клуб на пратеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 03 Jun 2023 18:11:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клуб на пратеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средба на Ковачевски и Мицкоски најверојатно во среда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-kovachevski-i-mitskoski-najverojatno-vo-sreda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-kovachevski-i-mitskoski-najverojatno-vo-sreda/#respond Sat, 03 Jun 2023 18:11:22 +0000 https://kurir.mk/?p=841792

Во среда би требало да се одржи средбата на премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според информациите на МИА, разговорите најверојатно ќе се одвиваат во Клубот на пратеници. Засега за часот и форматот на оваа средба нема информации. Ковачевски најави средба со Мицкоски и со тимовите од двете страни, додека Мицкоски вчера изјави дека преферира тет-а-тет средба затоа што според неговото искуство од тимските средби никогаш не произлегуваат заклучоци. Премиерот Ковачевски кажа дека теми на разговор би биле одлуките што се потребни за европската интеграција на државата, додека Мицкоски смета дека треба да се разговара и за тоа што доколку уставните измени не ја добијат потребната поддршка. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да гласаат за овие измени и дека треба да се оди на есенски избори. - Ќе повикам на лидерска средба, а темите ќе бидат одлуките што треба да се донесат за продолжување на европските интеграции на државата и зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година, како и темата за односите со соседите бидејќи добрососедските односи се едни од најзначајните за европските интеграции. Средбата треба да се одржи во текот на наредните денови и за сите детали ќе може да информираме заедно со сите учесници на средбата, рече Ковачевски во четвртокот во телевизиско гостување. Мицкоски, пак, во емисијата „360 степени“ рече дека преферира средба само со Ковачевски. - Моето искуство покажало дека на таков широк формат на средби, не лидерска, туку тимска средба, никогаш не се носеле заклучоци. Тоа е повеќе ПР-егзибиција, да поминат неколку часа разговори на оваа или на онаа тема, да излеземе пред новинарите, да дадеме изјави и практично, освен спектакл за јавноста, воопшто ништо нема да значи таа средба. Јас, напротив, сметам дека во овие моменти, кои се суштински за државата, е потребно после една таква лидерска средба треба да излеземе со некаков заклучок, рече Мицковски. Според него, доколку постои инсистирање наместо лидерска да има тимска средба, тогаш предлогот е прво да се организира средба меѓу тимовите, да се видат позициите, а потоа да се сретнат лидерите на двете партии. Вели дека има две опции за кои би требало да се разговара - едната се уставните измени и втората што доколку не успее овој процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-na-kovachevski-i-mitskoski-najverojatno-vo-sreda/feed/ 0
Мицкоски и Заев на тет-а-тет средба: Пандемијата, пописот, изборниот законик дел од темите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-i-zaev-na-tet-a-tet-sredba-pandemijata-popisot-izborniot-zakonik-del-od-temite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-i-zaev-na-tet-a-tet-sredba-pandemijata-popisot-izborniot-zakonik-del-od-temite/#respond Mon, 29 Mar 2021 05:20:13 +0000 https://kurir.mk/?p=488973

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес во 13 часот во Клубот на пратеници ќе одржат тет-а-тет средба. Средбата доаѓа по понудата на Мицкоски која беше прифатена од Заев. во четвртокот вечерта соопшти дека ја прифатил понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за нивна тет-а-тет средба, која како што најави ќе се одржи денеска во 13 часот во Клубот на пратеници. – Договорена е средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во понеделник во 13 часот во Клубот на пратеници. Ќе разговарам со Мицкоски за најважните прашања од интерес на граѓаните со цел државата да ни оди напред, напиша Заев на својот фејсбук-профил во четвртокот вечерта. Објавата на Заев уследи откако Мицкоски претходно го повика на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, за да разговараат за кризата со пандемијата, работата на Парламентот, за пописот, економијата, евроинтеграциите, изборите… – Стојам на располагање, ќе го прилагодам моето време, така како што нему му одговара, да разговараме за сите проблеми кои се од животно значење за граѓаните, од кризата со пандемијата до работата на Парламентот, за што е денеска отворено, а не решено. Зборувам за тет-а-тет средба како двајца претседатели на двете најголеми политички партии кои имаат повеќе од две третини пратеници во рамките на Парламентот. Го повикувам, се надевам дека нема да бидам погрешно сфатен од страна на останатите политички лидери, бидејќи целта ми е навистина искрена. Целта е да се постигне консензус меѓу двете најголеми политички партии, рече Мицкоски во четвртокот во гостувањето во вестите на телевизијата Сител. Заев во петокот изјави дека верува оти по средбата со Мицкоски ќе соопштат дека е најдено решение помеѓу големите политички субјекти за Изборниот законик и воведувањето на отисок на прстот или фингерпринтот на следните избори, а најави и можен договор за вакцинирање на попишувачите. Премиерот најави дека со Мицкоски ќе разговара и за повиците за бојкотирање на пописот и неотворање врата на попишувачите, иако, како што рече, тоа се само поединци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-i-zaev-na-tet-a-tet-sredba-pandemijata-popisot-izborniot-zakonik-del-od-temite/feed/ 0
Пожар кај Клуб на пратеници во Скопје, на терен три противпожарни возила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-kaj-klub-na-pratenici-vo-skopje-na-teren-tri-protivpozarni-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-kaj-klub-na-pratenici-vo-skopje-na-teren-tri-protivpozarni-vozila/#respond Wed, 26 Dec 2018 13:14:27 +0000 https://kurir.mk/?p=145320

Гори барака кај Клуб на пратеници во Скопје. На терен се три противпожарни возила кои интервенираат. Според првичните информации на Противпожарната бригада се работи за оган во барака, објавува МКД.мк Интервенцијата на пожарникарите е во тек, а повеќе детали околу пожарот ќе следат по локализирање на огнот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pozar-kaj-klub-na-pratenici-vo-skopje-na-teren-tri-protivpozarni-vozila/feed/ 0
ФОТО: Политичките лидери пристигнаа во Клубот на пратениците, средбата започна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-politichkite-lideri-pristignaa-vo-klubot-na-pratenicite-sredbata-zapochna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-politichkite-lideri-pristignaa-vo-klubot-na-pratenicite-sredbata-zapochna/#respond Mon, 23 Jul 2018 07:17:13 +0000 https://kurir.mk/?p=79821

Со пристигнување на лидерите на четирите најголеми партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и едно од крилата на Беса, во Клубот на пратениците започна третата лидерска средба. Лидерите на политичките партии денеска повторно ќе се обидат да ги испеглаат разликите и да постигнат политички договор во врска со претстојниот референдум, датумот, референдумското прашање, неговиот карактер, изборот на ДИК… ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-politichkite-lideri-pristignaa-vo-klubot-na-pratenicite-sredbata-zapochna/feed/ 0
ФОТО: Лидерите излегоа на пауза, средбата ќе продолжи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-liderite-izlegoa-na-pauza-sredbata-kje-prodolzi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-liderite-izlegoa-na-pauza-sredbata-kje-prodolzi/#respond Wed, 18 Jul 2018 18:43:04 +0000 https://kurir.mk/?p=78486

Лидерите на политичките партии кои во Клубот на пратениците присуствуваат на лидерската средба во моментов се на пауза. По речиси два часа, одлучено е средбата да се паузира кусо, по што истата ќе продолжи. Според неофицијалните информации, продолжението на лидерската средба се очекува да трае уште најмалку еден час. По завршување на лидерската средба најавени се изјави на лидерите на политичките партии. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-liderite-izlegoa-na-pauza-sredbata-kje-prodolzi/feed/ 0
ФОТО: Пристигнаа политичките лидери, започнува лидерската средба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristignaa-politichkite-lideri-zapochnuva-liderskata-sredba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristignaa-politichkite-lideri-zapochnuva-liderskata-sredba/#respond Wed, 18 Jul 2018 16:24:29 +0000 https://kurir.mk/?p=78441

Политичките лидери дојдоа во Клубот на пратениците каде предмалку започна лидерската средба која ја закажа премиерот Зоран Заев. Со лидерите на партиите пристигнаа и еден или повеќе од еден пратеник во Собранието. Се очекува на средбата да стане збор за надминување на разликите со опозицијата околу подготовките на референдумот за Договорот со Грција што треба да се одржи наесен. – Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со повеќе од еден пратеник во Собранието на Република Македонија, наведоа во соопштението од Владата. Поканети на средба се лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на двете крила на Беса Билал Касами и Африм Гаши, на ДОМ Лилјана Поповска, на ДПА Мендух Тачи, на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на ЛДП Горан Милевски, на НСДП Тито Петковски и на СПМ Љубисав Иванов – Ѕинго. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-pristignaa-politichkite-lideri-zapochnuva-liderskata-sredba/feed/ 0