клупи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jul 2022 16:45:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png клупи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Санација на клупите во центарот на Скопје (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sanacija-na-klupite-vo-centarot-na-skopje-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sanacija-na-klupite-vo-centarot-na-skopje-foto/#respond Thu, 21 Jul 2022 16:45:37 +0000 https://kurir.mk/?p=708551

По налог на Град Скопје ЈП Паркови и зеленило деновиве вршат санација на клуите во централното градско подрачје. Екипите вршат фарбање и по потреба ги прицврстуваат клупите поставени во централното градско подрачје, како и на кејот на Вардар на горната и долната патека. Исто така во текот на наредната недела на скалите на кејот пред Камени мост ќе бидат поставени комплетно нови талпи за седење. Воедно, апелираме да не се оштетува урбаната опрема поставена во корист на сите граѓани, велат од ЈП Паркови и зеленило Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/sanacija-na-klupite-vo-centarot-na-skopje-foto/feed/ 0
Од Србија до Израел: Учениците се вратија во клупите, еве како изгледа првиот училишен ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-srbija-do-izrael-uchenicite-se-vratija-vo-klupite-eve-kako-izgleda-prviot-uchilishen-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-srbija-do-izrael-uchenicite-se-vratija-vo-klupite-eve-kako-izgleda-prviot-uchilishen-den/#respond Tue, 01 Sep 2020 13:51:57 +0000 https://kurir.mk/?p=397857

-Децата не треба да станат губитници на пандемијата, рече германскиот канцелар Ангела Меркел во петокот, додека некои земји во Европа и светот се подготвуваа повторно да ги отворат училиштата на 1 септември. Милиони ученици беа на училиште денес по неколку месеци, откако пандемијата на вирусот корона стави катанци на училиштата ширум светот. Промените од првиот училишен ден минатата година се огромни. Додека Обединетите нации во средата предупредуваа на „глобална вонредна состојба во образованието“ доколку децата не можат да се вратат на училиште по повеќемесечно затворање, наставниците се загрижени за безбедноста и недостатокот на планови за непредвидени ситуации бидејќи случаите на коронавируси продолжуваат да растат низ целиот свет. И покрај ова, многу земји во Европа и светот започнаа да ги враќаат децата на училиште, некои веќе тоа го направија многу порано, како што е Данска. Таму децата се вратија на училиште во средината на април, а за многумина денес беше првиот училишен ден од почетокот на пандемијата. Училиштата во Шпанија треба да се отворат во наредните денови, додека планот е учебната година во Италија да започне на 14 септември. Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, воведени се дополнителни мерки, како што се социјално растојание, редовно миење раце и дезинфекција на училиштето, претежно еден ученик седи во клупите, додека заштитните маски некаде се задолжителни. Франција Во Франција, 12,9 милиони ученици се вратија на училиште денес, и покрај зголемувањето на бројот на инфекции во последните неколку недели. Сите наставници и ученици од основните и средните училишта мора да носат маски цел ден, сите училишта имаат еднонасочни коридори и ограничен број групи. Премиерот на Франција минатата недела вети дека „ќе стори сé“ за да ги врати луѓето во училиштата и на работа. Русија Учениците ширум Русија се вратија во училиштата денес за прв пат од почетокот на пандемијата. Медиумите известуваат дека ова не е лесен прв училишен ден бидејќи земјата продолжува да бележи скоро 5.000 нови случаи секој ден, а лекарите предупредуваат дека отворањето училишта може да доведе до „експлозија“ на вирусот. Министерот за здравство Сергеј Кравцов минатиот месец рече дека сите мерки за заштита од коронавирус ќе бидат преземени на почетокот на учебната година. Објавена е и упатство во кое, меѓу другото, се наведува дека училиштата мора да обезбедат средства за дезинфекција на рацете. Сепак, ништо не се зборува за обврската да се носат маски, ни ученици или наставници. Србија Започна нова учебна година во основните и средните училишта во Србија и за прв пат има околу 66.000 ученици во училишните клупи. Директорот на Клиниката за инфективни болести, Горан Стевановиќ, вели дека Кризниот штаб и ресорното министерство ги направиле сите подготовки за да ги сведат на минимум ризиците во училиштата. - Нема ништо што е апсолутно безбедно и сигурно, но во однос на превентивните мерки и правила детално разработени, мислам дека ризиците во училиштата се сведени на минимум - рече Стевановиќ. Тој истакна дека ризикот од инфекција на училиште е помал од ризикот на кој сме изложени секој ден со одење во шопинг и јавен превоз. - Децата се најдобриот дел од општеството и ако им се објасни доволно добро зошто треба да прават некои работи, тие ќе ги слушаат. Ова најдобро се гледа во најмладите одделенија и во градинките. Тие се најдисциплинирани - изјави тој. Белгија Децата во Белгија денес се вратија на училиште, а главните мерки за спречување на ширење на вирусот се социјалното растојание и носењето заштитни маски. Маски мора да ги носат деца над 12 години и наставници. Премиерот на земјата рече дека е многу важно децата да одат на училиште, додека земјата се соочува со пад на бројот на пациенти. Германија Училиштата во Германија започнаа да се отвораат пред еден месец по летниот распуст, во зависност од тоа во која германска земја се наоѓаат. Така, децата во Дрезден, во германската покраина Саксонија, ја започнаа новата учебна година во понеделник, на 31 август. Се советуваат дополнителни хигиенски мерки, како што се миење раце и држење на рацете подалеку од оградата на скалите. Маските се опционални, а бесплатно тестирање е достапно за наставниците. Германија се соочуваше со зголемување на бројот на заболени во последните неколку недели, а властите велат дека тоа делумно се должи на враќањето на луѓето од одмор. Израел Повеќе од два милиони ученици во Израел дојдоа денес на училиште, а учениците беа фотографирани со маски на лицето, додека минуваа покрај натписите на кои пишуваше „Среќна Нова Година“ и „Здраво првоодделенци“. Според извештаите во медиумите, помладите деца се поделени во групи и ќе одат на училиште помеѓу пет и шест дена во неделата, додека постарите деца ќе имаат најмногу часови дома. Досега, повеќе од 900 лица починаа од вирусот корона во земјата, додека повеќе од 110.000 се разболеа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-srbija-do-izrael-uchenicite-se-vratija-vo-klupite-eve-kako-izgleda-prviot-uchilishen-den/feed/ 0
ФОТО: Штип асфалтираа 1000 метри улица, а Аеродром постави 100 клупи и 100 канти за отпадоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-shtip-asfaltiraa-1000-metri-ulica-a-aerodrom-postavi-100-klupi-i-100-kanti-za-otpadoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-shtip-asfaltiraa-1000-metri-ulica-a-aerodrom-postavi-100-klupi-i-100-kanti-za-otpadoci/#respond Tue, 27 Nov 2018 18:35:19 +0000 https://kurir.mk/?p=132803

Мајтапот на градоначалниците од редовите на СДСМ врз граѓаните никако да запре. Откако вчера Штип се пофали дека асфалтирале 1000 метри патишта, денеска општина Аеродром на Фејсбук објави дека поставиле 100 канти за отпадоци и 100 клупи во општината. -Поставени се 100 нови клупи и канти за отпадоци и 600 заштитни столпчиња на територијата на Општина Аеродром. Дотраената и оштетена урбана опрема ја заменуваме со нова, а дополнуваме и нови локации, според потребите на граѓаните, стои во статусот. По ова Аеродромци бурно реагираа на социјалните мрежи и му порачаа на Златко Марин веднаш да се фати за работа или да си замине од функцијата градоначалник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-shtip-asfaltiraa-1000-metri-ulica-a-aerodrom-postavi-100-klupi-i-100-kanti-za-otpadoci/feed/ 0
Герила акција за Богдановиќ: „Кога градоначалникот не работи, младите работат“! https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gerila-akcija-za-bogdanovikj-koga-gradonachalnikot-ne-raboti-mladite-rabotat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gerila-akcija-za-bogdanovikj-koga-gradonachalnikot-ne-raboti-mladite-rabotat/#respond Thu, 30 Aug 2018 15:31:24 +0000 https://kurir.mk/?p=94360

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, денес доби очигледна порака од своите сограѓани. По многубројните критики, денес се случи и герила-акција, во која членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, одлучија да го сработат тоа што инаку е работа на градоначалникот. На повеќе локации ширум општината осамна пораката „Кога градоначалникот не работи, младите работат“! Пораката беше испишана на даски, кои беа поставени на скршените клупи, кои Богдановиќ треба да ги санира. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gerila-akcija-za-bogdanovikj-koga-gradonachalnikot-ne-raboti-mladite-rabotat/feed/ 0