клонирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Sep 2022 07:23:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клонирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПРВПАТ ВО СВЕТОТ: Успешно клонирана арктичка волчица- доби име кое е многу често во Македонија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prvpat-vo-svetot-uspeshno-klonirana-arktichka-volchica-dobi-ime-koe-e-mnogu-chesto-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prvpat-vo-svetot-uspeshno-klonirana-arktichka-volchica-dobi-ime-koe-e-mnogu-chesto-vo-makedonija/#respond Tue, 20 Sep 2022 07:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=735092

Генeтичката компанија „Синоген биотехнологија“, со седиште во Пекинг, Кина, вчера објави вест за првиот успешно клониран див арктички волк-женка во светот. Видеопораката уследи 100 дена по нејзиното раѓање во лабораторија во кинеската покраина Лијаонинг. Научниците велат дека животното е „пионер во одгледувањето ретки и загрозени животни“ преку технологијата на клонирање. – За да го спасиме загрозеното животно, ја почнавме истражувачката соработка со „Харбин поларленд“ за клонирање на арктичкиот волк во 2020 година. По две години макотрпни напори, арктичкиот волк беше успешно клониран. Ова е прв случај од ваков вид во светот, изјави Ми Џидонг, генерален директор на компанијата. Раѓањето на првиот клониран див арктички волк во светот е пресвртница за применетата наука за клонирање. Тоа е од големо значење за зачувување на ретките и загрозени животни и биодиверзитетот, сметаат стручњаците. Родена на 10 јуни, волчицата по име Маја е во добра здравствена состојба. Според Жао Џијанпинг, заменик генерален директор на компанијата, клонирањето е постигнато со конструирање на 137 нови ембриони од енуклеирани ооцити и соматички клетки, проследено со пренос на 85 ембриони во матката на седум женски кучиња-бигли, од кои еден се оплоди и роди како здрава волчица – Маја. Изборот на кучка како сурогат-мајка на Маја е направен затоа што кучињата имаат исто генетско потекло со волкот. Меѓународната унија за зачувување на природата ги наведува арктичките волци како загрозени во „Црвената листа загрозени видови“. Природното живеалиште им е северното арктичко подрачје на Евроазија, Гренланд и Канада. Во Кина, се внесуваат од странство и се одгледуваат во зоолошки градини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/prvpat-vo-svetot-uspeshno-klonirana-arktichka-volchica-dobi-ime-koe-e-mnogu-chesto-vo-makedonija/feed/ 0
Клонирање на миленици во Кина за сопствениците да не тагуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kloniranje-na-milenici-vo-kina-za-sopstvenicite-da-ne-taguvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kloniranje-na-milenici-vo-kina-za-sopstvenicite-da-ne-taguvaat/#respond Fri, 06 Sep 2019 15:40:58 +0000 https://kurir.mk/?p=237894

Во лабораторија во Кина се клонираат мртви домашни миленичиња за сопствениците да не тагуваат. Минатата недела се клонирало првото маче, наречено Гарлик, пренесува „Метро“. Сопственикот на Гарлик, 24-годишниот Хуанг Ју, плати за процедурата откако не можел да се помири со смртта на своето милениче. Синогене наплаќа 28.600 фунти за да клонира маче, а 43.500 за да рекреира куче. Дваесет и четиригодишната Хју Хуи позајмила од своите родители 28.000 фунти за да го клонира Хјаоди. Таа посакала да го рекреира миленичето купено во Шкотска во летото 2013 година, откако тоа починало од болест во април оваа година. Таа платила околу 230 фунти за погреб на миленичето, а сега планира следните четири години да се посвети на тоа да ги врати парите кои ги зела од родителите за клонирање. Мајката и таткото биле шокирани од нејзината сугестија. – Не сум многу богата и обично сум штедлива. Кога моето куче Хјаоди почина, немавме некоја голема погребална церемонија – кажала таа. Заменик претседателот на Синогене, Жао Џианпинг изјавил оти клонот на Хјаоди се очекува да биде роден следниот месец. Синогене за првпат се најде на насловните страници во мај 2017 година, кога го клонира првото куче во Кина, наречено Лонг Лонг. Оттогаш, компанијата има клонирано повеќе од 40 животни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kloniranje-na-milenici-vo-kina-za-sopstvenicite-da-ne-taguvaat/feed/ 0