клиника за онколгија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Sep 2023 11:58:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клиника за онколгија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачевски за случајот „Онкологија“: Нема да има пардон за никого https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-sluchajot-onkologija-nema-da-ima-pardon-za-nikogo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-sluchajot-onkologija-nema-da-ima-pardon-za-nikogo/#respond Fri, 08 Sep 2023 12:34:07 +0000 https://kurir.mk/?p=876028

Премиерот Димитар Ковачевски денеска уште еднаш порача дека во врска со случајот „Онкологија“ нема да биде поштеден никој. Тој очекува, како што изјави, да се идентификуваат лицата и постапките кои биле прекршени, како и злоупотребите што биле направени и да има соодветни казни зашто доста беше, рече, 30 години само изговори. Обраќајќи се до сите институции кои работат на овој случај, Ковачевски истакна дека вниманието на Владата е стопроцентно насочено кон негово расчистување. На секоја владина седница, потенцира премиерот, ќе се поставува прашањето до каде е постапката. -Уште еднаш ќе повторам. Нема да има пардон за никого. Имам порака до сите институции кои работат на овој случај, дека вниманието не само на граѓаните, туку и моето внимание како претседател на Влада, на членовите на Владата е насочено стопроцентно кон разрешувањето на овој случај и доколку се работи согласно закон и процедура, а нема причина да не се работи така, бидејќи кажав дека и Обвинителството и судството во овој случај ја имаат поддршката на сите да го разрешат случајот како што треба согласно закон. Очекувам да се идентификуваат лица и да се идентификуваат постапки кои биле прекршени, злоупотреби што биле направени и да бидат казнети согласно закон зашто доста беше 30 години само изговори, само начини како нешто да не се казни, а граѓаните да очекуваат правда и подобри услуги. И затоа, овој пат ова ќе биде на секоја седница на влада прашање до каде е постапката, нагласи Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето на новата опрема во ГОБ „8-ми Септември“. МВР и Обвинителството, потсети премиерот, информираа дека сите документи и сите материјали што ги имаат побрано се доставени до нив и им се достапни. -Новата директорка на Клиниката која е врвен експерт, доцент доктор по онколошки науки и министерот за здравство излегоа на прес-конференција и исто така кажаа дека се е доставено. Тие имаат направено и кадровски промени откако дојде новата директорка во однос на работници кои во минатото се идентификувале како некои што не се придржуваат до процедурите и им го прекинале работниот однос. Прашање е зошто пред тоа не им бил прекинат работниот однос, рече Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-za-sluchajot-onkologija-nema-da-ima-pardon-za-nikogo/feed/ 0