клиника за гинекологија и акушерство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 05 Jul 2023 12:05:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клиника за гинекологија и акушерство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Меџити: Уште се работи на извештајот од инспекцискиот надзор на Гинекологија, ќе го разгледаме и споделиме https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-ushte-se-raboti-na-izveshtajot-od-inspektsiskiot-nadzor-na-ginekologija-ke-go-razgledame-i-spodelime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-ushte-se-raboti-na-izveshtajot-od-inspektsiskiot-nadzor-na-ginekologija-ke-go-razgledame-i-spodelime/#respond Wed, 05 Jul 2023 12:05:03 +0000 https://kurir.mk/?p=853019

Уште се работи на извештајот на инспекцискиот надзор на Гинекологијата, но ќе барам да го разгледаме и споделиме, изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити одговорајќи на прашањето за родилката која се обиде да си го одзеде животот. Тој најави дека ќе работат на мерките на воспоставување на програма за психолошко советување на жените низ целата бременост, како превенција на вакви настани. -Мислам дека уште се работи на извештајот на Инспекцискиот надзор, но ќе го барам, ќе го разгледаме и ќе го споделиме. Ќе бидете известени во моментот кога ќе добиете таков извештај, изјави Меџити по промоција на отворањето на Центар за остеопороза и промоција на нов апарат за дензитометрија во ГОБ „8 Септември“. Прашан дали размислува да ги зајакне болниците со психолози по овој настан, Меџити посочи дека ќе продолжат да работат на превенција, а планираат да направат програма за психолошко советување на бремените жени. -Ние никогаш не можеме вакви настани да предвидиме. Сепак станува збор за многу комплексни и сензибилни настани. Ќе треба повеќе да работиме на превенција. За бремените жени ќе направиме програма да имаат психолошко советување низ целата бременост. Тоа е една од мерките која планираме да ја спроведеме. Не знам дали ќе биде бесплатно, ќе видиме како ќе се организира, но ќе има кампањи за ова, рече Меџити. Инаку, во тек е инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на Универзитетската клиника за гинекологија каде во неделата родилка се обиде да си го одземе животот. - Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, соопштија вчера од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/medhiti-ushte-se-raboti-na-izveshtajot-od-inspektsiskiot-nadzor-na-ginekologija-ke-go-razgledame-i-spodelime/feed/ 0
РОДИЛА ДЕТЕ, ПА СЕ ФРЛИЛА ОД СОБАТА – драма на Гинекологија во Скопје, 39 годишна мајка се породила за 12 минути, па започнала ДРАМАТА! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodila-dete-pa-se-frlila-od-sobata-drama-na-ginekologija-vo-skopje-39-godishna-majka-se-porodila-za-12-minuti-pa-zapochnala-dramata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodila-dete-pa-se-frlila-od-sobata-drama-na-ginekologija-vo-skopje-39-godishna-majka-se-porodila-za-12-minuti-pa-zapochnala-dramata/#respond Mon, 03 Jul 2023 09:51:29 +0000 https://kurir.mk/?p=852048

Синоќа 39 годишна тукушто породена мајка се фрлила од први кат на Клиниката за Гинекологија во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје. Според сознанијата на Фактор, кои ги потврди и директорката на Клилниката за гинекологија, Викторија Јовановска, повредената пациентка била итно пренесена на КАРИЛ, на Одделот за неврохирургија, каде што и била извршена операција, бидејќи имала тешки повреди на цервикалната кичма. Инаку, 39 годишната пациентка, своето бебе го добила преку оплодување со инвитро методата, што покажува дека станувало збор за долгоочекувано и посакувано бебе. „Во средата била донесена на итно породување, во 36 недела од бремениоста, а од приемот до породувањето поминале само 12 минути, што практично значи дека имала многу лесно породување“, вели за Фактор директорката на Клиниката за Гинекологија, Викторија Јовановска. Таа родила живо и здраво новороденче од околу 2.400 грама, кое и сега е во добра здравствена состојба. Со оглед што и мајката и бебето биле добри, за денеска се подготвувале документите за испис од болницата на пациентката и нејзиното бебе, но за жал, пациентката вчера во доцните часови скокнала од првиот кат на клиниката. Нашите информации говорат дека пациентката била сместена во соба со прозорци кои не се отвораат, но таа успеала да скокне од прозорот во ходникот на клиниката. Според лекарите, нејзината состојба, после итната операција, сега е тешка, и сеуште е рано да се каже каков ќе биде исходот од лекувањето. Нема информации што ја натерало оваа мајка да скокне од клиниката, а според нашите консултации со лекарскиот тим, точно е дека се појавуваат извесни постпородилни депресии кај одредени мајки, но тие досега биле во многу поблага форма и никогаш немале за последица вака драматичен исход. Извор: ФАКТОР.МК]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rodila-dete-pa-se-frlila-od-sobata-drama-na-ginekologija-vo-skopje-39-godishna-majka-se-porodila-za-12-minuti-pa-zapochnala-dramata/feed/ 0
На скопска Гинекологија извадена циста тешка 90 килограми од 45-годишна жена (В*ЗНЕМ*РУВАЧКО ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-skopska-ginekologija-izvadena-cista-teshka-90-kilogrami-od-45-godishna-zena-v-znem-ruvachko-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-skopska-ginekologija-izvadena-cista-teshka-90-kilogrami-od-45-godishna-zena-v-znem-ruvachko-video/#respond Thu, 29 Oct 2020 15:31:52 +0000 https://kurir.mk/?p=422232

90 килограми циста е извадена од стомакот на 45 годишна жена на Клиниката за гинекологија и акушерство. Жената дошла во тешка здравствена состојба. Сторијата ја пренесе КАНАЛ 5 телевизија. Според ковид протоколите жената била тестирана за корона вирус и била негативна. Тимот на медицински персонал со гинекологот Игор Алуловски и голем тим на анестезиолози операцијата ја правеле скоро пет часа. Големината на цистата е досега најголема извадена од човек во Македонија, но и во Европа. Цистата почнала да расте од матката и се проширила низ целиот стомак, предизвикала и труење на крвта, а големината направила притисок врз ребрата и срцето. Пациентката се уште е во шок соба. Според кажувањата на семејството жената скоро три години ги имала овие проблеми, но била исплашена и не сакала да оди на доктор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-skopska-ginekologija-izvadena-cista-teshka-90-kilogrami-od-45-godishna-zena-v-znem-ruvachko-video/feed/ 0
ГАК со детали за починатата родилка и нејзиното бебе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-so-detali-za-pochinatata-rodilka-i-nejzinoto-bebe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-so-detali-za-pochinatata-rodilka-i-nejzinoto-bebe/#respond Sun, 20 Sep 2020 12:31:47 +0000 https://kurir.mk/?p=405831

Родилка и нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија. Четириесет годишната трудница К.Ј. од населбата Шуто Оризари, Скопје била примена во приемната амбуланта на ЈЗУ У ГАК-Скопје на 18 септември, на нејзино барање со образложение дека е дојдена да ја види состојбата на нејзиното бебе. Таа, како што соопштија од Клиниката, не знаела кога и била последната менструација и го информирала медицинскиот тим на Клиниката дека тоа и е втора контрола откако е бремена, што, како што посочуваат од Клиниката, значи дека нејзината бременост не била контролирана и не знаела која недела е од бременоста. Ова на К.Ј. и била 11 бременост, има четири живородени деца и шест прекинати бремености. Таа, наведуваат од ГАК, веднаш била ставена на ЦТГ мислејќи дека станува збор за терминска бременост, а по направениот ултразвучен наод е утврдено дека трудницата е во 36-та гестациска недела од бременоста. – Според наодот на ЦТГ-то кој бил двојбен, лекарите дале мислење дека тоа треба да се повтори за два часа поради што на пациентката и било сугерирано да не се оддалечува на подолго време од Клиниката имајќи предвид дека живее во населбата Шуто Оризари, во меѓувреме нешто да јаде, по што трудницата излегла надвор од Клиниката за да испие кафе. На ЈЗУ У ГАК-Скопје таа се вратила во 16:15 часот и на лекарите им рекла дека во периодот од два часа била во својот дом, каде што прокрвавела, се вели во соопштението. Дежурната екипа на Клиниката потврдила дека дошло до интраутерина смрт на плодот поради настанатата абрупција (одлепување на постелката). Веднаш и бил земен тест за Ковид-19 и додека се чекал резултатот од тестот кој бил негативен и била земена крв за лабораториски иследување и за утврдување на крвната група на пациентката, која до тој момент, поради неконтролираната бременост, не била позната. Трудницата побарала стерилизација и откако нејзиното семејство од страна на лекарите било информирано дека бебето е изгубено, дека таа обилно крвави поради што мора итно да биде оперирана, дежурната екипа итно влегла со пациентката во сала. И била терминирана бременоста со царски рез и направена стерилизација. На отворањето интраоперативно имала целосна абрупција на постелката. – По извршената интервенција, таа била префрлена во шок соба каде што и покрај интензивната реанимација по протокол, продолжило влошувањето на нејзината состојба, по што целиот тим гинеколози и анестезиолози одлучиле дека треба да се направи ревизија. Истата е направена меѓутоа и покрај целосниот напор на медицинскиот тим да биде спасен животот на пациентката, таа егзитирала вчера, на 19 септември 2020 во 17:43 часот, наведуваат од Клиниката. Оттаму посочуваат дека внатрешна Комисија за контрола на квалитет на ГАК го испитува случајот, а од утре ќе го разгледува и Комисија формирана од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-so-detali-za-pochinatata-rodilka-i-nejzinoto-bebe/feed/ 0
Додека Скопје броеше мртви, Сузана се роди- таа е првото бебе кое се родило под дрво во дворот на Државната болница два часа по земјотресот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-skopje-broeshe-mrtvi-suzana-se-rodi-taa-e-prvoto-bebe-koe-se-rodilo-pod-drvo-vo-dvorot-na-drzavnata-bolnica-dva-chasa-po-zemjotresot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-skopje-broeshe-mrtvi-suzana-se-rodi-taa-e-prvoto-bebe-koe-se-rodilo-pod-drvo-vo-dvorot-na-drzavnata-bolnica-dva-chasa-po-zemjotresot/#respond Fri, 24 Jul 2020 13:05:58 +0000 https://kurir.mk/?p=380855

Скопје на 26 јули 1963 година загуби многу свој жители, роднини, пријатели, туристи, но доби и нови жители еден од тие жители е и Сузана… „Се сеќавам на топлата јулска ноќ, 25 јули 1963-та година кога ме хоспитализираа на одделението за гинекологија во Државната Болница во Скопје. Бев бремена во седми месец, а јас, сопругот и мојата 5-годишна ќерка со нетрпение го очекувавме новороденчето кое на светот требаше да пристигне на 18 октомври. Си го замислував мирното доаѓање на новото чедо и нашиот спокоен живот во семејниот дом на Козара 34, близу Државната болница. Но, судбината сакаше поинаку…. Цела вечер не можев да заспијам преплавена со мисли за иднината. Одеднаш, се слушнаа страшни звуци – мјаукање на мачки, виење на кучиња и страотни крици од другите животни кои се слушаа дури од Зоолошката градина, а јата птици се креваа во хаотичен лет над земјата. Беше мугра, многу се исплашив и се прашував што се случува. А потоа страшна, злокобна тишина. А потоа силен татнеж…. Треперев од страв. Одеднадеш тлото под земјата започна силно, многу силно да се тресе и сфатив- земјотрес…. Во животот немав почувствувано таков страв… Јас, докторите, медицинските сестри, и сите други пациенти како избезумени започнавме да излегуваме од зградата, сите стравувајќи за својот живот, завладеа сеопшта паника и страв…. Луѓето од околните објекти беа голи и боси излезени надвор, а тлото под земјата постојано се тресеше и не стивнуваше, во секој момент мислев дека се може да се сруши врз нашите глави… Ме обзема страшна вознемиреност, единствено нешто што ми паѓаше на ум во тој момент беше дали е се во ред со моето семејство… По малку време го здогледав мојот сопруг, кој дотрча исплашен до мене, сакајќи да се увери дека сум добро. Почувствував големо олеснување кога видов дека тој е жив и здрав, но истовремено бев многу загрижена за тоа дали се добро мојата ќеркичка и моите родители, кои во моментот беа на краток одмор во Катланово. Стоевме така на плочникот пред болницата во исчекување, кога одеднаш, можеби по половина час или по четириесетина минути почувствував силни породилни болки. Бев многу исплашена, знаев дека не ми е терминот и дека има уште време, ме обзема страшна паника и само се молев на Бога се да заврши и да помине во ред…. Следуваше уште посилна болка, знаев дека предвременото породување е предизвикано од доживеаниот стрес и траума, треба бргу да се дејствува и детето доаѓа на свет… Во целокупниот хаос, ми пријде докторот – угледниот д-р Антиќ и породувањето започна на плочникот пред болницата, во тревникот под едно дрво, без никакви инструменти, единствено имаше само ќебе на кое легнав на тревата. И самиот стравувајќи и за својот живот поради непрестајните земјотреси, докторот сепак ја покажа својата професионалност и породувањето беше успешно. Прекрасно беше чувството на олеснување кога ми рече „Девојче имате, девојче!” Беше 7 часот и 20 минути, неполни 2 часа по катастрофата која го снајде Скопје, а според сите информации мојата ќерка е првото новороденче кое дојде на свет во Скопје по катастрофалниот земјотрес. Беше многу малечка, мојата Сузана се роди со тежина од само килограм и сто грама и не можеше самостојно да дише. Но, се охрабривме и не изгубивме надеж, сопругот веднаш зема една сламка и започна да и дава вештачко дишење за да ја одржи во живот. Во тој момент се појави и татко ми, кој исплашен дошол пеш од Катланово и ни кажа дека тој, мајка ми и мојата 5 годишна ќерка се добри и на сигурно, на наша огромна радост. Меѓутоа, поради сеопштиот хаос, многуте повредени на кои требаше да им се укаже помош, како и опасноста од нови потреси, знаевме дека мора да одиме на друго место за да ја спасиме Сузи. Ни до ден денес не знам како наидовме на еден отворен камион, успеавме да се качиме и да не одвезе до Ниш мене и штотуку родената ќеркичка, а сопругот Благоја како судски медицинар, мораше да остане во Скопје заради идентификација на телата на настраданите. По патот, го гледав разрушеното Скопје, разурнатите згради и куќи и облаците од прав кои се креваа над градот, во тој момент низ главата со молскавична брзина ми прелета мислата – мојата Сузана се роди, додека Скопје умира! Во камионот таа беше поврзана со боца со кислород, за да и овозможи вештачко дишење. Но ненадејно во текот на патувањето, боцата престана да работи! Почустсвував огромен страв и затреперев, но одеднаш потоа малечката заплака, што беше знак дека започнала да дише самостојно. Нејзиниот бебешки плач беше големо олеснување за мене! Бев уморна и преплавена од измешани чувства, и на среќа и радост, и неизмерен страв и неизвесност за нејзината иднина, но некако се охрабрив и започнав да верувам дека со моето девојче ќе биде се во ред, ќе преживее и ќе го претставува новиот живот по катастрофата. Кога стигнавме во Ниш, отидовме во болница, каде нашата ќеркичка мораше да биде во инкубатор. Откако помина два месеца во инкубатор, Сузи се опорави и почна да напредува. Имавме шанса да ја израснеме и да станеме горди родители на неа и на нашата постара ќерка“,  раскажува симпатичната пензионерка Златка Крстевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-skopje-broeshe-mrtvi-suzana-se-rodi-taa-e-prvoto-bebe-koe-se-rodilo-pod-drvo-vo-dvorot-na-drzavnata-bolnica-dva-chasa-po-zemjotresot/feed/ 0
На Клиниката за гинекологија во Скопје се породила родилка позитивна на коронавирус- еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-klinikata-za-ginekologija-vo-skopje-se-porodila-rodilka-pozitivna-na-koronavirus-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-klinikata-za-ginekologija-vo-skopje-se-porodila-rodilka-pozitivna-na-koronavirus-eve-gi-detalite/#respond Thu, 16 Apr 2020 18:35:43 +0000 https://kurir.mk/?p=333349

Пред два дена на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се породила пациентка за која денеска резултат од тестирање покажал дека е позитивна на коронавирус. Пациентката и за време на приемот и за време на престојот била без симптоми на болеста, но со оглед на тоа што доаѓала од кумановскиот регион била примена и породена во делот за изолација. И мајката и детето се во добра здравствена состојба и се испишани од болницата. Земен е брис и од бебето и се чекаат резултати. -На ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на 14 април во 20 часот е породена пациентка, за која денеска резулатот од тестот за Ковид-19 покажа дека таа е позитивна на коронавирус. Пациентката е породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, и беше земен брис за Ковид-19. Пациентката токму затоа што доаѓа од кризен регион, беше примена и породена во делот за изолација на ГАК, кој е наменет за суспектни и заразени пациентки од Ковид – 19, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Пациентката и за време на приемот и во текот на престојот на клиниката била без симптоми за Ковид-19. По денешниот позитивен резултата на родилката, земен e брис и од бебето.Од Клиниката соопштуваат дека и мајката и новороденото женско бебе се во добра здравствена состојба, денеска се испишани од ЈЗУ У ГАК-Скопје и се во својот дом.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-klinikata-za-ginekologija-vo-skopje-se-porodila-rodilka-pozitivna-na-koronavirus-eve-gi-detalite/feed/ 0
Не ги интересираат условите на гинекологија, туку двојазичноста: Директорот се пофали дека добил двојазични печати (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-gi-interesiraat-uslovite-na-ginekologija-tuku-dvojazichnosta-direktorot-se-pofali-deka-dobil-dvojazichni-pechati-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-gi-interesiraat-uslovite-na-ginekologija-tuku-dvojazichnosta-direktorot-se-pofali-deka-dobil-dvojazichni-pechati-foto/#respond Tue, 02 Apr 2019 13:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=181515

Економскиот директор на Универзитетската клиника за гинекологија, Валон Бела, од денес има печат на албански јазик. Тој во својот профил на Фејсбук вели дека и Клиниката за гинекологија започна спроведување на двојазичноста. - Започна имплементацијата на двојазичноста како резултат на донесувањето на Законот за јазици. Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство сега веќе става печати и на албански јазик. Честистки. Честитки. # Продолжуваме_Работиме, стои на Фејсбук статусот на Бела. Инаку минатата ноќ на владината зграда, беше поставена табела со новото име, Република Северна Македонија и на албански јазик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-gi-interesiraat-uslovite-na-ginekologija-tuku-dvojazichnosta-direktorot-se-pofali-deka-dobil-dvojazichni-pechati-foto/feed/ 0