Клиничка болница тетово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 10:45:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Клиничка болница тетово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Илир Демири нов директор на Клиничката болница Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilir-demiri-nov-direktor-na-klinichkata-bolnitsa-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilir-demiri-nov-direktor-na-klinichkata-bolnitsa-tetovo/#respond Tue, 18 Jul 2023 10:45:46 +0000 https://kurir.mk/?p=857681

Доктор Илир Демири денеска е именуван за нов директор на Клиничката болница во Тетово. Тој е именуван од страна на министерот за здравство, а на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор во Ковид-19 центарот. Од Министерството за здравство информираат дека доктор Демири е специјалист инфектолог, кој поседува богато работно искуство и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнува со титулата примариус доктор. -Новиот директор на Клиничката болница Тетово е истакнат професионалец и еден од најпосветените здравствени работници кој се бореше против Ковид-19 од самиот почеток на пандемијата. Доктор Демири е добитник на титулата „Европска личност за 2020 година“. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење, и е признание кое доаѓа од страна на граѓаните. Доктор Демири исто така е член на Македонското здружение за инфективни болести, како и на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ilir-demiri-nov-direktor-na-klinichkata-bolnitsa-tetovo/feed/ 0
Во тетовската Клиничка болница на местото од изгорениот модуларен објект ќе има паркинг, во постапка набавка на седум нови лифтови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tetovskata-klinichka-bolnitsa-na-mestoto-od-izgoreniot-modularen-objekt-ke-ima-parking-vo-postapka-nabavka-na-sedum-novi-liftovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tetovskata-klinichka-bolnitsa-na-mestoto-od-izgoreniot-modularen-objekt-ke-ima-parking-vo-postapka-nabavka-na-sedum-novi-liftovi/#respond Tue, 06 Jun 2023 17:04:10 +0000 https://kurir.mk/?p=842869

Во Клиничка болница Тетово по пуштањето во употреба на Ургентен центар, министерот за здравство Фатмир Меџити и директорот Плумб Вела најавија дека во скоро време ќе се завршат повеќе проекти за подобро работење и поквалитетни услуги на граѓаните. Според министерот Меџити се прави обид за надминување на повеќегодишниот проблем и замена на расипаните лифтови. - Во оваа установа решаваме и долгогодишен проблем како што е тој со лифтовите. За таа цел во тек е набавка на пет нови лифтови од Министерството, а во тек е постапка за набавка за два лифта преку Клиничка болница Тетово, изјави министерот Меџити. На новинарските прашања како ќе се надминува недостигот на паркинг места, министерот рече дека тоа ќе биде истото решение што го има за Скопје. - Го имаме истото решение како од Клиничкиот центар, тука ќе биде кај што беше модуларна болница. Инфективно одделение, гледаме како можеме да го преместиме од таму зошто условите се многу лоши, порача Меџити. Тој одговори и дека за недостигот на медицински персонал во Влада побарал тематска седница. - Ако сега дадеме на некој здравствен работник шестмесечен договор на дело, тоа по автоматизам по шест месеци да има трајно решение што подразбира за шест месеци моите колеги точно ќе знаат дали тој кадар може да ја работи таа работа, дали има способности за таа работа. Ако нема, ќе си заминат ќе бараат друго чаре, ако има такви способности ќе добие трајно решение, истакна Меџити. Министерот рече дека ќе бара подобро менаџирање од директорите на болниците, за да не повторува ситуација годишниот буџет да не се искористува па на крај на годината ФЗО да ги повлекува тие пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-tetovskata-klinichka-bolnitsa-na-mestoto-od-izgoreniot-modularen-objekt-ke-ima-parking-vo-postapka-nabavka-na-sedum-novi-liftovi/feed/ 0