клиника за нефрологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Jan 2021 15:24:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клиника за нефрологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Клиниката за нефрологија нов кластер: Заразени над 20 медицински лица! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-nefrologija-nov-klaster-zarazeni-nad-20-medicinski-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-nefrologija-nov-klaster-zarazeni-nad-20-medicinski-lica/#respond Wed, 27 Jan 2021 15:24:31 +0000 https://kurir.mk/?p=460662

На Клиниката за нефрологија има девет лекари, осум медицински сестри, еден лаборант, еден психолог и тројца болничари кои во моментов се заразени со Ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Меѓу заразените е и директорката на Клиниката, Ирена Бушлетиќ. Изворот за заразата, како што посочуваат од Министерството, се уште не е конкретизиран со оглед на тоа што во моментов се спроведуваат епидемиолошките анкети. Работата на Клиниката се одвива регуларно и тековните обврски се завршуваат од страна на вработените кои го надополнуваат отсуството на оние кои се заразени или се во изолација, потенцираат од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-nefrologija-nov-klaster-zarazeni-nad-20-medicinski-lica/feed/ 0
Нефрологија преплавена со пациенти со ковид-19 на кои нагло им откажуваат бубрезите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nefrologija-preplavena-so-pacienti-so-kovid-19-na-koi-naglo-im-otkazuvaat-bubrezite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nefrologija-preplavena-so-pacienti-so-kovid-19-na-koi-naglo-im-otkazuvaat-bubrezite/#respond Fri, 09 Oct 2020 08:42:32 +0000 https://kurir.mk/?p=414262

Од март до почетокот на септември немаше голем број на пациенти со ковид-19 и со бубрежни оштетувања. Но сега ова е тренд, вели д-р Ирена Бушлетиќ, директорка на Клиниката за нефрологија за Плусинфо. Во последните дваесетина дена во земјава расте бројот на пациенти со ковид-19 на кои им откажуваат бубрезите и мора да бидат ставени на дијализа. – Ова е тренд во последните дваесет и неколку дена. Од март до почетокот на септември немаше голем број на пациенти со ковид-19 и со бубрежни оштетувања. Но сега ова е тренд. Правиме анализи на што се должи оваа појава. Дали е коинциденција или ќе продолжи понатаму, засега следиме и анализираме. Повеќето случаи имаат акутно бубрежно оштетување. Кај еден дел помага дијализата, а друг дел пациенти поминуваат и без дијализа – изјави д-р Ирена Бушлетиќ, директорка на Клиниката за нефрологија за Плусинфо. Според статистиките и искуствата на другите земји, 20-25 отсто пациенти со ковид-19 развиваат акутно бубрежно оштетување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nefrologija-preplavena-so-pacienti-so-kovid-19-na-koi-naglo-im-otkazuvaat-bubrezite/feed/ 0
По Клиниката за нефрлогија, нов кластер е Клиниката за стоматологија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-klinikata-za-nefrlogija-nov-klaster-e-klinikata-za-stomatologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-klinikata-za-nefrlogija-nov-klaster-e-klinikata-za-stomatologija/#respond Thu, 08 Oct 2020 11:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=413893

Влегуваш на Клиниката за стоматологија, на сите страни по ходниците гужва луѓе чекаат за преглед. Откако ќе ве повикаат за преглед влегувате во сала каде има повеќе стоматолошки столици каде ние пациентите седиме со извадена маска, а насекаде се шират аеросоли од турбините. Притоа меѓу столиците нема ниту преграда, ниту се на соодветно безбедно растојание. Ова е сведоштво на пациент кој како што вели „во најмала рака е непријатно искуство на Стоматологија“. -Имам болки, ми даваа терапија се консултирав по телефон, но потоа требаше да дојдам на преглед да видат дали треба да се прави операција на забот. Знаете како е на стоматологија не може да ве прегледуваат со маска, а салата полна со скоро дваесет лица, раскажува пациентот. Пред да влезам, продолжува со својата приказна пациентот, ѕиркам низ врата кога излегуваат пациенти, но никако да видам некој доктор да го смени хартиениот мантил, ниту маската. -Влегувам внатре во салата и пак погледот го фрлам на секоја стоматолошка столица, пациенти со отворена уста, некои завршиле со преглед и ги ставаат маските. Не гледам доктор да ја смени заштитната опрема, се плашам, ама немам избор. Веројатно и докторите немаат избор, не добиваат опрема, вели пациентот. Но, она што ги зачудува сите на Клиниката и пациентите, е како на Клиника која важи за место каде најлесно се пренесуваат вируси, како и бактерии, се работи на овој начин. Оттука се бараат одговори од надлежните, пред се од министерот за здравство Венко Филипче кој вели дека се е под контрола и за сите има протоколи. Сите се прашуваат дали Филипче знае во какви услови работат вработените, во какви услови се лечат пациентите? -Знае ли министерот, кој често го гледам на телевизиските екрани, што се случува овде. Мисли ли дека овој начин на работа, овие услови се добри за нас пациентите, а и за лекарите кои не лечат овде. Едноставно е дали Филипче смета дека овој начин на работа е безбеден како за вработените, така и за пациентите, раскажува пациентот. Ова дополнително се важни прашања, особено кога се знае дека на Клиниката се имаат појавено неколку случаи на заразени со корона. Меѓу нив е и сестрата на директорката на Клиниката за инфективни болести која работи на детскиот оддел на Стоматологија. Пациенти на кои наидовме на детскиот оддел велат дека се функционира и се прават прегледи. Но, тоа отвора многу прашања дали останатите вработени кои имале контакт со заразените се во изолација, потоа што со пациентите-деца кои ги прегледувале заразените. Одговор нема ниту за тоа дали начинот на работа на Стоматолигија е соодветен, ниту како се постапило откако се детектирале заразените медицински лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-klinikata-za-nefrlogija-nov-klaster-e-klinikata-za-stomatologija/feed/ 0
Клиниката за нефрологија нов кластер https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-nefrologija-nov-klaster/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-nefrologija-nov-klaster/#respond Wed, 07 Oct 2020 09:48:53 +0000 https://kurir.mk/?p=413364

Неколку здравствени работници од Клиника за нефрологија се позитивни на коронавирус. Од нив има двајца доктори кои се заразени, еден во изолација, две сестри позитивни на КОВИД-19 и еден техничар. Според информациите од самата Клиника не се знае како се заразиле, но очигледно Клиника за нефрологија е нов кластер на КОВИД-19. Здравствениот систем во Македонија брои заразени и во своите редови, со што се намалува капацитетот на медицинскиот персонал. Според податоците на македонскиот Институт за јавно здравје, околу 1.000 здравствени работници се заболени од КОВИД-19 од почетокот на епидемијата од кои седум починале. А, над 800 здравствени работници се водат за оздравени. Здравствените работници секојдневно апелираат за помош и опрема, бараат соодветна заштита од министерството за здравство. А, заразени се затоа што не се соодветно опремени. Сето тоа е поради недостаток на опрема спрема препораките за различните нивоа на ризик. Исто така недостасуваат информации и обука за соодветно користење на опремата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/klinikata-za-nefrologija-nov-klaster/feed/ 0
Негрижа која мора да запре: Скопјанец преживува голгота на клиника, оставен е гладен и без терапија-потресно сведоштво на неговата ќерка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negriza-koja-mora-da-zapre-skopjanec-prezivuva-golgota-na-klinika-ostaven-e-gladen-i-bez-terapija-potresno-svedoshtvo-na-negovata-kjerka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negriza-koja-mora-da-zapre-skopjanec-prezivuva-golgota-na-klinika-ostaven-e-gladen-i-bez-terapija-potresno-svedoshtvo-na-negovata-kjerka/#respond Wed, 27 Feb 2019 12:32:53 +0000 https://kurir.mk/?p=168934

Наместо да добие човечки третман и здравствена грижа, постар скопјанец преживува голгота на скопската клиника за Нефрологија. Поради инфекција на бубрезите, човекот е примен во болница во петокот, на 22-ри февруари. Неговата ќерка ја контактираше редакцијата на КУРИР. Мошне вознемирена, ни раскажа на каква слика била сведок кога отишла во посета на својот родител. Го посетува попладне, кога ќе заврши нејзиното работно време. Мислела дека во болница ја добива потребната нега, но тоа што го видела таму буквално ја оставило во шок. -Секој ден попладне одам да го посетам мојот татко. Го наоѓам мокар, непресоблечен. Не е јаден од утрото додека јас да дојдам. Болничката храна му ја носат и ја оставаат на масичка која е далеку од неговиот кревет. Таму ги наоѓам и појадокот и ручекот. Тој до храната не може да дојде сам бидејќи е со катетар и не станува самостојно. Мојот татко е гладен по цели денови таму, никој не доаѓа да му ја донесе храната или да му даде да јаде, раскажува ќерка му за КУРИР. Пациентот, освен што не прима храна, не ја добива ниту терапијата која мора да ја пие. -На истата масичка каде ја наоѓам храната, таму му стои и терапијата. Лековите се ставени таму и вработениот на клиниката ги остава. Не му ги дава во раце или во уста на татко ми. Нема никаква грижа, еднаш им паднал на колена и се повреди, вели таа. Кога доаѓа на посета во малата соба со 5 кревети, скопјанката не наоѓа ниту болничар, ниту сестра, а уште помалку доктор кој ќе може да ја информира за состојбата на родителот. Лошата состојба со која се соочува ова семејство, не запрела тука. -Татко ми доживеа и мозочен удар таму. Повторно е оставен на милост и немилост, гладен и жеден. Постојано е мокар. Јас им однесов и пелени за да го пресоблекуваат, но течноста тече по него и тој е мокар, непресоблечен во сува облека. Постојано му ставаат инфузии и затоа често мокри. Тоа што го прежувува е навистина жално, истакна нашата соговорничка. Нејзиниот идентитет, како и идентитетот на нејзиниот татко кој е пациент на клиниката, се познати на редакцијата, но истите нема да бидат објавени бидејќи нашата соговорничка побара, барем засега, да ги заштитиме на овој начин. Се плашат дека фактот што јавно зборуваат за овој проблем, може дополнително да им наштети.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/negriza-koja-mora-da-zapre-skopjanec-prezivuva-golgota-na-klinika-ostaven-e-gladen-i-bez-terapija-potresno-svedoshtvo-na-negovata-kjerka/feed/ 0