клиника за токсикологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 13:37:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клиника за токсикологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Чибишев: Четврти пат во последните две години во Македонија влегуваат производи со зголемена концентрација на афлатоксин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-chetvrti-pat-vo-poslednite-dve-godini-vo-makedonija-vleguvaat-proizvodi-so-zgolemena-kontsentratsija-na-aflatoksin/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-chetvrti-pat-vo-poslednite-dve-godini-vo-makedonija-vleguvaat-proizvodi-so-zgolemena-kontsentratsija-na-aflatoksin/#respond Thu, 05 Oct 2023 13:36:47 +0000 https://kurir.mk/?p=885626

Зголемено ниво на присуство на афлатоксин беше откриено во млеко. Скандалот го откри опозицијата, а од надлежните институции смируваа дека млекото со зголемена концентрација на канцерогената супстанца не е стигнато до рафтовите во маркетите. Сепак, докторот од Клиниката за Токсикологија Андон Чибишев смета дека веќе вознемирува што стана редовна тема за која докторите и медиумите коментираат извесен период. Појаснува дека афлатоксинот е супстанца која ја излачува една габа, ја има обично во простории каде има одреден степен на влага и топлина. Најчестро се среќава кај зрнести растенија и така стигнува до прехранбените производи. Чибишев потенцира дека за афлатоксин има податоци кои говорат дека претставува една од најканцрогените супстанции кои ги има во природата. -Во последните две години чинам ова е четврти пат како на Македонија и на нашите надлежни институции ни влегуваат производи кои имаат зголемена концентрација на афлатоксин повисока од стандардите кои се пропишани. Тоа не го соопштуваат надлежните институции, туку ќе се најде некоја невладина организација или опозицијата, и ќе кажат дека во одреден производ има високо ниво на афлатоксин. Дури тогаш се алармираат надлежните институции и почнуваат да го коментираат тоа, да ја убедуваат јавноста дека производот е запленет, тргнат од употреба или вратен во земјата од каде е дојден, што мислам дека е недозволиво. Како наши производи кои ние ги извезуваме, како Хрватска на граница ги запре пиперките кои доаѓаа од Македонија и го информираше целиот систем на ЕУ и експресно ги вратија назад во Македонија. Како нашиве институции тоа не го детектирале на граница, значи производот е влезен во Македонија, дистрибуиран во трговска мрежа, кој знае колку време сме го консумирале и колку време некој го купувал. Тоа ме загрижува, вели докторот Чибишев во утринската емисија на Сител телевизија. Посочува дека акутните труења со афлатоксин се исклучително опасни и тешки и можат да бидат животнозагрозувачки. Континуираниот внес на производи со повисока од пропишаната концентрација на афлатоксин, може особено штетно да влијаат по здравјето на децата и младите. Чибишев вели дека институциите со многу несериозни изјави излегуваат во јавноста која, како што вели тој, треба да биде крајно информирана што влегува во државата. -Јас веќе во ништо не сум сигурен. Не видовме доказ дека пиперките кои се вратени во Македонија се уништени, не видовме доказ иако беше најавено, дека млекото со афлатоксин е вратено, додава докторот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chibishev-chetvrti-pat-vo-poslednite-dve-godini-vo-makedonija-vleguvaat-proizvodi-so-zgolemena-kontsentratsija-na-aflatoksin/feed/ 0
На Токсикологија примени 17 пациенти, од кои 7 малолетници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-toksikologija-primeni-17-pacienti-od-koi-7-maloletnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-toksikologija-primeni-17-pacienti-od-koi-7-maloletnici/#respond Sat, 01 Jan 2022 09:44:07 +0000 https://kurir.mk/?p=615278

Во текот на новогодишната ноќ на Универзитетската Клиника за токсикологија- Скопје се регистрирани 17 алкохолни интоксикации, од кои седум кај малолетници од 14 до 17 години, информираат за МИА, од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Токсикологија – Скопје. Како што посочија од клиниката, 10 пациенти биле машки, а седум женски лица. По амбулантскиот третман ја напушиле клиниката. Во пресрет на празниците од Службата за Итна медицинска помош и Универзитетската клиника за токсикологија упатија апел за умерено консумирање храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, но и хронично болните редовно да ја земаат терапијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-toksikologija-primeni-17-pacienti-od-koi-7-maloletnici/feed/ 0
Пациент нападнал здравствен работник на Токсикологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pacient-napadnal-zdravstven-rabotnik-na-toksikologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pacient-napadnal-zdravstven-rabotnik-na-toksikologija/#respond Thu, 08 Apr 2021 14:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=494391

Здравствениот работник Г.Г.(56) од Скопје вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат од пациентот Г.С. (38) од Скопје. Како што соопшти денеска МВР, според пријавата на Г.Г., нападот се случил вчера околу 9.15 часот во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, на Оддел токсикологија, додека извршувал работни задачи. Случајот е пријавен во Полициската станица Центар. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pacient-napadnal-zdravstven-rabotnik-na-toksikologija/feed/ 0
Десет граѓани примени на Токсикологија за новогодишната ноќ, шест малолетни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deset-gragjani-primeni-na-toksikologija-za-novogodishnata-nokj-shest-maloletni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deset-gragjani-primeni-na-toksikologija-za-novogodishnata-nokj-shest-maloletni/#respond Fri, 01 Jan 2021 11:04:39 +0000 https://kurir.mk/?p=450993

Пет мажи и пет жени биле третирани на Клиниката за токсикологија во Скопје за време на новогодишната ноќ. Главно биле на возраст до 22 години, а најмладиот имал само 16-години. Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија Ридван Бајрами денеска изјави дека од вкупно 10-те пациенти третирани на Клиниката, шест биле малолетни. Имало и една девојка од друг град која била предозирана со наркотици. – Граѓаните се придржуваа до препораките од Министерството за здравство. Пациентите беа згрижени и пуштени дома. Главно биле дома. Најмладиот малолетник има само 16 години. Главно беа до 22 години, освен еден пациент на 67 години кој бил хроничен алкохоличар, изјави Бајрами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deset-gragjani-primeni-na-toksikologija-za-novogodishnata-nokj-shest-maloletni/feed/ 0
Приведено лицето што нападна лекар на Клиниката за токсикологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-liceto-shto-napadna-lekar-na-klinikata-za-toksikologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-liceto-shto-napadna-lekar-na-klinikata-za-toksikologija/#respond Mon, 21 Sep 2020 07:47:18 +0000 https://kurir.mk/?p=406040

Во текот на вчерашниот ден приведен е С.А. (32) од Скопје кој нападна лекар на Клиниката за токсикологија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, потврдија од МВР за МИА. Инцидентот на Клиниката за токсикологија се случи вчера, е лекарот што бил нападнат завршил со неколку хематоми и расекотини по телото. Осуда за нападот на лекарот, во објава на Фејсбук упати министерот за  здравство венко Филипче. -Најостро го осудувам овој чин, нема оправдување за насилство. За жал, ова не е прв ваков инцидент, лекарите често се изложени на вербални и физички напади. Да не заборавиме дека овие луѓе се грижат за нашите блиски и спасуваат човечки животи. Насилството не е решение и не смее да биде. Ги повикувам институциите целосно да го истражат случајот и соодветно да санкционираат, напиша Филипче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeno-liceto-shto-napadna-lekar-na-klinikata-za-toksikologija/feed/ 0
Починал маж на Клиниката за токсикологија- еве ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pochinal-maz-na-klinikata-za-toksikologija-eve-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pochinal-maz-na-klinikata-za-toksikologija-eve-gi-detalite/#respond Mon, 16 Sep 2019 16:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=241373

Во Kомплексот клиники „Мајка Тереза“ – Клиника за токсикологија вчера имало починато машко лице. Од МВР информираат дека вчера околу 19.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Kомплексот клиники „Мајка Тереза“ – Клиника за токсикологија имало починато машко лице. Според пријавеното, лицето во клиниката дошло во тешка состојба и по кратко време починало. Извршен бил увид. Се работи на расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pochinal-maz-na-klinikata-za-toksikologija-eve-gi-detalite/feed/ 0
Токсикологија доби нов директор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toksikologija-dobi-nov-direktor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toksikologija-dobi-nov-direktor/#respond Tue, 05 Feb 2019 20:31:10 +0000 https://kurir.mk/?p=160635

Досегашниот директор на Клиниката за токсикологија Нико Беќаровски, за смената на директорското место информираше на својот Фејсбук профил, а за нов в.д. директор е назначен д-р Нагип Зумбери. -Едно огромно БЛАГОДАРАМ до сите вработени на УК токсикологија, кои во изминативе 18 месеци, покажаа и докажаа дека сите заедно можеме МНОГУ. Чест и задоволство ми беше да бидам Ваш координатор, соработник, сопаталец, учител и водич. Истовремено на новоназначениот в.д. директор д-р Нагип Зумбери, му посакувам многу успех, мудрост и верба во овој мал, но вреден колектив, напиша Беќаровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toksikologija-dobi-nov-direktor/feed/ 0
Од Токисологија ви препорачуваат како и колку да пиете, ама не кажуваат што https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-tokisologija-vi-preporachuvaat-kako-i-kolku-da-piete-ama-ne-kazuvaat-shto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-tokisologija-vi-preporachuvaat-kako-i-kolku-da-piete-ama-ne-kazuvaat-shto/#respond Mon, 31 Dec 2018 11:23:15 +0000 https://kurir.mk/?p=146923

Секогаш во пресрет на славења докторите ви препорачуваат како да се однесувате или што да јадете, да внимавате со пиењето и слично. Сега од Клиниката за токсикологија стигнаа чудни препораки. Колку да пиете, колку чашки, ама не кажуваат што. Очигледно не водат сметка дека едно е три чаши ракија, друго е три чаши пиво. Потоа ви велат јадете, а потоа играјте. Знаат ли дека со играњето се троши енергијата? Очигледно идејата од Токсикологија им е да ве збунат, можеби да соберат пациенти, бидејќи без разлика дали имате здравствено осигурување услугите од ваков тип си ги плаќате. Или што препорачуваат? Прво, им препорачуваат на граѓаните да пиеле две до три чашки алкохол што е недоволиво за еден клинички токсиколог кој се занимава со лечење на труења со алкохол. Препораката е да се воздржуваме од алкохол, а може да испиеме по една чашка жесток или друг алкохол (пиво, вино). Второ, да не е мешале жестоки и други алкохолни пијалоци, ќе се опијанеле побрзо. Ноторна глупост, тоа никој не го докажал и алкохол е алкохол, се зависи од концентрацијата на алкохол во пијалокот. Ако пиеш поконцетриран алкохол побрзо ке се опијаниш. од две пијачки ракија можеш да се опијаниш (45 промили алкохол), а од две чаши пиво тешко (12 промили алкохол). Трето, за да не те фати алкохолот, играј што повеќе, за да трошиш енергија. Ординарна глупост и незнаенње. При физичка активност (играње) се трошат јагленохидрати (шеќер) кои се главен енергетски извор за нормална работа на мозокот. Алкохолот по правило ја намалува концентрацијата на шеќерот во крвта (хипогликемија ) и со играње односно дополнително трошење на шеќер состојбата дополнително ќе се влоши и тој што пие и што е физички активен само може побрзо да падне во кома. Па не случајно во терапија на алкутно труење со алкохол се дава ургентно концентриран шеќер интравенски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-tokisologija-vi-preporachuvaat-kako-i-kolku-da-piete-ama-ne-kazuvaat-shto/feed/ 0
Детали за здравствената состојба на четирите лица од затворот во „Шутка“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-zdravstvenata-sostojba-na-chetirite-lica-od-zatvorot-vo-shutka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-zdravstvenata-sostojba-na-chetirite-lica-od-zatvorot-vo-shutka/#respond Mon, 29 Oct 2018 14:55:18 +0000 https://kurir.mk/?p=120926

Четирите лица од КПУ Затвор Скопје, кои по пожарот во соба од затворското одделение се пожалиле на отежнато дишење и се хоспитализирани на Универзитетската клиника за токсикологија, се во добра здравствена состојба и вон животна опасност, изјави за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Нико Беќаровски. – Сите четворица се во Одделот за интензивна нега, добри се, свесни се. Тројца се затвореници, а едниот е службено лице кое помагало во гаснење на пожарот. Стабилни и се вон животна опасност. Клинички се работи за лесни случаи, меѓутоа токсиколошките анализи ќе бидат утре во 13 часот од судска медицина ги очекуваме, рече Беќаровски. Посочи дека четирите лица на Клиниката биле донесени во свесна состојба, а едното од нив било малку поспано. Во врска со тоа кога ќе бидат пуштени на домашно лекување, тој рече дека тоа многу зависи од утрешниот наод што ќе го добијат од судска медицина, но следните 24 часа сигурно ќе бидат задржани на Клиниката. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-zdravstvenata-sostojba-na-chetirite-lica-od-zatvorot-vo-shutka/feed/ 0
Старец испил инсектицид, итно пренесен на Токсикологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/starec-ispil-insekticid-itno-prenesen-na-toksikologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/starec-ispil-insekticid-itno-prenesen-na-toksikologija/#respond Sat, 14 Apr 2018 11:33:09 +0000 https://kurir.mk/?p=40601

Осумдесет и пет годишниот Ѓ.Ј. од Делчево вчера итно бил препратен на Клиниката за токсикологија во Скопје. Како што информираат од МВР, тој во сопствената куќа испил одредена количина инсектицид.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/starec-ispil-insekticid-itno-prenesen-na-toksikologija/feed/ 0