клинички центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Aug 2023 14:25:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клинички центар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Скопјанец со повреди донесен на Клиника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanets-so-povredi-donesen-na-klinika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanets-so-povredi-donesen-na-klinika/#respond Fri, 04 Aug 2023 14:25:29 +0000 https://kurir.mk/?p=863459

На 03.08.2023 во 15.13 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со повреди бил донесен С.Т.(50) од Скопје. -Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во правно лице на подрачје на Драчево, информира МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanets-so-povredi-donesen-na-klinika/feed/ 0
Млад скопјанец со тешки повреди донесен на Клинички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mlad-skopjanets-so-teshki-povredi-donesen-na-klinichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mlad-skopjanets-so-teshki-povredi-donesen-na-klinichki/#respond Fri, 16 Jun 2023 14:05:53 +0000 https://kurir.mk/?p=846586

На 15.06.2023 во 15.17 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешка телесна повреда бил донесен Е.Б.(31) од Скопје. -Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во фирма на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, информира МВР. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mlad-skopjanets-so-teshki-povredi-donesen-na-klinichki/feed/ 0
Николов: Стратешка грешка е прекин на изградба на Клинички центар – штетата во милионски суми од грешните политики на Владата на СДСМ и ДУИ ќе ја плаќаат граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-strateshka-greshka-e-prekin-na-izgradba-na-klinichki-tsentar-shtetata-vo-milionski-sumi-od-greshnite-politiki-na-vladata-na-sdsm-i-dui-ke-ja-plakaat-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-strateshka-greshka-e-prekin-na-izgradba-na-klinichki-tsentar-shtetata-vo-milionski-sumi-od-greshnite-politiki-na-vladata-na-sdsm-i-dui-ke-ja-plakaat-graganite/#respond Sun, 28 May 2023 10:09:09 +0000 https://kurir.mk/?p=839693

Помина точно година и пол откако надлежните институции Министерството за здравство и Владата и на дело потврдија дека не преземале апсолутно ништо и не мрднале со прст барем да ја намалат штетата по државниот буџет за најголемата стратешка грешка во здравството, а тоа е прекинувањето на договорот за Клинички центар Мајка Тереза, истакнува Игор Николов, претседател на комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува интегрален текст од неговата прес-конференција Согласно информациите во медиумите, побарувањата за раскинување на договорот за градба на клинички центар се всушност пенали од околу 18 милиони евра или 2 и пол пати повеќе од цената на чинење на Педијатриска болница, како онаа во Козле на пример. За прекинување на договорот во тек е арбитражна постапка, за која постои некаква информација која треба да оди на седница на Влада, но овој процес е целосно нетранспарентен, а целата процедура е заглавена на релација Министерство за здравство - Влада. Во меѓувреме премиерот и министерот за здравство, не замајуваат со укинување на директори во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза. Нејасно е ако за подготовка на една обична информација до Влада е потребно една година, колку време ќе им е потребно за вистински да се заложат да ја намалат штетата по државниот буџет? Затоа конкретно прашуваме: Кој индивидуално и институционално ќе ја преземе одговорноста за ваквото неодговорно однесување со кое свесно се нанесува штета по државниот буџет посебно што станува збор за милионски суми пенали за неградба на клинички центар во Скопје? Зошто ниту една институција не се заложи да го заштити буџетот на Македонија ниту пак се обидува да ја намали оваа штета? Во изминативе седум години сведоци сме на разнебитување на јавното здравство. Со ветувањата се одеше до таму што беше најавен мегаломански проект за 500 милиони евра во Веле поле, за денес да видиме нула резултати како од ова, така и од низа други ветувања во здравството. Со ваквиот пристап, уште еднаш се потврдува фактот дека оваа влада на СДС-ДУИ има пари да плаќа пенали за неградба на еден ваков капитален проект, но нема пари за лекување на пациенти. Бараме сериозен пристап и транспарентност, наместо молк каков што сега гледаме за оваа постапка, затоа што на крај казната изразена во милионски суми ќе се плаќа од џебот на секој еден граѓанин. Во меѓувреме, граѓаните не можат да најдат основен лек, не се наоѓа термин за специјалист, листите на чекање за интервенции се огромни, а граѓаните не стигнуваат до здравствена услуга, секојдневно врвен и искусен персонал заминува од јавното здравство. Позитивната листа не е сменета 11 години, граѓаните одат по лекови во соседните држави, апаратите во здравствените установи не работат, граѓаните молат по социјалните мрежи за да соберат пари да се лечат во странство. Низата на проблеми, стратешки грешки и слично, е огромна. Токму поради тоа оваа власт мора да замине што поскоро и да почне процес на обновување на здраството како круцијален сегмент во државата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolov-strateshka-greshka-e-prekin-na-izgradba-na-klinichki-tsentar-shtetata-vo-milionski-sumi-od-greshnite-politiki-na-vladata-na-sdsm-i-dui-ke-ja-plakaat-graganite/feed/ 0
Меџити најавува укинување на економските директори, Клинички ќе има еден генерален директор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-najavuva-ukinuvane-na-ekonomskite-direktori-klinichki-ke-ima-eden-generalen-direktor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-najavuva-ukinuvane-na-ekonomskite-direktori-klinichki-ke-ima-eden-generalen-direktor/#respond Thu, 25 May 2023 12:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=838609

Министерот за здравство Фатмир Меџити очекува од јануари наредната година да функционира еден клинички центар, најверојатно со еден генерален директор, со што би се укинале организациските директори на одделните клиники. - Од првиот ден работам напорно за овој проблем и тој проблем ми е најгорливата мака што сакам да го решам како кабинет, како Министерство да го решиме, еднаш засекогаш да се постават работите како што треба на Клинички и да функционира многу полесно, поадекватно и поефективно да биде. Информацијата е готова, во договор со ФЗОМ, значи почетокот на годината после новата годна и сите пресметки се прават, тогаш и најверојатно се очекува, значи од 1 јануари 2024 да почне да функционира еден клинички центар со генерален директор или како ќе бидат модалитетите за тоа ќе се договориме, одговори министерот на новинарско прашање, по презентацијата на „Мое здравје“. Тој истакна дека целта е пациентите да добиваат подобра здравствена услуга, а и здравствените работници да функционираат полесно. На новинарско прашање дали тоа значи дека ќе се укинат организациските, или познати и како економски директори, тој одговори потврдно. Министерот смета дека тогаш ќе се набавуваат работите количествено и со поевтина цена и ќе има подобра соработка меѓу клиниките. Ако се стремиме на тој пат, да одиме кон Европската Унија, како што посочи Меџити, немаме друг пат, „мора ова да се направи еднаш засекогаш здравствено да функционира како што треба“. Меџити се осврна и на проблемот со паркинзите. - Нема подземна катна гаража, тоа ќе биде. Не дека сум министер по инфраструктура, но, мора тоа да се реши. Тоа е ликот на нашата држава и како нас, како луѓе. Тоа е срамота што се случува во Клинички центар, подвлече министерот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-najavuva-ukinuvane-na-ekonomskite-direktori-klinichki-ke-ima-eden-generalen-direktor/feed/ 0
Тинејџерка ограбена додека и била пружана лекарска помош на Клинички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdherka-ograbena-dodeka-i-bila-pruzhana-lekarska-pomosh-na-klinichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdherka-ograbena-dodeka-i-bila-pruzhana-lekarska-pomosh-na-klinichki/#respond Wed, 10 May 2023 14:29:32 +0000 https://kurir.mk/?p=832772

На 09.05.2023 во 02.50 часот во СВР Скопје, М.Т.(19) од Злетово пријавила дека околу 01.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека ѝ била пружана лекарска услуга, ѝ биле одземени пари од паричник, што ѝ бил во јакната што ја оставила во близина, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdherka-ograbena-dodeka-i-bila-pruzhana-lekarska-pomosh-na-klinichki/feed/ 0
Новиот министер за здравство откри кои се неговите приоритети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-minister-za-zdravstvo-otkri-koi-se-negovite-prioriteti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-minister-za-zdravstvo-otkri-koi-se-negovite-prioriteti/#respond Wed, 08 Mar 2023 12:50:52 +0000 https://kurir.mk/?p=809539

Сообраќајниот хаос на Клинички центар, ажурирањето на позитивната листа на лекови и зголемување на платите на здравствените работници, се меѓу главните приоритети на министерот за здравство Фатмир Меџити што ги најави на денешниот прв брифинг со новинарите. На брифингот, министерот најави и нов Ургентен тријажен центар на интерни клиники. Тој потсети дека и самиот доаѓа од Клиничкиот центар и оти како лекар, пред се му се пациентите. Министерот појасни дека и тој самиот може да биде пациент, како и некој од неговото семејство, па мора сите да придонесуваат за подобро здравство. Меџити беше дециден дека тој и неговиот тим сакаат да воспостават ред, да одговорат на предизвиците во здравството. Но, како што подвлече тој, досега ја согледувале ситуацијата во каква состојба го преземаат Министерството. Сепак, додаде тој, нивен фокус се подобри услови за сите пациенти, не само во Скопје, туку во целата држава. Министерот кажа дека ја имаат поддршката и од премиерот Димитар Ковачевски, како и од Владата. На претставниците на медиумите им рече дека за него, новинарите се многу важен елемент. Тој нагласи дека со неговиот тим сакаат работите да одат на подобро, ќе се потрудат да решат се и нема да префрлуваат вина на никого. Тој најави и смени на некои од директорите на Клиника, на Неврологија, Очна клиника, Ендокринологија, Дерматовенерологија, како и организациските директори на Клиниката на Гинекологија и акушерство и на Онкологија. На средбата со претставници на медиумите се обрати и заменичката на министерот за здравство, Маја Манолева, која рече дека се надева на искрена соработка со медиумите. Честитајќи им го 8 Март на жените, таа спомна дека според нејзините информации, досега немало жена на нејзината сегашна функција. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/noviot-minister-za-zdravstvo-otkri-koi-se-negovite-prioriteti/feed/ 0
Речиси 20 милиони евра ќе достигне оштетата за неизградениот Клинички центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-20-milioni-evra-kje-dostigne-oshtetata-za-neizgradeniot-klinichki-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-20-milioni-evra-kje-dostigne-oshtetata-za-neizgradeniot-klinichki-centar/#respond Tue, 03 Jan 2023 18:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=783607

Не 8,5 милиони евра, сега италијанската фирма која требаше да го гради новиот Клинички во 2017 бара 19.5 милиони евра отштета за раскинување на договорот. Според информациите на „Сител“ ова е последното побарување на Италијанците испратено пред новогодишите празници. Сумата може и дополнително да расте ако се вклучат камати и трошоци. Зошто сега цената за пеналите е повеќе од двојно, од министерството за здравство официјално Сител не добиле одговор. Во меѓувреме новата Сума од 19,5 милиони евра која ќе ја плаќаат граѓаните се погласно се коментира од лекари на социјалните мрежи. Минатата година како што тогаш објави Сител правниот тим на компанијата во два наврати март и септемри испратил писма до Мз во кои бара 8.5 милиони евра за раскинатиот договор. Во октомври премиерот и министерот за здравство изјавија дека ќе биде формиран правен тим кој треба да стапи во контакт со застапниците на фирмата, а преку Арбитражен суд ќе бараат намалување на првичнното побарување. -Го повикав министерот за здравство сегашниот и побарав да биде формиран правен и адвокатски тим и да стапат во контакт со компанијата да видат што бараат. Кога ќе ги добиеме информациите ќе знаеме што е конкретно, иако, да повторам, кога го раскинувале договорот кажаа дека е раскинат без плаќање на пенали, изјави на 13.10.2022 година Премиерот Димитар Ковачевски. -Останува арбитражата да одлучи колку ние должиме, што се случува со компанијата во меѓувреме, зошто нашите информации говорат дека компанијата која добичла тендер и не тужи за раскинување на договорот е продадена во меѓувреме. Сопствениците не се појавени кај нас туку настапуваат преку адвокатска канцеларија од Италкија, ние стапуваме во контакт и треба да дојдат кај нас, изјави на 22.10.2022 година во интервју за сител министерот за здравство Беким Сали. Но, што се случило во меѓувреме од минсистерството за здравство нема никаква информација. Инаку Договорот со италијанската компанија го потпиша Никола Тодоров како технички министер во 2017 година, а е раскинат следната година од министерот Филипче кога здравствените власти тогаш кажаа дека фирмата нема да бара отштета бидејќи имало таква точка во договорот. Според тој договор новиот клинички требаше да биде изграден на сегашната локација за 5 години и требаше да чини 72 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rechisi-20-milioni-evra-kje-dostigne-oshtetata-za-neizgradeniot-klinichki-centar/feed/ 0
Ковачевски тврди дека струјата во Клинички нема да биде исклучена, ама Собранието уште не одобрило прераспределба на парите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-tvrdi-deka-strujata-vo-klinichki-nema-da-bide-iskluchena-ama-sobranieto-ushte-ne-odobrilo-preraspredelba-na-parite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-tvrdi-deka-strujata-vo-klinichki-nema-da-bide-iskluchena-ama-sobranieto-ushte-ne-odobrilo-preraspredelba-na-parite/#respond Thu, 15 Dec 2022 11:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=776034

Во Клиничкиот центар нема да биде исклучена струјата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, додавајќи дека во „ЖРСМ Транспорт“ струјата треба да е веќе вклучена. Ковачевски кажа дека се надева оти пратениците и Собранието ќе бидат експедитивни и ќе гласаат за пренамена на средства за да се покријат заостанатите сметки за струја на државните институции. -Со последната прераспределба на Буџетот, Владата предвиде средства. Таа е доставена до Собранието, и штом тоа направи прераспределна на средства бидејќи за тоа е задолжено Собранието, тогаш соодветните ставки на Буџетот ќе можат да бидат финансирани и да се платат сметките на должниците. Тука вие прашавте за Клиничкиот центар и за другите институции во Министерството за здравство, како и за Железници. Штом ќе биде одобрена прераспределбата во Собранието тогаш веднаш ќе може да бидат платени и сметките од страна на Владата, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата. Според него, дел од институциите реално имаат проблем со плаќање на струјата бидејќи цената се зголеми за десет пати, а влијание имала и Ковид кризата. Дел од директорите во институциите, се сменети, вели Ковачевски, но тој тоа не го правел, како што кажа, помпезно како некои премиери претходно. Претпладнево беше исклучена струјата на „ЖРСМ Транспорт“ АД во депото во Лисиче во Скопје и во објектите во Велес, поради долг за електрична енергија кон „ЕВН Македонија“. Според последните информации, „ЕВН Македонија“ побарува од „ЖРСМ Транспорт“ над 400 милиони денари за електрична енергија. ЕВН има даде рок до 15 овој месец на повеќе институции да го платат долгот за потрошена електрична енергија, меѓу кои се и Клиничкиот центар и „ЖРСМ Транспорт“ и други.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-tvrdi-deka-strujata-vo-klinichki-nema-da-bide-iskluchena-ama-sobranieto-ushte-ne-odobrilo-preraspredelba-na-parite/feed/ 0
Постигнат договор за покачување на платите на вработените во Клинички центар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignat-dogovor-za-pokachuvanje-na-platite-na-vrabotenite-vo-klinichki-centar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignat-dogovor-za-pokachuvanje-na-platite-na-vrabotenite-vo-klinichki-centar/#respond Tue, 22 Nov 2022 17:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=764953

Самостојниот синдикат на Клинички центар постигна договор за покачување на нето платата за 2.000 денари, а дополнително ќе се исплаќа и ноќен и минат труд, како и додатоци. Ова ќе почне да се применува со февруарската плата во 2023 година, изјави за МИА потпретседателот на Самостојниот синдикат на Клинички центар, д-р Предраг Серафимовски кој соопшти дека денеска е постигнат договор со Владата и сите одлуки се во согласност со нивните претходни барања. Покачување на плата ќе добијат медицинските сестри, болничарите, стоматолошките сестри, лаборантите, рендген техничарите. Постигнат е и договор за здравствената администрација да остане како дел од здравството, а не да премине во јавна администрација. – Обемот на работа на здравствената администрација е многу голем, а и нивните плати се поголеми поради тежината на работата, вели Серафимовски. Исто така, прифатена е и понудата да не се менува поединечниот колективен договор на докторите за додатоци на плати и дежурства. Во однос на Колективниот договор прифатено е барањето да не се брише Поединечниот колективен договор на Клинички центар и да не се воведе унифициран колективен договор. – Со воведување унифициран колективен договор нема да можеме да потпишуваме договори за покачување на плати, нема да бидеме заштитени, додаде потпретседателот на ССКЦ. Самостојниот синдикат на Клинички Центар претходно одржа состанок со претседателите на 56 синдикални организации. На барање на ССКЦ присуствувале и министерот за здравство Беким Сали и заменик-министерот Владимир Рендевски кои ја презентирале одлуката. Само двајца членови биле против овие одлуки, додека сите останати ја прифатиле. Со одлуката на Советот, најавениот протест на ССКЦ утре нема да се одржи во Клиничкиот Центар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postignat-dogovor-za-pokachuvanje-na-platite-na-vrabotenite-vo-klinichki-centar/feed/ 0
Се разгледува можност да се намали казната за неизградениот Клинички центар, Сали апелира да не се бараат информација колку ќе биде оштетена државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-razgleduva-moznost-da-se-namali-kaznata-za-neizgradeniot-klinichki-centar-sali-apelira-da-ne-se-baraat-informacija-kolku-kje-bide-oshtetena-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-razgleduva-moznost-da-se-namali-kaznata-za-neizgradeniot-klinichki-centar-sali-apelira-da-ne-se-baraat-informacija-kolku-kje-bide-oshtetena-drzavata/#respond Fri, 28 Oct 2022 11:34:39 +0000 https://kurir.mk/?p=751768

Како Министерство за здравство сме организирани со правници да ја разгледаме можноста да се намали казната од околу 8,5 милиони евра на италијанската компанија за изградба на новиот Клинички центар, вели министерот за здравство Беким Сали. -Секако нема да биде таа сума, бидејќи најчесто страната што побарува ги бара сите средства што ги предвиделе во нивните калкулации во однос на раскинување на тој договор. Не секогаш тие средства се исплаќаат од другата страна, во овој случај државата. Таа процедура по сите практики ќе продолжи и најверојатно ќе одиме на арбитража и ќе одземе подолг период и не знаеме кога ќе има краен исход, појасни Сали, во одговор на новинарско прашање при денешната посета на вакциналниот пункт во Амбулантата Пролет. Апелира да не се избрзува со барања информации за тоа колку државата ќе биде оштетена и оти се трудат да бидат рационални и максимално организирани во однос на заштита на државата. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-razgleduva-moznost-da-se-namali-kaznata-za-neizgradeniot-klinichki-centar-sali-apelira-da-ne-se-baraat-informacija-kolku-kje-bide-oshtetena-drzavata/feed/ 0