клиника за гинекологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 08 Aug 2023 17:03:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клиника за гинекологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисијата која вршеше стручен надзор: Нема пропуст во лекувањето на родилката која скокна од гинекологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-koja-vrsheshe-struchen-nadzor-nema-propust-vo-lekuvaneto-na-rodilkata-koja-skokna-od-ginekologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-koja-vrsheshe-struchen-nadzor-nema-propust-vo-lekuvaneto-na-rodilkata-koja-skokna-od-ginekologija/#respond Tue, 08 Aug 2023 17:00:13 +0000 https://kurir.mk/?p=864747

Комисијата која вршеше стручен надзор за случајот со родилката која скокна од прозорец на скопска гинекологија не утврди пропусти во третманот на пациентката. 5- члената комисија формирана од министерот за здравство констатирала дека со нејзе разговарал клиничкиот психолог, не примала психијатриска терапија и никаде не било регистрирано дека жената покажувала халуцинации, ниту знаци за суицидалност. Биле направени сите неопходни медицински процедури, кај сега покојната пациентка и не била регистрирана депресивна психотична симптоматологија. Според Комисијата пациентката не изгубила контакт со реалитет и не можело да се предвиди ваков немил настан, стои во извештајот на Комсиијата испратен од мз. Претходно, веднаш по немилиот настан ДСЗИ констатираше пропуст бидејќи дежурните на ГАК не инсистирале пациентката да ја прегледа психијатар и наложи одговорните на Клиниката да спроведат постапка за утврдување одговорност од страна на здравствените работници кои биле на смена. 39 годишната родилка почина на КАРИЛ од здобиените повреди две недели откако скокна од прозорецот на првиот кат на гинекологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-koja-vrsheshe-struchen-nadzor-nema-propust-vo-lekuvaneto-na-rodilkata-koja-skokna-od-ginekologija/feed/ 0
РЕДОК ФЕНОМЕН – родено женско бебе близнак на ГАК со амнионска обвивка (ЧУВСТВИТЕЛНО ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redok-fenomen-rodeno-zensko-bebe-bliznak-na-gak-so-amnionska-obvivka-chuvstvitelno-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redok-fenomen-rodeno-zensko-bebe-bliznak-na-gak-so-amnionska-obvivka-chuvstvitelno-foto/#respond Fri, 29 Apr 2022 12:24:03 +0000 https://kurir.mk/?p=669766

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, денеска беше родено женско бебе-близнак заедно со амнионска обвивка. Родилката беше со близначка бременост, а бебињата се родени во 34-та гестациска недела. Станува збор за двојајчана близначка бременост, што значи дека двете бебиња имаа засебни амнионски обвивки и засебни постелки, а породувањето беше извршено со царски рез. Породувањето го изврши примариус д-р супспецијалист Адела Стефанија и бебињата се преземени од педијатар супспецијалист Рената Димитриеска. Тие се наоѓаат на ОИНТ и се во добра состојба. Машкото бебе има 2.210 грама родилна тежина и се роди со апгар 8/9, а женското бебе, кое беше извадено со амнионската обвивка, е тешко 2.150 грама и е со апгар 7/8. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redok-fenomen-rodeno-zensko-bebe-bliznak-na-gak-so-amnionska-obvivka-chuvstvitelno-foto/feed/ 0
Нетипична состојба кај девојка на ГАК , гинеколозите збунети од Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netipichna-sostojba-kaj-devojka-na-gak-ginekolozite-zbuneti-od-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netipichna-sostojba-kaj-devojka-na-gak-ginekolozite-zbuneti-od-kovid-19/#respond Fri, 03 Jul 2020 13:45:09 +0000 https://kurir.mk/?p=368314

Болка и отечен стомак полн со огромна количина на течност, со дополнителни зголемени вредности на туморски маркери привично покажало дека станува збор за малигно заболување кај 19 годишна девојка која била примена на клиниката за гинекологија и акушерство. Пациентката имала зголемена температура и и бил направен тест за корона вирус. Тестот покажал дека девојката е позитивна. Од гинекологија таа била пратена на инфективната клиника на лекување. По оздравувањето и добивањето на два негативни теста се вратила повторно на гинекологија. Според гинеколозите ова е потврда дека освен што вирусот ги оштетува белите дробови, црниот дроб и бубрезите мета може да бидат како во овој случај и матката и јајниците. Од понеделник на клиниката за гинекологија сите пациентки ќе се тестираат со брз тест што за 45 минути треба да покаже дали пациентката е позитивна или негативна. Од оваа клиника вкупно пет вработени беа ковид позитивни од понеделник се враќаат четворица, а еден се уште е на лекување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/netipichna-sostojba-kaj-devojka-na-gak-ginekolozite-zbuneti-od-kovid-19/feed/ 0
ГАК: Ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше во животнозагрозувачка состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-nitu-edno-od-kritichnite-novorodenchinja-vo-inkubator-ne-beshe-vo-zivotnozagrozuvachka-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-nitu-edno-od-kritichnite-novorodenchinja-vo-inkubator-ne-beshe-vo-zivotnozagrozuvachka-sostojba/#respond Tue, 03 Dec 2019 10:49:47 +0000 https://kurir.mk/?p=272626

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство- Скопје информира дека ниту едно од критичните новороденчиња во инкубатор не беше доведено во животнозагрозувачка состојба ниту пак, дојде до влошување на нивната првобитна здравствена состојба откако вчера попладне имаше краток прекин на електрична енергија. -Напоменуваме дека сите новороденчиња на ОИНТ - одделението за интензивна нега и терапија се стабилни. Службите веднаш реагираа и во најкус временски период ситуацијата беше ставена под контрола. На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство има повеќе механизми за заштита и безбедносен систем, а секој витален апарат е поврзан на UPS, опција која е во функција додека не се вклучи агрегатот, информираат од ГАК. Оттаму ја уверуваат јавноста дека ниту еден процес на клиниката не бил загрозен во кусиот период кога ЈЗУ ГАК остана без напојување со електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-nitu-edno-od-kritichnite-novorodenchinja-vo-inkubator-ne-beshe-vo-zivotnozagrozuvachka-sostojba/feed/ 0
АЛФА: ГАК синоќа остана без струја, агрегатот не се вклучил, загрозени животите на бебињата во инкубатори? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-gak-sinokja-ostana-bez-struja-agregatot-ne-se-vkluchil-zagrozeni-zivotite-na-bebinjata-vo-inkubatori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-gak-sinokja-ostana-bez-struja-agregatot-ne-se-vkluchil-zagrozeni-zivotite-na-bebinjata-vo-inkubatori/#respond Tue, 03 Dec 2019 07:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=272504

Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје синоќа остана без струја. Причина бил големиот дефект на трафостаницата во Козле кој голем дел од центарот на Скопје го остави без струја. Но, во вакви ситуации за многу краток период во овие здравствени институции се вклучува агрегат. Тоа не било случај синоќа на Клиниката за гинкологија и акушерство, дознава Алфа од извори на клиниката. Според истите извори, во моментот се случувале и оперативни зафати. – Она што е недозволиво е да не се вклучи агрегатот. Сето време додека во околина немаше струја во станбените згради, куќи ист беше случајот и на Клиниката. Тоа е несфатливо, некој мора да одговара, вели изворот за телевизија Алфа. Но, не станувало збор само за операции кои биле во тек, туку и на бебиња во инкубатор. -Сето тоа време беа загрозени животите на бебињата во инкубатор и оние кои се респиратор, додава изворот. Големиот дефект на трафостаницата Козле го остави без струја центарот на Скопје. Струја немаше од Водно до Илинденска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alfa-gak-sinokja-ostana-bez-struja-agregatot-ne-se-vkluchil-zagrozeni-zivotite-na-bebinjata-vo-inkubatori/feed/ 0
Забранети посети на Клиниката за гинекологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabraneti-poseti-na-klinikata-za-ginekologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabraneti-poseti-na-klinikata-za-ginekologija/#respond Sat, 26 Jan 2019 09:32:31 +0000 https://kurir.mk/?p=156757

Строго забранета посета кај родилките, трудниците и новороденчињата на Клиниката за Гинекологија. Ограничено е и влегувањето кај оперираните жени. Менаџментот на установата пред десетина дена донел ваква одлука поради епидемијата со морбили и респираторните и вирусни инфекции овој период. Гинеколозите велат дека на овој начин сакаат да ги заштитат нивните пациенти кои се во ризичните групи и малите сипаници кај нив можат да доведат и до смртен исход. -Строго е забранета посета за да ги заштитиме жените и бебињата бидејќи ако дојдат во контакт со заболен со морбили последиците можат да бидат катастрофални по здравјето и на родилките и на бебињата. Доколку на пример во некоја амбуланта биде примена жена со мобрили веднаш потоа се преземаат сите мерки согласно протоколите за чистење на просторијата за да бидат примени други пациентки, вели др. Адела Стефанија, гинеколог на Клиника за Гинекологија. Доктор Стефанија вели дека кај предвремено родените бебиња малите сипаници можат да бидат смртоносни, а болеста е опасна и кај трудници во првото тромесечје. -Доколку заболат во првите 12 недели од бременоста тогаш ние гинеколозите ги советуваме да абортираат, а опасно е и во последните три месеци од бременоста, вели др. Стефанија. На Гинеколоија досега немаат ниту еден заболен со морбили кај медицинскиот персонал и велат дека се придржуваат на препораките од здравствените власти. -Не само на Гинекологија, Детска клиника и Инфективна, епидемиолозите советуваат дека во услови на епидемија и ширење на грипот треба да има забрани за посети во сите болници. Покрај забрана за посета кај болните, во скопскиот центар за јавно здравје здравствени работници од клиники и болници кои не биле вакцинирани против морбили доаѓале да се заштитат од мали сипаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zabraneti-poseti-na-klinikata-za-ginekologija/feed/ 0
Сметката на ГАК блокирана од 12 тужби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkata-na-gak-blokirana-od-12-tuzbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkata-na-gak-blokirana-od-12-tuzbi/#respond Wed, 04 Apr 2018 14:40:48 +0000 https://kurir.mk/?p=36402

Поради наплата на извршни судски решенија од 660.000 евра е блокирирана сметката на Клиниката за Гинекологија. Како што јавува Сител, тужбите биле од две семејства чии новороденчиња во 2008 добиле слепило  бидејќи во тој период немаше скрининг за ретинопатија во државата. Уште десетина семејства со истиот проблем чекаат извршување на судските решенија. Покрај раководството на клиниката на кои не им е јасно зошто од нивниот буџет се земаат пари, затекнат со ваквата ситуација е и министерот за здравство кој најави дека ќе бараат решение во координација со други институции. -Одлуката за повлекување на пари за судска пресуда од 2008 не затекна и нас, тоа се екстра пари кои не биле рпедвидени во буџетот на установата. Во текот на попладненвните часови ќе имам средба со директорката на клиниката и со претставници на министерството за финансии за да знаеме кои следни чекори да ги преземеме, изјави Венко Филипче, министер за здравство. Во 2008, 12 семејства реагираа дека нивните предвремено родени бебиња имаат оштетувања на видот додека биле во инкубатори на Гинекологија. Не им била направена навремена дијагностика за ретинопатија. -  Станува збор за оштетувања на видот кај новороденчиња родени со исклучително мала телесна тежина и голема незрелост. Дојдена е извршна пресуда од 40.974.561 денари, сума на процеси од пред 10 години која сега би требало одеднаш да се плати, стои во соопштението од ГАК.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetkata-na-gak-blokirana-od-12-tuzbi/feed/ 0