Клиничка биохемија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 20:57:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Клиничка биохемија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Валидноста на резултатите доведена во прашање: Вработени на Клиничка биохемија реагираат, се користат реагенси со поминат рок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/validnosta-na-rezultatite-dovedena-vo-prashane-vraboteni-na-klinichka-biohemija-reagiraat-se-koristat-reagensi-so-pominat-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/validnosta-na-rezultatite-dovedena-vo-prashane-vraboteni-na-klinichka-biohemija-reagiraat-se-koristat-reagensi-so-pominat-rok/#respond Mon, 10 Jul 2023 20:57:59 +0000 https://kurir.mk/?p=855199

До редакцијата на Курир во изминатите два дена пристигнаа информации од дел од вработените на Клиничка биохемија кои изразуваат сериозна загриженост за валидноста на резултатите кои се издават од оваа здравствена установа. Наводите, вработените ги поткрепуваат со фотографии од реагенси за испитување на тироидната жлезда, на кои се гледаат поминати рокови на самите кутии. Земајќи го во предвид фактот дека точните резултати се клучни за определување на соодветна терапија, а користење реагенси со поминат рок според познавачите го доведува под прашање и натамошниот третман и лекување на пациентите. Клиничка биохемија, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Министерство за здравство треба да одговорат дали имаат сознанија или пријави за овие информации, дали се точни наводите на вработените, дали и кога е извршена последната контрола во оваа ЈЗУ и што е констатирано? Останува отворено и прашањето дали по допрен глас ќе излезе инспекција на терен со цел да констатираат фактичка состојба и да ги преземат неопходните мерки во интерес на заштита на здравјето на граѓаните? Доколку се утврди дека наводите се точни, кој ќе одговара за користење реагенси со поминати рокови? Дали има нарачка на нови реагенси и зошто не се повлечени од употреба спорните реагенси, кога последен пат е направена нова нарачка односно колку време немало набавка на нови реагенси, а доколку има зошто не се употребуваат? Редакцијата на Курир располага со фотографии од реагенсите кои според нашите извори во моментов се користат на Клиничка биохемија, а објавуваме само дел од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/validnosta-na-rezultatite-dovedena-vo-prashane-vraboteni-na-klinichka-biohemija-reagiraat-se-koristat-reagensi-so-pominat-rok/feed/ 0