клон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Sep 2023 08:47:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина Ијан Вилмут, заслужен за клонирањето на овцата Доли https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-ijan-vilmut-zasluzhen-za-kloniraneto-na-ovtsata-doli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-ijan-vilmut-zasluzhen-za-kloniraneto-na-ovtsata-doli/#respond Tue, 12 Sep 2023 08:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=877210

Британскиот научник Ијан Вилмут, чие истражување беше клучно за клонирањето на овцата Доли, почина на 79-годишна возраст. Научникот починал во неделата, неколку години откако му била дијагностицирана Паркинсонова болест, соопшти Универзитетот на Единбург, Шкотска, каде што работел. Вилмут, заедно со Кит Кембел од Шкотскиот институт за истражувања со животни, стигнаа до светските насловни страници во 1996 година, откако ја создадоа Доли, првиот успешно клониран цицач од клетка на возрасна единка. Доли, именувана по кантри-пејачката Доли Партон, беше клонирана со процедура наречена нуклеарен пренос на соматски клетки (СЦНТ). Создавањето на Доли, меѓу другото, предизвика жестоки морално-етички дискусии и страв од клонирање или создавање „генетски копии“ на живи или мртви луѓе, па водечките научници ја отфрлија таа можност како премногу опасна. „Тој работеше на развој на клонирање и пренос на клетки, техники коишто може да се користат за создавање генетски модифицирани овци. Тие напори доведоа до Меган и Моранг во 1995 година и Доли во 1996 година“, велат од Универзитетот. Вилмут, роден во селото Хемптон Луси близу градот Стратфорд-апон-Ејвон, Англија, се школувал на Универзитетот на Нотингем. Студирал прво Земјоделство, а потоа и Зоологија. Во Универзитетот на Единбург работи од 2005., бил прогласен за витез во 2008., а се пензионирал во 2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-ijan-vilmut-zasluzhen-za-kloniraneto-na-ovtsata-doli/feed/ 0
ФОТО: Ја паметите како Жаде – Денес има 44 години и три деца, а еве како изгледа https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-ja-pametite-kako-zade-denes-ima-44-godini-i-tri-deca-a-eve-kako-izgleda/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-ja-pametite-kako-zade-denes-ima-44-godini-i-tri-deca-a-eve-kako-izgleda/#respond Thu, 27 Aug 2020 09:07:03 +0000 https://kurir.mk/?p=395991

Бразилската актерка Џована Антонели е позната како една од најубавите и најтелентирани во таа земја. Нејзиниот татко е исто така актер, а мајка и писателка. Убавата актерка има постар брат кој е адвокат. Џована сега има 44 години, а публиката најмногу ја памети по улогата на Жаде во серијата „Клон“. Токму со главниот актер од серијата доби син, но љубовта не им траела долго. Актерката сега ги има и близначките Антонија и Софија со Леонардо Ногуера. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-ja-pametite-kako-zade-denes-ima-44-godini-i-tri-deca-a-eve-kako-izgleda/feed/ 0
И тоа било можно: Барбара Стрејсенд си го клонираше кучето https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-toa-bilo-mozno-barbara-strejsend-si-go-klonirashe-kucheto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-toa-bilo-mozno-barbara-strejsend-si-go-klonirashe-kucheto/#respond Wed, 28 Feb 2018 17:17:23 +0000 http://kurir.mk/?p=25887

Американската пејачка и актерка Барбара Стрејсенд го клонираше своето милениче, женка од расата Тулеарско кадраво куче, веднаш по неговата смрт минатата година. Стрејсенд во интервју за списанието „Варајети“ изјави дека научниците земале клетки од нејзиното куче Саманта, па сега по клонирањето чува две идентични кутриња. Таа наведува дека кога тие стигнале во нејзиниот дом, почнала да ги поблекува во различни бои со цел да ги разликува. Од „Варајети“ наведуваат дека постапката на клонирање чини од 25 до 100 илјади долари]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/i-toa-bilo-mozno-barbara-strejsend-si-go-klonirashe-kucheto/feed/ 0