клиничка болница штип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 09:57:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клиничка болница штип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 100 ИСПРАЗНЕТИ МЕСТА ВО ОВОЈ МОМЕНТ – за еден месец од Клиничката болница во Штип си заминале 30 вработени! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/100-isprazneti-mesta-vo-ovoj-moment-za-eden-mesets-od-klinichkata-bolnitsa-vo-shtip-si-zaminale-30-vraboteni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/100-isprazneti-mesta-vo-ovoj-moment-za-eden-mesets-od-klinichkata-bolnitsa-vo-shtip-si-zaminale-30-vraboteni/#respond Thu, 23 Feb 2023 09:57:03 +0000 https://kurir.mk/?p=804059

Недостиг на лекари, медицински персонал, хигиеничари, но и друг стручен кадар е еден од најгорливите проблеми, кој веќе една деценија се провлекува низ македонскиот здравствен систем. Во Клиничката болница-Штип за само еден до два месеци си заминале 30 вработени. Во моментов, болницата работи со сто вработени помалку од предвидената бројка или тоа се сто испразнети работни места, вели за МИА директорот на Клиничката болница во Штип, Ален Ѓеорѓијев. Најкритично е на Одделението за анестезиологија кое за еден месец ќе функционира само со тројца анестезиолози. Лекари специјалисти недостигаат и на Ортопедија, Интерно, Очно, Инфективно, а медицински сестри, болничари и хигиеничари недостигаат на сите одделенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/100-isprazneti-mesta-vo-ovoj-moment-za-eden-mesets-od-klinichkata-bolnitsa-vo-shtip-si-zaminale-30-vraboteni/feed/ 0
Штипската Клиничка болница набави нов апарат за анестезиологија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskata-klinichka-bolnica-nabavi-nov-aparat-za-anesteziologija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskata-klinichka-bolnica-nabavi-nov-aparat-za-anesteziologija/#respond Thu, 03 Nov 2022 12:53:35 +0000 https://kurir.mk/?p=755199

Нов апарат за анестезиологија доби Одделот на Анестезиологија и реанимација при Клиничка болница Штип. За три месеца ова е втор апарат набавен со средства од буџетот на болницата, истакна на денешната прес-конференција директорот Ален Ѓеорѓијев. Со набавката на нови апарати и сервис на старите се овозможува извршување на повеќе хируршки интервенции со цел побезбедна хирургија во интерес на пациентите. – Станува збор за нов апарат кој го купивме со сопствени средства и оној претходниот кој го купивме во август, успеавме во рок од три месеца да купиме два нови апарати за анестезија и со сервисот на апарати завршивме во делот на сервисирање на апарати, набавка на опрема за анестезија, со цел можност за извршување на повеќе хируршки интервенции и изведување на побезбедена хирургија во интерес на пациентите, вели Ѓеорѓијев.
Новиот апарат за анестезилогија ќе се користи на сите оддели кај кои се применува хирургија, а чини над три милиони денари. Економската криза директно влијаеше врз работата на Клиничка болница Штип, како и врз набавката на нови апарати, дециден е Ѓеорѓијев. Но, сепак вели успех е што болницата не се остава без потребните апарати, а со тоа граѓаните од Штип и регионот добиваат добро и квалитетено здравство. Прашан за недостатокот на медицински кадар, Ѓеорѓијев истакна дека имаат барање за вработување на 13 лица и се чека одобрение од Министерството за финансии. -Состојбата со кадарот, има делови од персоналот кои имаме сериозна потреба од нив. Се работи за болничари, хигиеничари, тоа е работа која многу ни недостасува, ни фалат и доктори и сестри. Очекуваме овие денови да пристигне одобрение од финансии да распишеме оглас за прием на доктори и сестри со што ќе го ублажиме недостигот. Ова последното барање се работи за шест доктори на медицина, за шест медицински сестри и една акушерка, вели Ѓеорѓијев. Медицински кадар недостасува речиси во сите оддели при Клиничка болница- Штип, а дополнителен проблем е што голем дел од вработените заминаа на работа во приватното здравство. Но, најголем недостаток има од анестезилози, доктори на одделот за ортопедија и на oдделот за очни болести.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskata-klinichka-bolnica-nabavi-nov-aparat-za-anesteziologija/feed/ 0
Во штипското Инфективно одделение хоспитализирани седум пациенти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskoto-infektivno-oddelenie-hospitalizirani-sedum-pacienti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskoto-infektivno-oddelenie-hospitalizirani-sedum-pacienti/#respond Wed, 20 Jul 2022 12:12:24 +0000 https://kurir.mk/?p=707921

Во Инфективното одделение при Клиничка болница-Штип има незначително зголемен број пациенти со Ковид-19. Хоспитализирани се седум пациенти од целиот источен регион. Началничката на Инфективно одделение-Штип, Дијана Шишикова-Гајдарџиска вели дека дел од пациентите се вакцинирани со две дози вакцина, друг дел со коморбидитети, претежно повозрасни граѓани над 60 години. Таа уверува дека пациентите поминуваат со полесна клиничка слика и третман во домашни услови, што всушност е и карактеристика на сојот омикрон. -Овие денови има раздвиженост, поголем број на пациенти се јавуваат и во амбуланта. Во текот на вчерашниот ден се пратени 15 пациенти, дел од нив суспектни на Ковид, дел позитивни и контролни прегледи, а во болничкиот дел хоспитализирани се седум пациенти. Тие што се хоспитализирани имаат потреба, индикација за хоспитализација, тие што имаат прележано и примано вакцини приметуваме дека поминуваат со полесна клиничка слика и генерално започнуваат со амбулантски третман во домашни услови, вели Шишкова – Гајдарџиска. Во моментов главно станува збор за пациенти со коморбидитети кои доаѓаат од другите одделенија, па по позитивен ковид – резултат се пренесуваат на Инфективното одделение. Иако моментната ситуација не е загрижувачка, Шишкова – Гајдарџиска потсетува дека треба да бидеме внимателни, бидејќи смета дека како што е во другите држави, така и кај нас бројките ќе се зголемат. -Треба да бидеме внимателни, барем луѓето кои имаат коморбидитети и намален имунитет да бидат внимателни, во поголеми простории да носат заштитни маски, додава Шишкова – Гајдарџиска. Слична е и состојбата во италијанскиот град Боргоманеро, посочи на денешната меѓународна конференција во Штип медицинскиот директор на болницата во тој град, Арабела Марија. Забележа дека состојбата со пациенти да доаѓаат на други одделенија, па како позитивни на ковид да се изолираат на посебен оддел се пресликува и во Италија. Таа претходно била и раководител на тимот задолжен за справување со пандемијата, од Штип вели дека засега одделите и кај нив не се оптеретени со ковид – пациенти. -Помал број на пациенти имаат потреба да бидат на интензивна нега. Се разбира, и понатаму имаме високи бројки на позитивни пациенти. Знаете, има пациенти кои се позитивни, но имаат потреба од други медицински услови, како на пример на ортопедија или хирургија, така што мора нив да ги изолираме во посебни делови од болницата за да спречиме ширење на вирусот. Вакцините многу ни помогнаа и тоа е видливо, бидејќи одделите за интензивна нега не се толку оптеретени како што беа претходно. Во болницата имаме 20 пациенти, од кои само еден е на интензивна нега, вели Арабела Марија. Посочи дека ниту еден лекар не може да прогнозира, каков ќе биде есенскиот бран. Спасот, според неа, се вакцините и научниците постојано да работат на нив, бидејќи имунизацијата на населението помагнала за намалување на притисокот низ болниците. Штипското Инфективно одделение има доволен број доктори согласно бројот на пациенти. Сепак, состојбата се надгледува, па медицинскиот кадар ќе се менаџира со бројот на хоспитализирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-shtipskoto-infektivno-oddelenie-hospitalizirani-sedum-pacienti/feed/ 0
Какви луѓе постојат! Се обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород во штипската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kakvi-lugje-postojat-se-obidele-da-ukradat-bakarna-cevka-od-boca-za-kislorod-vo-shtipskata-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kakvi-lugje-postojat-se-obidele-da-ukradat-bakarna-cevka-od-boca-za-kislorod-vo-shtipskata-bolnica/#respond Fri, 25 Mar 2022 15:29:21 +0000 https://kurir.mk/?p=653406

Крадци се обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород во гас централата што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е одалечена од зградата на Инфективното во кое се лекуваат ковид болните. Според надлежните од болницата, најверојатно крадецот се исплашил од шуштењето на воздухот па побегнал. Тоа го спречило да направи штета и снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање. Случајот е пријавен во СВР-Штип, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска. Од СВР-Штип  велат дека извршен е увид и се уште се трага по сторителот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kakvi-lugje-postojat-se-obidele-da-ukradat-bakarna-cevka-od-boca-za-kislorod-vo-shtipskata-bolnica/feed/ 0
Петмина починати од корона во штипската болница, заразена воспитувачка во градинка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petmina-pochinati-od-korona-vo-shtipskata-bolnica-zarazena-vospituvachka-vo-gradinka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petmina-pochinati-od-korona-vo-shtipskata-bolnica-zarazena-vospituvachka-vo-gradinka/#respond Mon, 30 Aug 2021 13:42:40 +0000 https://kurir.mk/?p=556706

Пет луѓе од од источниот регион на државата починаа од последици на корона вирус за едно деноноќие (двајца се од Штип, по еден од Радовиш, кочанското село Спанчево и Делчево). Пациентите починале во штипската болница, каде во моментот има 53-ца хоспитализирани, од кои 45 се лекуваат во модуларната болница, а останатите во стабилна состојба се во кожното одделение во болницата. 37 пациенти се на кислородна поддршка, а во дневната амбуланта се извршени 27 прегледи. Од Центарот за јавно здравје-Штип денеска објавија детална анализа, според која, во Штип од почетокот на пандемијата до денес се регистрирани 5.229 позитивни лица, починати се 150, оздравени 4.895, а моментално како активни случаи се водат 186 лица. Мал дел од активните се вакцинирани и се со лесна клиничка слика, стои во анализата на ЦЈЗ-Штип. Починати од новиот бран се 4 лица од кои 3 се невакцинирани, а еден вакциниран со две дози над 70 години со коморбидитети. Забележани се и по еден случај на новозаразени во три штипски конфекции, а заразата им е од семејни контакти. -Во однос на возрасни групи најголем процент се над 60 год со пораст на возрасна група од 20-39 години во последните две недели. Во училиштата се поставени ковид координатори, кои се во постојан контакт со ЦЈЗ и се постапува соодветно. Во моментот има едно лице – воспитувачка во детска градинка која е позитивна на ковид, истата е ставена во изолација и изолирана е групата на деца со кои била во контакт, стои во соопштението од Центар за јавно здравје-Штип Почната е дезинфекцијата и дератизацијата во предучилишните и училишните установи и истата ќе биде завршена до почетокот на школската година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petmina-pochinati-od-korona-vo-shtipskata-bolnica-zarazena-vospituvachka-vo-gradinka/feed/ 0
Mozzart обезбеди лекови и медицински материјали за Клиничката болница во Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-obezbedi-lekovi-i-medicinski-materijali-za-klinichkata-bolnica-vo-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-obezbedi-lekovi-i-medicinski-materijali-za-klinichkata-bolnica-vo-shtip/#respond Sun, 02 May 2021 19:53:51 +0000 https://kurir.mk/?p=504741

Лекови кои се исклучително потребни на секоја болница во борбата против корона вирусот, медицински материјал и опрема, се составен дел од донацијата што компанијата Mozzart ја додели во Клиничката болница во Штип. Регионалниот лидер во приредување на игри на среќа, со денешната  донација во штипската болница ја продолжи својата кампања „Да бидеме општествено одговорни“ и преку конкретна поддршка на здравствените установи уште еднаш ја потврди својата силна фокусираност и посветеност за солидарност, хуманост и одговорност.
“Сакам да се заблагодарам на компанијата Mozzart за оваа донација, бидејќи во ова време невреме со корона вирусот со кој се бориме повеќе од 14 месеци секоја помош е добредојдена. Ова помош е многу значајна за нас бидејќи ни помогаат во оној дел каде што имаме највеќе потреба а тоа е во делот на антикоагулантната терапија која што е исклучително значајна за сите пациенти кои што се лекуваат од корона, потоа во делот на моновети кои што ги користиме за испитување на крв и во делот на регулаторите или фолуметрите кои што ги користиме за достава на кислород до пациентите на кои што им е тоа потребно. Од пред еден месец имаме модуларна болница во која што сме на централен довод на кислород и со оваа донација успеавме комплетно да ги задоволиме потребите за опремување на болницата и непречено одвивање на процесот на лекување на пациентите со корона. Ова е веќе втор пат од компанијата Mozzart да добиеме сериозна помош, прв пат минатата година добивме финансиска помош од 5.000 евра, а еве и оваа година повторно добиваме огромна помош која навистина ни значи.“ - истакна директорот на штипската клиничка болница, д-р Ален Георгијев.
Лекарите и медицинскиот персонал од секоја болница се најголемите и вистински победници во оваа борба против пандемијата. Нивното знаење, вложениот труд, посветеноста и макотрпноста, демонстрирани во целиот изминат период, претставуваат најдобар и најголем пример за истрајност, издржливост и бескомпромисност.
“Клиничката болница во Штип претставува најзначајна здравствена установа во целиот источен регион, и токму затоа, во рамки на нашата кампања „Да бидеме општествено одговорни“, сме тука да им се заблагодариме за сѐ што прават за сите нас и да им помогнеме во нивната макотрпна работа преку донирање на лекови кои се исклучително потребни на секоја болница во борбата против пандемијата и медицински материјал и опрема за што ќе имаат посебна намена во целосното опремување на новоотворената модуларна болница. Се надеваме дека оваа донација ќе значи олеснување на работата во болницата во Штип и помош за многу граѓани кои се лекуваат.” - изјавија од менаџментот на компанијата Mozzart.
Од самиот почеток на пандемијата, регионалниот лидер во приредување на игри на среќа, компанијата Mozzart, во рамки на својата постојана кампања за општествена одговорност „Да бидеме општествено одговорни“, во здравствените установи во државата реализираше голем број на различни донации, финансии и материјални добра кои значат директна поддршка за здравствениот систем, медицинскиот кадар и граѓаните во различни региони. Од компанијата најавуваат дека со кампањата „Да бидеме општествено одговорни“ продолжуваат и во следниот период преку конкретна демонстрација на солидарност, хуманост и одговорна поддршка онаму каде што е најпотребно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mozzart-obezbedi-lekovi-i-medicinski-materijali-za-klinichkata-bolnica-vo-shtip/feed/ 0
ВЕЌЕ НЕМА ПРАЗНИ КРЕВЕТИ: Во Штип и Кочани единствениот инфектолог заминал во пензија – преку телефон се одлучува дали пациентите се за хоспитализирање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vekje-nema-prazni-kreveti-vo-shtip-i-kochani-edinstveniot-infektolog-zaminal-vo-penzija-preku-telefon-se-odluchuva-dali-pacientite-se-za-hospitaliziranje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vekje-nema-prazni-kreveti-vo-shtip-i-kochani-edinstveniot-infektolog-zaminal-vo-penzija-preku-telefon-se-odluchuva-dali-pacientite-se-za-hospitaliziranje/#respond Wed, 31 Mar 2021 10:56:36 +0000 https://kurir.mk/?p=490215

Ковид центрите во Штип и Кочани пополнети до последното место. Модуларната болница во склоп на кочанската болница за 10 дена од отворањето ги пополни сите 35 легла. Пациенти се хоспитализираат и на физикална, а единствено им остануваат 9 слободни кревети на интензивна нега. Во дневната амбуланта се прегледуваат околу 200 пациенти. Дополнителен проблем е што немаат инфектолог, зашто единствениот кој го имале, заминал во пензија, објавува Сител. За нашите Ковид позитивни пациенти, во телефонска комуникација со инфективното одделение при штипската клиничка болница, тие даваат инструкции кој пациент може да остане во Кочани, кој пациент ќе го земат во Штип, а кој пациент ќе продолжи на лекување во Скопје- изјави Александар Серафимовски, директор на Општа болница - Кочани. Во модуларната со Ковид пациентите работат специјализанти, а притисокот е огромен, велат од болницата. На штипско инфективно хоспитализирани се 58 пациенти, 5 се на анестезија и еден на кардиологија. На 48 пациенти им е потребна кислородна поддршка. Ослободуваме места. Знам дека од завчера се отвори кардиолошкото одделение при штипската клиничка болница и ќе биде пренаменето во Ковид центар. Според она што го разговаравме со директорот, до крајот на неделава треба да се отвори модуларната болница и да почне со работа-изјави Д-р Сашко Никилов, градоначалник на Штип. Со активирање на модуларната болница, во Штип ќе има дополнителни 47 кревети за Ковид пациенти, за кои ќе се грижи постојниот медицински персонал од инфективно одделение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vekje-nema-prazni-kreveti-vo-shtip-i-kochani-edinstveniot-infektolog-zaminal-vo-penzija-preku-telefon-se-odluchuva-dali-pacientite-se-za-hospitaliziranje/feed/ 0
Доктор од Инфективниот оддел во штипската болница има 17.000 денари плата, АСМЛ реагира на експлоатацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-od-infektivniot-oddel-vo-shtipskata-bolnica-ima-17-000-denari-plata-asml-reagira-na-eksploatacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-od-infektivniot-oddel-vo-shtipskata-bolnica-ima-17-000-denari-plata-asml-reagira-na-eksploatacijata/#respond Sat, 26 Dec 2020 13:30:02 +0000 https://kurir.mk/?p=448738

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АСМЛ на социјалните мрежи реагира на експлоатацијата на докторите. АСМЛ објави документ потврда на кој јасно се чита дека платата на доктор кој работи на Инфективниот оддел во Клиничката болница Штип зема месечна плата во висина од 17.000 денари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-od-infektivniot-oddel-vo-shtipskata-bolnica-ima-17-000-denari-plata-asml-reagira-na-eksploatacijata/feed/ 0
Филипче не влегол низ главниот влез на Клиничка болница во Штип и избегал од соочување со суровата реалност за масакрот кој им се случува на пациентите https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/filipche-ne-vlegol-niz-glavniot-vlez-na-klinichka-bolnica-vo-shtip-i-izbegal-od-soochuvanje-so-surovata-realnost-za-masakrot-koj-im-se-sluchuva-na-pacientite/ https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/filipche-ne-vlegol-niz-glavniot-vlez-na-klinichka-bolnica-vo-shtip-i-izbegal-od-soochuvanje-so-surovata-realnost-za-masakrot-koj-im-se-sluchuva-na-pacientite/#respond Thu, 17 Dec 2020 11:39:00 +0000 https://kurir.mk/?p=444615

Министерот @VFilipche не влегол низ главниот влез на Клиничка болница во Штип и избегал од соочување со суровата реалност за масакрот кој им се случува на пациентите. #COVID19 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/tvitovi/filipche-ne-vlegol-niz-glavniot-vlez-na-klinichka-bolnica-vo-shtip-i-izbegal-od-soochuvanje-so-surovata-realnost-za-masakrot-koj-im-se-sluchuva-na-pacientite/feed/ 0
Четворица лаборанти од Клиничката болница во Штип позитивни на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-laboranti-od-klinichkata-bolnica-vo-shtip-pozitivni-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-laboranti-od-klinichkata-bolnica-vo-shtip-pozitivni-na-kovid-19/#respond Mon, 26 Oct 2020 17:27:42 +0000 https://kurir.mk/?p=420897

Четворица лаборанти од лабараторијата во Клиничка болница-Штип се заразени со коронавирусот. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев ја потврди информацијата за МИА и вели дека од вчера со заразените во изолација се и петмина нивни колеги од болничката лабараторија, бидејќи имале контакт со заразените. – Во договор со Здравствениот дом „Панче Караѓозов“, лабораториските анализи за пациентите ќе се прават кај нив. Додека за пациентите кои се хоспитализирани на Инфективното одделение, но и на останaтите одделенија во болницата, ќе се прават во лабораторијата од страна на кадарот, кој не замина во изолација, рече Ѓеорѓијев. Во моментов десет здравствени работници во Клиничка болница-Штип се позитивни на Ковид-19, од кои две лекарки, четири медицински сестри и четворица лаборанти. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chetvorica-laboranti-od-klinichkata-bolnica-vo-shtip-pozitivni-na-kovid-19/feed/ 0