клубови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 12:10:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клубови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФФМ донираше 13.800 фудбалски топки на клубовите од сите натпреварувања https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-donirashe-13-800-fudbalski-topki-na-klubovite-od-site-natprevaruvana/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-donirashe-13-800-fudbalski-topki-na-klubovite-od-site-natprevaruvana/#respond Thu, 26 Oct 2023 12:10:36 +0000 https://kurir.mk/?p=893388

Фудбалската федерација на Македонија им донира вкупно 13.800 фудбалски топки (FIFA QUALITY PRO “IMS - International Match Standard”) на клубовите од сите категории од натпреварувањата во рамки на Првата лига, Втората лига, Третите лиги, младински конкуренции, Женска фудбалска лига, футсалците и Национални тимови. - Со новата акција наменета за клубовите од МФЛ и нашите национални тимови, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ја потврдува важноста за поддршка на сите клубови во сите конкуренции од натпреварувањата организирани од ФФМ. Ќе се обидеме и во иднина да им ја дадеме целосната поддршка и помош на клубовите кои придонесуваат за развој на фудбалот во Македонија, истакна Муамед Сејдини - претседател на Фудбалската федерација на Македонија. За 12 клубови од Првата македонска фудбалски лига се распределуваат 600 фудбалски топки (Triton - FIFA), a 16 клубови од Втората лига ќе добијат вкупно 640 фудбалски топки. Осумнаесет клубови од Женската лига (Прва и Втора) ќе добијат 560 фудбалски топки (Reposta). Точно 7.040 фудбалски топки (Mission IMS) се наменети за клубовите од Трета лига, лигите организирани од Општинските фудбалски Сојузи и младинските конкуренции. Eкипите од ФФМ Детска лига ќе добијат вкупно 3.000 фудбалски топки. 200 топки се наменети за тимовите од Прва и Втора футсал лига. Останатите ќе бидат на располагање за сите наши Национални тимови. Фудбалските топки произведени по највисоките стандарди на ФИФА се со дизајн на ФФМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-donirashe-13-800-fudbalski-topki-na-klubovite-od-site-natprevaruvana/feed/ 0
УЕФА го зголеми фондот за клубовите без пласман во групната фаза https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-zgolemi-fondot-za-klubovite-bez-plasman-vo-grupnata-faza/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-zgolemi-fondot-za-klubovite-bez-plasman-vo-grupnata-faza/#respond Thu, 07 Sep 2023 18:01:37 +0000 https://kurir.mk/?p=875841

Фудбалските клубови кои нема да успеат да се пласираат во групната фаза во едно од трите европски клупски натпреварувања од следната сезона ќе добијат поголем дел од приходот од УЕФА, согласно новиот модел на распределба објавен денеска. УЕФА и Здружението на европски клубови (ЕЦА) потпишаа нов договор со важност до 2030 година, кој „ќе ја засили долгорочната стабилност и одржливиот раст во европскиот клупски фудбал“, се наведува во официјалното соопштение. Здружението на европски лиги, кое ги застапува професионалните фудбалски лиги во Европа, прецизираше од своја страна дека измените ќе донесат 308 милиони евра за распределба меѓу клубовите, во споредба со сегашните 175 милиони евра. „Денешната објава ќе им помогне на сите клубови ширум Европа да ја зачуваат својата конкурентност на теренот и надвор од него, додека продолжуваат да инвестираат во младите и развојот на таленти“, се додава во заедничкото соопштение на УЕФА и ЕЦА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-zgolemi-fondot-za-klubovite-bez-plasman-vo-grupnata-faza/feed/ 0
Клубови од Саудиска Арабија до 2023 година ќе потрошат 20 милијарди евра за трансфери https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/klubovi-od-saudiska-arabija-do-2023-godina-ke-potroshat-20-milijardi-evra-za-transferi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/klubovi-od-saudiska-arabija-do-2023-godina-ke-potroshat-20-milijardi-evra-za-transferi/#respond Tue, 25 Jul 2023 08:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=859719

Саудиската влада им обезбеди на локалните клубови околу 20 милијарди евра за трансфери на фудбалери до 2030 година, објави новинарот Бен Џејкобс. Вчера се дозна дека Ал-Хилал му понудил на ПСЖ да го купи напаѓачот Килијан Мбапе за 300 милиони евра. Договорот на Французинот ќе вклучува плата од 700 милиони евра годишно и заминување во 2024 година во Реал Мадрид. Беше објавено дека парижаните ја прифатиле понудата. Според Џејкобс државното финансирање за фудбалски трансфери е обезбедено од Министерството за спорт на Саудиска Арабија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/klubovi-od-saudiska-arabija-do-2023-godina-ke-potroshat-20-milijardi-evra-za-transferi/feed/ 0
ФФМ обезбеди финансиска поддршка за клубовите од ЖМФЛ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-obezbedi-finansiska-poddrshka-za-klubovite-od-zmfl/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-obezbedi-finansiska-poddrshka-za-klubovite-od-zmfl/#respond Wed, 30 Nov 2022 10:54:48 +0000 https://kurir.mk/?p=768779

Во „Куќата на фудбалот“, раководството на Фудбалската федерација на Македонија, потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Филип Поповски и неговиот заменик Дрилон Ганиу, оддржаа состанок со претставници на сите клубови од Првата женска фудбалска лига, соопшти ФФМ. Поповски им ја претстави на клубовите процедурата која се однесува на Правилникот за лиценцирање и соодветните спортски, инфраструктурни, административни, правни и финансиски критериуми кои клубовите треба да ги исполнат за да можат да ги користат средствата од солидарната шема на УЕФА. – Имаме очигледна потреба да создадеме посериозна база на женскиот фудбал и затоа го засиливме оперативниот дел од нашата работа со клупска обврска за исполнување на барем еден од важните критериуми кои ги посочуваме. Резултатите од претходните години покажуваат благ напредок, но мора да продолжиме со развојот и овие промени во процесот на лиценцирање се чекор во таа насока. Развојот на женскиот фудбал не треба да се потпира на краткорочна добивка, туку на долгорочна визија. Благодарение на солидарните фондови кои се основата на овој тип на проекти, но и на зголемениот награден фонд, секое евро генерирано од женската Лига на шампионите ќе се врати уште повеќе во женскиот фудбал. Наша цел е клубовите на вистински начин да го сфатат тоа и се разбира, заедно со федерацијата да работат на подобрување на условите во женскиот фудбал, изјави Поповски. Генералниот секретар на ФФМ, исто така, пред претставниците на клубовите го претстави процесот на лиценцирање во Фудбалската федерација на Македонија и органите на ФФМ кои учествуваат во лиценцирањето, како и најважните критериуми од новиот Правилник за лиценцирање клубови. Клубовите треба да исполнат еден или повеќе од наведените критериуми за да ги користат средствата од солидарната шема на УЕФА во висина од 10.000 Евра добиени од телевизиските права од женската Лига на шампиони. зс/ 2022-11-30 11:22:34, од Зоран Стерјовски]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-obezbedi-finansiska-poddrshka-za-klubovite-od-zmfl/feed/ 0
Османи планира средба со иницијаторите на клубовите за да види која е нивната цел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-planira-sredba-so-inicijatorite-na-klubovite-za-da-vidi-koja-e-nivnata-cel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-planira-sredba-so-inicijatorite-na-klubovite-za-da-vidi-koja-e-nivnata-cel/#respond Sat, 26 Nov 2022 15:11:07 +0000 https://kurir.mk/?p=766948

Отворен сум за комуникација да седнеме да разговараме, наш интерес е бугарската заедница да биде етаблирана, интегрирана и во одлични односи со сите други заедници во државата, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи за бугарскиот портал „Нова“. – Јас мислам дека треба да се разговара со бугарската заедница, јас планирам да имам таков дијалог и со иницијаторите на клубовите да видиме што е целта. Ако е целта бугарската заедница да има свои организации и клубови за да се претставува, ако е идејата да се етаблира подобро буагрската заедница, или пак да се интегрира бугарската заедница во системот да се спречат евентуални дискриминаторски политики кон бугарската заедница, ајде да видиме кои се најдобрите начини тоа да се направи. Не мислам дека преку разгневување на јавноста ќе се постигне тоа, рече Османи. Министерот зборувајќи за оштетувањето на културниот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, нагласи дека МНР беше едно од првите кое реагираше и ги осуди тие настани. – Тие настани ги сметавме за провокации кои се обидуваат да ги влошат односите, да ги киднапираат односите меѓу нашите две држави. Очекувам органите на државата, МВР да ги идентификуваат за да видиме кој точно стои позади тие пропвокации и кои се тие злонамерници кои се обидуваат да ги влошат нашите односи, рече Османи. Министерот вели дека како Влада имале резерви по однос на името кое го има избрано тој клуб, бидејќи смета дека тоа е провокација за нашите односи. – Така се перцепира улогата на овие историски личности во нашата држава. Но, независно кое е името и ставовите, никој во оваа држава не смее да биде предмет на напади посебно не на насилни. Ние имаме нула толеранција кон напади особено кон помалите заедници. Никој не го оправдува насилството независно кое е името, има начини како да се надминат тие разлики, чувството на провоцирање што го имаат нашите граѓани по однос на тие имиња. Има ново законско решение, може да разговараме со иницијаторите на тие клубови за да видиме како нивните идеи за отворање на клубови да ги претвориме во мостови на соработка. Насилството не може да биде одговор и барам државата најжестоко да реагира и мислам дека тоа го прави, рече Османи. Тој ги оцени македонско-бугарските односи во последните недели како „афтер шокови“ на големиот земјотрес во односите кои ги имавме во последните две три години. – Ако ги гледаме суштинските линии на соработка, трендовите се позитивни. Да, има проблеми и предизвици но тука сме ние да ги надминеме, заклучи Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-planira-sredba-so-inicijatorite-na-klubovite-za-da-vidi-koja-e-nivnata-cel/feed/ 0
УЕФА ги исфрли руските клубови од сите европски натпреварувања за следната сезона https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-isfrli-ruskite-klubovi-od-site-evropski-natprevaruvanja-za-slednata-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-isfrli-ruskite-klubovi-od-site-evropski-natprevaruvanja-za-slednata-sezona/#respond Mon, 02 May 2022 17:50:41 +0000 https://kurir.mk/?p=670810

Руските репрезентации и клубови ќе останат суспендирани од сите европски фудбалски натпреварувања и во пресрет на наредната сезона, одлучи Извршниот комитет на УЕФА на денешниот состанок. Претседателот Александар Чеферин во изминатиот период истакнуваше дека се размислува за давање зелено светло за Русите да се вратат во европскиот фудбал, но по долга дискусија на крајот беше решено суспензијата изречена на 28 февруари да се продолжи и за наредниот период. Ова практично значи дека руската репрезентација нема да се натпреварува во Лигата на Нации и автоматски ќе се пласира на последното 16. место во Лигата Б. Женската репрезентација нема да смее да учествува на ЕП што ќе се одржи во јули во Англија, како и во квалификациите за наредниот мундијал. Поништени се и кандидатурите за оваа земја да биде домаќин на ЕП 2028 или на ЕП 2032 што Русија ги поднесе пред неколку месеци, а воедно е донесена одлука во сите европски натпреварувања да остане забраната за учество на руски клубови за сезоната 2022/23.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-gi-isfrli-ruskite-klubovi-od-site-evropski-natprevaruvanja-za-slednata-sezona/feed/ 0
Премиерлигашите бараат формирање на голем фонд за помош на клубовите за време на пандемија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/premierligashite-baraat-formiranje-na-golem-fond-za-pomosh-na-klubovite-za-vreme-na-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/premierligashite-baraat-formiranje-na-golem-fond-za-pomosh-na-klubovite-za-vreme-na-pandemija/#respond Tue, 05 Oct 2021 11:33:46 +0000 https://kurir.mk/?p=573300

Водечките клубови од Премиер лигата побараа фонд од повеќе од милијарда фунти, пренесува „Фајненшл тајмс“. Целта на оваа мерка е да им се помогне на клубовите што земаат заеми со високи каматни стапки за време на пандемија. Како што е наведено, вкупните загуби на клубовите од првата дивизија за време на пандемијата на коронавирус достигнаа две милијарди фунти, принудувајќи ги да земат заеми за да ги покријат итните трошоци за плата и нови договори. Фондот треба да помогне да се избегне контакт со доверители при иден приход од трансфери или други трансакции. Така, на клубовите ќе им се обезбеди нов механизам за финансирање што ќе обезбеди кредитна линија од 1-1,5 милијарди фунти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/premierligashite-baraat-formiranje-na-golem-fond-za-pomosh-na-klubovite-za-vreme-na-pandemija/feed/ 0
ПОРАДИ НИВ КЛУБОВИТЕ ГУБАТ МИЛИОНИ: Ова се петте најплатени фудбалери кои често се повредуваат https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-niv-klubovite-gubat-milioni-ova-se-pette-najplateni-fudbaleri-koi-chesto-se-povreduvaat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-niv-klubovite-gubat-milioni-ova-se-pette-najplateni-fudbaleri-koi-chesto-se-povreduvaat/#respond Wed, 07 Jul 2021 11:49:12 +0000 https://kurir.mk/?p=533342

Познато е колку европските клубови трошат на играчи кои често се повредени. Најголем дел од парите се потрошени на Еден Азар, кој заработува 475 илјади евра неделно во Реал Мадрид. Поради повреди, тој пропушти 252 дена минатата сезона. Така, Реал му плати на играчот околу 17 милиони евра во време кога тој не можеше да влезе на теренот. Второто место на рангирањето што го состави компанијата „Betiton Sports“ го зазеде играчот за врска на Барселона, Филипе Кутињо. Бразилецот заработува околу 474 илјади евра неделно и пропушти 233 дена поради повреди. Загубите на Барса изнесуваат околу 16 милиони евра. Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар е на третата позиција. Заработува околу милион евра неделно и пропушти 95 дена минатата сезона. Загубите на парижаните се околу 13,6 милиони евра. Четврти на списокот е играчот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, кој пропушти 230 дена минатата сезона. Тој добива скоро 340 илјади евра неделно, па клубот изгубил околу 11 милиони евра поради неговите повреди. Петтото место го зазеде Марко Ројс, чија плата во Борусија Дортмунд е 245 илјади евра. Тој пропушти 214 дена, а клубот во овој период му исплати околу 7,5 милиони евра. Студијата се однесува на периодот април 2020 година – март 2021 година]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/poradi-niv-klubovite-gubat-milioni-ova-se-pette-najplateni-fudbaleri-koi-chesto-se-povreduvaat/feed/ 0
Ањели: Во време на пандемија клубовите треба да се потпираат на желбите на навивачите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/anjeli-vo-vreme-na-pandemija-klubovite-treba-da-se-potpiraat-na-zelbite-na-navivachite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/anjeli-vo-vreme-na-pandemija-klubovite-treba-da-se-potpiraat-na-zelbite-na-navivachite/#respond Mon, 08 Mar 2021 14:18:03 +0000 https://kurir.mk/?p=479033

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, зборуваше за тоа како се сменил фудбалот за време на пандемијата на коронавирус. – Заедничката работа ни овозможи да ја завршиме сезоната 2019/2020 и да ја започнеме следната. Но, проблемите поврзани со коронавирусот сè уште остануваат. Фудбалот мора да се смени. На стадионите сè уште нема навивачи. Треба да работиме на организирање спектакуларни натпревари, во спротивно ќе ги загубиме нашите навивачи. Затоа, разговараме за оваа насока со УЕФА. Треба да ги ставиме навивачите во центарот на вниманието. Сегашниот систем не е погоден за современите навивачи, го цитира „Фудбал Италија“ Ањели. Јувентус е еден од неколкуте европски фудбалски гиганти кои има голем број навивачи низ целиот свет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/anjeli-vo-vreme-na-pandemija-klubovite-treba-da-se-potpiraat-na-zelbite-na-navivachite/feed/ 0
Шест бундеслигашки клубови постигнаа 26 погодоци оваа недела во евро-куповите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shest-bundesligashki-klubovi-postignaa-26-pogodoci-ovaa-nedela-vo-evro-kupovite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shest-bundesligashki-klubovi-postignaa-26-pogodoci-ovaa-nedela-vo-evro-kupovite/#respond Fri, 06 Nov 2020 11:14:15 +0000 https://kurir.mk/?p=425814

Шест екипи од германската Бундеслига покажаа завидна ефикасност оваа седмица на евро-сцената. Постигнаа вкупно 26 гола, за првпат по 2014 година. Во третото коло од групната фаза во Лигата на Европа, вчеравечер Хофенхајм го совлада Слован Либерец со 5:0, додека Баер Леверкузен го победи Хапоел Бир-Шиев со 4:2. Претходно во рамките на третото коло од групната фаза во Лигата на шампионите, Баерн ги победи Салцбург со 6:2, Борусија од Менхенгладбах го совлада Шахтјор со 6:0, Борусија Дортмунд – Клуб Бриж 3:0, додека Лајпциг беше поуспешен од Пари Сен-Жермен со 2:1. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shest-bundesligashki-klubovi-postignaa-26-pogodoci-ovaa-nedela-vo-evro-kupovite/feed/ 0