клуб Ванчо Михајлов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Mar 2023 17:30:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клуб Ванчо Михајлов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Министерот Лога го потпиша решението со кое се одбива користењето на името Иван Михајлов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-loga-go-potpisha-reshenieto-so-koe-se-odbiva-koristeneto-na-imeto-ivan-mihajlov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-loga-go-potpisha-reshenieto-so-koe-se-odbiva-koristeneto-na-imeto-ivan-mihajlov/#respond Thu, 16 Mar 2023 17:25:30 +0000 https://kurir.mk/?p=812848

Министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одбива употребата на името Иван Михајлов за истоименото здружение од Битола. Ваквата одлука на министерот уследи откако денеска Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употребата на името Иван Михајлов. - Министерот Лога го потпиша решението имајќи го предвид негативното мислење на Комисијата за употреба на имиња на личности која денеска одржа седница и во образложението за негативното мислење наведе дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ со оглед на неговото јавно и постојано негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура. Величењето и славењето на неговиот лик и дело предизвикуваат нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество, ссе наведува во соопштението од Министерството за правда. Оттаму додаваат дека во член 9-а од Законот за здруженија и фондации за употреба на име, презиме, псевдоним, прекар, кратенка или иницијали на личност, наведено е дека согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење од Комисијата за употреба на имињата на личности. Во меѓувреме, Централниот регистар соопшти дека поради недоставување на бараните документи во законски предвидениот рок се одбива барањето за усогласување на здружението „Цар Борис III“ од Охрид, кој поднесе документи за пререгистрација, но нецелосни. - Централниот регистар во текот на денешниот ден донесе Решение со кое барањето за усогласување од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид го одби, од причина што од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во известувањето во согласност со Законот за здруженија и фондации, соопшти попладнево Централниот регистар. Полицијата е фокусирана на пронаоѓање на сторителите, кои го извршиле оштетувањето на стаклото од излогот на седиштето на Здружението на граѓани „Цар Борис Трети“ во Охрид, по што ќе поднесе За донесената одлука, како што велат оттаму, ќе го информираат Министерството за правда. Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари. Согласно измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ministerot-loga-go-potpisha-reshenieto-so-koe-se-odbiva-koristeneto-na-imeto-ivan-mihajlov/feed/ 0
Надлежната владина Комисија утре се очекува да се изјасни за името на клубот „Ванчо Михајлов“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadlezhnata-vladina-komisija-utre-se-ochekuva-da-se-izjasni-za-imeto-na-klubot-vancho-mihajlov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadlezhnata-vladina-komisija-utre-se-ochekuva-da-se-izjasni-za-imeto-na-klubot-vancho-mihajlov/#respond Wed, 15 Mar 2023 14:00:44 +0000 https://kurir.mk/?p=812278

Утре истекува рокот кога владината Комисија за употреба на имиња треба да донесе став и да го достави до Министерството за правда во врска со прашањето за преименување на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола, заради усогласување со измените на Законот за здруженија. Врз основа на ставот на Комисијата, министерот за правда потоа треба да донесе одлука и доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар. Од Министерството за правда за МИА изјавија дека владината Комисија за употреба на имиња утре се очекува да го одржи состанокот. Во изминатиот период биле направени промени на нејзиниот состав. Комисијата ја сочинуваат пет члена од кои по еден претставник од министерствата за правда и за култура, еден од Институтот за национална историја и двајца, кои доаѓаат од редовите на МАНУ. - Се очекува одлуката на Комисијата. Министерот за правда целосно ќе ја почитува, наведуваат од Министерството за правда. Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари. Од Централниот регистар за МИА тогаш потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ - Охрид и дека постапката е во тек. Од здружението „Иван Михајлов“ од Битола, пак не било поднесено барање. Според изјавите за јавноста на првиот човек на бугарското здружение во Битола Љупчо Ѓеоргиевски, тие немаат намера да извршат пререгистрација и презеле одредени правни лекови кои им стојат на располагање. Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда. Тогаш бугарското МНР изрази загриженост поради изгласаните измени на законите за здруженија и фондации и за политички партии во македонското Собрание, оценувајќи дека „измените имаат за цел дискриминација и ограничување на правото на здружување на Бугарите во Северна Македонија, бидејќи има еднострано толкување на историските факти“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadlezhnata-vladina-komisija-utre-se-ochekuva-da-se-izjasni-za-imeto-na-klubot-vancho-mihajlov/feed/ 0
КСЗД: Клубот „Ванчо Михајлов“ не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи во предвидениот рок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-klubot-vancho-mihajlov-ne-gi-otstrani-spornite-sodrzini-od-socijalnite-mrezi-vo-predvideniot-rok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-klubot-vancho-mihajlov-ne-gi-otstrani-spornite-sodrzini-od-socijalnite-mrezi-vo-predvideniot-rok/#respond Tue, 29 Nov 2022 11:06:53 +0000 https://kurir.mk/?p=768156

Клубот „Ванчо Михајлов“ од Битола не ги отстрани спорните содржини од социјалните мрежи иако рокот за тоа истече, а денеска истекува и рокот за останатите препораките во однос на името и содржината, па доколку не постапи по нив, следува прекршочна постапка, порачаа од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) на денешната прес-конференција. Како што информираа оттаму бидејќи истече рокот за отстранување на содржините на социјалните мрежи за кои е утврдено дека освен што шират вознемирувачки говор во кој се величаат ликот, делото и идеологијата на Михајлов, постојат и сериозни индиции дека имаат расна и ксенофобична содржина, предизвикуваат нетрпеливост, омраза и дискриминација и го повредуваат правото и слободата на поголем број на луѓе, сега понатамошната постапка ја води Основното јавно обвинителство. Членот на Комисијата, Весна Бендевска потенцира дека иако имаат право да поведат прекршочна постапка, сепак решиле тоа да го препуштат на Основното јавно обвинителство, кое побарало од нив до достават информации и копии од спорните содржини објавени од страна на клубот на социјалните мрежи. – Спорните содржини упатуваат не само на вознемирувачки говор, туку постојат сериозни индиции дека се повредуваат правата на поголем број на луѓе, а тоа упатува на одредби од членот од Кривичниот закон, со што топката ја префрламе на Основното јавно обвинителство, изјави Бендевска. Таа додаде дека денеска истекува и рокот за препораките и во однос на спорното име и содржината на клубот, со што следен чекор е заседавање на Комисијата и утврдување на можна прекршочна постапка. Бендевска појасни дека во однос на овие две препораки, Министерството за правда треба да достави писмо, бидејќи тие се задолжени да извршат вонреден надзор на примената на одредбите на Законот за здруженија и фондации, а културниот центар треба да докаже пред Централниот регистер дека одлучиле да го сменат името. На конференцијата беше информирано дека до Комисијата пристигнале голем број на претставки од граѓански здруженија кои се однесуваат на бугарската заедница во државава. – Впрочем ние сме затрупани со такви претставки, кои во најголем дел доаѓаат од здруженија на граѓани со оправдан интерес. Тие постапки се во тек и ги работиме, рече Бендевска. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) минатиот месец утврди дискриминација по основа на национална и етничка припадност во врска со формирањето на здружението Културен центар „Ванчо Михајлов” – Битола. Седиштето на Клубот беше отворено годинава во строгиот центар на Битола, чин што ја разбранува јавноста, но и институциите, поради спорното име и содржините објавени на социјалните мрежи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kszd-klubot-vancho-mihajlov-ne-gi-otstrani-spornite-sodrzini-od-socijalnite-mrezi-vo-predvideniot-rok/feed/ 0
Ангелов: Клубот „Ванчо Михајлов“ беше отворен со намера да биде запален https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-klubot-vancho-mihajlov-beshe-otvoren-so-namera-da-bide-zapalen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-klubot-vancho-mihajlov-beshe-otvoren-so-namera-da-bide-zapalen/#respond Tue, 07 Jun 2022 18:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=687992

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов гостуваше во емисијата „Само Вистина“, при што кажа дека голем дел од граѓаните во Македонија го оправдуваат потегот на пејачот Ламбе Алабаковски. - Изборот на контроверзна личност од стартот беше провокација. Ламбе е млад човек и од негови познати причини го запалил. Овој клуб беше отворен со таа намера, да биде запален и искршен, кажа Ангелов меѓу другото. Ангелов смета дека ако не бил Ламбе, тогаш некој друг ќе го запалел клубот во Битола, иако смета дека никој не треба да направи таков чин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-klubot-vancho-mihajlov-beshe-otvoren-so-namera-da-bide-zapalen/feed/ 0
Ламбе Алабаковски осомничен за „предизвикување општа опасност“, еве колкава затворска казна му се заканува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lambe-alabakovski-osomnichen-za-predizvikuvanje-opshta-opasnost-eve-kolkava-zatvorska-kazna-mu-se-zakanuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lambe-alabakovski-osomnichen-za-predizvikuvanje-opshta-opasnost-eve-kolkava-zatvorska-kazna-mu-se-zakanuva/#respond Tue, 07 Jun 2022 10:47:43 +0000 https://kurir.mk/?p=687719

„Предизвикување општа опасност“ е кривичното дело за кое е осомничен македонскиот пејач Ламбе Алабаковски, а во врска со опожарениот влез на бугарскиот културен центар „Иван Михајлов“ во Битола. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 288 став 1 од Кривичниот законик. Членот предвидува затворска казна од шест месеци до пет години.
„Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.“  
Во соопштението од МВР се наведува дека денеска полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Л.А.(34) од Битола. -Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, со наредба од Основен суд Битола, извршени се претреси на дом и други простории кои ги користи Л.А., на две локации во Битола, при што се пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик, велат од МВР. Инаку, во саботата МВР објави дека околу 5 часот добиле пријава од Ѓ. Ѓ. (49) од Битола кој рекол дека слушнал кршење на стакло и видел како гори пред влезната врата од објектот, по што веднаш пријавил и во Територијалната против пожарна единица Битола. По објавување во јавноста на веста за приведувањето на пејачот, адвокатот Драган Пешевски преку статус на Фејсбук објави дека тој и адвокатот Јанаки Митровски јавно се пријавуваат за бесплатна одбрана на пејачот Ламбе Алабаковски. Социјалните мрежи се преплавени со коментари, а во најголем дел од нив се изразува поддршка за пејачот. Ваквите реакции следуваат по чувствителниот период во кој се наоѓаат македонско-бугарските односи, пред се поради ставот на Бугарија која не се откажува од ветото врз Македонија за почеток на преговорите на земјата со Европската Унија. Инаку, Алабаковски повеќе од седум години со семејството живееше во Америка. Кон крајот на минатата година Ламбе со сопругата и двете деца се врати повторно во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lambe-alabakovski-osomnichen-za-predizvikuvanje-opshta-opasnost-eve-kolkava-zatvorska-kazna-mu-se-zakanuva/feed/ 0
Бугарија зачудена од реакциите во Македонија за клубот „Ванчо Михајлов“ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-zachudena-od-reakciite-vo-makedonija-za-klubot-vancho-mihajlov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-zachudena-od-reakciite-vo-makedonija-za-klubot-vancho-mihajlov/#respond Fri, 22 Apr 2022 08:11:08 +0000 https://kurir.mk/?p=666820

Бугарското МНР преку соопштение изрази зачуденост од позициите на властите во Скопје и антибугарската кампања во медиумите во врска со клубот „Ванчо Михајлов“. -Зачудени сме од остриот став на претставниците на властите во Република Северна Македонија и антибугарската кампања што се спроведува во медиумите во нашата соседна земја во последните денови во врска со отворањето на клуб при Здружението Културен центар „Иван Михајлов“ во Битола, се наведува во синоќешната реакција на бугарското МНР. Оттаму посочуваат дека во Северна Македонија повторно се шири омраза против Бугарија поттикната од политички партии, но и од академската заедница. -Повторно сме сведоци на говор на омраза против Бугарија, кој е поттикнат од парламентарните политички партии, претставници на јавноста и на академската заедница. Посебно загрижува фактот што се прават обиди Бугарија и бугарскиот народ нeправедно да се изедначат со фашизмот. Ширењето на тенденциозни погрешни толкувања на историјата е токму една од причините поради која имаме Договор за добососедство и формиравме Заедничка комисија за историски прашања. Очигледна е потребата таа да направи вистински напредок на чувствителните теми во нашата заедничка историја, стои во реакцијатан (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-zachudena-od-reakciite-vo-makedonija-za-klubot-vancho-mihajlov/feed/ 0
ОМД: Владата под итно да го затвори Бугарскиот клуб во Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-vladata-pod-itno-da-go-zatvori-bugarskiot-klub-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-vladata-pod-itno-da-go-zatvori-bugarskiot-klub-vo-bitola/#respond Thu, 21 Apr 2022 18:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=666728

Одговор на Обединета Македонска Дијаспора, како водечка организација на Македонците надвор од Македонија, за денешната лажна информација од претседателот на Бугарија, Румен Радев за наводните "концентрациони логори" во Македонија. -Радев е еден од причините зошто односите помеѓу Македонија и Бугарија се влошуваат. Бугарските државни ставови се ксенофобични и дискриминаторни. ОМД бара од Владата на Република Македонија под итно да се затвори Бугарскиот културен центар во Битола "Ванчо Михајлов". Се друго е изговор. Македонија е Европска земја, порачуваат тие.   ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/omd-vladata-pod-itno-da-go-zatvori-bugarskiot-klub-vo-bitola/feed/ 0
Ковачевски ќе собира информации, следната недела ќе се знаат идните чекори за здружението „Ванчо Михајлов“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-kje-sobira-informacii-slednata-nedela-kje-se-znaat-idnite-chekori-za-zdruzenieto-vancho-mihajlov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-kje-sobira-informacii-slednata-nedela-kje-se-znaat-idnite-chekori-za-zdruzenieto-vancho-mihajlov/#respond Thu, 21 Apr 2022 10:12:28 +0000 https://kurir.mk/?p=666461

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека идната недела ќе се знаат чекорите што евентуално ќе бидат преземени во врска со регистрацијата на здружението на граѓани „Ванчо Михајлов“ во земјава и отворањето на културниот центар под тоа име во Битола. Претходно, нагласи Ковачевски, сите аспекти на ова прашање ќе бидат разгледани, по што ќе биде донесена одлука за натамошните чекори. – Во однос на самото здружение кое е регистрирано, тоа подлежи на регистрација врз основа на законските прописи во државата. Нормално е дека како Влада ќе ги собереме сите информации кои се потребни во однос на регистрација на здруженија на граѓани. Во однос на користењето на имињата веќе имаше и од правни експерти одредени изјави и кога ќе ги добиеме сите информации идната недела ќе ве информираме за натамошните чекори, изјави премиерот во одговор на новинарско прашање по извршениот увид во отпочнување на градежните работи на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“, поранешна „Партизан“, во Општина Карпош. Според него, настанот на отворање на овој центар во саботата претставува, како што нагласи, ништо повеќе од провокација, бидејќи ги буди духовите од минатото, со оглед на тоа што се работи за личност која била соработник и на Германија на Хитлер и Италија на Мусолини, но и НДХ на Павелиќ. – Со тоа воопшто таа личност не може да биде мост за иднината на пријателство помеѓу двата народи и како мост за европскиот пат на државата. Овој настан преставува единствено провокација, која што не води во насока на подобрување на односите и во финализирање на еден успешен дијалог со постигнување на договор којшто договор ќе значи брзо отворање на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, истакна македонскиот премиер. Ковачевски смета дека ние со соседните држави треба да градиме мостови на пријателство, треба да гледаме кон иднината. – Доколку се навраќаме на личности од минатото за кои има различно мислење во различните држави, а според она што вие го кажувате има различни мислења, тоа нема да биде во ничија корист и само ќе влијае на лоши односи помеѓу граѓаните и помеѓу двете држави. Ние сме држава која што е определена за членство во ЕУ и која што низ дијалог тоа планира да го направи и се разбира дека сите земји членки на ЕУ треба да ја одобрат преговарачката рамка на Република Северна Македонија што е можно поскоро, истакна Ковачевски. Со Бугарија, потенцира премиерот, решението треба да се бара и да се базира врз основа на европските вредности, на задржување на достоинството на граѓаните на двете држави, на нивна заемна почит, но и почит помеѓу политичарите, така и сите институции и во Република Бугарија и во Република Северна Македонија. – Доколку решението и разговорите не ги водиме на тие принципи тогаш е многу тешко да се дојде до решение. Се надевам дека постои простор да седнеме и на база на такви принципи да ги водиме во иднина разговорите, рече премерот Ковачевски. Прашан за коментар за изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека македонската историја се темели на лагите на комунизмот, а не на историски факти, премиерот истакна дека не ја видел. – Јас не сум ја видел изјавата, меѓутоа Република Северна Македонија има свој јасно дефиниран државен статус и сите граѓани во неа имаат свој јасно дефиниран идентитет што е определен со јазикот на граѓаните, кои што сите живеат нормално во неа, македонските граѓани со македонскиот јазик и идентитетот на македонските граѓани согласно со сите атрибути на идентитетот на граѓаните, како што се и етнографски и антрополошки итн., и тоа е нешто што не може никој да го коментира, бидејќи тоа е право, чувство на секој граѓанин и тоа е дел од достоинството на секој еден граѓани во светот, вклучително и на нашите македонски граѓани, рече Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachevski-kje-sobira-informacii-slednata-nedela-kje-se-znaat-idnite-chekori-za-zdruzenieto-vancho-mihajlov/feed/ 0
ФОТО: Цитат на негирање на македонскиот народ- дел од ентериерот на Клубот „Ванчо Михајлов“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-citat-na-negiranje-na-makedonskiot-narod-del-od-enterierot-na-klubot-vancho-mihajlov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-citat-na-negiranje-na-makedonskiot-narod-del-od-enterierot-na-klubot-vancho-mihajlov/#respond Wed, 20 Apr 2022 07:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=665733

Уште на 8-ми и 9-ти февруари оваа година завршило уредувањето на ентериерот во клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој поради институционални и законски пропусти успеал да понесе име на соработник и штитеник на усташкиот лидер Анте Павелиќ од Втората светска војна и НДХ, пренесува Телма. Свеченото отворање на клубот во саботата предизвика реакции на вознемиреност поради непочитување на чувствата на припадниците на македонскиот народ. На манифестацијата беа присутни повеќе бугарски политичари, како и радикални опозиционери од Бугарија, а во Битола беше и бугарскиот премиер Кирил Петков. Во февруари во клубот биле поставени слики од Ванчо Михајлов, Тодор Александров, Владо Черноземски, Мара Бунева и други контроверзни фигури од историјата помеѓу двете светски војни. Од дејците кои се залагале и бореле за слобода на Македонија, во клубот се ставени и фотографии од Гоце Делчев и Даме Груев, како што може да се види од фотографиите кои се објавени на ФБ профилот на клубот Ванчо Михајлов. Најспорна е сликата од цитат на Михајлов од неговото негаторско обраќање за македонците кое го напишал во 1983-та година во Рим, на 80-годишнината од Илинденското востание и на 90 години од формирањето на ВМРО. Од тој запис во кој Михајлов пишува таканаречената македонска нација, на ѕидот во клубот во Битола стои цитат: -Можеме да се гордееме, бидејќи знамињата на ВМРО и на Илинден беа и остануваат човековите права и слободата. Значи, залудни се напорите на маскираната (измислената) македонска „нација“ да го лаже светот. Вистината ќе победи. – Ваш: Ив. Михајлов Клубот Ванчо Михајлов инаку е регистриран во 2019-та година, а институциите се оправдуваат дека дозволата била дадена бидеќи не постоела забрана за користење на името на Ванчо Михајлов и покрај неговата соработка со фашистички режим во Втората светска војна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-citat-na-negiranje-na-makedonskiot-narod-del-od-enterierot-na-klubot-vancho-mihajlov/feed/ 0
Мисајловски: Срамно е човек што соработувал со фашистите да ги славите неговите лик и дело, и тоа не води кон добрососедство меѓу двете држави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-sramno-e-chovek-shto-sorabotuval-so-fashistite-da-gi-slavite-negovite-lik-i-delo-i-toa-ne-vodi-kon-dobrososedstvo-megju-dvete-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-sramno-e-chovek-shto-sorabotuval-so-fashistite-da-gi-slavite-negovite-lik-i-delo-i-toa-ne-vodi-kon-dobrososedstvo-megju-dvete-drzavi/#respond Tue, 19 Apr 2022 12:41:56 +0000 https://kurir.mk/?p=665395

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со скандалозното отворање на клубот именуван во Ванчо Михајлов во Битола, посочи дека официјалните лица, мислејќи на премиерот Ковачевски и Бујар Османи, ги нема ниту да гукнат на оваа тема. Тој исто така ги повика да кажат што тие мислат, бидејќи токму тие се оние кои треба да ја водат државата. - Јас би кажал дека ова е срамно, човек што соработувал со фашистите, тој лик и дело да го славите, мислам дека тоа не води кон добрососедство. Замислете во позадина што се преговара за некој т.н. договор што се крие од јавноста и затоа го повикувам министерот за надворешни работи да појасни дали е ова добрососедство, дали ова треба да се случува или не треба да се случи договор. Мисајловски ја повика власта да одговори дали се подготвува терен да нема договор и во вакви провокации да се тера т.н. добрососедство. -Тие, како Бугарија може да си отвораат центри за што сакаат и тие дали ќе слават фашисти, администратори итн. Тоа е нивно право, но јас гледам тука што оние луѓе кои навидум се избрани од народот да кажат нешто. Не се работи дали се Бугари, Македонци или од кој било друг етникум ако некој соработувал со фашистите, не треба едноставно да има клубови за пријателство по негово име. Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, поважно е да се види реципроцитет и зошто Македонците во Бугарија да не можат да отворат пријателски клуб? - И тоа е многу сериозно прашање и јас често пати го говорам, реципроцитет мора да има. Има Македонци што живеат во Бугарија и тие се распознаваат како Македонци со својот дух, со својата историја и својот идентитет. Ако сакаме да бидеме Европа и да имаме заеднички пријатели и добри соседи, со вакви провокации никој не треба да се служи,  рече Мисајловски. Мисајловски истакна дека иако некој од власта сепак го осудил тоа, но сепак помогнал тој чин во Битола да се случи што можело да се види од тоа колку имало обезбедување, но целта е како што рече да застанат заедно и да направат заедничка изјава со која би кажале дека сето тоа е погрешно. Уште еднаш ги повика сите партии бидејќи и тие ова не го оправдуваат бидејќи не е во духот на пријателството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-sramno-e-chovek-shto-sorabotuval-so-fashistite-da-gi-slavite-negovite-lik-i-delo-i-toa-ne-vodi-kon-dobrososedstvo-megju-dvete-drzavi/feed/ 0