клинички центар штип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jan 2020 12:42:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клинички центар штип – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВЕЧЕР ДОЗНАВА: „Рекет“ не е затворен, нов криминал со Клинички центар Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecher-doznava-reket-ne-e-zatvoren-nov-kriminal-so-klinichki-centar-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecher-doznava-reket-ne-e-zatvoren-nov-kriminal-so-klinichki-centar-shtip/#respond Wed, 08 Jan 2020 11:32:28 +0000 https://kurir.mk/?p=286789

На 3-ти март 2016-та година тогашната влада на ВМРО ДПМНЕ постави камен темелник за изградба на нов клинички центар во Штип кој требаше да биде завршен до крајот на 2019 година. На површина од 34.000 квадратни метри требаше да работи овој клинички центар и да задоволи потреби на над 200.000 луѓе од тој регион на Македонија. Таа инвестиција, заедно со автопатот Скопје-Штип, со над 100 милиони вкупна заедничка вредност е најголем инвестициски проект во Источна Македонија од Втората светска војна до денес. Самиот клинички центар е проектиран на вкупна вредност на градбата од 30 милиони евра, со финансиска поддршка од европски кредити, а работата за изградба, по избор на европската комисија за овој проект, е доверена на грчката компанија Интракат, потсетува ВЕЧЕР. Дополнително, за опремување на клиничкиот центар според проектот биле предвидени 16 милиони евра. Под овие услови изведувачот на работите Интракат прифатил да го  изгради новиот Клинички центар според тие услови, и во договорено време. Но, еве на почетокот на 2020 година Клиничкиот центар Штип – го нема.  -На почетокот на февруари ланската, 2019 година, министерот за здравство Венко Филипче изјави: Добивме информација од грчката градежна фирма Интракат, со која ова министерство има потпишано договор, дека го раскинале договоот со досегашниот подизведувач (Бетон Штип) и бараат продолжување на рокот за градба. Рокот го продолживме, и сега крајниот рок треба да биде почетокот на 2020-та година... Зошто Интракат го раскинал договорот со Бетон Штип? Зошто Министерството за здравство, без да бара финансиска надомест за доцнењето од Интракат дозволило продолжување на рокот за дури една година? Зошто Венко Филипче не постапил како што законот го обврзува – ако изведувачот Интракат не ја исполнил обврската да му се активира банкарската гаранија? Како што е наведено, подизведувач на градежните работи била фирмата Бетон Штип. Против сопствениците на Бетон Штип, на 9 ноември 2018 година, СЈО отвори истрага под име Империја по што веднаш беше уапсен Орце Камчев со други лица од таа истрага, пишува ВЕЧЕР. Непосредно пред да се отвори истрагата за Империја, во мај 2018 година, констатирано е дека грчката фирма Интракат должи на подизведувачот Бетон Штип околу 2 милиони евра. Тие пари Интракат ги примил од државата за градба на Клинички центар  но, одбива дел од нив да плати на Бетон Штип што им е обврска кон подизведувачот кој, заради големиот долг, не е во можност да ги плаќа понатаму своите работници, материјали за работа, како ни фирмите кои работат за нив на тој објект. Ова е причина за подоцнежното раскинување на соработката помеѓу Интракат и Бетон Штип. Веднаш по притварањето на Орце Камчев директорот на Интракат, Димитриос Кутрас, врши притисок Бетон Штип да биде продаден на Интракат за износ од 1,2 милиони евра. Значи, да ја купат фирмата на која и должат 2 милиони за само 1,2 милиони евра што е одбиено, пишува ВЕЧЕР.
Вечер заклучува: После се, дополнето и со ова, остануваме на тврдењето дека случајот Рекет не е затворен, дека сега му се суди на Боки 13 како избрна жртва за потреби на јавноста, а дека за Рекет ќе има нови истраги и нови судења.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vecher-doznava-reket-ne-e-zatvoren-nov-kriminal-so-klinichki-centar-shtip/feed/ 0
Ништо од ветувањата: Штипјани ќе чекаат на новата Клиничка Болница уште најмалку две години https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nishto-od-vetuvanjata-shtipjani-kje-chekaat-na-novata-klinichka-bolnica-ushte-najmalku-dve-godini/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nishto-od-vetuvanjata-shtipjani-kje-chekaat-na-novata-klinichka-bolnica-ushte-najmalku-dve-godini/#respond Thu, 06 Dec 2018 17:13:57 +0000 https://kurir.mk/?p=136640

Проектот Клиничка болница во Штип и натаму е заглавен. Не се работи ништо, а нема ниту информации кога и како ќе продолжи изведбата, анализира Алфа. Градежните активности се стопирани откако компанијата Бетон од Штип која е и подизведувач на проектот се соочува со финансиски проблеми, но и е дел од истрагата Империја на СЈО. Носител на проектот е Грчка компанија, а власта допрва ќе бара начин како да се надмине проблемот. Според планот првата фаза од изградбата веке требаше да биде готова. Власта сега најавува нов динамичен план според кој болницата би требало да биде готова до средината на 2020 година. Темелите на овој капитален проект кој според проценките треба да чини 30 милиони евра беа удрени во март 2016 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nishto-od-vetuvanjata-shtipjani-kje-chekaat-na-novata-klinichka-bolnica-ushte-najmalku-dve-godini/feed/ 0
Нема абер од изградбата на новата Клиничка болница во Штип https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-aber-od-izgradbata-na-novata-klinichka-bolnica-vo-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-aber-od-izgradbata-na-novata-klinichka-bolnica-vo-shtip/#respond Thu, 30 Aug 2018 09:54:14 +0000 https://kurir.mk/?p=94065

Од март 2018 година пациентите од источниот дел на Македонија требаше да се лекуваат во новиот објект на Клиничката болница во Штип. Ваков рок од претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, му беше зададен на изведувачот на овој здравствен комплекс при почетокот на неговата изградба на почетокот од март 2016 година. По изминати две години и шест месеци, шест месеци откако требаше да биде пуштен во употреба објектот, на терен може да се констатира дека не е довршена во целост ниту карабината на новата Клиничка болница во Штип. Градежните работи после парламентарните избори во неколку наврати беа запрени, со што се одолговлечи изградата на здравствениот комплекс. Министерот за здравство Венко Филипче при неодамнешната посета на болницата во Штип изјави дека новиот клинички центар во овој град ќе биде завршен кон крајот на 2019 година, не одговарајќи зошто толку долго се доцни со изградбата на објектот. Инаку станува збор за изградба на нова најсовремена Клиничка болница во Штип, според врвни светски стандарди со најмодерна и најквалитетна здравствена инфраструктура во Македонија, проект започнат од претходната Влада. Изградбата на новиот објект требаше да им овозможи современи услови за здравствена заштита за над 200.000 жители од Штип и целиот Источен регион, кои би имале директен бенефит од изградбата на новиот објект. Вкупната вредност на новиот клинички центар со вкупна површина од 34.000 квадратни метри е 56 милиони евра, од кои 30 милиони евра само во градежниот дел, а финансиските средства беа обезбедени уште пред самата изградба на објектот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-aber-od-izgradbata-na-novata-klinichka-bolnica-vo-shtip/feed/ 0