клиника за хематологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Nov 2022 09:14:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клиника за хематологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Клиника за Хематологија ќе прерасне во регионален центар за лекување на најтешките болести на крвта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinika-za-hematologija-kje-prerasne-vo-regionalen-centar-za-lekuvanje-na-najteshkite-bolesti-na-krvta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinika-za-hematologija-kje-prerasne-vo-regionalen-centar-za-lekuvanje-na-najteshkite-bolesti-na-krvta/#respond Wed, 09 Nov 2022 09:14:49 +0000 https://kurir.mk/?p=757809

Делегација од Европската команда на армијата на САД, денеска ја посети ЈЗУ Клиника за Хематологија, каде интензивно се гради вториот кат, со  средства од програмата за помош Европска команда на Американска војска, обезбедени  преку амбасадата на САД во нашата земја во висина од милион долари. Оваа сума е наменета за проширување на капацитетите за хоспитализација, односно надградба на уште еден спрат. Новиот капацитет, заедно со воспоставените најсовремени методи за лекување и медицинска грижа, нудат можност клиниката да му служи не само на македонскиот јавен здравствен систем, туку истовремено го етаблира на врвот на најзначајните центри за лекување на хематолошки болести во поширокиот регион. -Оваа инвестиција е огромно олеснување за секојдневното просторно функционирање на Клиниката и на пациентите, ако се земе предвид фактот дека искористеноста на стационарот во последните неколку години е повеќе од сто отсто и секојдневно се бара кревет повеќе. Благодарение на донацијата од САД, на Хематологија годишно ќе се примаат 70 нови пациенти со малигни болести за кои досега немаше место, велат од клиниката. Финансиската помош е признание на САД за потенцијалот што го носи менаџерскиот и лекарскиот тим на ЈЗУ Клиника за Хематологија Скопје. Директорката на Клиниката д-р Ирина Пановска Ставридис вели дека согласно динамичкиот план за реализација, новиот спрат да биде ставен во употреба за во јуни идната година. “На новиот оддел, годишно ќе бидат лекувани најмалку 50 до 60 пациенти од нашата земја и 10 до 15 од соседните земји, кои досега не можевме да ги прифатиме заради немање просторни услови. Тоа се пациенти со малигни хематолошки болести, една од најранливите групи на пациенти. Клиниката за Хематологија сега е на мапата на светските и европските медицински центри за лекување на најтешките болести на крвта. Со оваа донација, Хематологија доби додадена вредност од техничка гледна точка, простор и опрема со која дополнително ќе се подобри медицинската услуга за пациентите. Со почеток со работа на новото одделение, на пациентите ќе им биде ставено на располагање се што поседуваат и нудат најсовремените центри од ваков вид”, вели директорката проф. д-р Пановска-Ставридис.
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinika-za-hematologija-kje-prerasne-vo-regionalen-centar-za-lekuvanje-na-najteshkite-bolesti-na-krvta/feed/ 0
Клиника за хематологија: Кампањата „Биди срцевина, биди херој“ спасува животи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinika-za-hematologija-kampanjata-bidi-srcevina-bidi-heroj-spasuva-zivoti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinika-za-hematologija-kampanjata-bidi-srcevina-bidi-heroj-spasuva-zivoti/#respond Thu, 16 Jun 2022 11:33:14 +0000 https://kurir.mk/?p=691656

На ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија беше извршена трансплантација на крвотворни матични клетки на пациентка со акутна миелобластна леукемија од несроден донор од Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина, известуваат од Клиниката. -Со оваа трансплантација оваа млада жена има можност да продолжи со животот. Благодарение на кампањата за зголемување на бројот на несродни донори на матични клетки „Биди срцевина, биди херој“, по неколку месечно побарување, обезбедивме соодветен несроден донор, генски идентичен, кој се пријавил во регистарот. Пациентката, немаше друг фамилијарен донор. Хуманоста и високата свест за донација се основен мотив за спасување на млад човечки живот кој боледува од тешко малигно – хематолошко заболување. Тимовите за трансплантација и дарителскиот регистер прв пат учествуваат во зафатот кога се трансплантираа матични клетки од македонски несроден донор кои веруваме дека ги зголемуваат шансите да се спаси животот на пациентката на клиниката за Хематологија, велат од Универзитетска клиника за хематологија. Македонскиот дарителски регистер за коскена срцевина (МКДРКС) е основан во рамките на Институтот за имунобиологија и хумана генетика, на Медицинскиот факултет во Скопје во 2010 година и од 2013 година е рамноправен член на Свтеската асоцијација на донори на коскена срцевина (WMDA). Во него членуваат засега само 5000 доброволни дарители. -Секој од нив, утре на некој од нас може да ни го спаси животот. Затоа, уште еднаш апелираме до сите здрави лица на возраст од 18 до 55 години да станат дел од дарителскиот регистер и да помогнат во третманот на пациентите на кои им е потребно лекување со трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор, апелираат од Клиниката. ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија од 15 септември 2000 година е активно вклучена, во трансплантација на матични клетки, а реализирани се вкупно 655 интервенции. Од 2018 година Клиниката воведе две нови услуги во македонското јавно здравство, трансплантација на крвотворни матични клетки од несроден донор како и полуидентични трансплантации, кои предходно се реализираа исклучиво во странство. -Се подигна квалитетот на јавното здравство и Република Северна Македонија влезе на мапата на светски и европски медицински центри за лекување на најтешките заболувања на крвта. ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија, во интерес на пациентите но и на државниот буџет, заштеди средства кои беа наменети за за лекување во странство во износ од 1.5 до 2 милиони евра годишно.Во изминатите 4 (четири) години се реализирани вкупно 216 трансплантации, велат од оваа Клиника. Истакнуваат дека со воведувањето на овие методи, за првпат во нашата држава, експертските тимови од Клиниката за хематологија и Дарителскиот регистар, поради професионалниот рејтинг и кредибилитетот, од земјите на Европската Унија добија орган-матични хематопетски клетки за трансплантирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinika-za-hematologija-kampanjata-bidi-srcevina-bidi-heroj-spasuva-zivoti/feed/ 0
Поради страв пациентите избегнуваат лекар: Клиниката за хематологија апелира до граѓаните редовно да одат на преглед https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-strav-pacientite-izbegnuvaat-lekar-klinikata-za-hematologija-apelira-do-gragjanite-redovno-da-odat-na-pregled/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-strav-pacientite-izbegnuvaat-lekar-klinikata-za-hematologija-apelira-do-gragjanite-redovno-da-odat-na-pregled/#respond Wed, 07 Apr 2021 14:13:27 +0000 https://kurir.mk/?p=493769

Раното дијагностицирање на хематолошки малигни заболувања може да спаси живот. Пред повеќе од една година новиот коронавирус започна да се шири низ светот и предизвика пандемија, а со тоа и кризна состојба на светско ниво. Она што навистина загрижува, велат од Клиниката за хематологија, е тоа што што поради стравот и мерките на претпазливост пациентите одбегнуваат да одат на рутински прегледи кај своите матични лекари и сè почесто одлучуваат да останат дома дури и кога имаат симптоми и нарушено здравје. Ваквата состојба, велат од таму, е особено загрозувачка за лицата кои имаат хематолошки заболувања. Токму поради тоа, директорката на Универзитетската клиника за хематологија, проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис, апелира до граѓаните кои имаат потреба за преглед или лекарска консултација да не го одложуваат одењето на лекар бидејќи раното дијагностицирање и соодветниот третман на хематолошките малигни заболувања имаат клучно значење за излекување и успешен клинички исход од третманот. Ако пациентите се третираат навремено, вели таа, многу од нив може да се излекуваат и да имаат долг и квалитетен живот. „Пандемијата со Ковид-19 има големо влијание врз времето потребно за поставување на финалната дијагноза кај пациентите кои страдаат од хематолошки малигни заболувања. Дисконтинуитетот во патот на дијагностика на пациентот со малигна лимфаденопатија доведе и до намален број на новодијагностицирани пациенти. Голем дел од пациентите од страв од самата пандемија остануваат дома, самите не можат да ги препознаат симптомите на малигна лимфаденопатија и сето ова води кон задоцнето поставена дијагноза, а со тоа и полош клинички исход за пациентите. Ги советувам пациентите да не се плашат од евентуална зараза со коронавирусот затоа што на клиниката строго се почитуваат и спроведуваат сите здравствени протоколи. Со цел прегледите да бидат побрзи и безбедни, со пократок ред на чекање и да се запази социјалната дистанца, а притоа пациентите да добијат современа и комплетна услуга, по принципот еден пациент во една ординација, работата на клиниката се одвива во две смени. Апелирам и до матичните лекари да ја користат новата е-амбуланта, дел од 'Мој термин' (телефонска консултација со матични лекари) која овозможува закажување на консултативен термин со одреден специјалист за своите пациенти за кои сметаат дека имаат потреба од специјалистичка консултација“, вели проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис. Таа додава дека бидејќи и психофизичкото здравје на пациентите кои веќе имаат поставена дијагноза малигнен лимфом е многу важно подготвена е и соодветна брошура на тема „Водич запациентите со не-хочкинов лимфом“. Имајќи ја предвид важноста на навременото дијагностицирање на ваквите заболувања, Здружението за хематологија на Македонија изработи и нов Алгоритам за дијагностика на зголемени лимфни јазли во тек на пандемија. Новиот алгоритам веќе е достапен за сите матични лекари и општи болници на ниво на целата држава. „Во изминатиот период беа организирани и неколку едукативни вебинари за стручната јавност, како и гостувања во телевизиски емисии од областа на здравството, на тем 'Што претставува лимфомот' со цел да ја зголеми јавната свесност за оваа болест, нејзините рани симптоми, како и кој е најбрзиот пат до соодветна дијагностика, затоа што смртноста на недијагностицираните и нетретирани малигни болести е поголема од смртноста предизвикана од Ковид-19“, велат од Клиниката за хематологија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poradi-strav-pacientite-izbegnuvaat-lekar-klinikata-za-hematologija-apelira-do-gragjanite-redovno-da-odat-na-pregled/feed/ 0
Со финансиска помош од САД се надградуваат капацитетите на Клиниката за хематологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-finansiska-pomosh-od-sad-se-nadgraduvaat-kapacitetite-na-klinikata-za-hematologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-finansiska-pomosh-od-sad-se-nadgraduvaat-kapacitetite-na-klinikata-za-hematologija/#respond Sat, 14 Nov 2020 13:29:21 +0000 https://kurir.mk/?p=429490

Ќе се прошират капацитетите за хоспитализација на пациенти на Универзитетската клиника за хематологија во Скопје. Тоа, како што истакнаа министерот за здравство Венко Филипче и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз при денешната посета на клиниката, ќе биде направено со финансиска поддршка од 800 илјади долари од Европската команда на Армијата на Соединетите Американски Држави Со оваа инвестиција целосно ќе се заокружи процесот на обнова на просторните услови во рамки на Клиниката започнат во 2017 година. Финансиската поддршка се реализира преку Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. Амбасадорката Брнз изјави дека со проширениот и обновен објект на клиниката ќе биде од корист не само на граѓаните на Северна Македонија туку од целиот регион. Таз изрази благодарност на диреторката на клиниката Ирина Пановска Ставридис за овој проиект, но и за другите залагања за унапредување на болницата. Благодарност искажа и до министерот Филипче за парнерската соработка и за раководењето на активностите за справување со корона-кризата. -Многу работи се сменија откако почнавме да разговараме за овој проект. С Македонија стана дел од НАТО, санавме сојузници, доби покана од ЕУ за започнување на пристапниот процес, а се слули и пандемијата на Ковид-19. Тоа што не се смени во сите овие години е заложбата на САД да работи со СМакедонија за подобрување на здравствениот систем. Среќна сум што таа соработка се развива. Ќе продлжима да работиме заедно не само за справување со пандемијата туку и за зајакнување на здравствениот систем, науката, технологијата во интерс на сите граѓани, рече амбасадорката Брнз. Министерот Филипче потсти дека Амбасадата на САД беше првата што помогна со лична заштитна опрема, со 60 респиратори што ги добивме преку НАТО и со уше еден проект којшто е вреден 300 илјади евра за поддршка на нашиот здравствен систем во делот на медицинска опрема која ни е потребна за справување со ковид кризата. – Ова е уште еден доказ дека пријателите и партнерите треба да се тука и да се најдат кога е најмногу потребно, а САД го докажаа токму тоа дека стратешкото партнерство вреди тогаш кога пријателите се тука да помогнат и да се најдат да се пребродат тешки моменти посебно една ваква криза која што е криза во целиот свет, рече Филипче. Кажа дека со поддршка од САД која трае подгол приод, реновирани се капацитети и во болницата „8Септември“, изградена е нова зграда во болницата во Демир Хисар, реновирано е одделението за неврологија во Клиничкиот центар, а во тек се работи и на Клинката за максилофацијална хирургија. – Овој проект за надградување физичка и инфраструктурна на Клиниката за хематологија за нашите пациенти значи многу. Значи дека таа нова метода која што започна да се прави на оваа Клиника благодарение на овој тим, на овие лекари предводени од директорката и менаџерите на Клиниката пред две години, метода која што дотогаш не беше можно да се направи на нашата Клиника и пациентите се праќаа во странство практично ќе значи дека ќе се одвива во многу подобри услови, ќе имаат пристап многу поголем број на пациенти и секако метода која што ќе може како и сега да се нуди во околните земји заради тоа што таа метода не се прави никаде во нашиот поблизок регион, рече Филипч и им се заблагодари на сите вклучени во проектот и на сите ангажирани во справувањето со пандемијата на Ковид-19. Тој изрази надеж дека соработката со Амбасадата и со САД ќе продолжи и понатаму заради тоа што кризата покажа оти врските посебно во делот на здравството се многу битни и нераскинливи. Директорката на Клиниката за хематологија Пановска Ставридис поосчи дека со помошта од САД се надгради еден спрат на клиниката и ќе се зголемат просторните капацитети. Со оваа донација се заокружува процесот на реновирање што заедно со веќе воведените нови и современи методи за лекување прави клиниката да прерасне во регионален центар за лекување на пациентите со малигни и хематолошки заболувања. -Досега нашата клиника имаше капацитет да спроведува 50-60 трансплантации годишно и притоа пациентите од регионот коишто бараа здравствена помош кај нас многу често не можевме да ги прифатиме бидејќи немавме просторни услови. Сега со новоизградениот оддел ние прераснуваме во регионален центар и директна корист со оваа донација ќе имаат сигурно околу стотина македонски здравстрвени корисници и на годишно ниво и 20 пациенти од регионот, истакна Ставридис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-finansiska-pomosh-od-sad-se-nadgraduvaat-kapacitetite-na-klinikata-za-hematologija/feed/ 0
Клиника за хематологија: Успешно спроведена несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinika-za-hematologija-uspeshno-sprovedena-nesrodna-transplantacija-na-matichni-hematopoetski-kletki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinika-za-hematologija-uspeshno-sprovedena-nesrodna-transplantacija-na-matichni-hematopoetski-kletki/#respond Fri, 01 May 2020 09:38:33 +0000 https://kurir.mk/?p=340271

Универзитетската клиника за хематологија во Скопје денеска информира дека успешно е спроведена уште една несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки. -Ни претставува задоволство да ги информираме сите пациенти и корисници на здравствени услуги во земјава дека со вонреден напор на ЈЗУ Универзитетска Клиника за хематологија-Скопје, и покрај бариерите поради Ковид-19, беше успешно спроведена уште една несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки, се наведува во соопштението на Клиниката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinika-za-hematologija-uspeshno-sprovedena-nesrodna-transplantacija-na-matichni-hematopoetski-kletki/feed/ 0
Несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки стартува на Хематологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nesrodna-transplantacija-na-matichni-hematopoetski-kletki-startuva-na-hematologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nesrodna-transplantacija-na-matichni-hematopoetski-kletki-startuva-na-hematologija/#respond Thu, 17 May 2018 06:15:49 +0000 https://kurir.mk/?p=55020

Една од најсофистицираните тераписки процедури во современата медицина, несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки почнува од денеска да се извршува во целосно реновираниот Оддел за трансплантација при Универзитетската клиника за хематологија-Скопје. По тој повод, министерот за здравство Венко Филипче ќе се обрати на отворањето на Одделот и презентацијата на процедурата. Со  обезбедување највисоки европски услови и стандарди за хоспитализација на болни кои имаат индикација да се лекуваат со трансплантација на матични хематопоетски клетки ќе се овозможи Клиниката за хематологија да се впише меѓу центрите каде се спроведува таа најсофистицирана тераписка процедура. Клиниката со овој чин не само што ќе овозможи за првпат во нашата држава да биде достапен овој софистициран тераписки метод за пациентите, туку ќе биде препознаена и како еден од лидерите во регионот на овој план. Пациентите кои немаа фамилијарен донор и имаа потреба од несроден (нефамилијарен) донор на хематопоетски матични клетки, изминативе години се лекуваа во странски европски центри за трансплантација на трошок на Фондот за здравствено осигурување. Финансиските средства за лекување со несродна трансплантација во странство изнесуваа просечно 90.000 евра до 150.000 евра по пациент во зависност од примарната дијагноза и компликациите по интервенцијата. Во 2017 година 25 болни со малигни заболувања се лекувани со несродна трансплантација во Германија, Турција и други европски и светски центри. - Ова е висок професионален дострел за нас како здравствени работници, нова страница во историјата на македонската хематологија како и важен чекор напред за јавното здравство на Република Македонија во целина. Пациентите во новоотворениот Оддел за несродна трансплантација добиваат многу подостапна, поекономична услуга, еднакво ефикасна со останатите европски центри, која во исто време овозможува тие да бидат близу до своите семејства во периодот кога минуваат низ ова сложено лекување, посочуваат од Клиниката. Одделот за трансплантација на хематопоетски матични клетки почна да работи во септември 2000 година со реализација на првите трансплантации на матични клетки во Република Македонија во соработка со болницата „Г. Папаниколау“ од Солун, Грција. Тимот за трансплантација на хематопоетски матични клетки од Клиниката за хематологија е активен член на Европската група за трансплантација на матични клетки од 2003 година. Во период од 17 години реализирани се 440 трансплантации (104 алогени и 336 автологни трансплантации) кај болни со акутни леукемии, малигни лимфоми, мултипен миелом и останати малигни и немалигни хематолошки заболувања кои имаат потреба за лекување со овој тераписки пристап. На Клиниката се извршуваат автологни трансплантации и алогени трансплантации од сроден фамилијарен донор (брат или сестра).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nesrodna-transplantacija-na-matichni-hematopoetski-kletki-startuva-na-hematologija/feed/ 0