ја зафатија и големи пожари кои досега изгореа над 1.214 хектари, а жителите се евакуирани. На други делови од САД им се заканува невреме. - На места можни се силни бури, врнежи и поплави, особено во Нова Англија, каде што земјата е веќе натопена од неодамнешните дождови, соопшти Националната метеоролошка служба. Поројните поплави завчера однесоа три животи во округот северно од Филаделфија, Пенсилванија, а четири лица се уште се водат како исчезнати, соопштија локалните пожарникари. Годинава во Канада веќе изгореа повеќе од 10 милиони хектари, што е убедливо најмногу досега, покажуваат податоците на Националниот центар за шумски пожари, според кои во моментов има 906 активни пожари, од кои 570 се вон контрола. Во Јапонија вчера беа регистрирани високи температури во 20 од 47 јапонски префектури, а во поплавите по обилните врнежи загинаа осум лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/severnata-hemisfera-na-zemjata-pogodena-od-visoki-temperaturi-i-nevremina/feed/ 0
Во Вилнус потпишан Меморандум за операционализација на Центарот за извонредност на НАТО за климатски промени и безбедност https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vilnus-potpishan-memorandum-za-operatsionalizatsija-na-tsentarot-za-izvonrednost-na-nato-za-klimatski-promeni-i-bezbednost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vilnus-potpishan-memorandum-za-operatsionalizatsija-na-tsentarot-za-izvonrednost-na-nato-za-klimatski-promeni-i-bezbednost/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:34:19 +0000 https://kurir.mk/?p=855868

Климатските промени се еден од клучните предизвици на денешницата и зголемените влијанија од промената на климата претставуваат директни и индиректни закани за безбедност на луѓето и државите ширум светот, па од тие прични НАТО реши да создаде свој Центар за извонредност за климатски промени и безбедност, за чија операционализација денеска беше потпишан Меморандум за разбирање на Самитот на Алијансата во Вилнус. Според оценките на НАТО, екстремните временски прилики и климатските промени може да ги загрозат човечкиот живот и благосостојба, економската безбедност, политичката стабилност, јавната безбедност, имотот и критичната инфраструктура. - Ефектите од климатските промени, исто така, го обликуваат однесувањето на државните и недржавните актери на различни начини, кои се уште не се целосно осознаени. Жените, девојките, домородното население, оние кои живеат во сиромаштија и другите ранливи или маргинализирани групи често се особено изложени на ризик од директните и индиректните ефекти на климатските промени, посочуваат од НАТО. Од тие причини, како водечка политичка и воена алијанса во светот, НАТО со формирањето на овој Центар има јасна цел за справувањето со безбедносните импликации од климатските промени. - Климатските влијанија може да ја тестираат отпорноста на воените инсталации и опрема, да создадат посурови или посложени оперативни услови и да ја променат природата на стратешкото опкружување, што претставуваат уникатни предизвици за воените и безбедносните актери задолжени да ја одржуваат нашата безбедност, додаваат од НАТО. Иницијативата за формирање на Центарот ја покрена канадскиот премиер Џастин Трудо на Самитот на НАТО во јуни 2021 година, по што лани во мај Алијансата официјално го прифати овој предлог. По ова, на Самитот на Алијансата во Мадрид минатата година беше решено седиштето на Центарот за извонредност на НАТО за климатски промени и безбедност да биде во канадскиот град Монтреал. Според најавите, во моментов Канада заедно со останатите сојузници од Алијансата, работи на воспоставување на овој Центар, кој би требало да почне со работа на есен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-vilnus-potpishan-memorandum-za-operatsionalizatsija-na-tsentarot-za-izvonrednost-na-nato-za-klimatski-promeni-i-bezbednost/feed/ 0
Богатите земји ја финализираа помошта од 100 милијарди долари за земјите во развој за справување со климатските промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bogatite-zemji-ja-finaliziraa-pomoshta-od-100-milijardi-dolari-za-zemjite-vo-razvoj-za-spravuvane-so-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bogatite-zemji-ja-finaliziraa-pomoshta-od-100-milijardi-dolari-za-zemjite-vo-razvoj-za-spravuvane-so-klimatskite-promeni/#respond Fri, 23 Jun 2023 12:37:36 +0000 https://kurir.mk/?p=849005

Богатите земји го финализираа задоцнето ветување за доделување финансии за справувањето со климатските промени во износ од 100 милијарди долари за земјите во развој и формираа фонд за биолошка разновидност и заштита на шумите, истакна денеска францускиот претседател Емануел Макрон. Тој говореше на завршниот панел на Самитот во Париз, каде четириесетина лидери - меѓу кои дваесетина од Африка, кинескиот премиер и претседателот на Бразил - дадоа поттик за новиот глобален финансиски план. Целта на Самитот беше да се зајакне кризното финансирање за сиромашните земји и да се олесни нивниот долг, да се реформираат повоените финансиски системи и да се ослободат средства за справување со последиците од климатските промени преку постигнување консензус на највисоко ниво за тоа како да се промовираат бројни иницијативи во телата, како што се Г20, ММФ, Светска банка, ОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bogatite-zemji-ja-finaliziraa-pomoshta-od-100-milijardi-dolari-za-zemjite-vo-razvoj-za-spravuvane-so-klimatskite-promeni/feed/ 0
Италијанските продавачи на облека сакаат да ја одложат сезоната на попусти поради климатските промени https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/italijanskite-prodavachi-na-obleka-sakaat-da-ja-odlozhat-sezonata-na-popusti-poradi-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/italijanskite-prodavachi-na-obleka-sakaat-da-ja-odlozhat-sezonata-na-popusti-poradi-klimatskite-promeni/#respond Fri, 19 May 2023 11:52:59 +0000 https://kurir.mk/?p=836390

Подоцните и подолги лета и поблагите зими во Италија ги натераа двата најголеми трговци со облека да побараат сезоната на попусти да се одложи за неколку недели. Трговците со облека често ги намалуваат цените на непродадената облека за да ги испразнат полиците за претстојната сезона. За почетокот на сезонските попусти во Италија одлучуваат регионалните власти по консултација со малопродажните здруженија. Трговците обично почнуваат со попуст на летната облека на почетокот на јули, а на зимската облека на почетокот на јануари. OVS и Pianoforte Holding вчера објавија дека овогодинешната летна продажба треба да се одложи за неколку недели, бидејќи клиентите го одложуваат купувањето на летна облека поради обилните дождови. „Сезоните се сменија и мораме да го приспособиме календарот на продажба со новите климатски обрасци“, рече извршниот директор на Pianoforte Holding, Џанлуиџи Чимино. Тој побара летната распродажба да се одложи до средината на јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/italijanskite-prodavachi-na-obleka-sakaat-da-ja-odlozhat-sezonata-na-popusti-poradi-klimatskite-promeni/feed/ 0
Лондон ги забрзува плановите за заштита од поплави поради климатските промени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-gi-zabrzuva-planovite-za-zashtita-od-poplavi-poradi-klimatskite-promeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-gi-zabrzuva-planovite-za-zashtita-od-poplavi-poradi-klimatskite-promeni/#respond Wed, 17 May 2023 06:06:24 +0000 https://kurir.mk/?p=835047

Велика Британија ги забрзува плановите за заштита на Лондон од поплави предизвикани од глобалното затоплување и зголемувањето на нивото на морето, со тоа што својот работен план за заштита на центарот на градот го забрза за 15 години. Лондон, кој се наоѓа на плимниот дел на реката Темза, на околу 80 километри од морето, моментално е заштитен од бранови со подвижна бариера за поплави широка 520 метри, која се наоѓа на исток од градот и се подига неколку пати годишно. Британската Влада сега ја забрзува постоечката програма за адаптација на климата со цел зголемување на заштитата на градот до 2050 година, наместо до 2065 година, како што првично беше наведено во документ од 2012 година. - Нивото на морето се зголемува со забрзано темпо во целото устие на Темза и затоа е од суштинско значење да дејствуваме сега за да одговориме на климата која се менува, изјави Џули Фоли, портпарол на државната Агенција за животна средина, која ги разви плановите. Во соопштението на британската влада се вели дека промената е заснована на подобрени модели за климатски промени кои покажуваат „зголемен ризик од поплави поради затоплување на климата и зголемување на нивото на морето“. Светската метеоролошка организација минатиот месец соопшти дека нивоата на океаните се зголемуваат повеќе од двојно побрзо отколку во првата деценија од мерењата во 1993-2002 година, и оти достигнале нов рекорд минатата година. Целосниот план на Велика Британија ќе биде објавен подоцна денеска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/london-gi-zabrzuva-planovite-za-zashtita-od-poplavi-poradi-klimatskite-promeni/feed/ 0
Климатските промени го зголемуваат ризикот од тропски болести во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatskite-promeni-go-zgolemuvaat-rizikot-od-tropski-bolesti-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatskite-promeni-go-zgolemuvaat-rizikot-od-tropski-bolesti-vo-evropa/#respond Thu, 11 May 2023 08:58:21 +0000 https://kurir.mk/?p=832994

Студијата на Истражувачката група за медицински биодиверзитет и паразитологија на Универзитетот Гете во Франкфурт сугерира дека зголемувањето на температурите ќе доведе до тоа на тропските и суптропските инсекти да им е сè поудобно во Европа. Студијата е нарачана од германската мрежа за борба против занемарени тропски болести. Меѓу инсектите кои можат да пренесуваат заразни болести е и азискиот тигрест комарец. Може да пренесе денга, жолта треска или вирус зика на луѓето. Овој тип на комарци по потекло е од Јужна и Југоисточна Азија, но поради зголемувањето на глобалните температури веќе може да се најде во делови од Централна Европа. Ларвите на комарците се развиваат побрзо кога е топло. Користејќи го примерот на тигрестиот комарец, истражувачкиот тим предводен од биолозите Сара Кунзе и Свен Климпел пресметал колку погодни живеалишта ќе се прошират во Европа во зависност од температурата. Во вториот чекор, научниците испитуваа како различните температури влијаат на преносот на патогени. Тие открија дека дури и со глобално зголемување на температурата за помалку од два Целзиусови степени, во иднина ќе преовладуваат климатски услови поволни за пренос на заразни болести во речиси сите делови на Европа. Научниците препорачуваат едукација на населението и сметаат дека е неопходно да се едуцираат лекарите за вакцинација, дијагноза и терапија на заразни тропски болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klimatskite-promeni-go-zgolemuvaat-rizikot-od-tropski-bolesti-vo-evropa/feed/ 0