клими – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Sep 2020 13:23:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клими – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Уште една пропадната мерка на власта, нема инвертер клими за сиромашните граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-propadnata-merka-na-vlasta-nema-inverter-klimi-za-siromashnite-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-propadnata-merka-na-vlasta-nema-inverter-klimi-za-siromashnite-gragjani/#respond Mon, 21 Sep 2020 13:23:08 +0000 https://kurir.mk/?p=406241

Пропадна проектот кој бомбастично беше најавуван од Владата и од премиерот Зоран Заев за доделување ваучери за инвертер клими. Со овој проект Владата најавуваше дека ќе се намали загаденоста на воздухот, но по неколкумесечните преписки меѓу министерствата и сите надлежни, ваучерите за инвертори останаа недоделени. На стартот на грејната сезона, Град Скопје најавува нови правила при аплицирање, па така, сега наместо граѓаните да добиваат ваучери тие самите ќе треба од свој џеб да ги платат инвертерите, а потоа да се надеваат на локалната власт да им ги враќа парите. Но, ова не ја постигнува целта на мерката бидејќи како што беше најавувано со оваа мерка требаше да им се помогне на социјално ранливите категории на граѓани наместо да се греат на дрва да дојдат до еколошки грејни тела. Тука се поставува прашањето како ќе се убедат граѓаните посебно оние кои немаат средства да вложат минимум 500 евра за инвентер клима, па да се надеваат дека општината ќе им ги врати парите. Овој аргумент е доволен за уште една мерка и дадено ветување на Владата да се прогласи за пропадната. Инаку чистиот воздух беше едно од главните ветувања на СДСМ во предизборната кампања, а уште погласни беа како опозиција. Но, и откако дојдоа на власт не спроведоа ниту една посериозна мерка во ова насока. Тоа дека Владата и покрај многуте ветувања во сферата на екологијата не ги извршува, ниту основните обврски за подобрување на квалитетот на воздухот, покажува и тоа што пред некој ден министерот за екологија Насер Нуредини призна дека на само две недели пред почетокот на грејната сезона ниту една од мерните станици за загаденост на воздухот не е во функција, а посочи и дека не знае кога би проработиле.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ushte-edna-propadnata-merka-na-vlasta-nema-inverter-klimi-za-siromashnite-gragjani/feed/ 0
И субвенциите за инвертери, ветени пред 9 месеци, ќе се делат предизборно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-subvenciite-za-inverteri-veteni-pred-9-meseci-kje-se-delat-predizborno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-subvenciite-za-inverteri-veteni-pred-9-meseci-kje-se-delat-predizborno/#respond Sun, 14 Jun 2020 13:58:18 +0000 https://kurir.mk/?p=357760

По цели девет месеци откако Владата најави дека ќе дава ваучери од 1.000 евра за купување инвертер клими, од наредната недела ќе почне аплицирањето за жителите на главниот град. Од Град Скопје информира дека од наредната недела ќе биде отворен повикот, а на него за субвенции во цела вредност на клима инвертерот, но не повеќе од 62.000 денари ќе може да аплицираат граѓани со фискални сметки од 1 јануари година. Лани во септември, заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули го најави проектот и рече дека на граѓаните ќе им се даваат ваучери, а потоа со нив ќе можат да одат во продажните салони да купат инвертер клими. Сега, според соопштението од Град Скопје, ваучери нема да има, туку граѓаните ќе треба прво да го купат инвертерот, да аплицираат во Град Скопје, па потоа на нивните сметки ќе им бидат вратени парите, информира „СакамДаКажам“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/i-subvenciite-za-inverteri-veteni-pred-9-meseci-kje-se-delat-predizborno/feed/ 0
Наскоро јавен повик за субвенции за инвертер клими https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/naskoro-javen-povik-za-subvencii-za-inverter-klimi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/naskoro-javen-povik-za-subvencii-za-inverter-klimi/#respond Sun, 14 Jun 2020 09:34:15 +0000 https://kurir.mk/?p=357656

Градот Скопје во текот на следната недела ќе го објави јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за купување високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување. Новитет оваа година е што граѓаните за да добијат субвенции за инвертери ќе треба доброволно и без надомест да ги предадат постојните печки на дрва, јаглен, нафта или мазут. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во нето износ не повеќе од 62.000 денари. Со јавниот повик се опфаќаат сите високоефикасни инвертер клима уреди кои се купени од 1 јануари 2020 година и ќе трае заклучно со 30 ноември 2020 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Повикот ќе се реализира согласно со принципот „прв дојден прв услужен“. На Јавниот повик немаат право на учество жителите (домаќинствата) кои имаат станбен објект со приклучок на градско централно греење без оглед на тоа дали го користат. Во Буџетот на Град Скопје за 2020 година за оваа намена се предвидени 322 милиони и 400 илјади денари, обезбедни од Владата на Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/naskoro-javen-povik-za-subvencii-za-inverter-klimi/feed/ 0